А зошто ги заборавате и оние кои одат против советите на педијатрите за вакцинација воопшто? Има ли некоја мајка на која педијатар ѝ кажал "не вакцинирај никогаш, воопшто"? Имаме ли таков педијатар во мк, кој е против вакцини? Мене ми е логично и ок педијатар да има став кога е најдобар период за вакцина, нели, секој според свое искуство и мислење. Ама да не ги заборавиме и оние родители кои прочитале дека вакцините се штетни и одат против советите на педијатрите, а немаат основана причина.
Во иднина мислам дека скроз ќе ја скокнам дтпр. За син ми ич не ни размислувам. Туку за наредно дете зборам. Не дај боже ако се појави потреба може би почнала со испитувања. Ама да боцнам ко што отидов за малиов нема шанси тоа веќе.
Сите некако се фокусирани на ммр и оваа е некако како безопасна се гледа. Какви студии исчитав за дтпр, ммр е мачја кашлица И по оние групине на фб, повеќе негативни работи се пријавуваат за дтпр отколку од ммр. Не групи од типот ждм или соба за доење
Ниту мое дете таа вакцина нема да ја прими, барем не без да ми понудат соодветни анализи со максимална сигурност во резултатот.
Братучед ми од ммр вакцина едвај го спасуваат, лоша алергиска реакција. Сестра му редовно вакцинирана без никакви проблеми. Исто и ние останатите први братучеди. Не мора да значи дека и второто ќе има проблем.
Страшно е што ете сега си ги отвараме очите и ќе опадне % на вакцинирање со дтпр. Што автоматски значи големи шанси има да пак се појави пример детска парализа после неколку год со опадната глобална имунизација . Е тогаш што правиме? Треба со време да видат што е со вакцината и да ја оправат работава
Не, затоа што братучетка ми е постарата, а братучед ми е второ дете и кај него пројави првпат реакција.
Мене лично педијатар не ми рекол да одложувам, и бившата и сегашната матична се залагаат за вакцинација. Признавам, си одложував по моја иницијатива, зашто ми беше страв! И покрај сите сознанија за вакцинацијата, нејзиното значење и придобивки за кои сум свесна, ми беше страв! Колку и да се правиме силни, не верувам дека покрај сите тие муабети за негативните последици од Ммр, некоја мајка отишла да вакцинира сосема опуштена и безгрижна. Црвот и немирот кај сите биле присутни додека да поминат тие 3 недели. Затоа нема потреба од напади и од обете страни, секој си има своја причина зошто постапил како што постапил. Гледајќи од сегашна перспектива, откако сè помина во ред и јас можам да кажам дека треба да се води грижа за колективниот имунитет и да се вакцинира по календар ама тоа би било лицемерно од моја страна зашто прво јас не сум онаа која го испочитувала тоа. За наредното дете верувам би вакцинирала навреме, зашто сепак научив некоја лекција од епидемијава. Не е страшно тоа да се признае.
Со оглед на тоа што дитепер е сега дел од петто- и шестовалентните заедно со полио и хиб, да, и од детска парализа ќе опадне покриеноста.
Отвори си на мое осигурување кога ќе добиеш потврда дека си крводатител над 10 пати, таму стои основ на ослободување. Отвори и провери кај детето, ако не стои ништо, нема да го ослободат. Единствено валидно е токму таму да стои, ако не стои, ниту еден печат во книшка не се признава (новитет неколкумесечен е ова, претходно секакви потврди примавме)