А ти да читаш што пишувам. Јас реков најчесто полесно поминуваат, не секогаш. Е ај да видиме Ако не штитат, зошто тогаш од заболениве 0% се вакцинирани, а 100% се невакцинирани и неколкумина со една доза? Оти не штитат, не за друго...
Имаше некој пропуст со редовната вакцинација тогаш. Не знам за која генерација стануваше збор, но не биле целосно вакцинирани или не биле воопшто. Наводно, недостаток на вакцини. Затоа беше воведена вонредна вакцинација. Толку се сеќавам. Брат ми знам ги лежеше. А другар ми заврши со последици.
А оти таа една доза не штите? Зошто се прима ? Значи сите деца од 2 3 4 5 години се некомплетно вакцинирани Бидејки имаат една вакцина на 13 месеци а и тие може да заболат Според тоа и тињ нецелосно вакцинираните по логика треба да си седат дома Шо последици има другар ти?
Вие си знаете. Ова е веќе страшно. https://press24.mk/najmal-pacient-dosega-ednoipolmesechno-bebe-od-chair-zabole-od-morbili
Јас не сум медицинско лице за да ти одговорам на прашањава. Има стручни лица, може ќе ти одговорат. Знам само дека медицината како наука напредува и откако се открило дека една доза вакцина не пружа целосна заштита, се доплонило со втора доза. Многу нормално Лекарствата и медицината пред 30 години и сега не е иста
@Lianna Anna вака ми се запишани во книшка: 1990 мрп, 1995 морбили ревакцина, 2002 рубеола ревакцина. Единствено во 1995 ако немало вакцини за заушки, па ставале само течност за морбили. Битно три дози морбили имам примено.
Три од кои едната е вонредна. И гледам цело време се обидуваш третава доза да ја посочиш како аргумент за недејствување на вакцините. Бараа конкретно одредена генерација да се вакцинира. Голем број од таа генерација не примиле воопшто втора доза вакцини. Затоа рокна епидемија. Ако сакаат да поцркаме, нема да не вакцинираат. Ќе не остават да се удавиме во екот на најголемите епидемии.
Само јас не гледам проблем ако има и 5 дози? И плус фармако-индустријата ќе заработи на лекарствата за лечење.
@Lianna Anna не, не ми беше воопшто тоа намерата. И мене ми се нејасни работите, еднаш сум за, еднаш против, не знам што да мислам. Немам проблем јас што имам примено три дози, поентата ми беше дека можат да се примат, а може требаше да примат веднаш штом се појавија неколку случаи и вработените во градинките и медицинските лица што работат таму.
Ако. Туку... не ми одговори, колку проценти од заболените кај нас се целосно вакцинирани? 0%? Ете ти го одговорот за ефикасноста.
Едно е јасно,први на удар се невакцинираните, а мир имаат само тие што имаат вакцинирани деца. Продавање филозофии овде околу некакви слободи на избор,присилни вакцинирања и слично , веќе е непотребно..
Добро а има дете, возрасен, од тие што фатија морбили што е целосно вакциниран? Да кажат дали стварно полесно се поминува кога би фатил морбили целосно вакциниран... Или баш сите се невакцинирани?