Вие антиваксерите имате примено вакцина за глупоќата што ја пропагирате? Изгледа не.. Фетиш ви е да ширите страв и дезинформации, кои за жал некој ќе ги земат здраво за готово, и ќе имат сериозни последици после тоа.Незнам што свест имате, ама дефинитивно ви треба карта за у еден правец,подалеку од вакцинираните.
https://www.weforum.org/agenda/2018...en-in-shanghai-links-air-pollution-to-autism/ Со оглед на тоа каде живееме и на кое место сме во светот,пак нека се зборува дека вакцините се поврзани со аутизам.
Знаев, знаев дека денес нова жртва ќе има... Вријам, гневна сум, до кое дереџе дојдовме од глупавост и верување на сѐ што ќе прочиташ на интернет
Нели треба веќе да прогласат епидемија во целата држава, зошто сите три дечиња се од различни градови? Или да превземат некои мерки за да престане да се шири ова? Страшно е. Па и здравството наше колку има капацитет да се справи со ситуацијата ако почне да ескалира? Уф, не би ни да мислам, дека немаме нит персонал, нит услови. И да, сметам дека конечно треба да се покрене некаква иницијатива за кривична одговорност на антиваскерите! Најсериозно! Неможе секој и едуциран и неедуциран да пишува што му текне на социјалните мрежи и да шири страв и паника меѓу родителите. Штом има толкав процент на невакцинирани деца, значи имале влијание и мора да се превземат мерки некој да понесе одговорност за да во иднина не земат оволкав замав. Нека дојдат сега да кажат дека морбилите се обична детска болест и се лечи со травки. Па уште и дискриминирани биле оти детето невакцинирано не им го примале во градинка, им тажело по другарчињата. Прво се потсмеваа дека се прогласува епидемија за 10 случаи, а секој кој има бар малку во главата, знае колку брзо при толку заразна болест од 10 се доаѓа до 100, ако го земеш во предвид бројот на невакцинирани. После почнаа за декларации со изминат рок, па за тендери, па демек намерно ни праеле фама со лажна епидемија и присилно вакцинирале. Сега и за смртните случаи може ќе речат намерно е, оти имаат такви фикс идеи, дека некој седнал да го уништува човештвото. Права секта се! Греота за дечињата, ни криви ни должни, најголема несреќа им е што се родиле во време кога во државата владеат супер мами што знаат све, најзаштитен ендемски вид се, све гуглаат, не признаваат ни доктор, ни авторитет, ни ништо, пошто они нели се супер мами и знаат све најдобро за нивното дете, ама и за другите деца. И за крај, одговорност треба да превземе и државата, што не превземала ништо за да ја врати довербата во здравствениот систем. И докторите што не беа погласни и што оставија простор празни глави и медицински неписмени лица да имаат поголемо влијание од нив. И сите ние кој на еден или друг начин паднавме под влијание и дозволивме стравот да ни го надвладее разумот.
Па полабилно нешто од млада мајка има ли? Стравови од сите страни! Искуства од сите негативни! Плус од овие антиваксериве, со мозок на ниво на Миа, и ти става страв неоснован. Да не беа они, немаше да има толку страв и толку невакцинирани! па уште и ке пишуваат само дека се интересирале они и читале, не убедувале никој! Нема да избегате од одговорност! @RainBow те молам кажи ми зошто е дозволено да пишуваат спротивно на правилата на форумот??? ПРАВИЛО НА ФОРУМ: Забранети се мислења кои содржат: пцовки, вулгарни или навредливи зборови; елементи на агресивен национализам, ксенофобија и антисемитизам; религиозна, идеолошка, политичка пропаганда; расна, културна, социјална, религиозна, етничка и секаков друг вид дискриминација; омраза и нетолерантност. Забранети се мислења кои предизвикуваат страв и масовна паника, како и мислења со линкови кон сајтови кои содржат слични елементи. Кој дозволил свесно да се пишува мислења со страв и масовна паника, спротивно на правилата на форумот?! И тоа со години и години!!
Јас сум во италија. Јас сум една од девојките вакцинирана со оваа вакцина. Јас сум примерот. И не само во италија. Мајка ми ме вакцинирала и во македонија и во италија со вакцинава. И не фала не сакам веќе да читам оти делата што се случија периодот ми беа појаки од статиите и зборовите барем за мене. Доста беше.
Штом си ти шо си ја примила вакцината ете од прва рака кажи ми искуство како помина? И не ми е јасно зоштп така невропито ми се изпонаша
Се извинувам за понашањето не ми беше намера само што и јас како @Cka @duffi и сите останати мајки овде сум испаничена и нанервирана оти ме боли и ми е страв Како поминав? Само малаксаност го преспав денот и вечерта ми помина малаксаноста. Иначе од никоја вакцина немам добиено реакција како темп или нешто друго Вакцинирана сум и тука и во македонија по повторка У глобала немам качувано темп организмот мие таков Имам качено 3 4 пати во целиов живот пу пу да не се подрчам За разлика сестра ми исто е вакцинирана по пропис и тука и мк и ако некој не дај боже и кивмне качува темп значи она у глобала качува темп еднаш до два пати месечно Организми ете Се извинувам алиса пак. Поздрав
Ultimi aggiornamenti 31/1/2019 - Morbillo & Rosolia News: il bollettino di gennaio 2019 In Italia dal 1 gennaio al 31 dicembre 2018 sono stati segnalati 2526 casi di morbillo inclusi 8 decessi. Quasi l’80% dei casi si è verificato in 5 Regioni (la Regione Sicilia ha riportato l’incidenza più elevata) e l’età mediana è di 25 anni. 488 casi si sono verificati in bambini di età inferiore a 5 anni, di cui 161 avevano meno di 1 anno. Nello stesso periodo sono stati segnalati anche 23 casi di rosolia con un’età mediana di 24 anni. Sono alcuni dei dati riportati nel numero di gennaio 2019 di “Morbillo & Rosolia News” che segnala anche 115 casi di morbillo registrati tra operatori sanitari. Per approfondire consulta il bollettino di gennaio 2019 (pdf 613 kb) e consulta la pagina dedicata a Morbillo & Rosolia News. Последни надградби 31.01.2015 - Morbillo & Rosolia News: билтени од јануари 2019 година Во Италија, од 1 јануари до 31 декември 2018 година, биле пријавени 2526 случаи на мали сипаници, вклучувајќи 8 смртни случаи. Речиси 80% од случаите се случиле во 5 региони (Регионот Сицилија го пријавил највисоката инциденца), а просечната возраст е 25 години. 488 случаи се случиле кај деца помлади од 5 години, од кои 161 биле помлади од 1 година. Во истиот период, 23 случаи на рубеола, исто така, биле пријавени со просечна возраст од 24 години. Ова се некои од податоците објавени во изданието на "Морбило и Росолија Вести" од јануари 2019 година, каде исто така се забележани 115 случаи на сипаници регистрирани кај здравствените работници. За повеќе информации видете го билтенот од јануари 2019 година (pdf 613 kb) и консултирајте ја страната посветена на Morbillo & Rosolia News.
Ок, научена лекција, мора да се вакцинира, секој може да подлегне на разни влијанија и да донесе погрешни одлуки ама мислам доста е со обвинување или барем немојте толку безобразно ко да некој со лоша мисла не вакцинирал деца. Амеби, убијци...претерувате. Нека се преземат мерки, нека се воведе задолжително вакцинирање оти крај краева ако државата дозволила да вакцинира кој сака а кој не, таа е крива.
Крива е, и тоа како! Дур листаат Устав, таман нека стават таму некоја подточка кај задолжителното образование, да се подразбира дека е задолжително за оние кои се придржуваат до правилата, за останатите си постојат социјални служби и да си работат со тие паметњаковичи.
Ама само нека подразмислат, дека како што тие не сакаат некој да им докажува дека вакцините не се штетни исто така и другата страна може неќе некој да ја убедува дека се штетни. Едно е дискутирање на тема вакцини, се вика дебата... секако има спротивставени ставови и мислења, друго е убедување. Па уште ќе поврзуваме морбили со хигиена и услови на живеење, па ќе се вадиме на пропратен вирус. Абе сакам да кажам нешто ама боље ќе ќутам. Срцево ми се стега...
Како за кого е научена лекција Bridget. Мајките кои потпаднале под влијание не се за обвинување,но тие што стојат зад антивакциналните здруженија тука и во светот, нема да ја научат,ќе најдат оправдувања и причини,видовме и лани во Србија после смртните случаи што се случуваше.Гледаме и тука. Одговорност и лоцирање на вината мора да има.Србија кривично ги гонеше тие што ширеа страв,а на психијатарот Јована која е на чело на антивакцинашите во Србија во тек е постапка зa одземање лиценца за работа.Слично треба и кај нас да се превземе,недозволиво е да шират страв и на социјални мрежи и тука на форум. Државата требаше многу порано да реагира и да го прати падот. Овие деца не требаше да умрат.