Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    105.072
    Пол:
    Женски
    Имам веќе пишувано. После ММР детето престана да зборува, ја прими точно на време. До тогаш кажуваше основни работи ама не само тоа туку почна да појавува дерматити, наеднаш комплетно се смени, како билка. Јас многу убаво се сеќавам на денот кога ја боцнаа бидејќи живеев со нив. Едноставно после ммр имавме друго дете. До 4ипол години не појави никаков говор, беше многу тешко и напорно да се разбереме со неа, имаше напади карактеристични за аутистичен спектар кој непосредно пред да се разболе го дијагностицираа во Симпо. Но пред 4г овој период наеднаш клапна, не сакаше повеќе да стане, не оди, не пие, не јаде, едноставно не можеше да стои на сопствените нозе. Имаше осип карактеристичен за шарлах ама истиот го немаше, дури една докторка од детска неврологија дури и даде дијагноза шарлах и терапија од која доби интоксикација и главата и се зголеми дупло, очите се раздалечиња, беше страшно. Тогаш ја хоспитализираа, секојдневни комисии, секојдневни прегледи, зимање крв, правење биопсии, тогаш директор на детска неврологија рече дека детето воопшто немало аутизам, дека како последица на вакцината се случило тоа што се случило, име не знаеме сеуште, ова лично го слушнав јас, не ми го прекажаа. После 6м агонија, дексазони и инфузии, дијагнозата ја добивме во Институт за мајка и дете во Ниш, и онлајн со целата документација во Мејо клиниката. Јувенилен дерматомиозит. Се лечи со цитостатици. На тешките дексазони му правеа друштво метатраксатите, болус и имуниглуболините, терапијата ја доби во Ниш. Кај нас од оваа болест претходно само 5торица од кои само едно дете од 8г,која е жена која денес ја познавам и фала богу е здрава, права и има сега веќе 2 прекрасни дечиња. После влегивањето на болеста во ремисија, односно година дена по првата хоспитализација почнаа со дефектолошки и логопетски вежби, сега внука ми е второ одделение, со задоцнување тргна во училиште, сеуште не е на ниво на нејзините соученици но е сепак здрава и жива. Ајде сега вака објасни ми како да однесам дете да боцнам, со кое срце.
     
    На irena.1, fina erika, Bubce38 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    Еден родител на фејсбук правел математика околу епидемијата на морбили во Скопје.


    СТАТИСТИЧКА МАНИПУЛАЦИЈА
    (извор: Институт за јавно здравје на РМ)

    1.Според најновиот извештај за епидемијата на мали сипаници заклучно со 01.02.2019 регистрирани се 148 случаи на мали сипаници.
    2.Од вкупниот број на заболени (n=148), 77 лица односно 52% се лабораториски потврдени.
    3.Возраста на заболените се движи од 1 месец до 51 години. Од вкупниот број на заболени, 85 (57,4%) се на возраст до 4 години, а 36 лица (24,3%) на возраст над 30 години.
    4.Според вакциналниот статус, 125 или 84,5% од заболени лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

    Манипулација бр.1
    Во скоро 5 недели од прогласување на епидемијата регистрирани се ВКУПНО 148 случаи од мали сипаници, додека пак според истиот извор САМО во четвртата недела од 2019 година регистрирани се 643 НОВИ случаи на заболени од ГРИП – епидемија на грип не се прогласува!
    Да претпоставиме дека во Скопје живеат 1.000.000 жители, 148 од нив заболуваат од мали сипаници, статистички тоа E секој 0.000148 од жителите на Скопје или секој 0.000296 ако бројот на жители во Скопје е 500.000

    Манипулација бр.2
    Од 148 случаи вирусот на мали сипаници е потврден само кај 52% од случаите (само кај 77лица) , што значи дека кај останатите (71 лице) пријавени како заразени од морбили вирусот не е најден. Со ова можноста да се заразите од мали сипаници од точка 1 се намалува на 0.000077 на 1.000.000, односно на 0.000154 на 500.000 жители во Скопје.

    Манипулација бр.3
    Според ИЈЗ 57,4% односно 85 од заболените (потврдени и непотврдени случаи)
    се на возраст до 4 години. Оваа категорија потребно е да се раздвои на деца до 12 месечна возраст и деца од 1 до 4 години бидејќи вакцината за морбили се прима со полни 12 месеци.
    Понатаму 24,3% или 36 лица се на возраст над 30 години, лица кои според календарот за вакцинација и воведување на вакцината за морбили од 1971 година треба да се вакцинирани најмалку со 1 доза за мали сипаници (извор ИЈЗ)
    Во целиов исказ недостасуваат 18,3% или 27 лица на возраст од 4 до 30 години кои би требало да имаат примено 2 дози на вакцината, а сепак заболеле од морбили- ревакцинација е воведена во1987година (извор ИЈЗ)

    Манипулација бр.4
    Во оваа изјава ИЈЗ вели дека 84,5% или 125 од вкупно 148 лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Случајно заборава да наведе дека останатите 15,5% или 23 лица се целосно вакцинирани. Со ова сериозно се доведува во прашање ефикасноста на вакцината.
    Понатаму, ИЈЗ заборава да направи подетална класификација на 84,5% од заразените за нивната статистика да биде транспарентна и точна. За да биде така ИЈЗ треба да нагласи:
    А) вкупен број на невакцинирани лица, кој потоа мора да се разложи на деца под 12месечна возраст (кои не можат да бидат вакцинирани) и лица над 1 година (кои подлежат на вакцинација)
    Б) вкупен број на некомплетно вакцинирани лица, кој потоа мора да се разложи на лица до 7 годишна возраст (кои во периодот од 1 до 7 годишна возраст не можат да бидат ревакцинирани) и лица над 7 годишна возраст со примена 1 доза
    В) вкупен број на лица чиј што вакцинален статус е непознат.

    Заклучокот е дека и ИЈЗ и сите електронски медиуми, како и сите медицински лица, вклучувајќи го тука и министерот за здравство, пропагираат лажни статистики со што вршат психолошка манипулација и влевање страв во јавноста.
    Со тоа ги насочуваат родителите кон присилна “доброволна” вакцинација на своите деца. А како што видовме спорно е самото прогласување на епидемија, спорна е ефикасноста на вакцините, спорен е начинот на кој информациите се пласираат во јавноста... Која им е целта? Се сомневам дека тоа е здравјето на нашите деца, а за заработката од бизнисот со вакцините ќе пишувам некој следен пат.
     
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.245
    Допаѓања:
    181.750
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал, навистина :( Штом имате потврда од доктор, нема што да се дискутира. Искрено, и јас во таква ситуација не би вакцинирала. Со тебе знаеш за што не се сложувам, дека треба градинките сите деца да ги примаат во ек на епидемија, баш затоа што може да направат компликација и морбилите. Но тоа е друг муабет. А дали точно по примањето на ммр осетивте промени, мислам на истиот ден, или тоа беше со тек на време?
     
  4. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...еве ја законската процедура како се постапува доколку се има компликации после вакцинирање!

    [​IMG]
    [​IMG]
    ова е во МКД, сега ако споредиме предходниот документ од Воена болница од Палермо за кој се укажува дека е „веродостоен“ за поствакцинална компликација т.е. фатална последица која детето ја примило на 07.01.1999 год со фатален исход на 09.01.1999 и според „валидниот печат и потпис“ на дотичниот член кои тврди дека тој печат факсимил од 23.02.2000 год би било период од цела година да се даде анамнеза за фатална последица од вакцина? кога се то тоа се прави за најкраток временски рок во нашето здравство, а што со Италија? тие после една година ќе дадат таков документ со таква анамнеза? колку „дупки“ има тој фалсификат документ со цел да створи страв кај мајките за вакцинирање на своите деца чудо едно!
     
    Последна измена: 2 февруари 2019
    На lovely girl M и baba Rada им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.721
    Допаѓања:
    253.600
    Ангел, а вакцината била тригер или причина за појавата на синдромот? Што ви кажаа?
    И дали е поврзано со гени или слично?
    Лично ме интересира.
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    105.072
    Пол:
    Женски
    Истиот ден, заспа на враќање од Идадија и кога стана не беше веќе истото дете.
    Мислам дека е причина, сите испитувања беа во ред.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.427
    Допаѓања:
    287.369
    @AngelOfArh не сум те прашала до сега. На која возраст ја прими?
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    105.072
    Пол:
    Женски
    На 13м. На време, до тогаш не доцнеле со ниедна вакцина.
     
  9. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    971
    Angel mnogui e zal.za se niz sto ste pominale. Dusa me boli koga ke vidam ili slusnam dete da strada. Se nadevam ke bide se vo red kako sto ke raste i ke bide isto kako vrsnicite. Strasno e ova sto go procitav...
     
  10. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    Кои се логики ќе се извртат, само да се оспори документ, каде упатува фактот дека последица е од вакцина.
    Судските случаи со докажување за последица од вакцина во Америка се тегнат со години. Железни опинци облакаат и родители и адвокати да докажат. Се бараат и повторувања на постапки.
    Медицинските докажувања може да траат 5 дена а може и ете година. Зависи кој и како го прави истражувањето, зависи и колку е независно. Зависи и од проценката на родителот колку е спремен да се бори и докажува. Така и системот си се мести.
    Последици од вакцини има ? Ете ти членката ти го опиша случајот. Процентот на документирани е мал во однос на реално случените, бидејки докторите по дифолт се друго ќе кажат, само за вакцина никако не.
    Случаи како на @AngelOfArh исти истацкати има колку сакаш. Само треба да сакаш да видиш.
    Во Македонија, мистериозно имаме најмал процент на пријавени последици после вакцина. Случајност или нашиве деца се супермени во однос на децата во други земји ?
     
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.600
    Пол:
    Женски
    img1549139083793.jpg

    Малечката била подложенана задолжителна вакцина на дата *** со вакцината anti HVB difteria tetanus pert.... ( вакцината што и сами ја разбирате) во текот на вечерта се качила темп на дат *** зашеметеност со повраќање и респираторни нарушувања директно е хоспитализирана во Caltanissetta во состојба на кома префрлена во ( ова о ли е не знам не се гледа) после следува "dei bambini di Palermo што значи деца во палермо. Ваљда некоја болница за деца каде што починала. Од аутпосијата се видело дека причината за што починала е од пост вакцината.

    Тоа е тоа што го пишува доле каде што ја прикачив сликата.
    Ако не верувате слободно преведете.


    Искрено, вакви документи имаше повеќе, кога синоке отидов да видам постовите стоеа а документите вакви беа избришани..
    Не ни сакав повеќе да преведувам и коментирам.
    Не ни сакам повеќе да влегувам на темава искрено и затоа и се воздржав од било што.

    Дека се случува ова се случува на сите ние јасно, дали е фалсификат или не знам ама верувам дека не е.. а сакам да е фалсифккат.

    За се друго сакам да се воздржам. Слободно цитирајте и коментирајте не сакам повеќе да навлегувам во ова.
    Групата е corvelva.
    Да се осудам да пишувам овде и да дискутирам тврдам и слично не можам бидејки и јас почнав сега да истржувам.

    Не би сакала веќе нити да влегувам на темава нити да коментирам бидејки ми се ежи кожава кога ја гледам темава.
    Да тврдам нешто не можам.
    Прикачив тоа што прочитав и јас и од што ми се згнаси животот.
     
    На azelea, yarre, Rooby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.237
    Допаѓања:
    89.134
    Пол:
    Женски
    Нормално дека те боли,сочувствувам.
    Но за жал ЈДМ е познато како многу ретко автоимуно заболување и досега во светов не е откриена ниту потврдена причина ниту предизвикувач зошто се јавува.
    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3383527/#__ffn_sectitle
     
    Последна измена: 2 февруари 2019
  13. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    627
    Пол:
    Женски
    Не е уште докажано дека ммр е причинител за појава на било каква болест.некои деца се раѓаат здрави но подоцна кај истите се појавува болест. Дали е причина некоја си вакцина или не може да збориме колку сакате ама медицината не го докажала тоа. Затоа реков нема доктор што ќе ти даде документ на кој пишува дека одредена болест е добиена како резултат на вакцина. И они наѓаѓаат од ова е од она е. Сум сретнала и други кои велат после вакцина детето се смена и има застој во развој... им верувам, родителот најдобро си го знае детето но дека е 100% од тоа доктор не им потврдил.сепак жално за тие кои го доживеале тоа. Секое детенце да е здраво и безгрижно оти нема потешко од тоа за родителот.
     
    На Cosmi и eli25 им се допаѓа ова.
  14. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...еднаш си го поставила документот „што случајно ти паднал на ФБ“, а сега гледам упорно, така демек „многу наивно“ и демек многу “ загрижена“ си се засекирала за нешто што самата знаеш дека е фалсификат!
    ...не знам со која цел шириш страв низ социјални мрежи конкретно овде? еднаш кажа за документот, дај некој друг, а не само за овој да го постираш за да те читаат и да им е страв на луѓето да си ги вакцинираат децата, ако веќе толку знаеш италијански и преведуваш тоа што ти е целта, што не ги преведуваш и коментираш насловите на истиот документ? потенцираш само крајниот дел типкано на машина за куцање, што може било кој да куца, без заверка што значи валиден правен документ со печат и потпис, вака без печат и потпис или име презиме на тие што се членови на комисија, сега ја смени приказната не кажуваш дека лично го напишал матичниот лекар “туку ваљда во некоја болница од „аутпосијата“ читај аутопсија !
    ...би те прашала , не ти е страв вака да шириш дезинформации и да си играш со здравјето на луѓето??
    еве слободно преведувам, а не е лошо да искоментираш ТИ што би требало да значи се тоа што ќе ти го докажам дека укажува на фалсификат! Што бара ваков пациент во Воена болница со документ од Министерство за одбрана за воени заслуги златна медаља?? Италија нема свои болници за цивили посебно за педијатриска возраст ќе ги носат кај карабиниерите/ војници?
    идеме по ред :
    1. Документот е издаден од Министерство за одбрана ( Ministero della Difensa)

    [​IMG]


    2. Документот конкретно издадено од Воена болница од Палермо ( Ospedale Militare Di Palermo)
    Медаља за воена заслуга Мишел Ферара - славен 77 годишен потполковник (Medaglia Doro Michele Ferrara)

    [​IMG]

    3. Медицинска болничка комисија ( Commissione medica ospedaliera)

    [​IMG]

    4. Искуцаната анамнеза за пациент кој бил примен на 07.01.1999 во болница, а починал на 09.01.1999!

    [​IMG]

    5. Документот искуцан после цела година од смртта на пациентот на 28.01.2000 год и датум факсимил 23 Феб 2000

    [​IMG]

    6. Долупотпишаната Комисија се состана за да испита релативната практика ( Esaminare la practica relativa )

    [​IMG]

    7. Хоризонтална и вертикална кратка линија преставува место од прикачена хефт игла, што укажува дека документот се состои од две страни, па е прикачено горе лево, прашање зашто не е дадена и втората страница за да ги видиме потписите на „долнопотпишани членови на комисија“ и печатите за да биде правно исправен документ и да го дочитаме круцијалниот заклучок ?

    [​IMG]

    ..и иљада докази за фејк документ да ти приложам ТИ веруваш во тоа што сакаш да веруваш, а не во тоа што е логички, за тебе од „некоја таму ваљда болница за деца“ починато во 09.01.1999 година и документот да се издаде во 23.фебрури 2000 год цела година после смртта без потпис и печат за тебе се правни валидни докумнети?ајјј што ти веруваш,тоа е твој проблем и мислење -немој твоите да ги вакцинираш, ама што шириш тука страв и дезинформации со приложување на НЕлегален правно неисправен документ и уште дебатираш упорно за тој документ, апсолутно не е во ред во име на сите мајки што се грижат за здрвјето на своите деца, а читаат тука постови на Фемина форум!
     
    Последна измена: 3 февруари 2019
    На Harper, DAngel, OutOfAnywhere и 4 други им се допаѓа ова.
  15. ikkui

    ikkui Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Преведено со гугл од:
    http://www.asppalermo.org/informazioni-dettaglio.asp?ID=4

    "Compensation for transfusion or vaccination damages - Law 210/92

    .....
    PRESENTATION OF THE INDEMNIFICATION APPLICATION
    The request for compensation must be submitted by the interested party or by the right holder, on the appropriate form in plain paper, to the territorially competent ASP:
    Departmental and Legal Medicine Department - OU Law 210 / 92- Via Pindemonte 88 Pav. 38
    Dr.ssa Francesca Arculeo Tel. 091/7033480, within the terms of law:
    - 3 years in cases of vaccination or post-transfusion hepatitis
    - 10 years in cases of HIV infection.The terms start from the moment when the damaged person became aware of the damage suffered.

    If the application examined is missing documents, the interested party is invited to produce the documents within 30 days.

    At the end of the investigation by the ASP, a copy of all the documentation is sent to the Medical Hospital Commission c / o the Military Hospital of Palermo, which draws up a medical examination report with an opinion on the causal link, ascribable to the infirmity and timeliness of the question"
     
  16. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...да кажеше со свои зборови што сакаш да образложиш со овој превод?
    ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Надоместок за несреќа од трансфузија или вакцинација - Закон 210/92
    ПРАВО 210 од 25 февруари 1992 (изменет и дополнет со Законот од 25 јули 1997 година, број 23
    Компензација за неповратни штети од вакцинација, трансфузии и администрација на крвни продукти Се грижи за плаќање од страна на државата за надомест на штета за партиите неповратно оштетени од компликации поради задолжителните вакцинации, трансфузија на крв и крвни продукти.Ова законодавство е дополнето со уметноста. 6 од Д.Л. 344/96, DD.LL. 450/96 и 548/96, кои се пренесени на вештини истрага ASP локалните судови.
    ОБЕШТЕТУВАЊЕ
    Се состои од дво-месечен надоместок за живеење, платени од страна на месец по поднесувањето на барањето, чиј износ варира во зависност од степенот на штетата и да се ажурира еднаш годишно врз основа на прогноза на инфлацијата (чл. 2 став 1 и 2 Л 210 / 92).
    КОРИСНИЦИ
    - Лицата кои претрпеле повреди или хендикеп од која е изведен постојана на психо-физички следново:
    - вакцинации кои се бараат со закон, или по налог на здравствено овластување;
    (дополнителен надоместок се обезбедува согласно Законот 29 октомври 2005, бр. 229 и следната декрет од 6 октомври 2006 година)
    - Не задолжително вакцинирање но врши заради работа или службена должност или да се добие пристап до странската држава;
    - необврзувачки вакцини, но извршени кај лица под ризик кои работат во болници;
    - antipoliomielitica не е задолжителна вакцинација во периодот на важење на Законот 30 јули 1959, n. 695 (Закон од 14 октомври 1999 година, бр. 362, член 3 став 3).
    - Луѓето кои не биле вакцинирани пријавени, како резултат на тоа, и како резултат на контакт со вакцинираните лице, повреда или болест од која е изведен со трајно оштетување на физички и психички интегритет;
    - Субјекти кои се заразени со ХИВ по администрација на крв и нејзини деривати;
    - Здравствените работници кои, за време и во текот на службата, страдале трајно оштетување на физички и психички интегритет што произлегува од инфекција стекната како резултат на контакт со крв или крвни продукти од пациентите со ХИВ инфекција.
    Уставниот суд во својата пресуда 476 од 26 ноември 2002 година, призна надомест според Законот 210/92, исто така, во полза на здравствените работници кои, за време и во текот на службата, страдале трајна повреда на ментална и физичка резултат договорна инфекција после контакт со крв и нејзини деривати од субјекти со хепатитис.
    - Субјекти кои претставуваат неповратно оштетување од пост-трансфузиона хепатитис;
    - брачен другар кој се појавува соочува со едно од лицата наведени погоре и синот се заразени во текот на бременоста од мајка кое добило право на надоместок (Закон 238/97).
    - Наследниците на оштетеното лице, кои по поднесувањето на пријавата за живот, умираат пред да добијат надомест. Наследници, во овој случај, право на исплата на осигурување рати таложење од датумот на примена до денот на смртта на повредени.
    - Роднините право (со цел: брачниот другар, децата, родителите, браќата малолетници, возрасни браќа и сестри), одговор на испрашувањата, ако поради вакцинација или болест предвидени со Законот 210/92 смртта е последица на оштетени.
    Оние кои имаат право можат да изберат помеѓу реверзибилен додаток за петнаесет години или еднократен додаток.
    ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПРИМЕНА НА ОШТЕТУВАЊЕ
    Секое барање за надомест на штета треба да бидат доставени од страна на лицето или со право, на посебен образец на обична хартија, територијалната надлежност ASP:
    Одделенска служба за правна и фискална медицина - У.О. Закон 210 / 92- Виа Пиндемонет 88 подлога
    Д-р Франческа Аркулео Тел. 091/7033480, во рамките на правото:
    - 3 години во случаи на вакцинација или пост-трансфузиски хепатитис
    - 10 години во случаи на ХИВ инфекција.
    Условите започнуваат од моментот кога оштетениот стана свесен за претрпената штета.
    Доколку испитаната пријава нема документи, заинтересираната страна е поканета да ги достави документите во рок од 30 дена.
    Откако фазата на откривање од страна на ASP, копија на целата документација се пренесува Медицински болница на Комисијата c / o Воената болница на Палермо, кој составува извештај на медицински преглед со мислење за причинско-последичните односи, ascrivibilità немоќ и навременоста на прашање.
    АПЕЛ
    Жалба против пресудата на медицинска комисија болница може да поднесе жалба (член 5 Законот 210/92.), Испраќање, во рок од 30 дена од објавувањето на пресудата, Министерство за здравство:
    Министерство за здравство Катедра за здравствени професии Канцеларијата XV Via Giorgio Ribotta, 5
    ---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Ова се законски подакти за обештетување и на здравствени работници и други субјекти во својата професионална работа, ете контакт на невакцинирани лица со вакцинирани и последиците, контакт со заразена крв, контакт со ХИВ пациенти, пост трансфузија и заразување со хапатитис што е тука нејасно? и што има врска со предходниот документ кој е фалсификат без втора страна или членови на комисија со потпис и печат? како првично членката укажа дека „ ете матичниот лекар самиот пиша и призна дека последица од вакцина била пресудна за смрта на детето“ не е малку потенцирано аверзијата кон вакцинација? па има алергични и фатални случаеви и од убод на пчела, лекови, дури и од вода пиење наеднаш 6 литри, тоа не значи дека и од вакцина нема да има некој несакан ефект? ама не вака на овој начин да се шири да се подржи невакцинирањето!
     
    Последна измена: 5 февруари 2019
  17. verba

    verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    198
  18. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... ами ако „здравје преку игла не влегува“, влегува ЛЕК нели? а лекот ни треба за да оздравиме или како превенција да не се разболиме или да биде во полесна форма, нели?
    по инерција на слоганот „здравје преку игла не влегува“ треба пациентите кога имаат здравствени проблеми, односно да немаат здраствени проблеми (инсулин)не треба да им се става инекции?
    ај вака,
    оти се дадени примери од САД, според Американската педијатриска асоцијација од 1961 година, ВО ЦЕЛ СВЕТ, секое новородено во рок од 24ч МОРА да прима инекција од Вит К, дали некоја мајка е прашана дали може, сака, дозволува да биде боцкано детето? дали воопшто знаете дека му се дава и зошто му се дава?:x
    МОРА и точка! :!:
    а ваму се подржува невакцинирање на веќе поголемки повеќемесечни бебиња кои нема медицинска оправданост дека извесен период не смее да се вакцинира ? (facepalm)
     
    На Cosmi и OutOfAnywhere им се допаѓа ова.
  19. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    @bijonse

    Не знам кој го пишувал, ама прашањата се кристално јасни. Незнам зошто се толку се тепа по самарот наместо магарето.
    Прашањата се легитимни. Ете ако сакаш да му помогнеш на министерот, фати ги едно по едно, па образложи го твојот став. Можат и тие кои ти го лајкнале постот. :)

    Во контекст на муабетот за оштети од вакцина, кај нас во Кочани во 2015 е еден од ретките случаи на исплата на одшета за трајна последица од вакцина.

     
    Последна измена: 6 февруари 2019
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ikkui

    ikkui Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    На линкот има одговор на твоето прашање од постот на кој ти реплицирав:
    "Што бара ваков пациент во Воена болница со документ од Министерство за одбрана за воени заслуги златна медаља?? Италија нема свои болници за цивили посебно за педијатриска возраст ќе ги носат кај карабиниерите/ војници?"

    Од линкот во делот кој го болдирав во мојот одговор јасно се разбира дека протокол е АСП Палермо(Провинциската здравствена компанија на Палермо) да ја достави целата документација за случајот до Воената Болинца на Палермо чија одговорност е да изготви извештај и да даде свое мислење за причинско-последичната поврзаност.

    Ако се уште не ти е јасно можеш да ги прашаш на: uourp@asppalermo.org