Емилија Рече не си антиваксер? Па ти си самоук доктор,знаеш што треба,а што не. Најде да ги плукаш педијатрите,докторите,каде сигурно го лечиш и своето дете.Или не го лечиш на доктор,судејќи по тоа што немаш доверба во лекари ни државни ни приватни. Системот е крив,а мајкиве ко тебе,не се,нели ? Токму тие како тебе го загрозија колективниот имунитет и имаат активен придонес во оваа епидемија како и итните мерки кои сега ќе спроведуваат.
Јас повеќе пати ве прашав на темава да ми објасните дали е можен колективен имунитет за ММР. Но ниту еднаш тоа не го објаснивте. Имено, воупатството на самата вакцина стои дека по апликација заштитата е со ограничен период како и кај другите вакцини до 10 години по апликација. Се вакцинира од ММР на 13 месеци и на 6 години ревакцина, тоа значи дека сите над 20 години возраст веќе не се под заштита од вакцина примена во детството и можат да заболат а возрасни потешко прележуваат детска болест. За тоа пишував и тоа беше моето размислување. Ова се извадени делови од дискусија. Имаше некој напишано дека неуки луѓе невакцинираат во насока на навреда секако. Но јас не мислам така, и во таа насока дискутирав дека вообичаено родители кои имале негативни искуства од вакцини и кои почнале да читаат потоа се плашат да вакцинираат, додека баш оние што многу малку знаат за вакцините дури ни за што се вакцинира си вакцинираат по календар. Детето мое го лечам во приватна клиника. Има прекрасен педијатар. Недовербата на мајките е поради нефункционалниот систем и да системот е крив, секако не мајките.
Чисто и сумњам дека има дете. Не е анти ваксер, ама се пренапна на сите да им реплицира, а не ни знае што зборува. Се прашувам зошто јас волку би се дала себе да убедувам некого во нешто? Не ми клика нешто во главава
Извини амА Нема што да се објаснува повеќе.Објаснувавме.Сега го имаме на дело.65% покриеност со ммр од потребни 95% и три гроба на бебиња. Лонг лајф е заштита со две дози,не 10 години. Го вакцинираше своето дете,зошто, кога сметаш дека е непотребна вакцината? Или поодобро да скратиме,добро си направила што си вакцинирала,и во овој момент се сосема бескорисни овие долгометражни дискусии околу нашиот здравствен систем. Немаат доволно маски ни ракавици,но доколку вакциниравте немаше да дојде до епидемија.
Па вие сакате дискусија само со истомисленици, па тоа не е дискусија. Јас никого во ништо не убедувам. Прашувам, дискутирам, констатирам и меѓудругото реплицирам Еве гледам дека пречам, па се одјавувам останете си на форумот само истомислениците и плукајте по мајките и по родителите што го упропастуваат нашиот прекрасен, ефикасен и ефективен здравствен систем. Добра ноќ.
Во темата се исплукаа сите медицински лица, па после не чинел персоналот, сите биле неписмени, не знаеле да работат. А пациентите па со вакви мислења и однос што погазуваат години и труд вложен на некој во едукација се цвеќе за мирисање. Ако не на Јаре да му дадеме диплома за доктор? Поедуциран е изгледа... Темава е ептен приказ на нашево општество на кое секогаш нашето не му чини и мора да го плука.
Неписмени? Јас напишав непосветени арогантни...Трудот го вложуваат за да го применат за доброто на пациентите. Тоа не им дава право да бидат надмени и арогантни
Браво за постов. Би требало да го прочитаат @ocicka2014 @ALISA0000 и сличните на нив кои едвај чекаат да долеат масло на огнот. Колку и да сме дно како држава, колку и да ни е трул здравствениот систем, сепак ги применуваме светските практики. Ова може и ќе ги смири мајките на малите дечиња кои сега се во најнезавидна положба. Јас лично чувствувам одговорност што потфрливме како општество и ги доведовме до оваа состојба
@Emilija-Emce нели кажа дека ќе не оставиш нас, истомислениците и ќе си заминеш, или интересно е офтопик да се реплицира нонстоп? кои се модератори овде да подзаметат, вклучувајќи го и ова мое мислење-офтопик е
Немаат стратегија, воедначен пристап и став. Тоа дека вакцината штити одреден период стои на самото упатство... Да го вакцинирав ама со страв, не сигурна во тоа што го правам. И уште ми е страв. Ме опомена друга госпогата реков дека си одам а продолжив да пишувам. Се извинувам.Не пишувам веќе
Е такааааа Сеа прашај ја @dunika коа ке има последица од вакцина у таа држава шо се дешава? Шо државата праве за тоа дете? Дали се гриже или останува и без соодветна терапија ако до 10 мама не ги најде лековите?