Темата е Дали сте За или Против вакцинирање? Благодарам. https://kurir.mk/makedonija/vesti/s...tnmNz4qbStNCnZCnKDDht6g-GnEqc37ycmQnnm3OLA8NU "Детето беше изнемоштено, рекоа дека се морбили, а јас им кажав за болеста на детето го лечевме во Белград, сведочи родител на 13 месечното бебе што почина викендов. -Се им кажав за болеста на детето, а тие не пратија на Детска клиника на пулмологија. И оттука почнува префрлањето од Детска велат одете на Инфективна, тие пак не пратија на детска, вели родителот. Родителот, како што посочува, прво почнале да го префрлаат проблемот, а второ не сакале да преземат одговорност -Изгубив точно 6 саати додека го примат. Дури после 18 часот и толку шетање детето немаше примено никаква терапија, потоа му дадоа само парацетамол. Детето и потоа немаше примено антибиотик. Ние како родители алармиравме, а лекарите префрлаа од еден на друг, даваа некои површни објаснувања, вели родителот. Реакцијата на вработените, како што сведочи родителот ја виделе дури откако се заканиле дека ќе викнат медиуми и камери. -Зарем е нормално за нега на дете да молат родителите и да им се закануваат на вработените за да изреагираат, посочува родителот."
Јаре, немаш оправдание. Било како било детето починало. Доста се вадиш на линкови. Засрами се и заќути. Никој овде не вика дека се докторите супер. Дека не згрешиле. Исто така и ти не си безгрешен. Аман више.
Не знам како уште имаш лице да се појавиш на темава Сериозно треба некој да те подбере и да одговараш и ти и сите како тебе.
Не пишувам во темава скоро па никогаш Ама навистина сакам да те прашам . Сериозно немаш никаков срам,жал , не чувствуваш ни тронка одговорност ?! Не сочувствуваш со загубата ? Не ти е страв дека утре недај боже епидемијава може да 'удри ' по твое дете , дете на твој близок ? Знам дека дете е дете , ама покажи малку од малку човечност бре момче ! Барем во овие денови повлечи се од темиве . И воопшто од форумот .
@yarre А детето што немало здравствен проблем од денес? И не е спорна неспособноста на дел од медицинскиот кадар, не е спорна сега паниката од ситуацијата, ама зошто мораше да дојде до ова? Тешко на тие родители, да нема ни еден фатален случај повеќе.
И не само тоа,ќе им ја развлекуваат смртта сега,дали биле болни,кој сој биле морбилите и сл глупоштини.без никаков пиетет спрема починатите бебиња.Срамота,јад и беда.
@yarre ај само одговори ми Според тебе, морбилите не можат да имаат смртни последици кај лице без хронични заболувања? Оти цело време се вадиш за тоа дека дечињата починале главно од хроничните болести што ги имале. И не спорам дека и тоа носи додатен ризик. Ама последново немало други заболувања. Јас на сите портали што барав, само на курир пишуваше така. А некој како тебе може да си напише како му одговара.
@yarre ne vi e strav na vas be od vakvi bolesti? Ne vi e strav deka utre ne daj boze vaseto dete kje vide brojka vo statistika?? Ozbilno sto vi se vrti be na vas antivakseri niz glava!! Deka ste posebna sorta neunistiva? Znaete deka si igrate ruski rulet so decata?? Vakcinata ne garantira deka nema da se zarazis tuku deka kje pomine brz smrtonosni komplikacii i so mnogu polesna klinicna slika!!! Sega da ti dojde majka na edno od decava sto kje i reces?? Kako kje ja utesis? 9 meseci pod srce go nosela, mu se raduvala za na kraj od edna poseta ba urgebten za sosema druga rabota da i go donesat deteto vo kovčeg!! Ajde kako kje ja utesis??
Немам намера никој овде да го бранам ниту да напаѓам. Но мислам дека претерано му се нафрливте сите на Јаре, па тој си донел одлука, секој родител е одговорен за своето дете и одбира кому и на што ќе верува. Прогласена е епидемија, состојбата е критична и освен вакцинирајте ги децата кои други мерки за спречување на епидемијата се преземени? Па најризичен излезе медицинскиот персонал, сите невакцинирани ги испозаразија најризичната група болни дечиња од карцином со морбили!!! Имаше некаква одговорност за тоа? Кои мерки се преземаат за изолација и карантин на децата со морбили? Препораката при симптоми носете го детето на матичен, на пунктовите во поличлиниките бит пазар јане сандански.... Еееее шетајте го детето, многу е тешко да се воведе посебна амбуланта за преглед !!! И доста со тој колективен имунитет кој кај морбиливе не е можен па и 100 % да е опфатат на вакцинација кај малите деца од причини што вакцината штити 5 до 10 годиниод апликација. И? Најризичната група се возрасните над 20 години вакцинирани во детството кај кои вакцината веќе не делува.... Имаше случај дете се запалило од таткото... Епидемија не се запира само со вакцинирање. Треба многу други низа меркизапочнувајки од организацијата на првичните прегледи, па особено до сериозни мерки А лекувањето на овие деца на клиника и спречување на ширењето на болеста ,ДОПОЛНИТЕЛНО ВАКЦИНИРАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ, спречување дете со морбили да се препрака од клиника на клиника, да чека со саати по ходници. Брза лекарска интервенција квалитетен медицински третман, ете тоа го немаме. Проблемот што родителите не вакцинираат не е во тоа што му веруваат на Јаре, туку што не му веруваат на здравствениот систем у тоа токму поради состојбата со која родителите секојдневно се соочуваат.
Не знам, може е дискутирано, но на оваа тема дојдов да позборувам за т.н. самопрогласен доктор, а воедно и огромен виновник за ова лудило на наши простори - Слаџана Велков (во другана тема сум пишала Снежана бе, а Снеже беше водителкана што е троа така иритантна). Нејсе. Читам и се чудам. Препрочитувам... уште повеќе не ми е јасно како има толкава анти-вакс армија што се крсти во неа. Жената нутриционист ли е? Имунолог? Интернист? Невролог? Што е? Пошто на сите теми е експерт. Згора на тоа (сега се расправав и со една мамичка на ФБ), госпоџа Велков се занимава и со тоа кој е рептил од славните, како сонцето било студено и атомите прекинувале да се движат на 0 целзиусови (мисли сирота ваљда на апсолутна нула, негде 270+/- целзиусови што е, не ме земајте за збор точно колку беше), збори дека за добра линија се потребни само 10 секунди на изгрејсонце или зајдисонце да поминеш со боси нозе, споредува како за фрижидер имало гаранција, за вакцини не, немало потреба од вакцина за полио ако се имало добра хигиена, пошто хигиената била клучна за падот на зарази, не вакцините... А, ЈОЈ! Со што да си ги извадам очиве после ова!? И да читнеш вакво нешто... и после оваа да ми е фактор за здравјето на детето? Иван Исцелител е Стивен Хокинг за овие небулози. Он бар е свесен дека продава булшит приказни. Читав и некакво интервју каде дотичнава пишала дека од над 30к смртни случаи, 6к никогаш не заздравеле. А, другиве 24к мртви воскреснале ли, или се мумифицирале и се распрскале на неподвижни атоми на температури под 0? И не можам да не направам паралела (оти нели, теорија на заговор се толчи со теорија на заговор) со ваквите ко неа што станаа ептен актуелни пред горе-долу декада, кога земаа огромен замав и пирамидалните шеми (што се бетер од секти), каде за да заработиш бонус од 1000 денари годишно, напнуваш со шунд дека вакво масло олеснува епилептичен напад, онаква влошка лечи рак, трето масло е за депресија, планот за исхрана на ХХ е за здраво и витко тело и е ваш за само 99 долари, па варакината на Велков што била „магичен лек за сите болести“, итн. Ова е многу развиен т.н. тренд, кој претставува сериозен проблем на запад, а веќе се шири и навака. „Загрижениве“ се жалат за перење пари кај големата фармација, а паралелно се убиваат нудејќи производи што благе везе немаат со лек (пр. варакината на Велков за 30 евра). Пошто, да повториме, ствари ко аутизам не се вирус или бактерија, па да се вбризгаат во детето. А, до пред некоја година, 90% (нескромно, од ракав) не беа ни запознаени со состојбата ко поим. И што им е сега доказ? Аутистични мајмуни. Повторувам: аутистични мајмуни. Луѓе цел живот минуваат без да знаат дека се на спектарот, некојси вакцинирал мајмуни и готово - Бог за муда, аутизам и педери стоп (додуша има и како вакцини биле криви за хомосексуалност, ама ако фатиме и на таа тема, крајот кај ќе е. Deteto migo bocnaja so virus pederus). И иако е црно на бело и, за жал, многу реално, длабоко во себе си се молам некој да трола по порталиве со такви наслови оти „колку пари, толку музика.“ Ама еве, последициве говорат друго. Дека сепак пенкалото (тастатурата) е посилно од пушката. Штета што испукува на невини душички...
Да,тебе те заборавивме. Тој што донел одлука,не вакцинира и молчи,не плаши други мајки и не проповеда невакцинирање. 3 бебиња умреа,ти ќе филозофираш кој е најризична категорија и какви мерки треба да се превземат во епидемија?
Епа ај тогаш да не му веруваме на здравствениот систем, здравството ни е катастрофа и ќе го бојкотираме со тоа што нема да ги вакцинираме децата, од инат на здравствениот систем. И сите да го слушаме @yarre кој, иако ретко ја посетувам темава, ама секогаш мора да се врти нешто околу него, а изгледа 24/7 е на темиве. Не е време кога треба да тераме инает, туку сериозно да ги заштитиме особено најмалите. Моите се вакцинирани, но избегнувам да ги носам во гужви, особено по трговски центри, и да немаше епидемија не ги носам, јака работа што нема да ги однесам во сити мол.
Јас не филозофирам. Јас прашувам. Страшна е епидемијата, три деца умреа. Затоа и прашувам кои мерки се преземаат за сузбивање на епидемијата? Еве голем дел вакциниравме, кој под закана за забрана од градинка, кој само поради епидемијата! Но еве тоа не е доволно, еве одговори ми!!!! Има ли организиран систем за прегледи на заразени со морбили или одат кај матични, па по поликлиники, одговори ми што мислиш за тоа? Кажи ми ги мерките за превенција од морбили на клиниките, што е со медицинскиот персонал кој пренесе морбили на мај ризичната група дечиња болни од карцином. Кои се мерките на превенција, децата ги шетаат од клиника на индуктивна.... Под огромниот притисок јас го вакцинирав детето но сеуште се плашам и стојам зад мислењето дека здравствениот систем е катастрофа.