Леле и јас сега видов и се потресов... https://kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-shestmesechno-bebe-so-morbili-na-infektivnata-klinika/ А и во Козле зар задржуваат со Морбили? Зашто пишува дека се лечело прво таму, па го префрлиле на Инфективна...
На 6 месеци не ни можело да биде вакцинирано. Затоа треба да ги вакцинирате децата, иначе тие што се најмалку криви ќе страдаат.
И свекрва ми, после примената вакцина и најтешкиот грип потоа, доби забрана од домашните да се вакцинира повторно. Нас лани инфлуенсата сите не фати, и деца и стари. А од морбили ли се лечело таму или не дај боже таму ги фатило? Жалосно жалосно жалосно. Многу болно. До кога ќе трае сето ова
Незнам ама ако било со морбили би требало да е одма на Инфективна клиника, незнам зашто во Козле, па кога станало итно го префрлиле на Инфективна. Или фатило таму или пак додека не избиле морбилите било таму, па кога воспоставиле дека се морбили го префлиле...
Немаме баш во Козле лежено... На инфективно имаме лежено, детска клиника и на хирургија. Во Козле сме биле за викенд итно да ги прегледаат ама не сме лежеле, знам дека е клиника само за белодробни заболувања... Да не имало одма некоја компликација на бели дробови па затоа таму да лежело.. незнам..
Нема потреба да имало ништо друго. Морбилите се доволно опасни сами по себе. А и да имало, може тоа другото ќе му поминело да не биле морбилите.
Видиш има повеќе опции, да фати морбили со компликации, да не фати морбили, да фати морбили без компликации и веќе тоа што си го носело како проблем од пулмонална природа. Млатене како и случајот со грипот.
Да, и? Знам, сакаш да покажеш дека морбилите во случајот биле помалото зло од тоа што го имало. Факт е дека морбилите не се шала, имало детето нешто друго или не.
Жалосно, тешко на родителите. Подеднакво лошо дали некој лошо дијагностицирал, па дете со морбили сместиле во неинфективно одделение, па можеби и меѓу друго деца со разни дијагнози. А и докториве и медицинскиве сестриве видовме се без заштита од морбили па може сееле низ болницата. Или па било од други причини примено и таму закачило.
Ова е страшно. Зар мораше да дојде до ова. Ќе кажам само дека кога пред некој ден прочитав на фб коментар дека требало невакцинираните деца да се дружат по игротеки, крај ми беше. За мене тоа е тотална неодговорност кон своето детеи кон другите, сега во овој ек. Кој сака нека ме осудува, да досадно им е дома ,да нема кој да ги чува се сфаќам ама за здравје на дете треба се да се направи. Ова е прежално. Греота родителите, Господ да им е на помош.
Што сега ќе зборуваат антиваксерите дека детето имало други компликации? Факт е дека е опаднат колективниот имунитет поради невакцинирање, со тоа што незаштитени се оние кои не може да се вакцинираат дали според возраста, дали според состојбата. Виновници има и тоа се антиваксерите, матичните лекари кои им велат на родителите прво да чекаат децата да прозборат убаво и недовербата во здравството. Еве пак не вакцинирајте, па да ни се вратат сите болести.
Покрај тоа што едно починало, две се во критична состојба. Вакцина не е личен избор и не смее да биде! Одете зборете и' на мајкава за лични избори! Се знае кој и кога не се вакцинира, не е желба во прашање! Баш тоа што го објаснувавме претходно, дека дете пркнато и ние може и ќе прегураме морбили без последици, ама најранлива група се бебињата, и браво, ма секоја чест, успеавте да допринесете во 2019 да ни умираат бебиња од премногу слобода! Личен избор - живејте си сами некаде изолирани, што мајка барате меѓу другите луѓе? Што сте вие побитни од другите? И ова не важи за оние кои НЕ СМЕАТ да вакцинираат, тие се едни од ранливите, заради кои ние мораме да сме заштитени. Тие зависат од нас, исто како и бебињата. Исто како мртвото бебе кое зависеше од нас и го изневеривме.
За жал починатото бебе е жртва на колективна неодговорност. И со право сме бесни сите денес. Не смее да ни се случува вакво нешто. Во Африка ли живееме,мирно ли спиете антивакцинаши? Во право е Камелија,нема желби во колектив. Поготово за народ кој верува во бајачки и надрилекари,природни медицини и какви не уште алтернативи.
Битно сите вакцинирани се трајно осакатени и потенцијални аутисти. Изнавреѓаа што можеа, изнакажаа секакви зборови... Нивните деца биле поздрави... пази децата да ти биле кенкави од дитепер, не од шо се деца... невакцинираните у живот не заплакале.... До денес не се замарав што кажуваат, ама само повеќе се уверив дека антиваксерите ни при смртен случај нема да признаат само за да се истера нивното. Било предходно болно, вака било така било...па одма доктори криви... И они жалеле..... гледам!