Еве како изгледат случаи на отплатена одштета од вакцини во Америка, иако родителот нема право да ја тужи фармацевтската куќа директно, па идат преку посреднички судови. Она што е важно, ИСПЛАТЕНА ОШТЕТА ЗА ТРАЈНО ОШТЕТУВАЊЕ ИЛИ СМРТ предизвикана од вакцина. http://www.uscfc.uscourts.gov/opinions_decisions_vaccine/Unpublished Иако ние сме далеку од ова, дури и да сме блиску, колку вредат парите за оштета за мајка која во раце држи уништен живот од вакцина, или во друг, изгубен детски живот. Нашите само дигаат раменици......... или толку знаат или толку смеат....
Знам дека сум офф - топик... ама Дај ти се молам, па луѓе добиваат анафилактичен шок на пенецилин, ама тоа не значи дека понатаму ако се разболат, ќе чекаат сама од себе болеста да им помине, само затоа што некогаш имале реакција на пенецилински лек. Па, има толку многу лекови како замена. Баш ме интересира што ти кажа матичната д-р што си го прекинала лекот и дали на детото му мина болеста без лек. EДИТ Yarre те сфаќам дека си против вакцинирањето и го почитувам твојот став, ама нели чувствуваш дека ова твоето постирање на еден куп информации против вакцинирање веќе доби размери на пропаганда против вакцинирање за која го користиш форумов. Значи како што има случаи на несакани рекации на некој лек, така има и случаи на несакани реакции на вакцина. Ако во илјадници случаи има неколку случаи на несакани реакции, не може одма да се оквалификува вакцинирањето како колатерална штета. Па секојдневно има и случаи на несакани реакции на креми за лице, храна, антиперспиранти, кај некои луѓе, што тоа значи дека останатите што немале реакција треба да се пазат од истите како ѓаволот од оган само и само заради тие што пројавиле реакција
rainlover, Искрено ми е криво што моето пишување на темата понекогаш и заличува и на пропаганда, и на кампања. Знам дека некогаш сум и напорен. Но верувај, ниту е едното нит другото. Ме води позитивната мисла и желбата младиот родител да дознае се за надворешната наметната недемократска состојба со вакцините. Во многу случаи, е состојбата, „ех да знаев“. И секогаш е доцна. Секако дека несакани реакции има од се, па ете и од вакцините. Ама едно е несакана реакција да биде само она што лесно се приметува, како малку покачена температура, малку укочено раче... ама за жал таа реакција може да биде и авоимуно заболување, може да биде и детска парализа, може да биде и Sudden Infant Death Syndrome. Зарем тоа се несакани реакции ? Тоа се очајни состојби. И да се најретки, а за жал веќе не се. За останатите несакани реакции од дезодоранси и ГМО и јаболките со вкус на газ, и коекакво се не ѓубре, верувам дека сите ние ако ништо друго се обидуваме во најголема мерка да ги заобиколиме. Зошто вакцините да не ?
rainlover Не ја сфаќам компарацијава со креми за лице, храна, антиперспиранти, и вакцина. Ова не се споредува.Може да има реакција и од антиперспирант ама сигурно нема да биде трајна или фатална. И на крај краева сам ќе си ја одбереш кремата, сам ќе си ризикуваш и ќе ставиш од неа, па и реакцијата ќе си ја истрпиш. Е тоа го бараме цело време. Да имаме можност и за вакцините сами да си одлучиме, дали ги сакаме или не. Зошто реакциите пак сами ќе си трпиме, докторите си ги вртат главите на страна.
Не разбирам како може доколку кај детето се појави некаква реакција од одреден лек,да се општо генерализира дека сите лекови понатаму ќе покажат несакани ефекти. Некои болести и симптоми се индикации за користење на лекови и притоа никако не смеат да се заобиколат. Yarre искрено многу напнуваш на темата.Те имам забележано дека секој кој им став ЗА вакцинирањето почнуваш да го предомислуваш и напаѓаш,пропагандирајќи го твојот НЕ став ЗА вакцините. И не мора да значи дека ако ти си против вакцините,автматски дека истите се завера за ретчење на населението. Мислам колку површно мислење. И не мора да реплицираш на секој пост во оваа тема.
Извини што ќе реплицирам, не за друго него да не ја свртиме темата во друг правец. Јас јасно дадов линк за отштети и судски процеси заради вакцини. Коментарот кој следеше немаше врска со темата туку со коментар околу мојата маленкост. Немаше дебата за линкот, која сакав да го поделам а е во одлична врска со темата. Не гледам во ниеден пост напаѓање, туку обид за квалитетно и секако најважно соочување со оние состојби кои се околу нас, не се воопшто нит имагинарни, нит мали по број. Дали се завера за ретчење на населението, тоа е сосема друго прашање, но за жал на сите нас, има и такви индиции, и интересно е што задолжителноста е во таргетирани популицаии а во други, демократска одлука на родителот. Историјата е единствена која ќе покаже, ама за жал, што па ако е така. Офф топик, за лековите. Сите до еден имаат контраиндикации, согласно нивните упатства, и тоа барем во делот каде што јавно се публикувани, и достапни до пациентите. Секако дека има и други за кои не знаеме. Длабоко се извинувам што реплицирав и на твојот пост.
yarre go citam dolgi godini i po drugi forumi,voopsto ne napnuva,se sto kazuva e vo pravo i vistina i bas bi sakala da mu se zablagodaram za izdvoenoto vreme i nesebicnosta,mojot stav e NE za vakcinite
Најинтересно е кога пред лекари кои се со цврст став за вакцините, ќе се изјасниш дека си против истите. Прашањата и коментарите се шаблонски. Најпрво следи прашањето: “А што сте вие по струка“?, (пример: инжињер) за потоа да се дојде до заклучок дека “ние“ не сме стручни за таква одлука. Ова го пишувам од причина што налетав на лекар кој има малку поинакви ставови и до сега најинтересни. Во почеток на дијалогот со овој педијатар после сите шаблонски прашања, навлеговме во сериозен дуел, кога веќе и сам согледа дека го ставам во тесно ќоше со моите коментари, а пустиот неподготвен по ова прашање, ме нарече дека сум припадник на секта, односно сите родители кои сме одбивале вакцини сме биле секташи кон кои државата требала да превземе нешто. Секта - еј до кај заминавме! - до толку успеав да го изнервирам. Со оглед на тоа што ова веќе нема смисла, во иднина планирам да лажам во врска со мојата професија, само да видам дали коментарите ќе се сменат. Се додека имаме вакви лекари во здравствениот систем, ќе ни се случува оваа приказна која ја имаме по болниците. Е yarre, yarre, секташ низаеден!
Знам дека сум офф - топик... ама Дај ти се молам, па луѓе добиваат анафилактичен шок на пенецилин, ама тоа не значи дека понатаму ако се разболат, ќе чекаат сама од себе болеста да им помине, само затоа што некогаш имале реакција на пенецилински лек. Па, има толку многу лекови како замена. Баш ме интересира што ти кажа матичната д-р што си го прекинала лекот и дали на детото му мина болеста без лек. Ми рече дека добро е што сум прекинала,дда и помина грлото и беше црвенко http://mssa.org.mk/files/trudovi/24_VijendraSingh-iskustvaNovini_od_svetot.pdf http://vaccines.procon.org/view.resource.php?resourceID=005206#sources http://www.almp.hr/upl/lijekovi/PIL/UP-I-530-09-06-02-137.pdf
Многу е несериозно на мајка чие дете има нуспојави од антибиотик да и се сугерира да продолжи со антибиотикот, такво нешто само лекар кој лично го прегледал детето смее и може да сугеририра како и да понуди алтернативно лечење (со друг антибиотик или со друг лек). Икаме спомна тешка дијареја и малаксалост кај бебето, очигледно некои поим немаат дека со такви симптоми ако не се најде причината и се спречи на време може да се умре. На туѓа кожа многу лесно се делат (здравствени) совети.
^ Ако одиме во крајности тогаш и ако на своја рака се прекине со антибиотик може да дојде до сериозни последици што е далеку поверојатно.Прашана беше икаме од каде заклучила дека е од антибиотикот и зошто првенствено и е препишан. Кој би дал антибиотик на здраво дете, но и кој би прекинал сам од себе без консултација со доктор? Нема потреба од драми со умирачки и сл. за да си кажеш што мислиш.
Кога проблемите се на туѓо дете многу лесно се делат онлајн совети, опасно е да се даваат совети или некој да се осудува без никаква информација за сериозноста на болеста или последиците од истата. На повеќето антибиотици пишува ако се појават сериозни нуспојави веднаш да се прекине се употреба. Бебе може да почине од нетретирана дијареја, дали на некој тоа му личи на драма или не е негово да си процени.
Пишува дека ако се појават нуспојави да се обратиш на лекар. Не сам да ги прекинеш убеден дека лекарствата се зло... И кога ќе имаш ти дете, ќе знаеш дека зборот смрт не се употребува туку така, посебно не во комбинација со чести здравствени проблеми кај децата.
Слушајќи и гледајќи околу мене многу ми е страв од овие вакцини. Слушнав дека кај нас се давале најлошите, а само децата на битните луѓе ги добиваат вакцините како што треба. Не сум јас компетентна да зборам за тоа, затоа само слушам и се плашам. Ама пред некој ден на емисија имаше дека само кај нас се тие задолжителни, а секаде во свет е оставено на родителот да одлучи. Друга работа е нашиот несоодветен персонал за оваа работа. Не знам каква ќе бидам кога ќе дојде ред и за тоа...ама ќе се замислам да ви кажам искрено. А за прекунување на лекарства- нормално дека најдобро е да се испие терапијата до крај. Но, ако се појави некој не сакан симптом одма затолжително треба да се прекинат и да се оди на доктор. Зошто во спротивно ако продолжат да се пијат дур се покаже што е и како е можат да настанат мн лоши работи. Еве на пример јас, од одредени лекови отекувам, значи ли тоа дека дур не отидам на доктор и не види што е и како е, јас треба да ги пијам тие??? Што ако отечам во јазикот????Ќе се угушам. Исто и за пеницилин, ако имам шок, значи ли дека треба да ги пијам се до посетата на доктор? На секое лекарство пишува-ако се појават нуспојави веднаш прекинете ја терапијата и советувајте се со лекар.
Ова се сериозни симптоми а не играње на погодување и се реагира веднаш со елиминација на можните причинители. Дали и кога се јавила на лекар најдобро она си знае, секако нема ние на форум да погодуваме. Впрочем бебушот е добар што значи реагирала многу разумно и соодветно на ситуацијата што го потврдила и матичната лекарка а тоа е и најважно во ситуацијата .
Голем процент од децата добиваат пролив за време или после земање на антибиотици, тоа и пилците го знаат, затоа нема потреба од толку паника и откажување од лекови заради пролив. Има лек за него не е неизлечива болест. Нема ништо разумно во постапката на икаме туку ај...
Би сакал да Ве вратам на темата, кога веќе тоа не го праи некој задолжен за тоа http://www.merckmanuals.com/home/br..._disorders/brain_infections/encephalitis.html Дури и Mерк кажува: Encephalitis can occur in the following ways: A virus directly infects the brain. A virus that caused an infection in the past becomes reactivated and directly damages the brain. A virus or vaccine triggers a reaction that makes the immune system attack brain tissue (an autoimmune reaction). Експерт ?
епа недај боже ако имаш дете и тоа да ти се деси не да ке го прекинеш дури и од газот ке си гризнеш ако треба да имаше малце црвено герлце а другото у ред и беше и не ми продавајде памет(мислам на оние што се знаат) зашто јас најубаво си знам како ми беше детето пред лекот а какво после давањето на истиот така да тишина
Па ако детето ти било подобро пред антибиотикот да те прашам тогаш зошто воопшто си отишла на д-р и на крај зошто си почнала со истиот? Крајно си контрадикторна. И сите вие што сте против вакцинирање да ве прашам тоа ви е некое помодарство, ај нема да го вакцинирам детето затоа што другарката, братучетката или комшиката не го вакцинирала своето, или затоа што сте седнале пред компјутер, сте зеле стручна литература итн. и сте прочитале, анализирале, размислиле, зошто треба односно, не треба да го вакцинирате детето. Ај Yarre да го разберам ама оние кои имаат некои си став, а да ги прашаш од каде таквиот став не знаат да ти кажат.