Соодветен третман и здравствена заштита спречуваат многу несакани последици. Вака само родителиве се криви Каде се мерките во здравството да се спречи епидемијата? Со вакцини се превенира... Но сега имаме епидемиа сметам дека треба повеќе мерки да се преземат, а не да се оставаат деца болни од морбили по 6 саати по ходници
Штетата е веќе направена ,ништо веќе нема да биде доволно. Епидемијата не се јави поради здравствениот систем.(колку и да е лош)се јави поради огромниот пад на опфатот на вакцинирани,тоа што го зборевме и лани,и се ова што се случува сега е последица. Ќе се вакцинираат 6 месечни бебиња,што е процедура при епидемија ,а и ќе се врши теренско вакцинирање. Не требаше да дојдеме до тука,кога дојдовме свесно и неодговорно сега за жал ќе трпиме последици.
Епа можеби доколку преобратените антиваксери и оние кои сеуште се инаетат ги вакцинирале децата навреме а не да чекаат "огромен притисок" како што рече самата, можеби не би дошло до епидемија. Катастрофалното здравство е глобален проблем, зар ќе го решаваме преку ставање ризик на нашите деца? При епидемија сите мерки се задолжителни за сите и се казнува ако не се придржува до истите.
Нека е кај нас лошо здравството. Ама и во цела Европа ли не чини здравството? Не е само кај нас епидемијата.
Многу ми е жал. Многу. Проклето многу боли за деца. До сега, не сум била нападна на темава. Или барем сум се обидувала да не бидам. Не можам да се воздржувам понатаму. Никој, апсолутно никој не е виновен толку, колку антивакс кампањите. Гледам коментари од родители изгубени во преводот. (Постот на Нена). Извинете на израз. Ама им треба едукација. Не верувам дека им мислат лошо на децата, но од незнаење, ги ставаат во животна опасност. Јаре е платеник. Јаре лаже. Студиите кои ги објавува, не можат да бидат потврдени. Оти не се веродостојни. Кривично треба да одговара. Не со 600 евра, туку со 10. 600. И плус зад решетки. Вакцинирајте ги децата. Освен ако доктор не ви го препорача спротивното, поради реална, медицинска причина. Немојте на душа да носиме уште души. И после да идеме тука и да переме совест со други хронични болести.
Одат кај матични за жал,и родители каде дете ПОТкашлува или поткивнува,полни се ходниците. И самите родители за банални работи ги носат децата на матичен а во ходници од се може да се доразболат.па крвни слики се прават, па се враќаат со резултати и пак во ходник,по неколку часа. Стварно се претерува, полни игротеки, полни трговски центри, сите си шетаат. Проблем е самосвеста кај народот. Жално за бебињата кои починаа не се зборува како да се однесуваат за време на епидемија, се троши време на навреди само.
Убаво прашање. Ѕирнете низ светот колку голем замав земале морбилите. Јас не знам што се правев вака кога ќе размислам. Имено имам многу добар доктор и педијатар во мк. Блиски сме со фамилиите со него и вака кога детето еднаш ми закачи вирус и 4 дена беше со 40 темп се крстев на докторот, верував во докторот му се јавував во нокеска а тој несебично одговараше И бидна како и бидна детето ми го оправи од ужасот во кој што се наоѓав И замислете кога сега бев во мк зборувавме за овој проблем му кажав дека се плашам итн да не набројувам а тој трпеливо ме ислуша и ми кажа дека треба да го вакцинирам и да му верувам како што му верував во се што тој ќе направеше наназад за да ми го излечи детето Ама не. Му верував за антибиотик а за вакцина не му верував Е сега разбрав многу работи. Разбрав дека уствари и тој се имаше навредено од моите недолични и нелогични изјави и се ижаше осетено испоценето само колку пати ми кажувал предобри совети за кои што е бил во право апсолутно за се и се се покажало на дело а не на збор а јас се фатив за ова да не верувам Па и кога човекот ми се малку така издра оти се осети испоценето околу вакцините можам да замислам колку сум го навредила. Ич не бев во право. Преска читав една статија за еден педијатар во пензија. Најдете ја ј прочитајте ја.
Значи добро сум разбрала дека ќе вакцинираат и бебиња од 6 мес. На таа вакцина лани прашуваа дали детето е алергично на јајце и дали оди и зборува. Како ќе биде сега со бебињава?
Најголем ризик за детето е ненавремено и несоодветна здравствена грижа. И за морбили и за грип... Треба брзо и соодветно третирање на детето. Можеби, да има толку мнооогу можеби.....Најлесно е да навредуваш, обвинуваш... Замисли како ке се чувствуваш родител на дете оштетено од вакцини директно да ти се обрати и да те обвини дека вакцинира поради таквите како тебе кои се за вакцини и те послушал, а да можеби да не те послушал детето ќе му било здраво. . . Како ке се чувствуваш и покрај тоа што секако ти не си виновна за тоа. Вакцинацијата не е процес без ризици, затоа и се плашев, прашував, . Неможам да кажам дека сум категорично против вакцини и искрено ми беше страв и кога не беше вакциниран, но и сега ми е страв, и мислам дека треба сериозни мерки да се преземат за спречување на епидемијата како што пишав погоре
Подобро да се спречи, отколку да се лечи!!! Те молам дај линк од издржана и научно докажана поврзаност на вакцините со одредена болест, само да не бидат неосновани теории на заговор. Од што многу прашувате и читате по интернет, сите доктори станавте дури и ги убедувате другите дека сте во право Уште малку и самите ќе мислите дека станавте доктори, може и бели докторски мантили имате дома, за да глумата биде поверодостојна.
Да, доволно му е тешко на родителот што изгубил дете, ама тоа не значи дека не треба да си ја преземе одговорноста и да не посочуваме за вина. Зошто негова е одговорноста, негова била одлуката да не вакцинира и при тоа загрозил и други деца, а особено важно - други ранливи категории на деца кои не смеат да се вакцинираат. Мојот мал Ајнштајн по дома е повреден од вашите и нема да го вакцинирам зошто стравувам од тн мачка во вреќа да не стане аутистичен, но ок е да ризикувам да умре. Колку ретардиран и себичен став. Само они ли се плашат? Само нивните деца ли се сакани и посебни? Овие што вакцинираат мање више се? Убаво би било да се отарасиме од саможивлукот, малодушноста и паранојата. Ова е за полио, ама и за морбилите важи. Емилија што лупеташ ај те молам. Имам случај во околина кој навремено е третиран на доктор од грип, но е во криточна состојба. Доста префрлате топка на здравствениот систем само. Ете, вакцини има за превенција? Што сакате? Еликсир на вечноста?! И тоа да има, ќе измислите дека прави аутизам.
Се надевам, море не се надевам, очекувам од државава и надлежниве тебе и сите твои пајташи, кои со години лажевте и сеевте страв, да ве гонат кривично како што е редот. А може и администрацијава на форумов прва да повлече нога и да те банира за навек
И самите здравствени власти се свесни дека здравствениот систем потфрли и поради недовербата на родителите не ги вакцинираа децата. Значи епидемијата е последица на недовербата во здравствениот систем! !!
Да се затвориме сите дома и да не излегуваме никаде. Тројца дома (свекор, свекрва и маж), работат со многу различни луѓе секој ден и можат и они да ни донесат дома, да не одат и на работа луѓето? Да не влегуваат ни во маркет? Како? Да купиме храна за 3 месеци и да седиме дома сите додека не помине епидемијата? Не се фаќаат само во здравствени установи... на улица може да се фатат.
Па за почеток ве натераа да вакцинирате ,една од мерките. и Како не ти одговорив! Вакцинирањето е најефикасен начин во моментов. А народов наш и со ланци да го врзеш и сто забрани да ставиш,ќе се протне или ќе фати врски,здравствениот систем и ние сами го рушиме.
Ти очигледно си програмирана да се караш со некој си анти ваксер, па пишуваш по шаблон, а не ни читаш што јас всушност пишувам јас не сум анти ваксер. Пишувам дека при епидемија се потребни низа ригорозни мерки, особено за заштита на најранливата категорија болни деца кои лежат на клиника... Како што се случи медицински персонал да пренесува морбили. Пишував и за тоа дека треба болните деца да им\т брз и соодветен здравствен преглед и третман. Прочита дека за тоа пишував?
Абе ајде. Пред епидемијата на болести предизвикани од вакцина се вадевте. Се случи епидемија и сега на здравствен систем се вадите. Кој патем, далеку од тоа дека е добар. Но далеку од тоа дека е причина да не се вакцинира и да се загрозува здравјето и на други деца. Ако немате доверба во системот, тогаш, отфрлете ги категорично сите лекарства. Сите медикаменти. Не само вакцините. Немате страв од морбили. Реална форма на опасен вирус. Се плашите од ослабена форма на истиов, во вакцина. Зачудувачко.
кои мерки се преземаат за соодветен преглед на децата, дали децата со морбили се шетаат, кај матичен, шомполиклиники, гужва врие, со саати шетаат по ходници, Дали е тоа Ок, те прашувам? Медицинскиот персонал вакциниран а заболеа и ја шири болеста на најризичната категорија деца. Како што забранија одење во градинки зошто не воведоа мерка за дополнително вакцинирање на медицинскиот персонал бидејки вакцинира од детството не ги штитат?!?! Зошто нема мерки да носат маски??? Зошто деца со морбили во лоша здравствена состојба се преправаат од клиника на клиника со саати чекаат и не се третираат итно?!? Тоа се моите прашања на кои не ми одговори.