Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.201
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Абе јаре... ти реков не ми збори за вакцина не е мојот пост дали да вакцинираш или не..
    Ама не... ти упорно родители се изгореле, бла бла муабети што викаш ти.
    Шо ако ја сум се изгорела ради невакцинација???? Ама ти пак ќе убедуваш дека поштетно е да вакцинираш одошто да ти умре дете.
    Јас разбирам да се борите да нр е задолжотелна вакцинацијата, све разбирам. Ама не разбирам како тоа само вие што сте против сте се едуцирале и тоа од релевантни извори. А сите оние кои се за вакцинација се недоволно едуцирани и читаат од лажни извори. Не зборам за тебе лично туку општо.
    Зошто ако некој каже дека не се слага со вас, не рече ок. Како што ние знаеме да кажеме ок не вакцинирај. Туку вие ќе се служите со секој ресурс само за да убедите не да не е задолжителна вакцината туку скроз да се изостави.

    Дека секако игра улога политика, дека секако сликата за епидемијава може и да е поинаква.
    Може да е поблага, може и да е фатална. Никогаш нема да знаеме. 100работи се кажаа во овој период а господ знае дали е вистина.
    И ај сеа јае ќе почнам да ширам инфо, што знам од доста блиски извори директно од Македонија Лек. Не, не се дрзнувам да зборам нешто што некој таму, за тебе небитен кажал дека вакцините се супер, дека се е за пари.
    Така и мене овие сите што се докажуваат по интетнет, а никаде на друго место ги нема, се нерелевантни и само шират паники. Било за вакцинирање или не.
    Сфатете дека на некои родители не им е страв од аутизам, колку и да слушаат за тоа, ама ќе слушнат за еден смртен случај од морбили па стравот е многу поголем а и оправдан.
    На тие им е гајле што сега ние пишуваме тука. Што кажала Велков, или некоја попут неа. Не ги знам зошто не ги слушам. Имам друга своја теорија за медицина, непоткована од интернет туку од книги, специјализации на доктори, надвор од границиве на државава. Некој кој не е славно име, кој не е премиер политичар итн.
    Ти одлучуваш за своето дете и учиш од тебе прифатливи извори, јас за моето и учам од менеприфатливи извори.
    И затоа оваа дебата вечно ќе трае.
    Затоа ти реков... да не збориме стрикно за поимот вакцина, туку само да сочувствуваме во моментот со тоа што некои родители го поминуваат.
    Па сфати ме како сакаш. Имаш право на тоа.
     
    На andrejko82, azelea и Cosmi им се допаѓа ова.
  2. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Затоа што секогаш има мали бебиња што се премногу мали за вакцина за морбили.

    Или на друг начин - ова е како да те прашам од кого тоа фаќале порано морбили, кога еднаш прележани, ако немаш намален имунитет од други причини, не можеш да ги фатиш по втор пат, затоа што имаш имунитет.
    Ама сепак, со векови си хараат низ сите популации - затоа што секогаш има доволно што не прележале, или пак имаат друга инфекција во моментот, па морбили им се лепат како опортунистичка, за да пренесат на новите бебиња што сеуште немаат имунитет, па коишто пренесуваат понатака.

    И така си кружат, пошто нон стоп има нови бебиња.
    Ама навистина трагикомичното во целава ситуација е дека благодарение на невакцинирање повторно се вратија на места каде што се сметаа за искоренети.
    Ако продолжеа уште некоја деценија и се исчистеа целосно на глобално ниво, нашите внучиња немаше да се вакцинираат, пошто ќе се укинеше вакцината, исто како за Вариола Вера.
     
    На Someonespecial, Sexybaby86, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.131
    Пол:
    Женски
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.732
    Допаѓања:
    104.931
    Пол:
    Женски
    Што сакаш да постигнеш со прашањава? Јас веќе ти одговорив, што е со препрашувањава? Мислиш малоумна сум не знам што зборам и што се случило?

    Ќе прашам и овде, нели ммр беше беезбедна и на 6м, зошто не ја боцна внуката со ммр? Тоа бебе од сликите има и повеќе од 6м.

    Ете да претпоставиме дека се се во право, и квалитетнк вакцини, и навистина биле со грешна декларација само, се дека е така, зошто имаат толку очаен ПР и толку очајно се справуваат со кризите? Зошто не одговараат на прашања? Свесни ли се колку работи ќе се сменат ако почнат да одговараат на прашања како луѓе?
     
    На *Milicka* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.702
    Допаѓања:
    253.488
    Па сама си одговори, очаен ПР имаат Ангел. И така ситуацијата е вжештена они глупости прават.
    И да се ок вакцините, постапките на оние во Министерството се очајни и непромислени.
    Да не мешам политика, но мислам дека знан што е во прашање.
    На крај само децата страдаат.
     
    Последна измена: 27 јануари 2019
    На NarCis@ и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  6. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    И те како се разбираме - немаш научна поткрепа, ќе маваш на теории на заговор и повикување на емоции.

    Како тоа има епидемија, нели порано сите прележувале сипаници и имале потоа доживотен имунитет?
    Добро де, освен оние што умирале од нив.
    Како тоа воопшто уште ги има, после 1000 години?
    Имало епидемии со векови пред воведувањето вакцина во 1963. Запишани се по историски книги.
    Повели, едуцирај се, почни тука:
    http://www.qscience.com/doi/pdf/10.5339/qmj.2000.2.7

    И повторно истите анти-ваксерски глупости ги репостираш, без никаква поткрепа во реалноста.
    - Колективен имунитет очигледно има, затоа не се болни сите во градов што немаат прележано.
    - Останатово е лажење без обзир, образ и совест. Како не ви е срам бре вакви глупости да постирате.
    На драстично опаднат број на заболени и мртви после масовни имунизации, вие уште терате некои си таму теории на заговор.
    Да не случајно и во 1300 година со вакцини од 1963 ширеле сипаници....

    Се гледа колку лесно ти доаѓа да обвинуваш според тоа како упорно ја обвинуваш цела медицинска и фармацевтска фела за некаков си глобален заговор.
    Ама никако да загребеш по тоа што ти го сервираат анти-ваксери, туку само ги повторуваш нивните лаги и пропаганда.

    Кога тоа во минативе години лежеле 20 пациенти на инфективна со морбили во исто време?
    Ах, родителот што знае се'.
    Да се запраша човек што воопшто болните ги носат на лекар, штом родителот све најдобро знае,дај да затвориме болници, поликлиники и ординации, нека си се лечат сите по дома.
    Не сакаме да им полниме џепови на фармација така што ќе лежат во болница и ќе примаат терапија, нека се лечат дома со чаеви и тревки од бабите нивни што по пола семејство во секоја епидемија губеле.

    И евангелисти, кога очекуваат се' на децата да им помине со молитва, без медикаменти, им сакаат најдобро. Затоа им умираат деца од инфекции што се третираат со антибиотици од 50 денари.
    Некој воопшто не верува, туку размислува разумно, и бара мислења од луѓе што поминале децении собирајќи знаења од својата област.
    Ама анти-ваксерите убедуваат со страв, сомнеж и глумење сочувство. Специјалност им е.

    Продавачи на змиско масло секогаш имало и ќе има, и налетала на такви. Што продаваат со лаги и пропаганда.
    А тој став да имаше реална солидна поткрепа, но тука само се сведува на лажги, манипулации и спинови, коишто во твоите постови упорно ги повторуваш.

    До сега има само пропаганда во твоите реплики, ништо конструктивно.
     
    На Someonespecial, Sexybaby86, NarCis@ и 2 други им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.732
    Допаѓања:
    104.931
    Пол:
    Женски
    Лично мајка ми да работи таму и да ми рече ќерко вакцините се ОК дај да го боцнеме внукот ќе и речам Мајка лечи се, не одам. Се понаша како дете фатено во лага па влегува од една во друга. Јас да сум мајка на она бебе ќе му го загорчам животот што се труди да си води кампања врз моето дете. Кога ќе ми текне дека требаше да ми го лечи детето, сва среќа што си зел слободен ден.
     
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.702
    Допаѓања:
    253.488
    Нема ништо лошо преку пример да покаже дека и тој лично вакцинира. Само што лош ПР има и лошо се презентира во јавноста.
    За другото како лекар е и престручен, да не го деградираме. Одличен доктор е.
    Како министер катастрофа.
     
    На Harper, An-na, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    @OutOfAnywhere

    Успешно употребен лакмус, за твојот пристап и наменските пораки. Морав да тестирам. Успешно.

    А и слаби ти се тезите. Осем редовна употреба на разни омаловажувања и споредби со деградирачки ликови. Нека пратат друг, зошто ако те читаат - ќе те сменат. :)
    Уствари па и нема друг. Во отсуство на реалност нападите, омаловажувањата и исмејувањата се единственото нешто со кое што располагаат. Добар си. Барем на вилица. Одлично извртуваш.

    До следниот лакмус :)
     
    На Kaffe му/ѝ се допаѓа ова.
  10. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.821
    Пол:
    Женски
    Најмногу 21 ден,обично 13 14 ден откако сте биле во контакт со заразено лице.
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.173
    Допаѓања:
    13.564
    Пол:
    Женски
    А под контакт што подразбирате?
    Дали може да се фатат на пример ако седиш во кафана/игротека ама ти си настрана од децата кај што си играат.
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.274
    Допаѓања:
    136.868
    2 деца се на апарати за дишење. Најмногу страдаат деца кои се нежни на гради. Некои деца од обични настинка фаќаат бронхит, не па од морбили.

    Ние утре ќе правиме анализи и ако се е ок ќе се боцка неделава.

    Искрено ако 1 на 10 000 има реакција на вакцина, а 70% се лечат на клиника од морбили плус 4% се на апарати, мислам јасно е.
     
    На fana и An-na им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Тука некои ги мешаат морбили со варичела или ми се чини?:?:
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.201
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Не само тука. Општо некои што слушнале не дослушнале ги мешаат. Се плашат од вакцини, зошто анти кампањата е голема и им ги перат умовите со тоа сипаници, па што, сите имаме прележано.
    У знаеш што е најтрагично?
    Деца на доктори, специјалисти, не ги разликуваат.
    Како бре еднаш не прифатија дека самата болест може да има страшни последици...
    Ама не, самоод вакцина може и ништо друго.
    Еве јас ќе се дрзнам како и антиваксерите, да кажам што сум дознала во моето распрашување. И верувајте делува страшно.
    Еден доктор ми кажа, искрено да ти кажам, секој вирус во било која форма може да предизвика нешто, што секако ќе се јави во некој период во животот(со вирус или без, со вакцина или без), ако има генетски предиспозиции за тоа. За аутизмот се изнасмеа и ми кажа твоето дете?? Ај погледни ја не ме зезај.
    Друг доктор, истото само поинаку кажано. Секој вирус па дури и обичен стомачен може да биде тригер.
    А на тоа дека вакцините предизвикувале епи, дијабет леукемии и аутизам превртуваат очи.
    И сега јас треба тука на секој втор пост, да се расфрлам со тоа што мене некој ми го кажал, па у секој мој пост да биде со вирус било кој предизвикува аутизам.

    Може кога ќе се научи повеќе за болестите ќе се сфатат и вакцините.
    Затоа ја не читам од интетнет, седнувам у ординација и прашувам се што ме занима.
    Изнапрашав и прашања што може се за нив глупост. Прашав и што е фамава за тоа дека не треба кс пред вакцина. Ми рече не бараат, ама само тоа ни е нас релевантен показател дека детето е целесно здраво и дека нема нешто скриено во моментот.
    Ама ако, нек си мислат дека варичела и морбили е едно исто... сипаници се за деца, што има врска.
     
    На supergirlmb, Harper, An-na и 7 други им се допаѓа ова.
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
    Апсолутно точно, гените се во прашање.
    Имам типичен пример од околината. Родители со две деца, едното дете,постарото, извесен период после вакцината појави знаци на аутизам и се разви истиот. На таа мака можеби и нормално е да се бара кривец, јер до вчера си имал совршено здраво дете и почнаа со вперување прсти кон докторите, започнаа кампања против вакцините и беа апсолутно против да се вакцинира второто дете и не го вакцинираа, иако пак ќе кажам, стравот преовладува, и до негде ќе ги разберам. И второто дете разви аутизам, без вакцини, без ништ вбризгано во него.. Тогаш се повлекоа.
    Жално е ама едноставно вакви девијации постојат во природата и не се предизвикани од човечки фактор или пак медицински фактор.
     
    На Harper, An-na, Feminka22 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.410
    Допаѓања:
    287.158
    Се прават детални генетски и хромозомски испитувања.
    Туку така од ракав не може(а во пракса се може уствари) да се види дали детето има генетски дефекти или мутации, потоа родителите. За да се утврди дека е од вакцини најпрво треба да се утврди што се не е, меѓу другото и генетиката, неговата и на родителите.
    И дете без генетски дефект може да појави несакани последици.
     
    На kukla21, JuLleE, TutiFuti и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.274
    Допаѓања:
    136.868
    Ако некој има у фамилија сомнеж за наследна болест, може да си ја испита у секое време. У Авицена има тестови за се, ако не сакаат у Ману.

    Јас имам роднини 2 со церебрална, 2 аутизам, у иста фамилија, од два браќа деца. Ниту едно вакцинирано.

    Иначе, Алиса дај инфо за детето на другарка ти
     
    На Feminka22, Lilit и TutiFuti им се допаѓа ова.
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.159
    Пол:
    Женски
    @ALISA0000 за истото дете се работи?
    Screenshot_2019-01-28-12-18-40.png
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.109
    Допаѓања:
    179.448
    Пол:
    Женски
    Каква е таа неисправна вакцина?
     
    На Harper и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    А како се знае дека е од неисправна вакцина?
    Нека се направат испитувања, и нека излезат родителите со резултатите, така нема да има тука што да кажат ни доктор ни министер. Вака од мислење само, ништо не правиме.
    Еве барав на нет, и јас ќе станам гугл доктор уште малку, повеќе научни истражувања покажуваат дека нема поврзаност на ммр со дијабет тип 1
    Јас од мислење на доктор ќе си седев дома демек здрава, а со резултати отидов до лежење во болница. Од тоа мислеле, од ова мислеле. Абре наука ли е медицинава или што
     
    На Harper, oblace1, duffi и 10 други им се допаѓа ова.