Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    768 глас(а)
    76,3%
  2. Против

    238 глас(а)
    23,7%
  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.293
    Допаѓања:
    111.784
    Пол:
    Женски
    Обично не се слагам со тебе, ама овој пат ќе се сложам. Најголемата паника ја креваат баш такви профили на луѓе, лесно имаат пристап до вести со фрапантни наслови, гуглаат колку да извадат некој линк и бап, еве го линкот, читај, ќе ја створат паниката и иди чукај си ја главата. Не, не сум за ваков начин, сум за квалитетно здравство и квалитетни информации. Едно ќе ти кажам, ваквите ликови најчесто си ги вакцинираат децата, ама за да бидат ин се караат ко квачки по групи. И пак нема да вакцинирам сега, ама не бидејќи Ане нокти ми кажала така или сум прочитала на Гугл, туку зошто сметам дека во паника не се прави ништо, барем не во нашата состојба.
     
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.410
    Пол:
    Женски
    Не не, не ми е ни на ум сега да ја боцнам.
    Чисто мислев да прокоментираме само.
    Јас сеа ни за редовна не ја носам од што ми е шубе од гужви.
    Чекам да се смири ситуацијата ама некако не се смирува...
     
    На Coco31, kikin, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Без навреда, ама ако еден ден бидам родител, и дојдам у ситуација да дозволам разумот да ми го помати и да ми се поигрува со психата особа од калибар на Ане Нокти, потоа жени на кои најголемо достигнување им е погодена запршка, особи кои спас гледаат во бајачи..
    ќе си пресудам сама еве јас ви кажувам.
     
    На CameliaMiller, JuLleE, Yowannty и 12 други им се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    На фб пишувала мајката на бебето од Свети Николе. Тоа мислам е тоа што се лечело во Белград. Третото бебенце беше од Тетово
    Ме интересира што се случи и со бебенцето што рекоа дека е во кома после примена вакцина. Некој пишуваше тука ама не памтам кој
     
    Последна измена: 12 февруари 2019
    На CameliaMiller, duffi и DAngel им се допаѓа ова.
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @TeddyGrey штом имате алергија на јајце во семејството, убаво распрашај се кај матичната и информирај се пред да боцкаш ммр, кога и да боцкаш.
    Јас од истава причина немам дадено јатки на бебе сеуште, дека мм е алергичен, а не па за вакцина, нормално дека не ти е сеедно. Ако се чувате дома, имаш време убаво да се распрашаш по лекари, да чуеш искуства и да поразговараш со стручни лица. И јас би била многу претпазлива во ваква ситуација.

    Да не сме им во кожа на мајките со помали бебиња бре, никако не си :doh: Ем мали за вакцина, ем незаштитени...
    Да не зборувам за родителите на оние деца што веќе платија со живот, ни криви ни должни.

    Проклето да е ова скапано општество!
     
    На dunika, CameliaMiller, fana и 9 други им се допаѓа ова.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.087
    Допаѓања:
    184.316
    Сите што бевте за вакцини еве ви прилика
    Одете со вашите бебиња од 6 месеци да се боцне бебето

    Море жени нели гледате дека овоа е зблавитис ,овоа е више претеризам
    Секој излегува со изјава како шо му текнало
    Еден да се боцка од 6 месеци
    Друг не се боцка на 6 месеци
    Еден јајце да има пробано
    Друг не не треба да има пробано јајце
    Еден после варичела колку време да помине за да прима ммр одгоовара 1месец еден 3 месеци еден 6 месеви еден па и двенедели

    Значи луд ј@бе збунењог
    Стварно се претера стварно
    @AngelOfArh Шо се објаснуваш нели знаеш кај нас у мк од се може да е последица само од вакцина последици нема
    Може да е од ланскиот снег ама од вакцина не е
     
    На mariz, kikin и Aneta92 им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.032
    Допаѓања:
    128.140
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh детето и како што сама рече е предвреме родено, со кревко здравје до првата година од животот, и предиспозиција за автоимуна болест. Јас не знам зашто воопшто се вакцинирало дете со таква историја до 1 година без детални прегледи. Ама тоа само кај нас може. Децата кои се предвремени родени не се третираат еднакво како другите деца. Ти го разбирам и стравот, но не можеш да тврдиш дека на сите деца исто ќе им се случи.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Се смеам,ама за плачење е работава.На вакви ќе им се верува,ама затоа ,,оној докторот што се дерел по телевизии”врска немал(да,и ова го прочитав на фб).Не,оваа со пластичниве нокти знае повеќе.
     
    На CameliaMiller, Amellie13, sofi2107 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Алиса,грешиш.
    Во нашава земја има центар за фармаковигиланца(пријавување и следење на несакани дејства од лекови).
    Зошто не пријавувате?
    И ти како пациент и докторот треба да пријави несакан ефект од лек или вакцина.
    Има евидентирани случаи на несакани ефекти на лекови,знам,не зборам на памет.
    Должност ни е како граѓани,а пред се како луѓе да се пријавуваат нус појави.
     
    На CameliaMiller и An-na им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.087
    Допаѓања:
    184.316
    Мислиш не е пријавено???
    Оти не не спомнале до сеа
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.770
    Пол:
    Женски
    Кога се работи за деца со нус појави после вакцина, антиваксерите категорично ја сметаат вакцината за целосна причина за тоа.
    Ама за дечињава со морбили кои завршија со фатални последици, бараат и напоменуваат на нивна историја на болести кои ги прават ранливи, сѐ со цел да докажат дека не се морбилите главна причина.
    Логика!?
     
    На baby-star, CameliaMiller, GirlRose и 17 други им се допаѓа ова.
  13. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    @ALISA0000
    Фармаковигиланца е еден сложен процес.
    Несаканите ефекти од лекови на светско ниво се пријавуваат во мониторинг центарот во Упсала,а таму се систематизираат и обработуваат.
    Многу е долга и широка оваа тематика,но кратко само.Кај секој лек стои можна појава на несакани дејства кои се јавуваат кај еден од 100,еден од 1000 итн...Истото стои и кај вакцините.
    100%безбеден лек не постои.

    Колку и да звучи ова како статистика,жал ми е што вакцината кај твоето дете предизвикала несакани ефекти.

    Ама,генерално ако зборуваме,кога на кантар ќе ја ставиш придобивката од вакцината и можните несакани ефекти,знаеме која страна тежи повеќе.
     
    На CameliaMiller, Chantal, sofi2107 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.412
    Пол:
    Женски
    Порано во школо доаѓа и сите на вакцинираа, немаше никој да се побуни и тоа беше некаде околу 2010-2011. И еве сега на 18години цели генерации по 150+ деца сме вакцинирани. Во клас кај мене од 30 и кусур сите си ги имаме уредно примени сите вакцини, а и последната што ни беше сега по календар сите од генерација ја примивме.
    Сега почнаа супер мамичките да не ги носат децата на вакцини и дојде овој проблем. Изгледа подобро беше кога немаше интернет, како луѓето да беа поедуцирани тогаш ми личи. И кај брат ми во клас иако се 2007/2008 генерација родени, сите до сега ги примале сите вакцини според календар, во клас нема ниеден невакциниран. Значи проблемов е сега помеѓу децата на претшколска возраст.
    Нема зошто да се затвораат школите кога таму се 95% вакцинирани ама во иднина ако децата од градинка продолжат со ова, веројатно и школите ќе почнат да се затвораат.
    Ако не да се вратиме да живееме на планини, нецивилизирани, да се лечиме со тревки, за меѓу луѓе изгледа не не бива.
     
    На BlackMistery, Moon.Girl, MrenaRiba и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.516
    Допаѓања:
    22.959
    Пол:
    Женски
    Ете ти кажав шо ми рече докторкава. А го кажав баш поради тоа што излезе вест да се вакцинираат и тие.
    Како може толку да се спротивставени не знам. Секако дека повеќе и верувам на докторкава од диспанзер. Да и беше за кампања и перење пари ќе кажеше, да бе секако и на 6 месеци може. А не да не прашува дали јадеме јајце.
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Мојот уште малку годинка ќе прави, белка не сум вовела. Сега планирам ради МРП. Колку време после воведена белка може да се вакцинира дете?
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    па тоа ако има алергија ќе појави одма по пробување на белката. Ако нема, слободно вакцинирај си. (мое лаичко мислење)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    34.345
    Пол:
    Женски
    Може од прв пат да нема алергија но од втори или трети пат да се појави. Ако сега дадеш да проба секако покана ќе ви пратат на 13 м да ја примите барем кај мене беше така...
    Нема што да се мислиш вакцинирај ја на време ( јас од рекла казала ја касни до 2ипол години).
    @BoaVista
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.308
    Допаѓања:
    226.983
    Пол:
    Женски
    Син ми немаше алергија, па доби алергија, па му помина алергијата на јајце. Се во рок од 2 месеци. @BoaVista советувај се со матичен најубаво.
     
    На CameliaMiller, duffi, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.814
    Допаѓања:
    145.446
    Очичка затоа е редовната вакцинација, за да се одржува колективниот имунитет. Да ве штити вас ранливите категории, да не седите дома. И не не се виновни тие кои излегле да прошетат, тука тие кои се прават паметни и не валцинират здрави и прави деца. Оти Ане нокти им рекла дека отров е вакцината. До тука стасавме од нив, не од шетањето. Да беше колективниот имумитет на доволно високо ниво ова немаше да не снајде.

    Се сеќаваш што имаше скоро напишано? Дека мајките кои се паметни и ќе прочитаат нешто за вакцините нема да вакцинираат. Или нешто во овој стил .

    Епа ние ,,глупавите,, вакцинираме за да ги заштитиме сите. Да може слободно да се движиме.


    Боа нашите се исти мислам. Нас ни закажаа за крај на март МРП. Планирам деновиве да почнам со цело варено јајце. До сега имам дадено во кифличка само. И да следам.
     
    На mal.ecka, dunika, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.