јас не вервам дека ниеден доктор, ни сестра нема да се обвинуваат меѓеу себе, туку само ќе речеа дека е до вакцината, знам многу случаеви кога доктор се и сешто обвинува, а кривицата е во друк доктор, а него не го обвинува. пак ќе речам многу доктори ми го рекоја тоа и јас и тоа го кажувам, дека вакцинате е грешно клаена.
http://mz.gov.mk/wp-content/uploads/2012/12/strategija_imunizacija.pdf „Воведувањето на DTaP на местото на DTwP ќе ги намали трошоците кои се јавуваат заради очекуваните и непредвидените негативни ефекти по имунизацијата (трошоци за лекови и за медицински интервенции); Воведувањето на IPV на местото на OPV ќе го намали потенцијалниот товар врз здравствениот систем од парализа индуцирана од вакцина (на пример, решавање на спорови по судски пат, и.т.н.);“ И посебен акцент на Слабите страни, да не го оптоварувам постов со копирање. „Во Р.Македонија последниот случај на дифтерија е регистриран во 1976 година. Нема податоци за регистрирани случаи на постпородилен тетанус уште од 1993 година. Последниот случај на полиомиелитис е регистриран во 1987 година. Во јуни 2002 година, Република Македонија заедно со останатите држави од европскиот регион доби сертификат како земја ослободена од полио (polio-freecountry). Иако во државата со години наназад нема заболување од парализа, дифтерија, препораките на СЗО се да се продолжи со вакцинација додека не се достигне ерадикација во светски рамки. Парализата сеуште ја има во Пакистан, Авганистан и дел од земјите во Африка, дифтеријата во источните земји на Европа, така да постои можност за пренесување на овие болести во други континенти, посебно со меѓународните патувања и брзите авиопревози. Вариола вера ја нема како зболување во светот, искоренета е во 1978 година и токму затоа не постои вакцина и не се вакцинира, ниту е препорачана од СЗО.“ http://zdravstvo24.mk/2013/04/20/in...tovska-vakcini-od-stranstvo-rizik-za-decata/ Кој како сака нека си ги толкува и стратегијава и интервјуво. Само нека ни го овозможат едно од основните човекови права, а тоа е правото на избор. Нека ја едуцираат засегнатата популација и нека остават на секој да си одлучи како ќе го гради здравјето на сопственото дете. Посекако одговорноста од последиците ако вакцинираш е на тебе, вака и одговорноста од невакцинација си ја сносиш, но без закани од прекршување на некои законски одредби, кои водат само кон парична казна, но не и кон промена на ставот. Прост пример, ако во морската риба има жива избирам дали ќе ја јадам, а тоа не ми е со закон наметнато. Патем, ја исчитав цела тема, сум тазе родител и имам цврсто оформен став. Нема да го потенцирам, објаснувам, ни наметнувам. Но, во времево во кое живееме и достапноста на информациите кои ги имаме ни даваат за право да донесеме одлука која што го засега здравјето на нашето дете. Никој родител несака детенцето да му го третираат како статистички податок, за нив е некое дете, но за нас тоа е нашето дете!
Кај нас е вкоренета довербата во системот односно државата. -Државата да ти обезбеди здравствена заштита -Државата да ти најде работа -Државата да ти обезбеди подобра инднина -Државата да се грижи за тебе Вакви комплетни верувања имаше во еден друг систем кој се распадна пред некоја деценија. Во него за жал сите слепо веруваа, а размислувањата дека тој ќе се распадне беа само теории на заговор. Меѓутоа тој систем сепак се распадна, а слепите верувачи останаа разочарани, но навиките останаа и за жал се претопија и на наредните генерации. Коментарите од типот "Како нема да се вакцинираш, каков е тој муабет, мора вакцинирање, знаеш ли какви болести демнеат, сите сме вакцинирани па што ни фали, ти знаеш, а државата не знае дали вакцината е добра?" Какви болести демнеат? До толку се вкоренети вакви стереотипи, што ако утре и оваа наша државичка ги либерализира вакцините, ќе имаме остра реакција дека таа одлука е политичка и непроверена и штети на нацијата. Значи високоразвиените европски земји не се грижат за својата нација? На системот му одговараат добри бројки и позитивна статистика, но не навлегувам и во бизнис интересите. Спомнаа и други, ќе повторам пак, како кај нас нема ниту една поствакцинална дијагноза? Статистички? Па ние им пркосиме дури и на вакцините, крајно време е СЗО да направи истражување за нас. За жал има такви дијагнози, но направени надвор, а истите тука се неприфатени. Зошто? - Статистика! *Во текстот не мислам на сегашната власт, туку генерално на системот.
@John.Smith Се сложувам со твојот пост во целост, но и во други „демократии“ очекувањата и слепото верување на системите, барем кога се во прашање вакцините. Разликата на демократијата во Германија и Америка токму по ова прашање е најголема. Иако и двата система, го убедуваат населението да вакцинира, постои огромна разлика во притисокот кон родителот. Во Германија, доволно родителот да каже не на вакцините, и тука прикаската завршува. Во Америка, родителите со став против вакцините, неретко мораат да се преселат во некоја од другите држави каде законските стеги се полиберални коа пак секако зависат од доблесноста на локалните политичари и одредената законска регулатива. Она што е секако интересно е системското решение, и некако ми е чудно, зошто постои фрапантна разлика во „задолжителноста“ на пример во Европските земји, а тоа е дека законската регулатива, е либерална во земјите на бившата Западна Европа, а далеку постегната во земјите на бившата источна Европа, + земјите од бивша Ју, + Земјите од бивша СССР. Она што е заедничко во целата ситуација е менувањето на ставовите оди некако паралелно, насекаде, со оглед на достапноста кон одредени јавни но и тајни информации, кои во не толку далечно минато било строго лимитирано. Можеби како земја касниме позади една Хрватска за 5-6 години или 10тина позади Словенија, и во генерално исти рамки сме со Србија. Промена на стереотипот за жал бара време. За мене тоа време се брои во секунди и нови сироти незаштитени жртви од вакцините. Никако не ги обвинувам родителите кои сметаат дека со вакцините прават добро на своите деца. Би требало да ги обвинам и моите родители. Ги обвинувам оние кои не се информираат, и дури и не знаат кои вакцини нивните деца ги примаат. Ги обвинувам и оние кои лековерно одбиваат да се информираат и вртат глава со ставот, ова нема да се случи на моето дете, а после се апат за јајца. Она што приметувам позитивно е една огромна еволуција во нашата ни Македонија, барем во минатите 7 години, откако ја истражувам состојбата. Системот, наш како и секаде, не е многу различен, и неретко и системот не знае за штетноста на вакцините ( добра прикаска, одлична подршка од СЗО, понекој корумпиран во ланецот ). За да се застане и целосно промени, потребно е многу многу време, во разбивање на стереотип како прва инстанца, а понатаму борба со еден многу поспремен непријател и често негови свесни и несвесни ( прости им боже ) помагачи.
Гледам деновиве на ТВ, започнала вакцинацијата против сезонски грип. Меѓу најзаинтересираните биле повозрасни граѓани, но имало интерес и кај помладите, а вакцината била со симболична цена од само 400 ден. Инаку вакцината штитела дури од 3 типа на сезонски грип. Па си велам, гледај луѓево си се вакцинираат, а не како мене што сум ја здрвил главата против ова вакциниве. Од добро спакуваната медиумска презентација и од тоа што неодамна некои форумџии му ставија знак прашалник на мојот интелект, се најдов во вистинска дилема. Си мислам не е многу 400 за 3 вируси, тоа му иде 133 ден. по вирус - багатела! Згора на тоа останатите супстанци од вакцината ти доаѓаат гратис. Во длабоко двоумење, се прашувам кој сум пак јас да не верувам во вакцините, не сум јас доктор, што знам јас, доктори се тоа, знаете ли колку треба учење за да станеш доктор?! Поготово ако студираш во Софија? Плус тоа денес докторлакот стана занает, веќе и трето поколение стануваат доктори. Најверојатно знаењето генетски им се пренесува! Хмм.. не сум доктор, ама што ако сум ги прележал некои од вирусите за кој ќе се вакцинирам, да им барам кусур да ми вратат 266ден? или пак што ако вирусот измутирал, пак 133 помалку! А што ако се и двете варијанти за трите вируси, тогаш џабе ми заминаа 400ден? Решив, ќе одам да се вакцинирам па што сака нека биде! Му звонам на мојот стоматолог, мој добар другар и му велам: Ај да одиме да се вакцинираме против сезонски грип, јас честам. А тој од таму ми вели: да земеш во умот да се вакцинираш, ненормален! Што ли му стана на човеков си мислам, па ако е забар и тој е доктор и тој учел. Аха, значи учел, не се родил како доктор! Затоа учете, читајте, информирајте се, како што вели yarre (а и некој други по тв) "знаењето е моќ" ! Искористете ја достапноста на информациите кои ги имаме денес. Остана само љубопитноста дали Expert и StefChef биле на вакцинација оваа недела?
Стоматолог е доктор за заби,не е педијатар или специјалист за имунизација. Сакаш да изгледаш паметен со твоите хипотези,но искрено се во заблуда. Вакцината е сезонска да затоа што сеуште не измислиле комплетно решение за грипот,кој е вирус кој мутира често и е отпорен на нашите обиди да го истребеме. Јас не се вакцинирам затоа што е опционална и од сезонски грип ретко се умира,плус ако ја излежиш еднаш болеста добивам некаков вид на имунитет за во иднина.
Јас колку што можам да приметам темава не е создадена некој да докажува колку е паметен, создадена е да се разбуди самосвеста на сите нас и да се едуцираме што е моѓно повеке во наша корист!!! И мојот гинеколог е доктор за п***а па кога го прашав за HPV вакцина ми рече дека кога ке ја вакцинира керката ке ми се јави и мене да се вакцинирам!!! А да, инаку според тебе како се станува доктор???????? Стоматологот учи само за заби, гинекологот учи само за утерус, кардиологот учи само за срце....... А инаку вирусот не мутира, го мутираме ние лугето ако не си знаел, е баш тие доктори, хемичари итн.... А ти пред да напишеш нешто едуцирај се повеке, а од грип се умира велат, но колку што можеш да приметиш умираат возрасни луге со хронични заболувања или пак личности што не го третирале на време. И знаеш што?????? Па неможеш ти да бидеш сезнајкото во сите теми без факти, или можеби немаш со кого да разговараш во реалниот живот и да споделуваш????????
@yarre И јас комплетно се сложувам со тебе. Да не бидам погршно сватен, јас немам ништо против системот, тој се менува многу полесно, тешко се менуваат стереотипите и за тоа во право си треба многу време. Еве ти кристален пример, те молам прочитај го постот кој е малку погоре... Значи тој не се вакцинира против сезонски грип затоа што таа вакцина е опционална.Ако утре системот му рече дека и таа вакцина е задолжителна, тој веднаш ќе појде да ја прими, иако и сам знае дека е непотребна од причините кои сам ги објасни. И гледај сега, некој за кој вакцината е едно од најголемите научни достигнувања, се повикува на природно прележување на болеста за стекнување на траен имунитет. Па што пишуваме јас и ти овде ај кажи ми??( ај јас, ама ти 7 години ) Значи јас и ти сме арогантни и себични родители кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца од болести кои со децении не постојат, а овој за кој вакцините се најголемо научно достигнување не сака ич да се боцка, затоа што од грип ретко се умира! Како беше онаа (интересна ми дојде) “туго моја преѓи на другога“!
Имаше една изрека, во контекст на нашите полемики на темата. Милион пати е подобро да имаш здрав разум без образование, отколку да имаш образование без здрав разум. Секое препознавање е ненамерно.
Досадно.... Ми го снема другарчето... yarre, ти си крив што ти требаа тие народни изреки... игледа некои се пронајдоа во нив! Еве јас на пример се пронајдов, ама кај мене е третата најлоша варијанта, ем необразуван, ем без здрав разум, а згора на се и особа што нема И во интелектот!
Ја некако ич не се секирам за тебе, имаш време будалаштината се лечи, глупоста не. И некако на темава, за цело ова време, толку години чувстовото на „кривица“ ми е многу убаво. Не си свестен колку е убаво да си „крив“ кога дознаваш за секоја нова душичка на планетава дека не е труена од мали нозе. Па додади дека тоа се се случува во прилично конзервативна средина како нашата. Па додади ја храброста на една нова млада мајка која чека да го роди своето прво детуле. Безброј прашања, и безброј ѕидови. Моето убедување е дека одлуката за оваа медицинска интервенција која се нарекува имунизација, а секако е далеку од тоа, мора и мора да биде придобивка на современото живеење, по примерот на многу поразвиени земји. Јас како единка, би ја почитувал и едната и другата страна, и секако најважно од се е информацијата која мора да ја има секој родител. За мене доволно е новиот родител да го прочита она бело ливче кое доаѓа со самата вакцина. И вакви ликови како Експерт и СтефШеф, се одлично добредојдени, бидејки на темата не би се развила ни дискусија, дури и да ги оставиме настрана причините за нивните ставови. А во секој форум на светот, или барем оние што јас ги пратам на темата, секогаш има свои Бони и Клајд, и како по правило, циклично се јавуваат на секои 30-40-50 страни од темата. Интересно е што некои од нив, фрапантно го менуваат мислењето кога мечката нив ке им заигра пред нивната порта или пред портана на некој нивни близок. Некои доблесно пријавуваат, некои не. Ама ете, убавината е во тоа што нивните дечиња ке ја почуствуваат огромната придобивка на одбивањето на вакцините. Е сеа, од дно на душа ги мразам оние лекари, кои го имаат оној стандарден стереотипен став, пред јавноста, дури и пред најблиските пријатели, а картончето за вакцини на нивното дете празно. А и таквите не се ретки. Од друга страна запознав средновечна докторка, која дознавајќи дека не ги вакцинирам децата, се отвори па вика, како јас да ја убедам ќерка ми да ја вакцинира внуката. Мајка Доктор, неможе да ја убеди ќерката за внуката. До која пора влегла долго повторувана лага кај ќерката. Дотаму, на не верува на ставот на својата мајка. За жал, времето е она кое е потребно за разбивање на стереотип настанат со повторувана лага, дури и во редовите на оние кои ја носат одлуката за здравството во целост. Доблесни поединци во политиката во светот постојат, иако се ретки. Во меѓувреме, секојдневно ке страдаат многу нови деца. Добрата вест е дека се се помалку.
Ја сам врло изненаЃен, а.. и увреЃeн. Знам дека си меѓу првите кај нас кој се одлучил да рече НЕ на вакцината, но не мора да ја земаш цела кривица на себе. Остави нешто и за нас новајлиите. “Убаво е да си крив“ - слоган за наредните претседателски избори. Се согласувам со тебе, и најтврдокорните по ова прашање го менуваат своето мислење. Мене повеќе ми пречат оние кои се пишманџии, оносно оние кои бараат причина повеќе за да ја оправдаат својата одлука во која воопшто не се сигурни, односно одлука која ја донел некој друг во нивно име. Со еден збор оние кои си ја имаат “мувата на капата“ Таквите на пример можат многу лесно да ти ја измерат интелектуалноста. На секој форум ќе сретнеш ликови од типот "wanna be scientist", најчесто се работи за млади луѓе кои не разбрале дека науката не е така наивна како што тие мислат или пак се некои кои штитат некаков интерес, но не мислам дека таквите се добредојдени бидејќи конверзацијата се врти во круг, а темата се пренатрупува со постови и станува досадна за читање и тоа токму на оние родители кои екстерно ја читаат темата и сеуште се двоумат околу нивната одлука. Гледам си имал искуство со постар доктор, од постарите доктори на прашање околу вакцините, можеш да добиеш неочекуван одговор, и неретко да ти признаат дека и нивните деца не се вакцинирани. Кај помладава генерација генерално имаш два вида на доктори, привиот е “кога ќе пораснам ќе бидам доктор“, а вториот е “кога ќе пораснеш ќе бидеш доктор“. Со првите некако ќе се разбереш, а вторите најчесто не можат да си ги објаснат гласовите кои ги слушаат во нивните глави. Тоа што јас си правам мајтап на своја сметка ми беше со цел да предизвикам малку самокритичност, но за жал гледам дека таа не се случува. Деновиве страшно сум загрижен за Бони и Клајд. Почнав често да ја надгледувам темата Доење. Си велам да не им текне случајно да почнат со убедувања дека адаптираното млеко е подобро од мајчиното. Што му знаеш ... од научен аспект.
Еве го доктор Оз. Дома е Мистер Оз, и не ги вакцинира децата. http://www.youtube.com/watch?v=bGNn_prJ ... e=youtu.be
Дали е случајно или неповрзано ? Секој со своето убедување, нели ? Премногу е мал периодот од 15 години, да нешто друго може да има влијание... Којзнае како е во 2013....
Да му верувам на некој што практикува раики(алтернативна медицина),може е добар доктор за срце но алтернативна медицина жити се. http://www.youtube.com/watch?v=EvABUT5NwPw Плацебото е јако тука. За др. Оз If you integrate fantasy with reality, you do not instantiate reality. If you mix cow pie with apple pie, it does not make the cow pie taste better; it makes the apple pie worse. http://www.sciencebasedmedicine.org/dr-oz-revisited/
Стеф нема потреба од деградирање на Оз за да се одговори на овој аргумент, тој е признат кардиохирург и најверојатно има познавања кои се потребни. Само што тој ВООПШТО НЕ Е против вакцините. НАПРОТИВ, тој имаше цела една емисија за разрешување на дилемите против вакцините и таму тој самиот прими вакцина против грип, како што примаат сите здравствени работници во многу земји во светот. Јас не знам тие што го поставиле видеото дали и воопшто го гледале, тој зборуваше за вакцината за свинскиот грип од пред неколку години, а не за овие другите вакцини кои е јавно познато дека и неговите деца ги имаат примено. Еве негова изјава каде уверува дека вакцините кои се задолжителни и препорачани за децата се безбедни и дека непримањето го загрозува здравјето на децата и на останатите. http://health.heraldtribune.com/2012/06 ... cinations/ Оние што ја направиле и поставиле оваа сликата со шприцовите немаат основни познавања за материјата. Прво за првата година се ставени бројки за целата популација, а за втората само кај децата. Второ таква огромна бројка постои затоа што од 1996 многу разни болести се ставени под дијагнозата аутизам и трето каква врска би требало да покажат вака само бројките, треба да се направи испитување на сите поединечно, а не на сите заедно. Тие испитувања кои го прават тоа не наоѓаат никаква поврзаност помеѓу вакцините и аутизмот. Еве еден добар текст на еден хрватски лекар кој објаснува зошто вакцините се добри и зошто и тој самиот најнормално ги има вакцинирано своите деца. http://www.cybermed.hr/osvrti/prim_dark ... voju_djecu
Ептен, премногу е јасно видеото на Др. Оз. Ама ајде вие „стручно“ да го искомплицирате Во јавноста прокламира вакцини, а дома, пошто дома бил „само“ Мистер Оз а не бил Доктор Оз, е дома жена му одлучувала за вакцини. Ако он е убеден во вакцините ( што прокламира во јавноста ) не верувам дека ради „папучарството“ дома би дозволил неговите деца да останат невакцинирани. А ете, останале. „Оние“ што ја поставиле сликата, сум јас, член на форумот со ник yarre. Оние што ја направиле, се користеле од податоците на FDA. Оние што го девалвираат соговорникот, обидувајќи се да наметнат прикаска - не им поминува. ПС. И така сте си во близина, договарајте се, Дали Др. Оз е стручњак или не е. Во постовите имате дијаметрален начин на негација на ликот на докторот. Еден од вас, со девалвација, а другиот со восхит, ама недобро разбран Да не се фатите за запирките, сум погрешил во годините, не се 15 туку 25. Што е исто доволно краток период. Колку ли наредни вакцини ке се измислат и одобрат од FDA, само во наредни 10 ? Хинт за Гуглање на Бони и Клајд. FDA прифаќа дека од лекарства има околу 100.000 смртни случаи годишно само во УСА, и тоа директно одобрени од нив. Истата таа FDA ги одобрува и вакцините..... И да не се секирате, еве што све има во вакцините, барем спрема Вашиот фален ЦДЦ http://www.cdc.gov/vaccines/pubs/pinkbook/downloads/appendices/B/excipient-table-2.pdf Да си ги турите сите до една, ама на самите себе!
Не знам колку сте запознати со најновите информации за појавата на полио во Сирија и Израел. Заради воената состојба во Сирија и прекинувањето со вакцинирање на децата се створиле услови да се овозможи на дивиот тип на вирус, значи не од вакцината, туку дивиот да се размножува и да се врати во средината. Имало 22 случаи на парализа кај деца. Исто во август во Израел откриен е полио вирус во системот за вода и кај неколку луѓе кои за среќа биле вакцинирани што придонесло да не покажат симптоми на болест и парализа, но со мртвата вакцина која не овозможува имунитет во цревата кој би го оневозможил ширењето на вирусот. Овие податоци придонесле Израел да ја вакцинира цела популација, најпрво се почнало со децата, досега се вакцинирани скоро милион со оралната полио вакцина, а исто така и Сирија започна со давање на вакцината на повеќе од 2 милиони деца. http://www.scientificamerican.com/artic ... ing-europe http://ecdc.europa.eu/en/press/news/_la ... fb61-43e0- Моментално бегалци од Сирија има дури и во Бугарија, неколку стотини километри источно. Пред само неколку недели имаше епидемија од мали сипаници во камповите и се појави закана и за бугарската популација. Иако шансите за проширување се изузетно минимални сепак мене не би ми било сеедно ако дома би имала дете кое не е вакцинирано против полио. И ве молам само пробајте овие информации да ги окарактеризирате како ширење страв.
Како ли само се менуваат теми на оваа тема, од Др.Оз, заминавме за Сирија и Израел, па преку Бугарија стигнавме и кај нас. Народно речено: смени ја темата, не ми одговара муабетот. Expert Како ли се најде таму вирусот, ц ц ц измутирал - вирус кој сака да плива.. Душички, ги жалам! Секојдневно пратам бугарски медиуми, вакво нешто немам слушнато! Биди жива и здрава, ќе те видиме ко ќе имаш.