А ти да се информираше подобро пред да постираш... "Експлозија на канцери"? Колку "експлозивно" звучи. Се додека не се проверат малку подобро бројките... Еј, види 11% помалку рак ако се земат сите видови во предвид. Експлозијава уствари имплозија да е. Ама ај, да ги земеме баш тие видови што ги навеле... "The incidence of all cancers was 11.0% lower in the exposed cohort than in the unexposed cohort (a decreased risk of 3.7 cases per 100,000 per year) but was 19.6% higher for ependymoma and choroid plexus tumors (an increased risk of 1.6 cases per 10,000,000 per year), 8.4% higher for other brain cancers (a increased risk of 1.7 cases per 1,000,000 per year), 9.76% higher for osteogenic sarcoma (an increased risk of 2.6 cases per 10,000,000 per year), and 178% higher for mesothelioma (based on 6 mesothelioma cases in the exposed cohort and 2 cases in the unexposed cohort; an increased risk of 2.2 cases per 10,000,000 per year)." Од 1 до 2 до 3 случаи на 100000, 1000000, 10000000.... Експлозијава не е доволна ни статистичка грешка да ја наречеш. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/books/NBK221112/
Предлагам, во чест на историјата, да ја отфрлиме постапката трансфузија на крв. Пропаганда, одма!!! Не бе. Како обична детска болест? Не е ни болест. Детска игра се. Безопасна. Воспаление на мозокот, слепило, инфекции, пневмонија. Само дел од таа обична детска игра. Обичен грип може да доведе до компликации. Знаеш ли ти што зборуваш? Останатите небулози кои постајано ги пласираш тука, ќе ти ги објаснам кога ќе се чувствувам подобро.
Точно така. Не знам зошто ги хоспитализираа децата на инфективна воопшто. Особено што после 5-6 дена може и во градинка да се вратат.
Прости сме ние тука, затоа Па дури и епидемија прогласуваме, во градинки неодење, глупости Јаре за министер
Сега читав дека 0.1 проценти од заболените добиваат воспаление на мозокот и тешки компликации. 15% од овие 0.1 ќе починат, 20-30 имаат трајни оштетувања, останатите ќе се опорават. Друг да не има некоја статистика? Во секој случај далеку од наивно. Прочитав и нњшто за градинкиве, ама не ми е сигурен изворов, па ќе барам и на други сајтови
Не ни клика копчето, треба да ни надробат, и ред други изјави, кои се избришани ради навреда, а јас немам скриншотови. Нема везе, ќе има уште, а јас сега ќе документирам Инаку детски биле болестите за оние кои прележале лесно, а за другите не верувам дека така ги паметат. И муабетот дека сега се други времиња и е побезбедно исто не држи, нели ако се разболат. Прочитајте го текстот, научен и историски е. https://www.iflscience.com/health-a...T99LZCpqBtQR4D4q0v2Qd6qoLSZgIvu5bxqF2AAsIUthw
...документот што го приложуваш, укажува на воена болница во Палермо чија здравствена услуга е кон карабиниерите - војници и самиот документ најгоре укажува дека е под ингиренции на Министерство за одбрана, подоле како наслов укажува на Воена болница во Палермо со текст за златен медал за воени заслуги што се дава MICHELE FERRARA, MEDAGLIA D’ORO AL VALOR MILITARE ??? ... КОЈ МАТИЧЕН ЛЕКАР ГО НАПИШАЛ ЛИЧНО ОВА ЖИТИ СЕ? не читаш „ Болничка медицинска комисија“ Медицинска болничка комисија со дата 28.01.2000 одозгора со печат датум 23 фебруари 2000, а анамнеза за починато на 09.01.1999 год , при што укажува за потпис на комисија со опција со Х кај „esaminare la practica relativa“ , а не „sottoporre medica visita“ достави медицински преглед, а доле има опис на цела анамнеза ... и кога ќе се додаде издаден документ БЕЗ НИКАКОВ ПЕЧАТ, ПОТПИС што ниедна воена болница нема шанса да издаде, еве ти два примери како се издаваат документи заверени со потпис и печат од Министерство за одбрана! ... и дали во воени болници со специјализирани оддели за војниците карабиниери се носат пациенти посебно бебиња? и што е назначено ,,Златен медал за воени заслуги“ на документ за бебе кое починало? сето тоа дава сомневање за веродостојноста на документот! ..инаку на НЕТ никаде не можев да го најдам овој документ и тоа пази ваму „НАПИШАНО ОД МАТИЧЕН ЛЕКАР“! во слободен превод од членката на овој форум што го постира документот што само што и излегло на ФБ??
На германскиве сајтови, на некое најдовнод +5 дена може да оди во градинка, други после недела до две. Ова откако ќе избие осипот или откако ќе го снема не сфатив Еве еден од линковите https://www.google.com/amp/s/www.onmeda.de/amp/krankheiten/masern.html
5 дена откако ќе избие осипот или 5 дена откако ќе помине осипот не е мала разлика Јас не разбирам германски, така што, и јас не можам да го протолкувам. Дани, имаат ли градинките во Германија оддел за тријажа во вакви случаи?
Стои 1-2 недели после морбилите може назад во градинка. На друго место стоеше и после 5 дена(ваљда за оние кои полесно поминале) Не знам што им значи тоа ни јас, не е детализирано. Не те сфатив со тријажава? Едит: членови на фамилија на заболените, посебно браќа и сестри, кои не се вакцинирани, имаат забрана од две недели да посетуваат градинка. Ова добра идеја е.
печат валиден од Датумар?? ... 23 фебруари 2000 и тоа горе било печат? дупка од хефталица?? кој потпис важи за КОМИСИЈА ?? збор комисија е еден човек? е ако де... нивото на однесување се гледа и по знаењето, и тоа документ од Министерство за одбрана за воени заслуги со златен медал пишано „Оspedale militare di Palermo passa ai carabinieri“ на зелена мушама покривка во кујна поставен документ? Комисија кога потпишува треба сите со потпис 3, 4 члена... кажете му на тој што фалсификува документи да го преврте ово документ од друга страна или да ја даде втората страница да го прочитаме крајот! ...не се способни ниту фалсификат да направат, јас не велам дека не се случува несакани последици од вакцинација или од примена на било кој лек, ама вака да се базираат да „ лично напишал матичен лекар“ на недокажани непроверени работи греота за другите што читаат по форумите добивајќи аверзија кон вакцинирањето, со посебно лични навреди укажано зошто демек не е цитирано? п.с треба да се извини дотичниот член на сите слепи и ќорави членови на форумот, доколку сакала симболично, споредбено да се изрази, требаше да примени наводници, а не вака „се правиме ќорави“ зборуваме за вакцини, а дозволено вакви изрази, посебно што овде на форум се експонира со свои мислења како медицинско лице?
Мислам дека ова е пример на документ со печати што самата членка го стави за да се спореди со првиот што тврди дека е факсификат.
Да се разбереме ниту еден доктор нема да ти потврди дека детето починало како резултат на вакцина. Нема такво нешто. Прво ќе му направат 100 обдукции и ќе помини низ 5 комисии... Не туку верувајте на секој документ шо ќе излезе на нет.тие шо не сакаат да вакцинираат нека не шират страв кај другите со вакви глупости.
@AngelOfArh извини што ќе те прашам, не ме сфаќај погрешно, ама може да ни кажеш што се случи со внука ти? Кога пројави реакција и за каква авто-имуна се работи? И од која вакцина, од ммр? Не е за убедување и расправање, да кажам. Само ме интересира што се случило и како е сега. Не мораш да одговориш ако не сакаш.
... токму така, и двата документа се како пример како изгледа еден документ во Италија и тоа од првиот од Министерство за одбрана „Ministero della difensa“ во сегментот на Воена болница „Centro militare di medicina Legale Palermo“ и втор документ прилог на медински документ (за било која намена) каде има два потписа во споредба од документот што го опишуваат како даден од „матичен доктор“ со датумарски печат како доказ за потпис од Комисија?? ...жалосно, како да сме ТУКА на судска парница, па многу јаки докази имаат за „оригиналот“ од Воена болница од Палермо за воени заслуги каде пациентот е со златен медал „Michele Ferarra“, а фалсификувано демек дете починато како последица од вакцинирање? каде се гледа и намерата зошто толку сме бучни и зошто толку вреѓаме на форумов кога приложениов документ што највероватно е чист фалсификат!