Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.159
    Пол:
    Женски
    Во пракса не знам дали е утврдено, но теоретски сигурно има нешто, инаку зашто би било напишано ова во една од болниците низ светов. На фотошоп не ми личи дека е.
    FB_IMG_1549646512405.jpg
     
    На lady.milion, yarre, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.203
    Допаѓања:
    22.090
    Пол:
    Женски
    Која глупост човече... од вакцинирани се пренесувало.
    Немојте да се дружите со вакцинирани, само со заболени дружете(исклучиво невакцинирани) и безбедни сте.
    Пазете само највеќе се шири преку екран.
    Па и уште упоро, болни биле и предходно па болнии...
    И што сака да каже со тоа??
    Не бре, за све се криви вакцините.
    И за исчезнувањава, и за сообраќајки...да нема вакцини нема да има ништо лошо на планетава.
    Аман веќе.
    Борете се кај што треба ако сакате да не се задолжителни.
    Види ти за нив чичко гугл све знае, нивните извори веродостојни, нашите неосновани.
    Не знаат веќе што да кажат.
     
    На candy.cane, Alishan30, calliope и 9 други им се допаѓа ова.
  3. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    тоа нешто јас мислам е да си се заштитиш сам себеси, во тоj период најдобро е организмот да е здрав и да создава антитела за да работи вакцината, ако се разболиш од нешто друго плус ќе му дојде на организмот многу товар. И, друго сега во тек на епидемијата, мора и тогаш да се пази многу затоа што вакцината делува дури по две недели, значи сеуште човек може да се зарази од вирусот. Баш кога ќе ја ставаме вакцината ќе ја прашам мојата докторка тука во Германија што ќе каже, меѓутоа сигурна сум дека не ги чуваат во карантин вакцинираните.
     
    На BlackNight, duffi, NarCis@ и 5 други им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.472
    Допаѓања:
    76.626
    Пол:
    Женски
    Затоа во земји каде е поголем процентот на вакцинирани нема заболени од ммр... абе свашта. Епидемија има каде што не се вакцинира, самото тоа кажува како се пренесуваат морбилите... Преку вакцини сигурно не.

    Во Грција во Амбулантата ми се чудеа дека бев со варичела, они имаат и вакцина за варичела и немаат случаеви со вирус со осип тт како кај нас (или ептен ретко имаат)... па и тоа кажува дека не се пренесува преку вакцина и тој вирус... ако тоа сака да каже сликата кај @anastasijaki
     
    На NarCis@, Cka, supergirlmb и 5 други им се допаѓа ова.
  5. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.159
    Пол:
    Женски
    Ова мислам дека е од оддел за онкологија .Вели да не одите во посета доколку имате некој од овие симптоми или сте примиле вакцина во изминатите 30 дена. Повеќе ми иде за заштита на пациентите дека е, ми нема логика да се заштитат оние кои веќе се болни од првите под точки.
     
  6. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    @yarre кажи ми само искрено, ти ги имаш читано статиите? :)
    ја гледам првата: вика, во Њујорк заболеле од морбили луѓе иако биле два пати вакцинирани.. И што? Мислам тоа сите знаеме дека може да се случи, но тогаш лесно минува болеста и тоа е тоа..Понатаму се дискутира дали тие луѓе што се два пати вакцинирани можат и да заразат некој (вакцинири во детството, а се, заразиле сега како возрасни)! И што значи општо тоа што сега имаме имунитет од вакцините а не од природното прележување. Со ниедно зборче не се споменува нешто дека кога ќе го вакцинираат некого станува заразен!!

    Еден важен извадок:
    Measles was eliminated in the United States through high vaccination coverage and a public health system able to rapidly respond to measles.
    Кога ќе го достигнеме и ние тој high vaccination coverage ќе можеме да здивнеме. Друго нема. И кога цел свет ќе го направи истото е тогаш и болеста ќе ја снема. И после веќе нема да мора никој да се вакцинира :). Да пробаме да дојдеме до тоа!

    Screenshot_20190225-132253.png
     
  7. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    @yarre еве ги вистинските линкови да ги споделуваш следниот пат во врска со ширење на вирус преку жива вакцина. https://en.m.wikipedia.org/wiki/Vaccine_shedding
    кој сака нека чита заклучокот пак е дека нема ризик и нема потреба да се плашат и дезинформираат луѓето.
     
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.600
    Пол:
    Женски
    Вакцина против варичела е воведена и тука, скоро и веќе широко распространета.
    Не ме факај за збор баш некна читав за варичела дека скоро па од 50 до 60 % беше имунизацијата врз цела држава.
    На золвата и понудиле бидејки не е задолжителна вакцинава и таа ставила на малата на 6 год. Немала до сега варичела. Ако фати ќе видиме како ќе помине.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.160
    Допаѓања:
    36.745
    Пол:
    Женски
    Само едно ќе кажам.
    И да е вистина се (би рекла повеќе од работите бидејќи не знам што се рекле) што рекле анти ваксерите сепак е ПОДОБРО да се вакцинира.

    Не знам зошто им противречите на секој напишан пост и не знам што добиваат тие ако натераат некоја мајка да не си го вакцинира детето.

    И јас прво така го сфатив тоа на сликата да не влегуваат ако се вакцинирани скоро за да се заштитат самите себеси. Можеби 30 имаат слаб имунитет и закачиле нешто кое не е се уште видливо па да не го пренесат на пациентите. Никаде не пишува дека за да не го пренесат вирусот. Е сега се замислив дали после вакцината може преку крв да се пренесе вирусот ама не сум до толку стручна.

    Изберете го ПОДОБРИОТ начин!

    П.С. Ја за малку ќе фатев морбили читајќи за МРП вакцината, станав параноична, а не пак преку контакт со тазе вакцинирано лице. (Иронија)

    Темава нека се избрише да не постои и да се отвори нова со наслов ВАКЦИНИРАЈТЕ без можност за коментирање.
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.159
    Пол:
    Женски
    Настрана муабетот за ширењето, од кога википедиа е релевантен извор? Запознаена си дека може било кој да едитира и да пише што сака, кој е овој Аркус што пред 4 дена едитирал?
    Многу пати беше споменуван муабетот дека Јаре постира линкови од рекла казала сајтови, не проверени сајтови, а сега наеднаш википедиа е релевантен извор.
    Во однос на сликата што ја постирав погоре, сите знаете англиски а ги извртувате работите. Напишано е за заштита на пациентите, да не доаѓаат во посета лица со симптоми на тт, кашлица, дијареа итн. Како последно е напишано да не доаѓаат во посета лица кои што примиле "жива" вакцина во изминатите 30 дена.
    Да беше напишано само да не доаѓаат лица кои што примиле вакцина ќе имаше логика твоето дека е за нивна заштита, но штом е напишано во продолжение на симптомите, болестите што и да се, значи е за заштита на пациентите.
    Како што реков, во пракса не знам дали и колку е докажано, но теоретски има нешто.
    @gjoker4e боде очи тоа што е напоменато жива вакцина, а не е општо вакцина, од секоја вакцина можно е да ослабе имунитетот и да се закачи нешто плус.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Многу доктори советувале да не се вакцинира детето додека не прозбори. Од повеќе мајки имам слушнато. Зошто тие доктори не излезат на тв ова да го кажат и да објаснат убаво зошто?
     
    На JuLleE, lady.milion, ocicka2014 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Да, затоа е потребен колективниот имунитет. За да не се тресат мајките на тие деца дека ќе умрат од морбили.
    И јас сум изразнала со бронхитис секој месец по еднаш.
    Дечко ми со алергиски напади.
    Скоро секое дете во одреден период бил со нешто и да фатело морбили немало да преживее.
    И сосема е во ред да го напаѓаме јаре за тоа. Оти вакцинирањето е општествена одговорност.
     
    На JoyJoy, Yowannty, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.159
    Пол:
    Женски
    Точно. И мојата ме советуваше. И уште рече кога прашав дали она го вакцинира нејзиното дете, бидејќи син ми беше уште мал и сеуште имаше време до првата вакцина, ја прашав пред се како педијатар а потоа и како мајка дали го вакцинирала детето кое е на приближно иста возраст ко син ми. Рече по долго размислување одлучив дека е подобро да го вакцинирам отколку да не го вакцинирам. Ми даде пример за нејзин пациент, две годишно невакцинирано дете кое паѓа на игралиште дупнува глава и мора да прими серум тетанус кој е полош од вакцината. Зашто она како доктор размислувала дали да вакцинира или не, па они не треба ни секунда да се двоумат, и ми вели уште избери го помалото зло вакцината, серумот е поштетен, амано и вакцината е штетна.
    Педијатарот матичен и незаинтересираниот педијатар во Систина ме одвратија од вакцинирање не анонимни форумски ликови и рефератите нивни. Син ми е сега две ипол години, матичниот ниту еднаш до сега не прашал дали сум или дали ќе вакцинирам. Зарем они не се одговорни за колективниот имунитет? Баш му е гајле и за син ми и за имунитетот така ми изгледа.
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    Колективен имунитет и технички и математички - не постои.

    Невакцинираните деца НЕ се болни деца.

    А дека сме тест полигон ете ви го цитатот од подлистокот за фармаколози.

    Повторно. Сој на морбили.....
     
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
    За да се оградат од одговорност, при евентуални нузпојави, кои произлегуваат генски. Прстот првин ќе се впери кон докторот а таква црна дамка никој не сака врз својата кариера.
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Биоинформатика сум учела, знам да направам математички модел на вирус и да видам како се шири. Ти знаеш?
     
    На JoyJoy, duffi, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  17. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    Не. Те молам објасни го. Онака биоинформатички, како што си учела. Како примерок во калкулацијата земи ги и тие постари од 30 години.
     
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    Зошто да ти го објасни? За да речеш не е така? *
    Има поучени од тебе другар. Има поучени.
     
    На JoyJoy, fana и Cka им се допаѓа ова.
  19. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    Лош адвокатски пристап. Не велам дека нема поучени. Јас од поучените учам. И тие што се open minded.
    Ете, да го искористам знаењето на биоинформатика сакам да го слушнам ете и ставот од лице кое учело биоинформатика, а ме интересира како се третираат и вакцините кои не се клинички тестирани како оваа што се дава во МК. Во биоинформатиката. И herd immunity.

    Туку, да не иде постов во ветер, частам еден лош и тотално нелогичен сајт со овчички и разни нелогични ставови.

    https://thereisnoherdimmunity.wordpress.com/
     
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    Твоите деца имаат примено ммр и имаат последица или воопшто немаат примено?
    Не сакам линкови, кажи од лично твое дете. Дали имаат примено или не ?