Најдобар опис од лично искуство за нашето здравство. Те читав тогаш и во другата тема, ептен сочувствував со тебе и со сите кои мора да поминат низ тие болнички ходници. Ние на закажан преглед бевме и првиот пат откажуваше сондата, а докторот гребеше од пластична чаша гел за ехото. Вториот пат сондата не работеше. Третпат нема да одиме. Докторот е супер инаку. @Annath баш. За кај тебе ќе си носам пломба, ракавици и инструменти. Така испаѓа работава.
Па така и е. До тоа дереџе сме дојдени. И после зошто бегале докториве приватно или надвор. Е па ќе бегаат. Да прегледува без маски и ракавици? Да нема услови еден основен преглед да направи? Срамота!
Си барала антибактериски сапун??? Какви се тие луксузи те молам. Мене сестрата ми рече: како тоа не си носиш топломер за да му мериш температура на бебево? Па мислев дека на ненатологија бар топломер има- НЕМА. Ни топломер, ни топла вода, ни перница, ни ќебе, ни храна,ни греење, ни доктор, ни сестра...ништо нема. Најголемата траума во животов ми е лежење на детска клиника со бебе од 5 дена. Како да бев во затвор а не во болница.
Како после на други теми овие искуства се претвараат во “и на клиника не е лошо”, “ не е како што беше”, “ и во странство не е подобро”, “ ако имаш паричка и тука е Германија- шета со маска за воздух 87 дена од 90” Лошо е. Одвратно лошо, нечовечки, нехумано. Јака ви душа.
А ние што сме,неми посматрачи,што сме? Кој ги носи на власт и едните и другите и третите? Каков народ, таква власт и систем.И ние имаме одговорност,ние ги бираме ! И да, воопшто не е сјајно здравството,никогаш и не било,па вакциналната покриеност била добра за разлика од сега. Така да не барајте вина само во системот. Зошто се нема доверба во Матичните педијатри ,оние кои ги следат од само раѓање,кога препорачуваат вакцинација ,еве зошто?
Многу ниски критериуми имате штом не ви е крив системот!!! За луѓе кои се задоволни од овој систем, и морбилите се малку.
Да се надеваме дека матичните педијатри покрај препораката за вакцинирање на децата го решиле и својот статус.
Внука ми на детска на пример фати вошки, пред 4 години, во изолациона соба. Толку од детска имам да кажам.
Ние си ги носиме на власт и едните и другите, еве ви ги последиците. Исто е и со воздухот. Ќе излезе некој масовно на протест или не е моја работа, да си седам мирна. Ќе излезе некој да се крене птотив мизерното здравство и фалц лековите? Или најсилни сме по форуми и фб. Државата ни е таква каков што ни е народот. Криви сме си ние и никој друг.
И да излезеш, и да се жалиш, и да протестираш... ако е ВМРО на власт, ќе те направат СДСМовец кој собира политички поени, ако е СДСМ на власт, ќе те направат ВМРОвец. Ако речеш не чини, изговор е - и порано не чинеше шо се жалиш сега. Во Битола излегоа против загаден воздух да протестираат, испадна дека бил партиски протест. И да се бориш за подобри услови за живот, ќе добиеш само шамар. Којзнае колку се вакцинирале со вакцини со поминат рок, никој не ги спомнува нив, никој не се загрижи за тие деца. Во Германија била вакцинираноста 90%.... абе да, ама таму вакви трагедии нема, нема Германија да си дозволи да вакцинира со поминат рок. Луѓето им веруваат, болниците се чисти, обезбедени, се работи по стандарди. Само овде ако се побуниш дека нешто не е во ред, ВМРОвец си, системот си е ОК, ти не чиниш. Трагедии!!!
А кој го прави системот и државата? Сигурно не некој од надвор. Ние ја правиме и ние сме директно или индиректно одговорни за се што ни се случува.
Кога ќе бидеме единствени и настрана ќе ги оставеме партиите тогаш ќе има ефект. Не знам дали ако се крене цела држава на нозе, ако не ведеме глава за едно работно место, и ќе имаат простор за малверзации. Туку кажи дека само на интернет сме јаки, и си наоѓаме оправдание. Германија ја спомнуваш, епа германците имаат свест, таквко нешто кај нас не постои.
Се сложувам со се што велиш, ама ова последново. Германците имаат доверба, не свест! Свест ќе си има и нашиот народ, ако му верува на системот. Нив да им шибнат вакцини со поминат рок, не знам како ќе поминат. Кај нас еден доктор вели вакцинирај, друг не вакцинирај. Еден вели - треба да е здраво детето потполно, друг вели нема врска. Еден вели нема врска дали е алергично на јајце детето, друг вели - никако ако е алергично на јајце. Еден вели детето да прооди, да прозбори, после вакцинирај, друг вели нема врска тоа. Еден доктор вели - земи вакцини од Грција - друг вели никако од Грција. Министерот еднаш вели дека се грешни декларациите, после вели дека се со поминат рок вакцините. Еднаш вели, ако влеземе во ЕУ ќе имаме квалитетни вакцини, после вели - не бе супер се овие. Која свест треба да ја имаат луѓето? Во што да веруваат? Ако имаа луѓето доверба во системот, во нашето здравство, ќе си вакцинираа, ќе останеа само 2-3% оние кои не би вакцинирале ни под разно, или уште толку оние кои не смеат. Значи пак процентот ќе беше како во Германија. Антиваксери има секаде во светот, не е голем процентот, и тоа е ОК. Процентот кај нас го паѓаат луѓето кои се плашат, кои немаат доверба, и кои добиваат разни одговори од истите медицински лица за истото прашање.
Точно дека во Германија и општо на Западот нема ваков гнил здравствен систем, со тоа и сигурно помал е бројот на трагедии, ама да бидеме реални, на Запад нема ни вакви експерти за све како кај нас. Секој седнал пред компјутер и е експерт за све. И кај нас се претерува за некој работи. Се правиме поголеми доктори од докторите, гугламе, читаме рекла казала, идеме на доктор сами си даваме дијагноза и терапија. На запад луѓето немаат време да бараат по интернет, си следат упатства на Светска здравствена организација и толку. Еве нека се направи анкета во западните земји колку и дали се запознаени со вакциналните и антивакциналните кампањи и ќе видите резултати.
Народов има бујна фантазија И неверојатни теории на заговор се плетат. Пратев дискусии на reddit.за вакцините. Друг ментален и културолошки склоп е тоа.Нема споредби. Каде рекол дека вакцините се со поминат рок? Може линк?
Сериозно??? За што ќе се уништуваат 600 и кусур вакцини? Оти се баш прекрасни? Јас верувам може ти е братучед министеров, или симпатија нешто, не знам.... ама смешни ти се оправдувањата кон него и целата ситуација! Крени си ги критериумите во животот, многу ти се ниски, не е на арно.
А ти заклучок изведе дека вакцините се со поминат рок само затоа што ќе се уништуваат? Па дури и го наведе дека е изјава на министерот Е ова ако не е ширење дезинформации и извртување на вистината, не знам што е
Затоа нема да не биде!!! Ако сте задоволни од здравството, не им бранете на нормалните луѓе да бараат НОРМАЛНО здравство. Вие ако сакате и во кочини лечете се! Јас сакам лекови со точни рокови и декларации...
А ти како бараш подобро здравство, вака на форум? Крена глас, што направи, и ти и сите други? Вакцините добро е што ќе се уништат, оти не верувам по скандалот со декларациите, ќе сакаше некој да ги стави.