Мене па нешо друго не ми е јасно. Даун уште во прво тромесечие се гледа на скрининг..како тоа до мпр не приметиле дека има даун детето!? Јас верувам дека така и рекле на одор ама тие што така и рекле кај живеат.
@AngelOfArh Се извинувам. Докторката зборува за парализа, не за Даунов. Даунов нема врска со муабетот.
Ама стварно ми е жал што ќе речам ама прост народ имаме. Од првата вакцина БСЖ е болно,по нејзино.Детево сега има 16 год.врсници со мојата.И тогаш имаше и скрининг и се,ама џабе кога некој тумачи како му одговара. Не можеш со необразован човек со 3 години средно да се разбереш дека нема врска вакцината.
Мене ич не ми е проблем што и да кажеш, ама борбата на родителите кои не вакцинираат е огромна, ради вакви работи не им веруваат и еве и на темава има такви кои не признаваат. Внимавајте што ќе напишете бидејќи некој се труди со факти да докаже а постојат такви кои само чекаат ваков пост и еден принтскрин па да го развлекуваат низ темава.
Во ред е, сега ќе знаеш. Ова е многу повеќе од висока тт и намален имунитет по боцкање. Мило ми е што и ти како лаик, не ни знам дали имаш воопшто деца, размислуваш.
Парализа има смисла, а има и случај во Македонија. Многу ретка појава после вакцината и докажано дека е од тоа.
Имаше таков во случај во Делчево.Ама мн одамна.Сигурно од пред 20 год.Родителот на детето исто беше лекар
Како може од вакцина даунов синдром? Нели тоа уште во бременоста се открива,правиме приски,миски,триста боцкања. Не верувам во ова.Се претера со напаѓање на вакциниве. Искрено,не спијам ноќе од што мислам како ќе поминам со малава на прва вакцина. Од што читам,од што се пишува се и сешто.Додуша,можам и да не читам,но ете копка нешто нели,кога се дига толкава фама баш сега. Секој сака најдобро за свое дете а сега на сите ни се мати умот. Моите деца се вакцинирани,фала му на Бога досега сме немале проблем. Особено не од ММр. НАјлошо поминав и со едниот и со другиот со ревакцина на ДТП. Лошо во смисла на благо покачена температура и малку поднамален имунитет.
@joy1 јас за овој случај знам. https://mkd-news.com/devojche-od-ko...ot-presudi-drzhavata-da-i-plati-100-000-evra/
Има и во Скопје. Баш на тв ги имаше, братот на девојчето го знам. Таткото пред тв тврдеше дека девојчето се до ммр било здраво девојче...
Да! можат! ... за примерот со 13 месечно детенце, ДА- може да прими втора доза порано! малку пооширно ќе напишам! Вакцина против мали сипаници-рубела (MMR) ... епидемии на сипаници особено влијаат врз децата на возраст од 1 до 5 години, повеќето од овие деца се помлади од возраста препорачани од страна на Советодавниот комитет за практики на имунизација за втората доза на вакцина против мали сипаници-рубела (MMR)! ...може да се постави прашањето дали е потребно строго почитување на закажаната втора доза или дали постои можност за прерана имунизација под посебни околности ( слаб одговор како што е потврдено со нивото на титарот, патување во странство, епидемија, ризична средина на живеење) ...имало случај да мајката го однела својот 15-месечен син кај својот педијатар за проверка околу своето здравје, синот ја примил својата прва доза на вакцина против сипаници-заушки-рубела (ММР) на возраст од 12 месеци при што СЕГА педијатарот предложил на мајката за можноста да синот ја прими втора доза на 15 месеци, наместо да чека на возраст од 4 до 5 години препорачано од Советодавниот комитет за имунизациони практики (ACIP) ... ...педијатарот и 'кажал дека првата вакцина „не се истрошила“, но втората доза може да се даде, затоа што има некои деца кои не реагирале кога вакцината првично била администрирана на 11 или 12 месеци (препорака е од 13-14 месеци)! ...децата имунизирани во 13-14 месеци од возраста покажале повисоки титри на антитела во споредба со децата кои ја добиле вакцината против морбили во период од 12 месеци или порано! ...вакцината против морбили е околу 95 % ефективна и обезбедува долгорочна заштита, така да Комитетот за инфективни болести на Американската академија за педијатрија (ААП) ги оцени трендовите на инфекција и неуспехот на вакцината за мали сипаници, бидејќи повеќето случаи биле пријавени кај постари деца на училишна возраст, комисијата препорачала да се даде втора доза на влез во средно училиште, на возраст од околу 11 или 12 години, арно ама во исто време, ACIP препорача да се администрира втората доза при влез во градинка или прво одделение, на возраст од околу 4 и 6 години! ...значи препорака првата доза на вакцина против сипаници да се администрира на 12 до 15 месеци, втората доза била одложена на закони специфични за државата,овозможувајќи администрација на возраст од 4 до 6 години (градинка) или од 11 до 12 години (средно училиште)! ...во 1998 година, ACIP, AAP и Американската академија за семејни лекари заеднички усвоија 4 до 6 години како препорачана возраст за втората доза во MMR! ...во случај на пропуштена MMR доза од 12 до 15 месеци, ACIP во моментов препорачува доза да се администрира што е можно поскоро, интервалот пред следната доза треба да биде не помал од 28 дена за да се заврши серијата, ако недостасува само втората доза, треба да се даде единечна MMR доза! ...некои деца ќе развијат нормални титри на антитела како одговор на почетната доза на MMR вакцината и развиваат повисоки титра на антитела по втората доза на вакцината, но вообичаено, овие зголемени нивоа на антитела не продолжуваат, нема медицински докази кои укажуваат на тоа дека детето ќе има последици за прерано примена втора доза на вакцина од временско препорачано во интерес на детето што се претпоставува дека имало лош одговор на првата доза! ...со право втора доза на вакцина се дава на детето порано од препорачаниот временски период ако се има епидемија во моментот, ако се патува, ако се живее во ризична средина! ...значи, моменталните препораки на ACIP наведуваат дека не е потребна дополнителна доза ако детето има добиено 2 дози MMR вакцина најмалку 1 месец одделно и ако првата доза е администрирано по првиот роденден на детето!
Документ со кој што самиот матичен лекар пишува и признава смрт од вакцина како несакана последица. Детето е хоспитализирано со висока темп повраќање и починува. Вакцина HVB difterija i tetanus. Еве го документот. Само што ми излезе на фб..
Се мислев долго дали да ставам или не ме облеа ладна пот Лили, не знам што да кажам мајче Ми се заледи крвта после документов... Јас пишав дека сваќам и последици и организми различни и све ама ова И тоа со документ. Доле пишува клинички испитувања И докторот објаснува како починало детето и наведува дека е од вакцинава... Ја обвунуваат министерката не е само овој лист за жал има и други а она абер си нема
Не знам што да кажам. Не би да опишувам само ќе речам 1 недела имав дете кое ништо не правеше Буквално робот. Читајќи еден татко на фб увидов дека син му буквално истото го прошол како мојов. Секој симптом буквално исто... И на крај што ако признал докторот.. Што ако кажал.. Нема утеха за родителите.
@LiliBoz страшно те читам повеќе пати, и сега се сетив дека тогаш ко се случи се имаше негде напишано морбилен осип се јавил. Јас мислев и морбили прележа тогаш твоето, ама сигурно имам грешно разбрано. Нас и таа ревакцина на 18 месеци ни остана за примање.
Не беше тогаш срц. Не бев на форумов кога се случи ова. Син ми имаше 5 месеци кога прими дтпр. Тоа со осипот што се туфкаа морбили е не е беше минатиот Велигден. 2 недели пред да завршиме во болница од сосема друго. Инаку не беше морбили иако клиничка слика имаше како тоа ама немаше темп