Знаеш дека не зборев за дали би вакцинирала, туку за она "не ги убедувам другите да не вакцинираат". Пред три дена со исти напади како Јаре тргна при првиот смртен случај: "а што имало друго детето па починало од морбили".
Па јас не излажав, и истото го мислам и сега, и тоа за сите 3 деца затоа што сите три биле со тешка состојба на плуќа, од чиста мира не лежат децата на Козле иначе.
И да имало детето некоја болест-да не фатело морбили немало да се искомплицира. Ќе си живеело. Причина за смрт секогаш стои МОРБИЛИ.
Работава е ситиот на гладниот не му верува ... Во ред се вакцини, но квалитетни. Во ред е кампања за вакцинирање, ама не како нашата. Во ред е вакцинирање, но како што е редот на се испитано и како што треба даа се примат на толку и толку месеци, а не сега пу пу неважи ќе шибаме на деца и над 6 месеци. Дали се нормални? Сега Филипче нека ја земе внуката и нека ја вакцинира ама видео цело да има ете сега не е мала за вакцинирање штом над 6 месеци можело. Прво нека се вакцинира цел медицински персонал што работат со деца, да се затворат молови, градинки, игротеки да стивне малку работава оти неразбрани луѓе секаде има. Не можам јас до продавница да испаднаам оди шетај движои се бремена си ми викаат а каде?сонце ќе испадне сите мајки децата од 40дена ги шетаат осет немаат и се кука кога ќе биде касно. Како можам јас да се затворам во 4 зида од декември па до сега и да не одам ни на еден роденден, ни да земам да шетам негде? Многу јасно дека здравјето ми е пред се. По битно е да испаднат да прошетаат и да ствават слика на социјална мрежа од здравјето на своето дете. Е до тука дојдовме од што никој нема осет за ништо.
Конфузна си. За внука ти, ако добро се сеќавам имам претходно читано твои мислења и хронологијата не се поклопува со твоево сегашно тврдење. Ако најдам време, може и ќе ти прочепкам низ мислењата за да те потсетам. За син ти... па нели е здрав прав и како шала ќе прележи морбили? Од каде сега проблеми со респираторен систем? Ако е така знаеш ли колку може да биде страшно ако закачи морбили, а ти упорно и упорно кукаш за градинките и се жалиш оти не ве примале?
Јас разбрав дека во друг град имало уште две деца починато од сипаници, а зошто не објавуваат не знам. Или пак е рекла казала муабет... Градот е соседен до Скопје.
Автоимуна може да се јави од вакцина за морбили само ако детето носи автоимуна во себе која не дошла до израз. Замислете што може да се случи ако не прими вакцина и фати морбили... Вака мене ми беше објаснето.
А тоа што се лечело во Белград, од што се лечело, од уроци? Третиот случај беше. Мајката ја нападнаа дека коментирала на фб и по медиуми. Ако сум грешка се извинувам. Мада мислам дека не сум, зошто многу работи не излегуваат така како што се. Внука ми има примено една доза морбили, следна не прима бидејќи не смее толку рано по примена хемотерапија, а ќе прими баш поради тоа, ама ќе прими на имунологија, не во диспанзер. Страшно вадите од контекст муабети, еј! Дете предвреме родено, во првата година спушта на плуќа два пати, втората еднаш, се води како ризик од астма, затоа и правам испитувања. Ајде извади уште нешто да те видам. Откопај нешто и залепи овде да ти објаснам, не ми е проблем.
Токму затоа сметам дека пред вакцинација треба да се направи малку повеќе испитувања од вообичаените, а не некаде и кс да не бараат. На внука ми состојбата може никогаш да не дојде до израз пак, ама што со оние кои како реакција добиваат дијабет? Цел живот се во акутна состојба.
А што ќе кажете за повиков 6 месечни бебиња да примаат ММР? Јас сум за вакцина. Ама сеа ми е страв да одам за редовната што е, да не ми стават ММР...
Точно така. Но и кај тие кога тогаш верувам ќе се појавело. Внука ти ќе мора да се чува ПРЕМНОГУ од морбили ако не прими ревакцина. Е ова е најкомплицираниот дел за родител. Да не смее детето да ти прими. А некои со здрави деца се тегават по групи. Да си умреш од мука.
На радио мм слушнал, сите деца со полни 6 месеци, да се јават за вакцина. Нема ни жолчка, а не па белка. А мм е алергичен на јајце.
Мислам дека второто. Второто било на кортико терапија, а мајката кажува дека лекарите од Белград и рекле дека ќе мора да се намали терапијата додека има морбили. И двете деца се 13 месеци. И двете починаа викендот. Значи порталите што објавиле "Еве што изјави мајката на 13 месечното бебе што почина викендот" се служат со манипулации и самите не разјасниле за кого се работи.
Вчера изреволтирано искоментирав во една женска група на фб, на пост од мајка која од групата бара мислење дали да вакцинира или не. Ееееј од збирутљак од жени која неписмена која малце од малце писмена, бара совет за живото значајна одлука за своето дете. Не од стручни медицински лица, не од матичниот кај кој го носи своето дете при секоја настинка, грип, не од нив, туку од неписмена багра. Колку лаковерни луѓе постојат јас се најдов во чудо, толку им е исперен мозокот да не можеш да имаш нормален разговор, се кажеш ли дека си за вакцини готово ќе те направат мразач на деца и убиец и личност без совест. Испонаставаа линкови од квази портали, научници кои ниту Гугл не ги пронаоѓа, податоци кои никаде не фигурираат онлајн, фејк њуз приказни и слепо се држат до тоа. Најгласната во групата ФАКИНГ особа потпишана Aне Нокти. . Отварам ја гледам која е, ја препознав, особа со завршено основно образование, во животот не знае ништо друго освен нокти да налакира, а на големо треска зелени за некакви си теории на заговор, илјадници деца умреле во БОСНА од вакцините годинава , па уште онака самоуверено дајте го составот на вакцините па ќе дискутираме. Што разбираш мори ти од состав на вакцини, едно апче Аналгин не знаеш во која подгрупа лекови спаѓа. Најстрашно е што има огромен број на истомисленици кои во знак на поддршка и изнаставаа лајкови и коментари браво срц, така е срц. Страшно е колку прост народ оди по земјава, страшно е кој све е родител, страшно е што на таквите им се дава право на избор, страшно е што невини изгинаа и за жал допрва ќе гинат ако се продолжи вака, а ќе се продолжи ако скапанава власт не превземе драстични мерки. Апокалипса на модерното време, ни мање ни више.
file://vdifs.in.crm.com.mk/usersshare$/anetatr/Documents/Downloads/Priorix%20SPC%20Apr%202018.pdf Еве што содржи . Посебно прочитајте го МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ И ПОСЕБНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Денес во диспанзер докторката кажа дете од 6 месеци не смее и не може да прими ммр. Не си играј, провери прво. Едит: не праша дали јаде јајце цело рековме да.