Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    И? Се вакциниравте?
    Ги вакциниравте децата?
     
  2. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Немаш за што да се грижиш. Еве не здрави и живи сме си :). Никаква поврзаност нема со вакцините тоа ќе ти го потврди секој генетичар. Не читај сва и свашта од надри лекари. Кога дојде ред да поврзат Даундов синдром со вакцинацијата мислам дека е све доволно од јасно.

    @WildMk да вакцинирана и јас сум уредно еве ме 39г здрава и жива :D. Се надевам здравјево ќе ме послужи барем до 80г да поживеам :party:.
    Детево исто уредно вакцинирано ми е. Пред некој ден ММР ја прими со малку каснење. Во соодветна тема образложено по чему е каснењето.
    Секој со свој избор нели?
    Тој што не решил да вакцинира е негова одлука и не ми смета нит му сугерирам дали е правилна одлука или не. Сепак сме возрасни и секој си е свесен за своите одлуки и постапки.
    И оние кој не вакцинираат си ги сакаат своите деца подеднакво исто како и оние што ги вакцинираат. Кој е тој родител кој свесно му прави зло или не му мисли добро на своето дете? Не познавам таков. Имам и јас во круг на блиски кој не вакцинираат, но не помалце си ги сакаат децата. И тие својот живот би го дале за свое дете.
    Многу е ружно ова препукавање и докажување на темава помеѓу родителите. Испадна Ти помалце си го сакаш детето зашто не го вакцинираш.
    Ете одлучила некоја не вакцинира и тоа е тоа. Нит можеш да убедиш во спротивното нит таа тебе да те убеди во твојата одлука.
    Не ги напаѓајте мајките кој не го делат вашето мислење. Не е фер сепак сте и вие мајки. На секого од нас го боли за своето дете. Верувам секоја од нас да треба срцето со сопствени раце ќе си го извади за да го даде за своето дете доколку недај Боже му треба.
    Нус појави и реакција може буквално од секој лек па и витамин да се има.
    Поголемо зло е воздухов кој го дишеме и хранава која ја конзумираме!
    Имајте убав ден и нека никој не влијае на вашите одлуки. Освен стручно лице никој форумски или фб лик не е компетентен да дава мислење за вакцина или било каков антибиотик/лек за дете!
     
    На tamche995, eli25, Lolipop23 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.745
    Допаѓања:
    104.979
    Пол:
    Женски
    Јас ќе испитувам сега тоа. Деновиве читам непрекинато и поврзаноста на вакцините со мтхфр генот не е директен туку во токсините и составот, односно сите тешки метали во составот на вакцините се контраиндицирани со овој ген. Ние имаме некои од предиспозициите за мтхфр ген и затоа ќе испитувам.
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Мислам дека јас имав мутации во тој ген, морам пак да проверам дома, ама мислам дека тој ген беше и ги вакцинирав децата се по ред календарски.

    Од секогаш ме интересирало зошто родителиве ги носат децата на вакцина откако ќе проодат и прозборат? Го пишува тоа некаде дека треба така? Има некоја научно докажана релација на вакцинирање-прозборување и проодување?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.282
    Допаѓања:
    136.956
    откако излезе идитизмот дека вакцината предизвикува аутизам. Децата обично првите зборчуња ги имаат во периодот околу 1 годинак,а кога и се вакцинираат од ММР. И ако не прозборат, ете, од вакцината беше.
    Докторите сакајќи да им покажат на родителите дека ако е аутистично детето, и пред вакцината ќе биде, им викаа нека прозбори па после боцкајте, демек да видите дека не е од вакцината и да не си правиме забуни. Сакајќи арно да направат, направија полошо.
     
    На Lianna Anna, eli25, Harper и 11 други им се допаѓа ова.
  6. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Мене ми рече педијатар дека главно е заради поклопувањето на календарот за ММР вакцината од која повеќето се плашат со времето кога детето прозборува/проодува, на околу 13-14 месеци. За да се тргне психолошкиот момент ако детето има некој проблем на тој план и да не се припишува на вакцината, понекогаш препораката е да прозбори и прооди прво. Така Софијанова ми рече и за син ми - ако се плашиш, почекај да прозбори па вакцинирај, ради твој мир (секако не беше тоа време на епидемија).
    Е син ми ете и без вакцина има проблем со прозборувањето, т.е. тек сега почнува, ама од пусти страв и јас баш ја оддолжив ммр, дур не ми дојде кнап дека баш за неговото прозборување и социјализација е побитно да оди во градинка одошто да не прими вакцина.
     
    На Kitten, NarCis@ и Abeja им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Не се грижи за зборувањето, ќе си прозбори и тоа нема никаква врска со вакцината, затоа прашав, ма да знаев ама не ми беше јасно дека сите се вадат на тој момент. Детенце во комшии не прозборе до 4 години, па сега како навиено е. Исто на золвата на сестра ми детенцето не прозбори исто до 4 години, па сега ете го збори ништо не му фали. Во последно време децава побавно прозборуваат, но тука не е проблем вакцина туку технологијата, тоа што по пола ден дремат пред тв и гледаат цртани на јазик кој не го разбираат или зјапаат во мобилни телефони, гледаат цртани или играат игри.
     
    Последна измена: 14 февруари 2019
    На tamche995, candy.cane, NarCis@ и 4 други им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.745
    Допаѓања:
    104.979
    Пол:
    Женски
    Апсолутно екранизацијата е виновна, ама кој да разбере. Но со оглед на тоа што доста добар процент од докторите даваат совети да се почека не е за занемарување. Од трета страна има деца со потврдено изостанок на говор од вакцина. Не е баш наивно.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Читав вчера некоја статија на страната на детска болница во Сиетл. Статијата беше напишана од лекар и магистер по биоетика.
    Нема да ја ставам тука затоа што е стара, се однесува на тогашната ситуација што била во Сиетл, па не е сѐ и целосно релевантно за кај нас, ама еве што пишува.

    - деца помали од 6 месеци имаат антитела од мајката, ако е вакцинирана или ако прележала. Ги добиваат за време на бременоста и преку доењето. Тоа не значи дека нема теоретски шанси да фатат, ама се смета дека се заштитени.
    Вакцина не се става пред година, не затоа што не прозборело детето, туку затоа што е можно до година уште да има антитела од мајката, па тие да ја неутрализираат вакцината и да не се развие имунитет врз основа на неа.
    Во случај на епидемија, се вакцинираат и децата од 6-12 месеци, ама, тие пак треба да си ја примат редовната вакцина на година. (Примаат 3 дози наместо 2, дали и кај нас ќе биде исто, не знам). Родителите, без разлика дали примиле една или две дози, нема потреба да се вакцинираат пак. Се вакцинираат високоризични категории кои се во постојан контакт со заболени.
     
    На wannaBeMomma, Coco31, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Баш ме интересира кај може да се видат такви потврди, дека изостанокот на говор е од конкретна вакцина.
    Не прашувам иронично, само мислам дека кога се тврди нешто така важно и осетливо, треба да има доказ. Исто како што не е потврдено дека аутизмот е последица од вакцина, а за антиваксерите тоа е една од "најјаките" причини за невакцинирање.
    Ете сега на некој му текнало дека аутизмот е од загадениот воздух (што е далеку поиздржливо, со оглед на тоа што ние не сме ни свесни кои штетни честички ги има во воздухот, особено ако е вистина и тоа со горење на медицински отпад).
    Мислам дека премногу се верува на претпоставки, недокажани ама ете некој матичен доктор си мислел дека е тоа. Хммм, зар за такво нешто не треба испитување од специјалисти во струката, генетичари, биохемичари, психолози, невролози итн...
     
    На baby-star, An-na, Coco31 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    @Abeja имаше скоро, финансирале од антиваксерско здружение да се направи истражување за да се докаже поврзаноста на вакцините со аутизмот. Е, ни истражувањето платено од нивна страна не дало резултати. Од друга стеана, Јапонија не вакцинира со MMR вакцината, и имаа извадено статистика за стапката на аутизам пред да се воведе вакцината, кога се вовела и од кога престанало да се вакцинира со неа. За жал, стапката на аутизам е во постојан пораст, вакцинирале или не, што повторно покажува дека нема корелација помеѓу вакцините и аутизмот.

    [​IMG]
     
    На Lianna Anna, Tan4ence, Coco31 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    има ли негде официјални информации за морбилите, колку има заболено и до каде е епидемијата? сеуште растат бројките? и како е во други градови освен Скопје, пример во Прилеп?
    Живееме во Германија и сакавме да си дојдеме крајот на февруари, претходно требаше да ставиме еднаш вакцина ММР, ама фативме вирус и сега не знам кога ќе можеме најскоро да ставиме, а си мислам ако има уште епидемија подобро и скрос да го одложиме патувањето..
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.745
    Допаѓања:
    104.979
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, ама не барај од родителите да ти даваат потврди бидејќи истите ги користат во процес на докажување. Ама ги има, и тоа е факт. И самите доктори признаваат, нуспојава е, се случува во еден на 10 000 и тоа е тоа, ти крсти се дали твоето е едно од тие 10 000 или не. Најчесто кај веќе постоечки генетски предиспозиции и тоа исто така е факт, од чиста мира не се случува, ама и факт е дека најчесто постојат некакви индикации. И единствен начин да се заштитиме е да чекаме. Никој родител од чиста мира не седи дома, 300 евра не ми тежат на џебот, ама како да одам кога немам јасна слика. Јас познавам многу родители кои не боцнале дете, ниеден од нив не ја оставил таа обврска за понатака оти така му се сакало, нема сомнеж, заборавил и слично. Да бидеме малце реални.
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Пак оди муабетот ти реков-ми рече.
    Постојат потврди, ама ги нема (ги чувале за наводен процес на докажување |( ).
    Докажале, ама не знам кој доктор.
    Има факти, ама никаде не можат да се сретнат - фантоми.
    Единствен начин да го заштитиш детето е да чекаш??? :^) Што да чекаш? Да ти фати морбили на пример не дај Боже? Нели е подобро да спречиш отколку да лечиш. Како со чекање и одолговлекување ќе заштитиш? Сакате реалност, а самите бегате од реалноста која во коментов стана премногу опасна.
     
    На tamche995, Lianna Anna, baby-star и 5 други им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.745
    Допаѓања:
    104.979
    Пол:
    Женски
    Епа да чекам ми е попаметно отколку детето билка да ми биде 6 месеци на детска, што да ти кажам. Нема да се докажувам, јас сум видела лично извештај од доктор дека е вакцина причинител и тие фамозни потврди, ти сакаш верувај ми сакаш не, твое право.
     
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.114
    Допаѓања:
    225.663
    Пол:
    Женски
    Јас морам да чекам. Да олабави епидемијава за да можам да испитам дете за боцкање.
    Некогаш мора да се чека. А не дека чекањето е лесно.
     
    На candy.cane, Abeja и DAngel им се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Друго е ако имаш веќе здравствени проблеми и причини за да не вакцинираш а друго е да чекаш зашто на некоја стојна и рекле дека на митра снаа и вакцинирала и детето не прозборело од вакцината.

    И треба да решат веќе еднаш или да биде задолжително вакцинирањето со казни затвор или нека го укинат па што биде нека биде. А вака, испаѓа џабе си вакцинирал кога пак треба да поминуваш низ страв.
     
    На baby-star, Harper, duffi и 6 други им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.114
    Допаѓања:
    225.663
    Пол:
    Женски
    Јас мислам Дека треба да е задолжително со тоа што ако некое дете јави екстремна реакција директ со приоритетен на имунологија лежење и испитување се што може да се испита. Од ген до глобулин. Има проблем не смее да прима? Печат у книшка и ослободување од вакцина. Нема? Онда задолжително боцкање.
    Така дали 5 деца во ск нема да смеат да се боцнат.
    Но пред се треба систем за ова да се измисли.
     
    На Animali, baby-star, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.282
    Допаѓања:
    136.956
    А се чека фонд на зборови или прв збор? А ако вакцината влијаана центарот за говор, после речено МАМА не влијае?! АКо влијае, ќе влијае.
    АКо некој си има во гените болест, доволно е било која болест да е тригер, па дури и стрес.
     
    На baby-star, mariz, Harper и 8 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Пак ќе повторам, ќе речат избор е. Супер, избор е. Смееш да вакцинираш, а не сакаш? И градот бира да не те прими. Еве ти вештачка населба само за такви како тебе и забрана и да се појавиш во градот. Така барем тие стварно што не смеат да примат ќе бидат заштитени.
    Знам, читам премногу дистопии, ама или задолжителна вакцинација и кривично да се гонат оние што пропагираат, или да се протераат некаде. Зошто заради нив да страдаат такви што стварно не смејат да се вакцинираат?
     
    На Lianna Anna, Tan4ence, Coco31 и 2 други им се допаѓа ова.