Во Холандија да, не бил веќе заразен, така и рекле на жената која носи дете во истата градинка во која имало повеќе случаи на Морбили (не варичела, морбили) минатата година. Ова го прочитав на интернет, во некоја од групите, жената не зборуваше за вакцини туку беше изреволтирана од постапките на мајката холанѓанка која дете со морбили однеле во градинка само 5 дена после првото избивање. Не можам да го оценам како правилно или не, јас не би однела дете пред се за да не го гњавам.
Јас ќе ја тагнам @danichap да ни сподели искуство од нивната градинка кога се појавила варичела, дали заболените дечиња смееле да се вратат после 5-6 дена. Она исто кажа дека невакцинираните имале забрана да одат две недели. Јаре вика дека не е точно. Еве чекам објаснување од него дали дете, после прележување на овие заразни болести кои се лечат најмалку 7 дена, некои и во болнички услови, а да не зборам колку е паднат имуниот систем после нив, би пратил во градинка.
Најсикрено не знам. Незаболените а невакцинирани не смееја две недели, а па за болните мижам само да претпоставам. Мене и боловање ми дадоа за да седам дома со детето(официјално сум во работен однос). Ни нагласија дека не смееме ниту на бижиќната забава иако здрава но невакцинирана, забраната важи и надвор од просториите на градинката, истата беше во некоја хала. Испочитувавме секако, и без сликање со дедо мраз не бидна.
Јас ти одговарам што прочитав, за на Дани случајот сум многу убаво запозната. Јас да можам дете и 3 месеци не праќам после сипаници, било која. А од обичен вирус и настинка по 2 недели ко ништо дома сум чувала дете, џабе ќе го пуштам кога за три дена пак ќе ми се разболе. Затоа првите 6м одеше само по 1 недела во градинка се на се.
Тоа и ми е поентата на муабетот, настрана вакцините. @danichap делумно ни ги разреши дилемите, и тоа од лично искуство (оф топик- ти си и повеќе од "во работен однос" )
Е ама во случајот на Дани, во нејзиното село имало “епидемија“ и само таа градинка не одат, во селото до неа нема и никому ништо. Тоа е тоа јас што го зборам, кај нас во градинка имаше еден случај на самиот почеток и толку, нема повеќе. Сметам дека требаше во старт да се затвори градинката во Лисиче кај што букна, зошто и после прогласување на епидемија продолжија од таа градинка да се редат случаи уште две недели, што значи си се ширеше заразата. Цело време офтопикуваме, нели има сега за тоа тема, ама не можам таму да те тагнувам кога тука се води дискусијата нели.
Ќерка ми си игра со другарче од друга општина и од друга градинка. Еднаш треба да фати и да пренесе во градинката во која немало случај досега. Тоа другарче да игра со друго од друга градинка и друга општина. Толку треба во град голем колку Скопје. Или да речам мал. Модератори може да префрлат дискусија.
Дали има некој кој сериозно се има позабавено со проблематиката вакцини - аутизам/даунов синдром и останати патолошки состојби настанати пост-вакцински на микробиолошко ниво? Прашувам како лаик, кој ги знае само основните принципи на биологијата до ,,гимназиско" ниво. Кон квалитетот на вакцините до пред 90-тите години (бар на Балканов), не се гледаше со доза на скептицизам. Генерации и генерации беа вакцинирани и навидум сериите беа во ред. Сѐ до моментот кога определени мајки/докторки одеднаш, пред почетокот на воените конфликти не излегоа со изјави дека нивните деца се здобиле со овие состојби по вакцинацијата. Тие случаи не се сигурно лажирани, зошто постојат документирани докази кои ги има во Македонија, Србија, Босна..Родители кои апелираат децата да не се вакцинираат со одредени ,,вакцински типологии", излегоа приложувајќи документи, а една од нив истапила и чекор понатаму со тоа што инсистирала да добие официјална потврда од СЗО дека државата/здравството е она кое ја има испорачано таа вакцина во која се содржеле определени ,,аномалии" и каде пишува дека државата од таа причина има морална и правна облигација да го обештети нејзиниот син кој наводно развил симптоми на даунов синдром по примањето на една од вакцините. Случајот, како што спомнав погоре, се одвивал некаде кон средината на деведесеттите, бидејќи сега веќе истиот има накај триесеттина години.. Исто се прашувам, дали е толку коинцидентално добивањето на овие дегенеративни состојби, и ако не, зошто истите етапно се развиваат во рок од максимални 24-72 часа најдоцна по примањето? Следно и последно прашање ми е, зошто доколку навистина нема простор за паника експерти од областа не истапат медиумски јавно со докази и аргументација? Бидејќи ако нема простор за паника, (а и лично мислам дека нема, иако сепак задржувам неутрален став од горенаведените причини) не гледам зошто не би се излегло да се говори јавно за овие актуелни прашања. Мислам дека наместо јавноста да се терети со тривијални партиски прашања треба да биде ,,снабдена" со информации по ова прашање. И кога велам снабдена, не мислам да се организира само една емисија која ќе биде емитувана во рамките на утринските програми, туку мнозина. Каде ќе се споделат многу мислења и ставови. И да, за крај, навистина доколку стварно на крај се утврди дека има некаков проблем со вакцините (иако е речиси невозможно дури и да е така), да се овозможи опција секој родител да го вакцинира детето ако сака и со кои вакцини сака. Вака кога е морално повеќе личи на перење пари и brainwashing, отколку како мерка за заштита.
Wait wait... Како тоа Даунов од вакцина? Вакцината онака магично вметнува уште еден хромозом во клетките?
Ај те молам, каков даунов од вакцина. Од вакви мислења сме сведени на спалување на клада ко вештеркине у 15ти век.
Не знам Тане, затоа прашувам. Родител (докторка) добила потврда дека вакцината ја индуцирала таа патолошка состојба.
@AngelOfArh Наместо да иронизираш прочитај го уште еднаш постот за да сфатиш дека тоа не е мое мислење, туку резултат на она што го имам гледано и слушано. Не сум биолог.
Не мора да си биолог, логика малце треба. И јас не верувам во вакцини па ваква глупост не ми текнало досега.
Одор нема допирна точка со вакцини само праша не ја напаѓајте не се сите доктори. Одорке мн чудно што даун поврзале со вакцина. Навистина нема допирна точка
Значи не го негирам дека може да има последици од вакцини. Ама за вакви глупости да кажуваш стварно треба да си ептен наивен или да немаш ни малку малку познавања од ова. Јас баш некни читам на еден друг форум, еден вика дека и бесно куче да те касне, не мора вакцина зошто беснилото не била опасна болест и дури тој самиот ја прележал.
Да ама од вакви мислења се добива таа општа слика дека ние појма немаме и само читаме на интернет. Таму кај што не ме бива си ќутам.
You are born with it. No one gets Down syndrome later in life. It's one of the most common genetic birth defects (a birth defect is a problem that happens while a baby is still growing inside his or her mother). Now you know that Down syndrome is caused by a problem with a chromosome. Толку е просто.
Ништо чудно,поврзуваат родители сешто,бидејќи е полесно вакцината да била крива. И јас знам една родителка која тврдеше дека детето од вакцина има Даун. и не вакцинира со ммр. Просто е,ама и луѓето овде се прости.