Жално е премногу за детето, и за она од грип што почина, и за девојката со даунов синдром, за сите кои трагично завршуваат е и повеќе од жално и болно. Моментално хара и грип, опасен, покоси и старо и младо, од мојата околина веќе 4ца легнаа на постела што никогаш не залегнувале досега. Има и смртни случаи, вакцината за грип никој не ви ја гура пошто не помага, така? Не се виновни антиваксерите, туку здравствените работници кои позеленуваат кога станува збор за вакцини или препорачуваат Солун, Врање. Премногу се недоречености, во протоколи, во дијагнози, во се. Одговорноста е на целото општество, не на еден или двајца, не на Јаре и на мене, не на докторката која ме испушти со препорака до 6м да не почнуваме со вакцини, на сите.
Ма немој ,не се виновни антиваксерите,докторите биле. А не,не се виновни здравствените работници,доктори и сестри што вие ширите невистини,и што се правите поголеми лекари од лекарите. Немате оправдување никакво.
Ако тебе може форумски лик да ти влијае, онда браво, што да ти кажам. Мене ми е побитен муабетот од матичниот кој патем секогаш успева со три муабета да ми објасни како стојат работите. Мојот страв е основан и реален, имам 4г поминати во страв и стрес да не се врати болеста на внука ми.
Ако матичната твоја ја бива ќе ти предложи да го испиташ детето а не да не вакцинираш. Внука ти е приказна за себе твоето дете е приказна за себе. Може да имаат ист ген ама може и да немаат. Зошто не го испиташ? Каков ти е планот за понатаму?
Паскалов советува да не се вакцинира? И он е како тие матични кои ги советуваа родителите да почекат со вакцинација додека да проговорат децата.
Докторот нормално дека поддржува вакцинација, асален доктор не чита форум за да му текне што д прави, ама е свесен дека секој родител има право на избор и вакцинација кај нас бар до вчера не беше задолжителна, не буквално до вчера ама верувам дека многу бргу ќе ја сменат таа работа. Негов совет беше да вакцинирам, моја одлука беше да почекам и направам испитувања како што прават пола и поише од овде, или за вас се важи за мене не се важи. Патем мене и од родилиште ме испрати неонатолог со совет вакцинација пред да наполни 6м да не почнувам бидејќи дехидриран беше. Зар мислите дека размислувам со пола мозок?
Не реков дека размислуваш со пола мозок. Само ме интересира како ти е планот ако е задолжително да се боцка. А знаеме дека ќе е. Мислам.. Ако сакаш да збориш за тоа.
Ќе видиме. Секако ќе си поседиме дома до кај април па имаме време да одлучиме. Не сум само јас родител на ова дете.
Никој не те направи дете со пола мозок, те прашав само, дискутираме. И ова со испитувањата, јас не испитував, некогаш кс само правев и толку.
Да, и затоа цела историја ќе се каже на педијатар и тој ќе препорача што и како треба и дали треба да се испита. Ама полесно е да се гледа по интернет.
Абе читањето по интернет само хаос во глава прави. Мм стално ми вика ќе ми исклучел и форуми и се остало оти откако читам, 300 болести си најдов , на сите околу мене. Слушајте си доктори, штом сте им довериле да ви се матични, верувајте им. Па они потрошиле години учење и тоа не може да се спореди со два коментари на фемина.
Немам историја ни од моја ни од маж ми страната, ама ниеден доктор што прашав за вакцината не вика вакцинирај. Матичната вика да чекам, јас не знам што да правам уште и не превземам ништо. И не. Говорот нема везе со аутизам. Моето дете разбира , ама има слаб говор сега за сега. Ќе видам што ќе правам.
И тоа е така. Тоа е нашата чудесна Македонија. Има се, а нема ништо. Плаќаме здравство, а ниту еднаш не зедов лек на рецепт, оти немаат квота. Па за вакви испитувања, 100% немаат "апаратура"
Ако има семејна историја, ако нема таква но има индикации за евентуален проблем сеедно од веќе примена вакцина или неповрзано со истата, ако постојат било какви индикации за некаков проблем... не се вика почекај уште 6-12-24...месеци, туку се испитува и се бара проблемот доколку постои, а потоа и решение за истиот. Со тоа почекај да прозбори или коментари од сличен карактер само го подгрејуваат стравот кај родителите со индиректно признавање на некаква поврзаност. А не треба така. Треба да се расчисти што е нејасно, на соодветен начин. Да нудат ипитувања и да дадат одговор на сите кои имаат реална недоумица дали да вакцинираат или не поради евентуално постоење на некој фактор од значење за вакцинирањето.
Испитувањата на Имунолгија се плаќаат. Антителата се околу 700 ден, генетско е 1200 минимум. Без 50 евра не си одете од таму. За мојава дијагноза си платив добри 50 евра на државно. Партиципациите се големи. Кога има индикации добар педијатар веднаш ќе ве прати на испитување. Кога нема, зошто да испитуваме? Ако не да се тестираме сите за сите болести. Не читајте се и сешто по нет.