Колку деца починаа годинава од вакцини? Колку деца починаа од морбили? Сега јасно ви е што треба да правите? Или слушајте го Јаре, Он знае подобро од сите доктори у државава.
Градскиов парк кажува колку луѓето се исплашени, повеќе гужва не сум видела со месеци. Родители, деца, бебиња најмали врие. (И пред зоолошка, гужва до тротоар).
А сте помислиле дека има и дечиња со негативна реакција на вакцините, не мора да е аутизам, но со прилично тешки последици, па секое споменување на болест како споредна/негативна реакција, во исмејувачка конотација и за нив е болно. Мислам дека се сосема непотребни вакви паралели... и едното и другото е неубаво и болно.
И јас на почеток ептен при срце си ставав и ме болеше. Веќе не се пронаоѓам зашто реално ни јас ни ти не сме тие што свесно оделе со глава во ѕид.
Кој го негира тоа? Најмалку родителите на детенце кое починало во овој хаос од морбилите. Нема потреба да се зборува во име на родители чие дете е со негативни последици дали порадо нивнотк би фатило аутизам(или што год) или морбили. Ништо не е убаво, тоа сакав да го речам.
Ама има родители и овде на форумов и надвор што на морбилите гледаат како смешка. Воопшто не е смешна ниту една болест. Не знам како може некој да се плаши од едното, а не од другото... Секој си лежи на тоа уво што им одговара.
Се сложувам во однос на сериозноста и евентуалните компликации кои можат да настанат. Впрочем и смртните случаеви се показател колку е само сериозна ситуацијата. На жалост, само родител кој е со дете со едната или другата дијагноза ќе каже што е подобро. А ваква паралела воопшто не ни треба да се прави...премногу е болно и тажно да ставаме на вагата што од пвие две ќе наттежне. И не зборував за категорија на родители со здрави деца и стравот им е единствен проблем, туку за родители кои живеат со “проблемот” и тој е нивна реалност.
Многу жалосно за детенцето и родителите. Многу ме погоди. Мислам и конечно ја сфатив потребата од колективен имунитет, сите сме одговорни за жртвите што може и не можеле да се заштитат. Себично многу..
Затоа здравите деца се вакцинираат, затоа постојат доктори, па така ниедно дете нема да пати... За секое зошто има затоа. Пишав у друга тема, викендов ми е хорор и само јас си знам сега како ми е. И колку бев блиску лице лице со смртта... јас си знам и колку се плашам да не донесам нешто на моето дете дома. Затоа што има и една индруга страна не треба да се плука и збори, ама ај нека важи и за антиваксерите ова. Полошо од смрт нема, точка. И брат сум закопала и татко.... а толку сакам само да се живи... Поинаку се гледа коа ќе се соочиш со проблем. Тогаш само викаш фала ти боже.
Жално за бебушките. Јас богами многу се плашам и од морбили и грип и рсв.. зошто ако џивџи закачи нешто такво, можноста за компликации се мнооогу поголеми зошто предвреме родено и бил на апарати за дишење првите денови и плус зреење примал. И прв роденден дома само со најблиски ќе славиме за месец и нешто за да ограничам колку можам. Но, колку и да го пазиме малиот, може утре мм, девер ми или свекрва ми дома да донесат нешто од работа зошто работат во контакт со многу луѓе.
Колку дрскост во настапот. Во отсуство на аргументи. - Какви дијагнози имале починатите претходно ? - Во какви услови живееле ? - На кој начин ги задобиле сипаниците ? - Кој е сојот на сипаниците ? - Дали е можно сипаниците да се добиени од тазе вакцинирано лице ( Кумановскиот случај што наликува на починатите деца од Романија ) - Каде е имунитетот стекнат со вакцини на околните лица, околу починатите ? - Зошто во Козле имало медицински персонал со морбили ? Дали ги носеле асимптоматски поради вакцина ? - Зошто не се информира јавноста дека заболената сестра ( и можен преносител ) во Козле била вакцинирана по календар ? Јас не сум доктор, но тоа не ме спречува да барам нелогичности. Мојата маленкост покажува интерес за оваа тема, и многу е веројатно дека имам посветено повеќе време одошто мнозинството во браншата, кои се само послушни фоловери и сакајќи да си го задржат удобното столче, не се ни трудат да излезат вон зададените линии.Некои и се плашат. Поставувам прашања, барам одговори. И ги добивам повторно од доктори, и научници. Тоа нешто ме прави различен од тебе, на пример. Не голтам. Различни светови сме, различни перцепции сме. Сум бил како тебе, јас знам. Ти не си била како мене, веројатно и неможеш.
Доста бре се перете со ова! Засрамете се и ти и компанијата твоја! Починаа две бебиња!!! Еј кои требаше да ги заштити колективниот имунитет кои ти и такви како тебе го срушивте. Подобро скријте се некаде и молчете. Уште и јаките сте. Доста со овие небулози дека болест шират тазе вакцинирани, во ова ни сам не си веруваш. Не е битно кои дијагнози ги имало бебето. Можеби совеста ќе ти биде почиста ако ги дознаеш? Бебето е жртва на морбили. Тоа е доволно за да престанете да ги правите мачкина кашлица и обична детска болест.
Јаре не сака да признае односно не смее да признае дека и него му е страв од морбили. Да не му било до сеа ќе му прележеле децата. Пошто нели.. Он велеше каде има за да фатат да прележат. Ви имам кажувано сестра ми мајка ми и маж ми имаат прележано. Ама тоа не значи дека секој може да поднесе таква болест. Пред се да не беше со смртни последици немаше воопшто да измислуваат вакцина. Туку ќе ја третираа ко стомачен вирус.
Ја знам едно@yarre Да не беше модературава пристрасна кон тебе,ти одамна требаше да леташ од тука. Поради тоа што проповедаш,агитираш против вакцини и убедуваш,(плашиш) млади родители да не вакцинираат!!! Им всадуваш сомнежи и внесувш страв. Твоето време што го посветуваш не значи ништо,а уште потрагично е што си убеден дека твоето потрошено време е позначајно од учењето на струката.