Многу е тажно и жално што многу мајки ќе дозволат да бидат информирани од непроверени извори, чудни и недокажани истражувања и маалски муабети и нема навремено да си ги заштитат децата. Разбирам страв, кога ќе слушнеш дека некому му се случило нешто, ама треба на глобално ниво да го погледнеш процентот на несакани последици од вакцини и реалните последици од невакцинација. Сакам да ги разберам што се плашат, ама не можам да ги разберам што си ствараат филмови, измислуваат завери и одат свесно против науката. И оние мајки што не смеат да си ги вакцинираат дечињата, тие треба да се најгласни за вакцинација, зашто нивните најмногу ќе настрадаат од овие самоуки родители што мислат дека здравјето преку игла не влегува. Уште да ги прашам дали и крвна слика прават, дали инфузија примаат кога е потребно, дали инекции кога се болни, дали витамини купуваат... или се лечат по бајачи? Греота е за починатите што станаа предмет на дискусија и на префрлање на топката. Здравствениот систем ни е далеку од совршен, ама да бидеш слеп при сериозни последици од сериозна заразна болест укажува само дека паметот не е присутен. Се надевам дека ќе бидат казнети и кривично гонети за ширење параноја, за ширење заразна болест и епидемија и загрозување на здравјето на најмалите.
Прашуваат дали постојат навистина тие бебиња што починале, до таму оди лудилото. И дај ви се молам доста со тоа имале здравствени проблеми морбилите не се криви. Да си плукнеме под пазуви не знаеме што носи денот па да си мислиме дека нашите деца од нога ќе прележат.
Добро онаа Миа Костова.. типката на која СЕ И СЕ МОЖЕ, до кога ќе се прави чатал на сметка на здравјето на син и !? И до толку се прај глупа па мисли може да тужи зошто името на син и го имало на список во школо!? Јавно кажување информации!? Па секој знае како се вика детето со оглед дека мајка му е .. ај да не речам позната ќе речам прегласна персона. Се сеќавате дека за на екскурзија и нам ни беа имињата вака истакнати!? Сосема нормално нешто. Не пишале матичен број бог да чува, име и презиме пишале. До кога ќе се к.ропецат вакви јас не знам. Вчера кога прочитав ми идеше да и се изнасмеам ќе тужела бе ој гревче мило тоа до пари од државата и стигнало.
Се слагам ама одложувањето на вакцината доведе до ова, многу мајки не вакцинираат со мрп бидејќи мислат дека морбилите не се страшни, еве Јаре го испитува сојот на морбилите Јас имам 7 месечно бебе кое нема завршено вакцинација со дтпр и педијатарот ни рече да ја завршиме прво редовната вакцина. Покасно почнавме бидејќи малата е родена порано.
Разговарај си со имунолог најубаво. Сепак е ова посебна состојба со морбиливе. Не е за зезање работава.
Не сум знаела дека постои ваква група, но мислам дека имаше опција Пријави за групи на фб. Ако си член најдобро е да излезеш од групата и сите да ја пријават. И сите што се за вакацинација нека се отчленат од групата, да не и се дава до значење. И не ми е јасно анти ваксерите што корист имаат ако јас не го вакцинирам моето дете? Секој нека гледа за своето дете. Нека не ги вакцинираат своите ама која е поентата да се кажува на друг што да прави?
И јас познавам доктори кои немаат вакцинирано. Но ништо не ми менува тоа. Ако имунолог ми рече боцкај-јас ќе боцкам.
Ako па ги прашате поповите зошто починале дечињава, ќе кажат, не не се морбили Господ така сакал. И така секој ќе ја префрла топката. Ама ова е крајно безобразно, да кажеш дека некој измослува нечија смрт. Стварно треба кривично да се гонат сите што го рекле тоа. Преку се ќе поминев и ќе се насмеев на сите глупости, ама за ова се крстам и викам боже давај памет на луѓе, греота се. Многу испрани мозоци... Еееј пострашно им е аутизам од смрт. Ќе ве стигне казна за тие зборови верувајте.(дека некој лаже за смрт)
Јас мислам дека треба да се направи еден регистар на сите матични педијатри кои советувале родители да се одложи вакцинација додека детето убаво не прозбори. Бројни беа тие кои овде на форумов напишаа дека така биле советувани. Јас не верувам дека форумскиот лик кој достојно си го носи името (нека се препознае сам) придонесе за ваквата ситуација. Министерството за здравство треба да побара одговорност од прв до последен педијатар чии пациенти во голем процент не се навреме вакцинирани. Зошто да се чека да прозбори детето? Доколку има педиатри (а има) кои сеуште сметаат дека вакцините предизвикуваат аутизам тие треба да се објаснат (па и суспендираат) пред министерството. Да не заборавиме, овие надри педијатри се платени со наши пари и живеат од нашите даноци и мораат да ги почитуваат народните одредби вклучувајќи ја и редовната вакцинација. Епа министере ти си на потег...
Ме интересира, дали докторот, односно директорот на детска неврологија ви потпиша со полна негова одговорност дека последицата на нарушено здравје настанала од вакцина? Бидејќи едно е да се има црно на бело со правна и службена одговорност од директор дека причинител е баш вакцината, а сосема друго е рекла казала муабет од доктор, впрочем директор на кого името не му го знаете. Овие антиваксерски кампањи допрва ќе си го земаат данокот од несовесните родители кои потпаѓаат во заплетканото лудило на невакцинирањето.
Дијагнозата која ви ја дале нема врска со вакцината. Тоа е автоимуна ревматска болест која се јавува и кај деца и кај возрасни. https://www.rheumatology.org/I-Am-A/Patient-Caregiver/Diseases-Conditions/Dermatomyositis-Juvenile
А ти од кај знаеш дека не го знам името? Мислите дека се расфрлам со информации туку така? Ви личам дека без поткрепа зборувам? Рекла казала е да зборувам што комшиката ми кажала, а во мојата ситуација јас бев присутна. Значи јас почитувам сечие право, да или да не вакцинира, да не беше внука ми оштетена сигурно и јас ќе вакцинирав, ама во овој случај и неонатологот во болницата во која се породив и матичниот и сите доктори со кои консултирав ми рекоа во ред, во право си, постои генетски предиспозиции, ајде да испитаме. Можеби требаше порано, да не чекам еве вака јајцето на газот да дојде, ама ќе испитам па дури потоа ќе разговарам со докторите негови. Инаку за твоја информација кај нас ниеден доктор не потпишува, ама потпишуваат во Ниш, во Љубљана, во Загреб... Внимавајте малку кому му се обраќате, не сум јас некое мутаво детенце кое не знае што збори, ок? А ти си кардиолог? Ревматолог? Имаш некакво познавање? Да и кажам ако не на докторкава во Ниш да си ја запали дипломата, а? Што знам, и во Белград докторот и во Љубљана, на сите да се јавиме, Нена има откритие на векот! Засрамете се, јас си ја кажав мојата мака, никого не нападнав, никого не нареков лажга/го, а вие само чекате да се фатите за очи. Нема да кажам нешто што не е така па ете што сака нека е, нека е крај на светот. Јас имам дете кое се роди предвреме, дехидрира на 2 недели старост и има ослабнат имунитет на респираторен систем, не трескам рекла казала муабети, јасно ви е?
Dobro nikoj ne te napagja samo kazav deka toa se avtoimuni bolesti koi deteto gi imalo predispozicii da gi razvie. Zal mi e sto ste pominale niz toa, ama deka od vakcina go dobila ne go dobila. Avtoimunite bolesti se bolesti koi tleat vo teloto i potrebna e inicijalna kapisla da gi razbudi. Vo slucajov bilo virusot od vakcinata. Bolesta deteto vekje si ja imalo vo sebe. Imam i jas vo bliska okolina autisticno dete so tezok stepen. Mu se pojavi posle MMR ama nieden doktor od Amerika i Evropa kaj ne bese noseno ne im rece deka e od MMR vakcinata.
Е тука те чекав. ЗНачи детево имаше уште пред ММР симптоми, под симптоми мислам на она што сите најмалку се сомневаме, дерматитче, атопично, едно од најчестите кожни заболувања во последно време кај бебињата. И упорно со атопичен дерматит дете се вакцинира. После вакцина, не можам да доловам колку лошо изгледаше, на 7от ден, со крв, со рани отворени... А за говорот?! Со сигурност можам да кажам, после ММР го снема, АШ! И не, не е од случајност, од вакцината е, оној директор што го спомнав, сега е најгласен да се вакцинира, рече детето не е аутистично, од болеста е, а болеста е појавена како реакција на вакцина. Била тригер, да, ама можело да се избегне ако се почекало, да се направат сите испитувања, ама сега се сеќавам, ни една крвна слика тогаш не бараа, и не направивме нормално. Детството, бебешкиот период на внука ми и животот на сестра ми воопшто, се дели на пред и по ММР, нажалост. Но, тоа не значи дека ќе земам да трубам на разглас дека не треба да си ги вакцинирате децата, ако јас успеам да дадам пример на некоја мајка само да повнимава, да не дозволи дете со рани по тело да се вакцинира или нешто повеќе, е супер, ама нема да кажам не вакцинирај никако. Како што барам од министерот избор на поквалитетни вакцини и сама да одлучам кога да вакцинирам, така сакам и за таа мајка која ќе го прочита мојот пример да има право да избере сама, да одлучи сама, а не јас да влијаам на неа.
До пред 3 дена не викаше така, друг ти беше ставот. Сега одеднаш "не сум јас". Едит: на затворената група "здравје со игла не влегува" се гледа кои се админите. Веројатно ќе скријат, ако може, после ова. Скриншот направив, нормално дека не смеам да ги поставам затоа што ќе ме банираат, ама да си знаете.
Тој ми е ставот од прв ден. И мојот и на сестра ми. Сега, во моментов, нема сила што ќе ме натера да вакцинирам во оваа состојба. Не знам како ви објаснам стварно, вие мислите дека да имав избор ќе оставев така? Нормално дека не, сигрно не ми тежат во џеб 8000ки секој месец да и давам на женана за чување, башка и дете сака во градинка, ама сега да вакцинирам во епидемија, неполни 2м после варичела, во сомнителна ситуација, покрај епидемија на морбили има и на грип и некој одвратен стомачен вирус, зар сум луда.