Ако си дала во кифличка и не изреагирал, немаш гајле. Ама за секој случај дај му варено јајце па ќе видиш.
Мојот изреагираше на јајце 2 пати. Се сеќавам дека деновите кога исповрна јадеше јајце Ама само исповрна и на тоа остана Од тогаш не му давав јајце ама му давав кифла со јајце и слично што содржи јајце па немаше ништо После некое време пак пробав и немаше никаква реакција Сега јаде јајце и му е омилено како омлет Дали беше коенциденција или моментална реакција не знам.
За јајцето... и тука мислам се пишуваше, се споделуваа упатства од Приорих дека во самата вакцина нема доволно концентрација протеини од белка (или така нешто беше) за да предизвика алергиска реакција на тие што се алергични на белка? Ако добро помнам во упатството стоеше дека доколку се јави анафилактички шок како последица на алергија на белка, лицето треба да се вакцинира во болнички услови под надзор, во сите други случаи не е индикација за невакцинирање. Да не знае човек на што да верува? А и педијатриве не се едногласни, секој различно кажува
Третото не било, отишле на преглед во клиника на ноќна смена и фатило морбили. Морбилите се доволно опасни сами по себе, уште им фали претходна историја на деца со бронхити и пневнонии. @ALISA0000 ??
Уште 2 деца биле во лоша состојба. Ок се, ама секој момент можела да се вложи. И покрај сѐ уште постојат луѓе кои кампањираат да не се вакцинира. Озбилно, сѐ повеќе и повеќе ми се допаѓа идејата за изолирана населба за антиваксери. Живејте си таму, остајте колективниот имунитет кој не го признавате да ги штити оние ранливите. Имам другарка што како мала имала проблеми после примена вакцина. Кај неа секое вакцинирање беше плачење, врескање, тресење, пребледување и паники. Верувам дека таа никогаш не би ги вакцинирала своите деца. Копав по антиваксери групи, ја нема ни во една, став за вакцините нема јавно објавено. Не знам дали и се вакцинирани децата, ама барем не труби наоколу и не шири паники.
Во тек на епидемија како нашава,препорака на СЗо е да се вакцинираат бебињата од 6 месеци. Тешка патологија е ова што се случува по социјалниве мрежи. Уште пишуваат дека сега ја искористиле смртта на бебињата за да вакцинираат. Или требало да се потрошат вакцините ,па затоа ќе вакцинираат. Неверојатно.
Јас сум пишаала така дека паметните ако прочитат нешто ќе сфатат дека не треба да вакцинираат? Нема врска, си се помешала со некоја.
Не ми е јасно само зошто се потнцира тоа дека за да се потрошеле вакцините се кревала фамава? Вакцините секако се набавени, при апликација не ни бараат пари, ако не се потрошат ќе се фрлат по изминување на рокот и ќе си се набават нови кога ќе дојде време. И нешто што ептем не ми е јасно - што има толку поинакво во мрп вакцината од останатите вакцини што токму баш таа е најзлокобната која сите ја избегнуваат и одложуваат
http://www.femina.mk/здравје/заболувања/mорбили-мали-сипаници Дури може да се пренесе пред да започнат симптомите...
каде гледаш дека сум пишала паметни се тие што не ваакцинираат, а вие сте глупи. Стварно си ги тумачите мислењата вие како сакате да звучат. А кој ме разбрал, разбрал со постот.
Поголемиот дел се мајки што не биле доволно информирани, а да ги знаат сите работи вакцините и они би постапиле така. Ок, неинформирани, малку по друго. Ама поентата е таа. Јасно е што имаш кажано.
Ги пуштија дома Црно на бело има дека е од вакцина Би сакала да турам доказ тука ама нњ би сакала против мајката да одам
И шо сака9 да кажиш со ова? Ме праша дали пријавив последива од вакцина ти кажав да ама не се спомнуваме никаде Ова диполнителното ем не ти ѕо разбирам Ке те молам попросто да ми го напишеш ако мислиш дека ми треба
Не, поентата не е таа не се вади сега, глупи и неинформирани се две различни работи. Ти рече јас сум ве нарекла глупи, или така нешто. Ти може да не си глупа ама да си неинформирана и обратно. И факт е дека неинформирани мајки вакцинираат пред да ги направат потребните анализи. Само 5% максимум прават се пред да се осигураат дека може да вакцинираат. И од после се скока зошто другиве невакцинирале, епа оти има причина, мал процент е само од препич(миа и компанија). Е сега и ради неинформираност ќе видиш и бебиња 6месецу ќе нисат на вакцина. И да, не се информирани тие мајки.
Од џеб, да не треба линк дека е научно поткрепено да ставам за да пишам процент На пример јас повеќето што ги познавам се мајки што носат на вакцина оти така треба, а не оти знаат за што е. Така ќе биде и со 6 месечните бебибња оти така рекле. Е има и други анализи, си прават мајки испитувања прочепкај по теми за вакцини. Јас немам дете и не се ни трудаам да ги запамтам сега ама читам и се информирам дека само крвна слика не е доволна.
Па од џеб ти е, и неточен. И да, обично кога пишуваш проценти, треба да е научно поткрепено. Кои се тие анализи кои се прават кај здраво дете освен крвна слика, евентуално црп и брис ако имало бактерија неодамна? И како се информираш, а не се трудиш ни да запамтиш? Тогаш зошто се информираш?