Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    761 глас(а)
    76,2%
  2. Против

    238 глас(а)
    23,8%
  1. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Јас ке се осврнам во системот за вода.
    Токму развојот на дивиот полио бил поради лоши и неадекватни ситеми за вода, што е правилото за ширењето на полио вирусот. Со зголемување на санитарната свест, услови и секако со адекватниот третман на водата, дивото полио исчезнува, ама ете ти го ова од вакцините на тацна , кое нема врска со дивото полио.
    Во Америка во 50тите години, чудно но интересно е дека било забрането бањање во реката Хадсон, и тоа само во делот на Алпајн, каде живееле богатите, а на секое друго место не. Водата во реката била загадена, ама само богатите знаеле дека не смеат да се бањаат во неа.

    Страв ? Па страв не смее да има, секој што си е вакциниран, да не му ја мисли. ;) Треба да се плаши од друга работа, а тоа е добивање на полиото од самата вакцина. Токму тоа го имаме во последните барем 50 години.

    Повеќе од очигледни се случаевите на полио добиени од вакцина, не само на вакцинираното дете, тука сите што ќе дојдат во контакт со крв, измет, и други телесни течности на вакцинираниот.

    И да, во модерно време, војните за идеали се минато. И на мало дете му е јасно дека се бизнис во кој одлично се продаваат медикаменти ( по притисок на страв и вакцини ) поред секако останатите бизнис интереси како оружје, нафта и слично.

    Ширење на трипер меѓу четници е одамна позната психологија на војување.
     
    На Glasna и anata им се допаѓа ова.
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Јас сум ЗА вакцини. Еве мајка ми неколку години со ред се вакцинира на есен против сезонски грип и е далеку подобра и поиумна од претходно, јас обавезно ќе се разболам 2-3 пати во текот на зимата со по 2-3 дена 38 температура и уште 2 недели со по 37-37.5 температура и две дози антибиотици, а мајка ми гајле си нема и да ја фати за 2 дена и поминува. Затоа годинава и јас се вакцинирав, се надевам ќе имам корист. :)
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  3. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    babyblond,

    Вака па некои други прават.

    [​IMG]
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  4. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    СтефШеф,

    Не ми је јасно како претходно се изјасни дека си против Вакцина за Сезонски Грип ( сеа веќе се бутка и Свинскиот во истата вакцина ) а викаш Благодарам на постот на БејбиБлонд. Значи за тебе не е добра, ама добро е БејбиБлонд да се збрца ?

    БејбиБлонд, имаш одличен брејнвош. Мајка ти само ретко се настинувала, а ти почесто, па си одлучила со логиката и ти да се вакцинираш.
    Од каде знаеш дали мајка ти почесто ке се настинувала ( или грип ке фатела ) да не мешаме баби и ќаби, бидејки грип и настинка ич не е исто. Со антибиотици што третираш ? Грип или настинка или двете ? Можеби и влажно прдење се третира со антибиотик?

    Словенија ги укина вакцините од сезонски грип

    Бујрум Полио од вакцина на линкот

    http://www.globaltimes.cn/content/816593.shtml#.Une1B3Bwr6R

    Некој навистина сака да ги почуствува вакцините на потешкиот начин.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Јас и настинував и два пати фатив грип кој ме држеше по 3 недели, прилично заостанав на факс и одвај се опоравив. Затоа годинава кончено решив да преземам нешто бидејќи со надеж дека ке се заштитам некако бидејќи никакви сокови од цедени лимони и поротокали, рибини масла, желе ројал, матичен млеч , цвекло, туршија, домашна храна, овошје и зеленчук не ми помогнале да се заштитам во текот на една година да не се разболам од грип или некој друг вирус или да не почнат да ме болат моите хронични синуси. Вакцината ја примив пред една недела и моментално сум на сред колоквиумска недела и последниве месец дека 70% од времето сум на стол и ме боли грбот, вратот , зглобовите ако не станам на секои 3 часа и да правам вежби. Тоа е тежината факултетот си го зема данокот.А за жал немам доволно време за поголема физичка активност. И како мислиш дека оваа приказна што е ете како дел од твојата анти-кампања против вакцинацијата ќе вилјај врз мене, како јас да не почнам да се плашам дека слична работа може и мене да ми се случи или на мајка ми или на брат ми или на сите од мојата фамилија што имале полза од вакцината? Како ќе ти биде тебе на сред оброк јас ти испратам 1000 видеа од фарми како се малтретираат животните и како хормонски ги пумпаат и гојат, а ти го јадеш месото од нив. Како на големо се увезуваат генетски модифицирани овошје и зеленчук во Македонија и кои се последиците од конзумирање на истиот. Или дури се шминкаш да ти пуштам видеа како ги тестираат производите кои ги користиш на животни како влијаат на нив или како други девојчиња имале алергиски грозни реакции на истите. Или колку е гнасен воздухот што го дишиме или водата што ја пиеме или колку луѓе страдаат во рудниците за ние да имаме струја, колку деца во Африка страдаат и работат во ужасни услови за ти да ги имаме мобилните телефони и компјутерите итн итн... Убаво е да предупредувате и преземате мерки ама треба да внимавате кога и како. На крајот на краиштата секој лек природен и неприроден и секоја вакцина и терапија е ризична и секој организам може да изненади и различно да реагира. И сега ми текна оваа вакцината за варичела ја имаме сите примено па најверојатно дури и ти повеќекратно дури сме биле деца и бебиња бидејќи спаѓа во некои си „задолжителни “ вакцини па гледам дека сите засега сме здрави и живи.
     
  6. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    760
    на 6 години во 1 оделение знае некој која вакцина се прима ???
    јас утре ке одам да си ја однесам керка ми на систематски ама само систематцки а за вакцина ке има оставам изјава дека не дозволувам и чао па па
     
  7. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    BebyBlond....

    Баш се заинтересирав за твојота здравствена состојба, и поврзаноста со твојот факултет. Што да се праи за факс мора жртва да се даде ;)

    Ау! Значи соковите и останатите ставки не помагаат во јакнењето на организмот ? Ти си феномен :lol:
    Си викаш ај да не те фатат хроничните синуси да си дадам вакцина за грип

    [​IMG]

    WTF ?

    Анти кампања ? Ау бре, кампањи се праат по сокаци а не по форуми. Тука се разговара, размислува, конфронитра.... Како ке влијаат на тебе ? Очигледно никако. Ама јас тука неможам ништо да направам. И да сакам. Затоа постои различноста на луѓето, некои трчаат 100 некои 500 а некои 2500 метри. Кој до каде стигнува.

    Знаеш нормална единка секогаш го прави максимумот да се заштити од сите наведени работи, па се труди да јаде поздраво, живее поздраво, дише почист воздух, па оди на планина. Луѓе масовно се селат од град во село, и тоа во многу почисти градски средини од нашата. Ама ете ти за жртва на науката, правиш се што правиш, а поради немање време и хронични синуси - се вакцинираш!
    Кај штетноста на вакцините е прилично лесно, за разлика од другите работи. Тука се става стоп и крај на прикаската. Кај останатото, кој колку може и секако кој до каде добацува.

    Немој во множина да констатираш, да живи сме, бидејќи пишуваме, а колку сме здрави знаеме сите поединечно.

    И ајде да не иде постов во ветер, од омилената база на студии на другарка ми експерт која одбира игноранција ( во отсуство на резон па оправдано е ) еве како може варичела да добие мајка од дете. И интересно, во инициран абортус во абортираното ткиво, не е пронајдена варичелата. Внимание, детето ја задобива варичелата после вакцина за варичела и ја пренесува на неговата бремена мајка.

    Изворот е од љубеното место на експерт.

    http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9255208

    A 12-month-old healthy boy had approximately 30 vesicular skin lesions 24 days after receiving varicella vaccine. Sixteen days later his pregnant mother had 100 lesions. Varicella-vaccine virus was identified by polymerase chain reaction in the vesicular lesions of the mother. After an elective abortion, no virus was detected in the fetal tissue. This case documents transmission of varicella-vaccine virus from a healthy 12-month-old infant to his pregnant mother.

    За мене страхота, а за тебе, извини што ти одземам време во науката, која и да е.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Види ако нејќиш да се вакцинираш немој. Ако нејќиш да го вакцинираш твоето дете немој или твои блиски. Јас се разболував и од грип и имав проблеми со синусите. На синусите ми влијаеа настинките не грипот не ми ги извртувај зборовите. Отсуството поради грипот да ми вијаеше и секое дополнително отсуство се изгубени многу пари. А вакцината штити не само од грип туку и другии болести. Мајка ми е лекар, па штом таа смета дека е во ред ѝ верувам. А од секоја вакцина и од секоја терапија било природна или вештачка постои ризик. Така да поарно пишувај за случаи во Македонија, а не во други земји, во различни земји различно е производството и квалитетот. И да ова е кампања кога напаѓаш кој ќе ти текни што ете се вакцинирал оти си имал мака и го исмеваш и дури безобразно го напаѓаш без претходно да те нападни на било кој начин. И целата поента ми беше како би се чуствувала ти кога би била пресно вакцинирана поради твои лични причини и си во стресен период и ете отворено објаснуваш некому кои се твоите аргументи и пробваш да се смириш, а не да испаничиш бидејќи психата е нашиот најголем непријател во такви моменти, а ти бесчуствително ме исмејуваш. Оди во некоја чекалнаа во некоја амбуланта и кажи му го истото што и мене на некоја мајка со штотуку вакцинирано бебе па види што ќе те снајди и од неа и од докторите. Значи цел мој претходен пост беше мое оправдување пред самата себе , па и се надевав на некакво сочуство можеби и култура дека и ќе кажеш дека си претерала малку со твојата нападност и да не паничам до дека таквите случки не се чести и слично. Убаво е што се грижиш за штетноста на вакцините и се трудиш да ги поучиш и предупредиш луѓето. Ама кај мене поттикна само недоверба во тебе и се чуствувам навредено. Така да ако сакаш да имаш успех со твојата анти-кампања против вакцинацијата смени си го простапот и тактиката.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Јас би рекол малку да ја качите дискусијата на повисоко ниво без лични дискфалификации или обвинувања.

    Секој треба да има право да прими вакцина ако смета дека му користи исто како што и секој треба да има право да одбие ако смета дека не му користи, тоа е слободата на избор :).

    Мене ме интересира некој што е поупатен да каже дали е ова точно зашто ако е точно е многу загрижувачки:

    http://www.mkd.mk/makedonija/eu-ja-zabrani-vakcinata-protiv-grip-zagreb-priznava-deka-kaj-niv-se-testirala-vakcinata
     
  10. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Не е точно. Прво кај нас не се користи вакцината на Новартис, и второ таа вест е од ЛАНИ, кога еден месец беа повлечени сите вакцини во Италија и Швајцарија мислам заради недостатоци, ама после откривањето и отстранувањето на причините пак била воведена во продажба.
    Еве видете ги датумите, нашите медиуми и неспособни „новинари“ не успеале еден датум да видат.
    http://online.wsj.com/news/articles/SB1 ... 0951476946
    http://www.reuters.com/article/2012/11/ ... 7T20121109

    А за тоа дека се испитувала некоја вакцина во Хрватска немам баш побарано информации, ама нема ништо чудно тука. Само да се пишува нешто за да привлечат кликови. Тоа баш потврдува дека се испитуваат вакцините, и побогу не испитуваат отрови, испитуваат вакцини кои пред да се помине на испитување врз луѓе потребно е да исполнат многу контроли за безбедност. И тоа во Хрватска не е ни прва, ни единствено испитување, секаде се испитуваат медицински средства и лекови, тоа што се одлучиле во Хрватска покажува дека имало стручњаци кои можеле да го направат тоа истражување.

    И таа „вест“ не е ни нова, ниту пак целосно точна, вообичаено оди под застрашувачки наслов Илјада деца умреле во Босна и Херцеговина од вакцини, а Хрватска крие дека испитувала вакцини на своите деца. И нема никаква вистина во овој наслов, само некои неспособни новинари кои пишуваат контроверзни наслови за да им биде забележан текстот.
    Еве официјален извештај од истражувањето, тоа не е нешто скришно или опасно. И видете и во кои други држави исто се водело истражувањето, во САД, Финска, Италија, Унгарија, Романија.
    http://www.clinicaltrials.gov/ct2/show/ ... ocs=Y#locn

    Од срце ги презирам ваквите „новинари“ кои пишуваат се и сешто само за да си привлечат гледност или кликови, исто имаше денес баш видов една статија на српски сајт каде исто за да си привлечат кликови напишале наслов дека ете доаѓало полиото во Србија, а всушност во текстот се работеше само за зголемата претпазливост која се препорачува по случаите во Сирија и Израел.
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  11. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Недостатоци ? Недоиспитаност да, секако. На пример ни оваа ни сите останати не се испитани за рак.
    Ако не се испитани не значи дека немаат врска нели ? И ако земеме дека можеби се испитани, тогаш тој наод лежи во некоја фиока.

    Овци имало во доволно голем број. Стручњаците обично далечински ги команудуваат локалните „стручњаци“. Така е и во Македонија, со викенд тестерите на секакви медикаменти за ситна финансиска добит.

    Predrag Kon dobio grip!

    BEOGRAD - Virus ne bira! Najveći zagovornik vakcinacije protiv gripa i zaštite od njega, epidemiolog Zavoda za javno zdravlje Predrag Kon oboleo je od ovog virusa.

    http://www.kurir-info.rs/predrag-kon-dobio-grip-clanak-75066

    еxpert, oвој новинар во која група ке оди ? Тие што ги презираш ? ;)

    babyblond, и овој е лекар епидемиолог. Не ретко титуларот смета на разумот.
    [​IMG]
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Да и тој го презирам, истиот сензационалистички медиум. Па дури и имаш потврда дека текстот им е сензационалистичко ѓубре со таг. Алал ти вера што оформуваш мислења врз квалитетни текстови и докази.

    Само видете каков наслов и уште веднаш во текстот се открива дека нема никаква вистина. Никој не потврдил дека човекот има грип, туку самите кажуваат дека е само блага респираторна инфекција. Тие се предизвикани од преку 200 различни вируси од кои не штити вакцината против грип и кои имаат далеку поблага клиничка слика од грипот.
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  13. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    YARRE безобразна си до срж, еден ден од гла ќе ти се удри, ама тоа е веќе твој проблем.
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.905
    Пол:
    Женски
    Samo mala korekcija iako e off topic.
    Yarre e mashko.
     
  15. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Експерт,

    Благодарам што повторно се одважуваш да комуницираш на темата. За жал како и досега, селективно
    Далеку од тоа дека се чудам зошто и јавно те бркаат од форумите. Искрено со цел мој интелект се обидувам да ја дознаам причината на твоите едноумни ставови.
    Јас моето мислење го базирам на комплетна отвореност од на темата, со ставови кои ги градам врз база на што поголем број на извори, вклучувајќи ги СИТЕ можни размислувања. Особено важно ( но и тажно ) е што моите ставови ги градам и на конкретни случаи на деца и возрасни со директни последици од вакцините. Ти за жал, го градиш тоа еднострано, па ете го напушти и твојот омилен ncbi, кога виде какви се синтакси на студии постојат јасно и гласно против вакцините. Секако, мудро премолчуваш пред фактите таму изнесени, а се фаќаш за статијата на српски курир, кој ако доволно знаеш да препознаш ќе дојдеш до суштината на прикаската. Полесно е да го девалвиаш пишувањето на новинарот и да го етикетираш отколку да се запрашаш зошто докторот не ја коментирал неговата здравствена состојба иако побарале и од него изјава. Зарем мислиш дека лекарот, најголемиот пропагатор на вакцината, ќе каже, да јас имам грип иако се вакцинирав ( ова некако не ми се верува дека го направил ама ајде ) и ќе го негира “научното“ во себе, додека Европа, ја напушта и оваа вакцина ?

    babyblond,

    Не сум безобразна, можеби го утнуваш полот на соговорникот. Јас сум машко. И верувај не сум безобразен, сакам само да ти укажам на бесполезноста на вакцината ( се надевам дека и експерт ке го даде својот личен став конкретно за оваа вакцина, со оглед дека е на пат да стане медицинско лице )
    Од грип се пази, прво преку вакцината, со тоа што нема да ја примиш, да си го раздрмаш имуниот систем, се пази со оние работи кои ти ги отфрли како работи кои не ти помагаат, се пази со многу течности, со квалитетен и добар сон, се пази со физичко раздвижување. Со вакцината само си му подотворила врата да ти дојде на гости. А верувај, на никого не му посакувам лошо, вклучувајки те и тебе, која многу лековерно им пристапуваш на овие работи. Можеби погрешив што се впуштив во директна комуникација со тебе, иако од старт се гледаше твојот цементиран став, кој за жал е провлечен дури и генерациски.

    Значи, наредно прашање. Еден од двојката Бони и Клајд, не се вакцинира, што е со другиот ?
     
    На Glasna и anata им се допаѓа ова.
  16. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    незнам од кај и е информацијава на Др.Велков ја прасав па чекам одговор

    U Makedoniji se priprema izmena zakona i promena Ustava! o vakcinaciji. Ustav zele da usaglase sa ustavom USA pa bi vazeci zakon koji dozvoljava odbijanje vakcinacije bio promenjen u Januaru u zakon po kome bi se za nevakcinisanje placale ogromne novcane kazne ili oduzimalo dete roditejima
     
  17. John.Smith

    John.Smith Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    29
    ikame

    Ако добиеш одговор, постирај го и тука те молам.
    На истава тема се “шушка“ веќе некое време. Јас разбрав од медицинско лице кое е против вакцините.
    Дали е шпекулација или стварно се спрема вакво нешто, времето ќе покаже.
    Дали е повторно влевање на страв или пак се инструкции од замокот на кале.?
     
  18. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски



    обавезно ке пишам
     
  19. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Која глупост, не и е прва на Велков. Устав не се менува така лесно, а моментално во тек се неколку закони од областа на здравството, ако гледавте на собранието бирната реакција на министерот. Ама меѓу нив нема промена во законот или правилникот за имунизација.
    Има само еден предлог за измена на законот за евиденции во здравството каде се воведуваат електронски регистари, ама нема ништо ново во евиденцијата на имунизацијата, исто беше и претходно, сега само можеби со електронската евиденција ќе може полесно да ги наоѓаат невакцинираните.

    Само јас не знам зошто си мислите дека сега имате некоја законска можност за невакцинирање? Според кој закон?
    ЗА ЖАЛ немате такво право на одлука, и ако сакате да избегнете вакцинирање, а тоа да биде законски мора да биде одобрено од Стручниот тим на имунизација.
    Баш имам за ова пишувано поназад, законот е јасен, тоа што имаме некои толкувања и останати приказни е нејасно, ама тоа не е затоа што законот го дозволувал, туку затоа што немало волја да се спроведува законот.

    Како што кажав поназад, јас сум на став дека потребно е да има слобода за право на избор за имунизација. Да, вакцините штитат од болести, и особено е важно што поголем процент вакцинирани за да не постои циркулација на болестите во населението, ама не смее никој, а особено не државата да те натера или да те принуди да се вакцинираш ако не сакаш од било кои причини, исто како што не може да те натера да го дадеш бубегот ако некому му треба.

    Имавте можност да лобирате за тоа и да се смени законот, ама вие за жал избравте да ширите разни шпекулации и невистини за вакцините кои имаа спротивен ефект кај надлежните, наместо кај нив да се создаде слика за потреба од либерализација на законот кој е на некој начин наследство од едно време кога задолжителност бил единствен начин да се стави крај на многу болести, кај надлежните се создаде слика дека постои неинформираност за вакцините и на тоа одговорија со зголемена ригорозност, наместо со зголемено информирање.

    Јас се надевам еден ден и кај нас ќе има можност за слобода на одлука, и знам дека најверојатно заради оваа неинформираност ќе се намали процентот на вакцинирани, што како резултат ќе си има свои последици, од кои една е зголемена циркулација на болестите и почести епидемии. Само се надевам дека тогаш ќе ја почитувате побезбедната средина која сега сте ја земале здраво за готово.
     
  20. John.Smith

    John.Smith Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    29
    Експерт,

    Па ти воопшто не си читала што тука се пишува.

    Напротив, законот се спроведува - перфектно. Во последните 4 години поднесени се преку 300 прекршочни пријави на родители кои не ги вакцинирале своите деца... но..
    прекршочните пријави се поднесени кон родители кои не се изјасниле дека ги одбиваат вакцините, односно не приложиле изјава.
    Ако еден закон од европска повелба за тебе е приказна и толкување, тогаш твоето залагање за либерална имунизација е само обична дволичност.