Има со по една доза, мислам со полесна клиничка слика и пратени на домашно лекување. За дечињата нема нигде вест како се, се надевам нема никое со полоши компликации.
Многу ме интересира бебево што фатило дали децата биле вакцинирани чим немале симптоми.. Дал је могуче тоа што го верглавме деновиве да се оствари.. Вакцинирано дете да нема симптоми и да пренесе. Мене не ми е верно ама баш сакам да знам што како било..
Во период кога се шират морбили дали може децата да се вакцинираат со втора доза порано отколку што е предвидено? Ако примило на 13 месеци пример, може ли сега на две или три години да прими втора доза?
Трики е. Ќе треба да докажат дека не била болеста во период на инкубација кога се вакцинирале. А како ќе го направат тоа?
Со лесно да ви е. Знам дека од една вакцина имавте лошо искуство (ако грешам, извини), мислев дека е од оваа.
И да била во инкубација ќе имале температура. Сигурно немало да ги боцкаат. Ко што вика косми кој знае кој му донел... со 2 вакцини. Ќе видиме што ќе кажат тогаш. Фала ти.
Зарем цело време имаат температура за време на инкубација? Ова не го знаев. Пример ако е две недели периодот, две недели температура? Не знам, само гласно си размислувам.
И јас ја имам примено таа вонредната. На маж родителите беа во здравството и не вакцинираа. Брат ми и сестра ми и двајцата фатија заушки, 95 се родени. Јас во Скопје бев па не фатив заушки, а и плус се вакцинирав. Така да 3 дози на ММР имам примено. Туку чекајте, не знам дали јас се вакцинирав, не ми текнува дека знам снема вакцина, па само маж прима оти машко па потешко минуваат со заушки.
Треба малку да се апелира,едуцира и за начинот на пренесување. Спомнав погоре,во албански семејства кога ќе се роди бебе имаат секој ден гости,од најмладо до најстаро(сум била и јас ) Треба да се скрене внимание да се намалат посети,дружења и сл. Зошто на некои не им текнува,некои се прават силни ,некои ради традицијата...
Јас имам седумесечно бебе на неколку наврати ми се најавуваат гости со дечиња и нормално не ги примам ама луѓево се бог да чува, зошто во епидемија имаат потреба да носат деца кај бебиња еве не знам.
Време да им помине. Оти досадно е дома. И јас така не оправдувам. Дури сега вакциниран од мрп избегнувам гости веќе 15 дена како ја удривме два или три пати е бил со деца и општо луѓе.