Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.471
    Допаѓања:
    38.533
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz немаат примено има пишано јаре, и во училиште се.

    @yarre како ќе постапувате ако донесат закон за задолжителна вакцинација и мора да ги вакцинираат на училиште? Веќе се извршува вакцинација по училиштата како што разбрав.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.203
    Допаѓања:
    22.090
    Пол:
    Женски
    Он учи од поучените, ама тука не ги среќава. Овде нема нему рамни и со знаење повеќе од неговото. Он знае повеќе и од сите овде што се, да се соберат заедно. Ако луѓе за тоа учеле, магистрирале, докторирале. Тој не се согласува со нив, значи тие ништо не знаат.
    За се има одговор.
    Негов најголем проблем е што не може да ја исполни квотата на луѓе што треба да ги убеди да не вакцинираат.
     
    На Lianna Anna, Nausicaa, Animali и 7 други им се допаѓа ова.
  3. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    Моментално, законската регулатива е јасна. Училиштето бара потврда за примени вакцини при упис, но нема право детето да не го запише ако таква потврда нема. Законот е ист уште од бивша ЈУ, и оние кои знаеле го користеле. Сега законот лови поединци, и обично таргетира помали градови. Се смета дека Скопје има во просек од 15 % од школските деца невакцинирани. Во две училишта, едно во Центар е 98 деца од 693 не се вакцинирани а во Карпош едно од 917 деца 83. Центар е своевиден рекордер на невакцинирани од вкупните деца. Кај предшколските, во еден центарски диспанзер 27% се невакцинирани. Шутка е 97,8 % вакцинирана.
    Има и доста родители кои не вакцинираат но за да останат раат од вакцинаторските одделенија, прибегнуваат кон разни девијации, пример отпишување од диспанзер како наводна преселба, и нивно незапишување во друг. Некои си ги следат законските процедури, биваат казнети со укор. Некои не ги чепкаат, некои плаќаат 50% од казна.
    Законот ќе се менува тоа е јасно, под влијание на странските фактори, како и се во нашава ни земја, од осамостојување до денес. Веќе има пробни балони во вид на разни изјави во тој правец, пред некој ден министерот соопшти, премиерот потврди. Лани министерот беше и на советување во Црна Гора со фактори од СЗО. Кој пат ќе го фатиме, останува да видиме. Дали ќе фатиме некаков про-европски или про-американски не знам. Се ми се чини дека америчкиот ми е поверојатен.
    Ништо не е случајно, и сметам дека е искористен одличен момент за политички наметнати решенија. Слични беа процесите и во другите ек-ју земји.
    Во моето училиште дента се вакцинираа 5 деца. Останатите родители не се појавија во училиште, за да изиграат на очајно лошата организација околу процесот наречен теренска вакцинација. Законски, медицинска интервенција се врши во здравствена установа, и така е во минатите 6 години. На упатството на вакцината стои дека се дава исклучиво во здравствена организација. Школите па и општините располагаат со имињата на децата кои не се вакцинирани, што е противзаконско во однос на законот за заштита на лични податоци. Училиштата изигруваат пошти кои ги информираат родителите за оваа медицинска интервенција, наместо тоа да го прават здр. домови. Се на се, едно избрзано и силеџиско однесување од позиција на сила( власт). Измислија „нормалност“ на постапката со штури изјави за согласност каде стои МБР на родителот ( повторно незаконски ) кои изјави не се заверени на нотар.

    Јас мојот став го имам. Тој ми е носителот. Ако една мајка не отиде да живее во Америка со добиена злена карта на лотарија поради тоа што барале вакц. статус, зошто јас не би се одселил да живеам некаде каде тоа нешто не ми е потребно. Ако треба ќе се докажувам и со системот иако сите знаеме каков е. Медицинска интервенција може да настане само со согласност. Ако не успеам, ќе платам казна. 5 казни ако треба. Тоа ќе бидат ( како што рече еден татко ) најдобро вложените пари во мојот живот.

    Забраната за пристап на невакцинирани деца „одлично“ е изиграна во градинките. Нацизам. При епидемии од болести не се прави сегрегација на невакцинирани и вакцинирани. Се прави затворање на цели институции. Не поделби. Невакцинираните деца не се болни деца. Една мајка ми вика, малиот и рекол - мамо немора во мојата градинка, однеси ме во билокоја. :(
    Колку гледам, се палат разни баба сервиси, се организираат мајки чуваат по дома по 7-8 деца, па се ротираат па земаат одмори....долга епидемијата, уште и подолга ќе биде...Чекаат мајките да се уморат....
    И да, сметам дека таргетот ќе биде да се смени законот прво во градинките, со што секако дека ќе се намали бројот на невакцинирани. Ќе биде потешко понатаму. Тоа е. Нашите политичари мораат да спроведуваат агенди на посилните. Билокој да е на власт. Ако ги чепнат школите, ќе мораат да донесат и алтернатива со некаков home school како во Словенија на пример.
    Генерациите во моментот го фаќаат последниот воз. Се надевам дека моите деца нема да живеат во МК, и ќе бидат во некоја нормална земја, каде за нивните деца ќе можат да одлучат што да прават без силеџиски наметнувања и бескрајни епидемии.
     
    На Sandrin4 и kristina.k им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
    Среќен ви пат. Што побргу.
     
    На Ицолгудбејбе, tamche995, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.374
    Пол:
    Женски
    Епа затоа ќе си одите сите фино лепо по доктори и ќе си барате мислење и чаре.Нема да чекате некој рандом лик на Фемина да ви кажува што и како да правите.
    Они тоа што си шират пропаганди си шират.Ама на вас останува дали ќе им верувате или не.Не може никој со инка во мозок да ви стави, така?
    Не можете да ги нарекувате убијци бидејќи не се.Они си тераат по своето.Секој овде си тера по своето.На крајот на денот секој треба да стави прст на чело и со свој мозок да мисли.Да не испадне после Цацко е крив, ама секогаш е најлесно некој трет да обвиниме..епа не е фер
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    токму така, и во тие земји ќе бидете скоро единствените што "им прднало" да не вакцинираат, во група со тие што не вакцинираат затоа што не можат од здравствени причини. од графикот почна муабетот, како е Германија скрос горе на листата со % вакцинирани, а вакцините се НЕ задолжителни? во нормалните земји има нормални луѓе со здрав разум и свест.

    п. с. според статистиката што ја напишавте најбезбедно ќе биде децата во Шутка да одат на училиште

    мене ме интересира, има ли против вакцините некој од тие со деца со посебни потреби и ретки болести? лесно е да си против вакцини и за витамин Ц ако имаш дете здраво право.. А малкуте инакви родители? Немаат ли право да се чувствуваат сигурно?

    и уште нешто ми текна, и Русија е горе на листата, а таму е задолжително некој може ќе рече нешто. Ама има разлика во државите и во менталитетот, кој бил знае - во метрото ви Русија има турникети, и плус тетки во униформа на секој премин, толку што не им веруваат на луѓето :) а во Германија е се отворено и нема никаква проверка ни физичка ни човечка, ретко кога има контрола низ вагоните. Оттука и сѐ друго на сличен начин се решава.. Е сега ние до кој сме поблиску со умот кажете :)
     
    Последна измена: 25 февруари 2019
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Што добиваат СЗО ако ете нас не натераат да вакцинираме задолжително?

    Баш ме интересира, само немој да речеш пари, тоа е смешка за нив, а без разлика колку ќе се вакцинираат државата мора да набави вакцини.
     
    На JoyJoy и KidA им се допаѓа ова.
  8. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    и уште поважно, што ќе добиеме ако сите го постапат како @yarre и никој веќе не вакцинира? или во тој круг секој за себе само си гледа? тоа не ми е јасно..

    друго што не разбирам, да имаш дома дете пример 2-4 години невакцинирано и бебе неколку месечно што не може да се вакцинира? како ќе го заштитиш бебето? нели ви е неодговорно? или ако си бремена жена свесно невакцинирана?
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Usagisan29

    Usagisan29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Овие изгледа ги постираше, ама освен насловот друго ништо не си прочитала, затоа што сите овие статии се про-имунизација, односно вакцини, или испитуваат сосема нешто друго, како на пример какви нус појави би имала кај ХИВ заболени лица вакцината против грип (спојлер - нема). Или си постирала 100 сајтови наеднаш со помисла ако се многу никој нема да ги чита, или не разбираш ни самата англиски. Во секој случај ниеден сајт не е против вакцини, ниту пак докажува дека се непотребни.
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.047
    Допаѓања:
    123.936
  11. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
  12. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    Последна измена: 2 март 2019
  13. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    За да докажат на мајките дека аутизмот нема врска со вакцина
     
    На Lianna Anna, sofi2107, tamche995 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Usagisan29

    Usagisan29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Како и претходно, се расфрлаш со наслови, недочитано, а се сомневам дека воопшто и те интересира. Жената повикува на пријавување на нус појави од вакцини за да се добие точна слика за бројот на луѓе како и на типот на можни нус појави. Ниту оваа жена во ниеден момент не кажува дека е против вакцини, туку за подобрување на истражувањето на истите. Незнам која ти е целта, наместо конструктивна дебата, да се расфрлаш со спинови ко политичар за избори, и воопшто не им обрнуваш внимание на сите докази против твоите тврдења. Ако навистина имаш деца не им правиш услуга со вакви извртувања на фактите и игнорирање на другата страна на приказната.
     
    На JoyJoy, Lianna Anna, happygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Usagisan29

    Usagisan29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Единствената работа за којашто се сложувам со yarre. Многу погрешна политика е присилба наместо едукација. Тоа создава револт и отпор, најчесто е плод на мрзеливост кај владата. Наместо да се објаснува, удри камшик. Многу погрешно.
     
    На Emilija-Emce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    2.623
    Пол:
    Женски
    https://www.unicef.org/press-releas...easles-cases-growing-threat-children-unicef-0
    Еве што вели UNICEF, Србија е на 6-то место, колку ни е блиску не е чудо ние да сме следните со прогласена епидемија на цела територија. Очигледно треба да се случи најлошото па да се сетиме пак што значи Вакцинација.
     
    На Usagisan29, Cka и mariz им се допаѓа ова.
  17. MilaЗ

    MilaЗ Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Незнам дали знаеш да читаш и дали разбираш, само ќе речам не е болест се што боли...
     
  18. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    ААПС е Приватна Фондација, и никаде во името го нема зборот "национална" или "национално".

    Aнти-ваксерско спинување од ААПС, анти-ваксерска Приватна Фондација што смета дека Медицинското Згрижување Не е човеково право.
    Живти референцата.

    http://www.aapsonline.org/resolutions/2001-1.htm
     
    На JoyJoy, Lianna Anna и Cka им се допаѓа ова.
  19. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Каде е студијата за каузалната врска меќу вакцината и Алопециа тоталис?
    Или повторно се сведуваме на емоции на родителот, само овојпат додаваме плус повикување на авторитет пошто мама завршила медицински факултет?
    Не една, него две логички грешки, ама докази никаде на видик...
     
    На JoyJoy, Lianna Anna и Cka им се допаѓа ова.
  20. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.211
    Допаѓања:
    148.519
    Пол:
    Женски
    Јас го носам малиот во Завод за говор, слух и глас. 90% од децата таму се со аутистичен спектар, Даун или некој тежок развоен синдром. Ниедна нема вакцинирано. Баш ги прашав. Аутизам нема врска со прозборување, дете што се разбира, има бистар и чист поглед, комуницира со вас, а не збори значи не му дошол моментот. Зборам за помали деца. А се што е малце поголемко има дефектолог и логопед и си напредуваат.
     
    На TashSefton, Ava.84, mariz и 12 други им се допаѓа ова.