Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Државата ги пишува правилата. Ќе почитуваш милум или силум.
    Само што кој тоа треба да го почитуваш седнат на фотеља е тема за дискусија и имаш право да бараш одговори и одговорност.
    И човек не е паметен за проблеми во Македонија дали да одлучува со здрав памет или да уклучи и реалност. Има вистина и во твоето, а во нормална држава би ти било мислењето нерелевантно:)
     
    На kukla21 и oblace1 им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.724
    Допаѓања:
    104.917
    Пол:
    Женски
    Министерство, а имаме и овде родители кои плаќаат а не вакцинираат.
     
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.245
    Допаѓања:
    181.750
    Пол:
    Женски
    Сите треба оставка да си поднесат, и за пропустите околу вакцините, и за тоа што допуштиле вакви кампањи да заземат голем замав. Ма за цела недоверба која ја створија. Инаку, условите ми се познати, за жал.

    Не е точно. Плаќаш казна, но пак останува дека мора да вакцинираш. Кривично те гонат. Само не стигнала дотаму работата сѐ уште.
     
    На DAngel, An-na и danichap им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.407
    Допаѓања:
    287.122
    Не знам како е. Имам лежено инфективно кај мене. Се влеваше и излеваше со посебна облека, на нозе едни, нараквици, за глава,дезинфекција на раце....башка ходник пред собата а не директ излез надвор... а претшостабувам и вакцинирани си беа.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Верувај ми дека никој не сака да седне на тоа столче “министер за здравство”. Ова е единствениот будала кој се нафати.
     
    На An-na, danichap и NarCis@ им се допаѓа ова.
  6. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.245
    Допаѓања:
    181.750
    Пол:
    Женски
    Не за џабе Таравари си напушти.
     
    На manako1 и FreeMind им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.724
    Допаѓања:
    104.917
    Пол:
    Женски
    Абе ајде, еве мајката чита, ако е вољна ќе каже, два пати има платено досега. Роднини мои платија им ставија печат и ајт на здравје, не вакцинираат и никој не ги замара. Битола сите си плаќаат и никој не вакцинира... Да набројувам уште? А да, читав скоро и мајка која не платила туку е ослободена со условна казна, ама пак не вакцинира.
     
  8. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.245
    Допаѓања:
    181.750
    Пол:
    Женски
    Досега така било. Јас ти кажувам како е отсега.
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.724
    Допаѓања:
    104.917
    Пол:
    Женски
    Ќе видиме.
     
  10. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.245
    Допаѓања:
    181.750
    Пол:
    Женски
    Нема потреба мене да ми се обраќаш за законов дали ќе видиме или не. И јас сум против ова наметнување. Само ти укажав дека моментално е друга ситуација од порано.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Е браво бе за тие мајки, сигурно децата им се сега супер заштитени (facepalm)
     
    На Lianna Anna, Harper, DAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.724
    Допаѓања:
    104.917
    Пол:
    Женски
    Не велам дека ти си го наметнала. Таман работа. Ако имаш некоја информација дека ќе биде ригорозно, ок, ќе видиме, ама прочитав дека и од сега натака ќе си биде исто, плати па не вакцинирај, но не е тоа информација проверена па затоа си ќутам, кажувам како било досега.
     
  13. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.245
    Допаѓања:
    181.750
    Пол:
    Женски
    Па имам, затоа споделив.
     
  14. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    До каде дојде работава...невакцинираните да ги носат на душа дечињава од детска.
    Не бе другари, не е до невакцинираните до персоналот е (вакциниран или не).За тоа што се заразиле е винована само и исклучиво болницата која на најосетливата група на пациенти не им овозможува соодветни услови за престој, каде откога се испишува дете пред да се прими следното се менува само чаршавот на креветот (без дезинфекција и стерилизација на собата), каде и доктори и чистачи и посета се шетаат без заштитна облека и маски ко на пазар.Здравствениве работници таму не се ни запознаени со протокол на прием, лекување и испис на дете а камо ли да го применуваат. Кој не влегол да види со свои очи нема да верува каква мизерија од услови и каква мизерија од персонал има на детските оддели.
    Пак се сведува на истото, промени се потребни од корен, ниедна кампања за вакцинација нема да даде ефект во услови на целосен колапс на здравствениот систем.
     
    На katte82, jacqueline.s, Aneta92 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.128
    Пол:
    Женски
    Интересно е што се плука по системот,а истиот тој систем го правиме и ние.
    Правење заврзлами,носење лажни потврди за алергии во градинка и сл.за да се избегне вакцинација,и ќе се дрзнеме да отвараме уста за систем?
    Е сега ќе имаме ригорозни мерки со сегрегација и исклучување од колективи,нови закони,епа ке имаме.
    Друго решение ,нема.
    Ако се остави како што е, на колку ќе паднеме на 30-40% ? До таму ќе одиме?

    Секоја држава кога ке падне на овој процент би спровела мерки.
     
    На Lolipop23, Lianna Anna, Harper и 9 други им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.407
    Допаѓања:
    287.122
    И двете работи е подеднакно лошо, но сами си ги пишувале потврдиве или доктори им ги издавале под маса?
     
  17. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Што е интересно што се плука по системот? Тебе ти е системов добар???
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.731
    Допаѓања:
    35.743
    Пол:
    Женски
    Straight to the point (y) За жал:(
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.683
    Допаѓања:
    202.275
    Пол:
    Женски
    Како го правиме ние системот? Ние, што молиме да имаме солидно здравство за кое секој месец плаќаме и пак после приватно се лечиме оти нема термини? Ние или оние кои се одговорни за крахот на истото, оти од алчност не гледаат кај удираат? Битно џебовите да им се полни, а другото како ќе дојде.
    Мува не ги лази што има морбили, не презеле никакви мерки по клиникиве и амбулантиве да не се шири болеста. И после невакцинираните биле криви. На кое уво спијат? На душа ќе ги носат децава од детска клиника, ама искрено, не им е гајле.
    Македонија Лек ќе си го крка за декларациите, вакцините кои наводно биле со погрешна декларација ќе се уништат, а увозник ќе биде некој трет, најверојатно близок до власта и министерот. Ќе дадат една цена, ќе купат најефтини вакцини богзнае од каде, рестото од парите в џеб ќе оди. Ние сме криви за тоа? На државниве клиники немаат основни услови за работа, ние сме криви за тоа? Не би рекла.
     
    На manako1, Bubce38, LejlaD и 8 други им се допаѓа ова.
  20. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.731
    Пол:
    Женски
    @NarCis@ Имаат маски но во ограничени количини.
    Кога лежевме со малиот мм купуваше антибактериски сапун, спреј, влажни марамици, маски, шприцеви и што се не. Зошто секој пат кога ќе побарав или нема, или веќе сум потрошила, мнпгу барам. Од сабајле само ќе им соберев од тоа нивното средство за да ја пројдам собата и инкубаторот, зошто чистачка само со џогер ќе пројдеше набрзина и 2 минути средство во вц да фрли и ѓубре да собере.

    А тоа дека одат без маски башка, и низ ходници и по визити, ама среќа април месец беше, па немаше некои грипови или др.болештини. Еден ден тест за слух му правеа со некое ново апаратче донирано од странција, се собраа во соба 15 души да гледаат, а малиот 2 дена пред тоа изваден од инкубатор прв пат, едвај 1600гр. беше. Па уште во раце една специјализантка го зема гугу гага му праи и го бакнува на чело, а јас од страв го немав бакнато. Ќе ја отепав.

    Пред 2 дена на контрола кога бевме некои медицински лица носеа маски, некои не. Насекаде залепено дека е забранета посета, ама пак имаше упорни луѓе кои дремеа пред врата на оддел, "само на минута". Абреее Неонатологија најмалите бебиња се таму, каква твоја ебана минута бре!
     
    На mareane, Bubce38, LejlaD и 15 други им се допаѓа ова.