Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.600
    Пол:
    Женски
    Мајка ми тогаш држеше своја продавница и плаќаше придонеси.
    Баш за ова имаме правено муабет и беше видно разочарана од неодговорноста за сите.
    Имавме баш прилика и да тужиме АМА не тужевме дека заминавме после нецела година во странство.

    Сигурна сум дека државата тогаш баш ништо не ми покри нити оштета исплати.

    Така беше тогаш сега не знам како е.
     
    На kikin и Cosmi им се допаѓа ова.
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.245
    Допаѓања:
    181.750
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh те тагнувам тебе, затоа што со тебе го започнав муабетот. Сега ми пишаа дека во нивниот закон стои само парична казна од 30 000-150 000 дин. Нема никакво одземање на старателство. Без разлика која страна ја завземате, секогаш добро проверувајте ги фактите. Медиумите најчесто го презентираат тоа што ќе предизвика ука и бука кај народот, а вистината се заобиколува.
     
    На Animali, Lolipop23, stefanija70 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.732
    Допаѓања:
    104.930
    Пол:
    Женски
    Колку што го зимам нивното за вистина толку и твоето.
     
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.245
    Допаѓања:
    181.750
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш можам да ти го пратам разговорот во пп. Јас воопшто немам потреба да лажам за ова. Башка закони можеш да си најдеш и на нет. Нели, ако сакаш. Ако не сакаш, верувај на исценирани драми. Твое си е.
     
    На baby-star, Animali, stefanija70 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    Кога лежев со малиот моето осигурување го покриваше него. А јас си плаќав од ден.
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.732
    Допаѓања:
    104.930
    Пол:
    Женски
    Твојот разговор ми е исто што и медиумските објави, без навреда, ама не можам да речам е чек на Нарцис ќе и верувам а на медиумиве не. И јас ја прашав тетка ми, вика во Ниш нема ништо такво, дури и нема казни за невакцинирање а она работи во просвета, значи има увид во тоа колку родители боцкаат или не. Не е вика како кај вас распространето, да има толку многу родители во Ниш, али верувам дека во Белград има повеќе. Не знам јас, и немам намера да барам закони српски за нешто што не ме тангира. Муабетот ми беше дека престанав да верувам на тоа што ќе го каже некој дека е така, ако не видам со свои очи тоа е. Еве и со случајов со женава сум се излажала, не било за невакцинирање туку за неплатени казни, а они исценирале цела приказна со монтирање и кратење на видео. Ме интересира единствено детето да ми е здраво и живо и да не ми изиграва шериф некој си Филипче а да знам сосема поинаква вистина. Е тоа ме интересира.
     
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.245
    Допаѓања:
    181.750
    Пол:
    Женски
    Не те интересира, а шириш дезинформации дека им одземале деца поради невакцинирање. Инаку јас ти кажав како им стои во законот, од жена што работи во министерство за здравство, информација која јас не можам и не сакам да ја излажам, затоа што многу лесно може да се дојде до неа. Ама ако тетка ти работи во просвета и вели дека е така, тогаш така е.
     
    На baby-star, Animali, Lolipop23 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Имаш право, само за конспиратори е наменето, ај седи си со здравје (или со дифтерија, како сакаш).
     
    На OutOfAnywhere и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.732
    Допаѓања:
    104.930
    Пол:
    Женски
    A зошто мислиш дека јас тврдам дека не си во право? Нит се расправам нит ништо, едноставно не верувам на ништо. И реков ете сум згрешила со констатацијата, не било за невакцинирање туку за неплатени казни. Очигледно медиумите си праат како и одговара. Затоа више не верувам никому.
     
  10. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.245
    Допаѓања:
    181.750
    Пол:
    Женски
    Колку си контрадикторна во еден пост. Не тврдиш дека не сум во право, ама исто така и не веруваш дека сум во право, а од друга страна веруваш на Стефанија откако исто те демантираше и веруваш на тетка ти која работи во просвета и ти кажала дека нема казни. Наместо да се водиш од емоции, можеше да ме прочиташ повнимателно уште во првиот пост и да видиш дека пишав дека парични казни законски постојат. Тоа што не се спроведуваат не значи дека не постојат.
     
    На baby-star, referentka, Animali и 4 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.732
    Допаѓања:
    104.930
    Пол:
    Женски
    Очигледно не се разбираме, ама ајде.
     
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.245
    Допаѓања:
    181.750
    Пол:
    Женски
    Јас скроз те разбирам. Баш затоа се трудам да ти објаснам.
     
  13. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.471
    Допаѓања:
    38.533
    Пол:
    Женски
    Ја слушнавте изјавата на министерот денес, невакцинирани деца нема да бидат примени на училиште? :|
     
    На happygirl, Coco31 и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    Ништо ново.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.471
    Допаѓања:
    38.533
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz јас мислев муабети се, немав слушнато официјална изјава од министерство.
     
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    По школи боцкаа...
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  17. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    971
    Bockaa so najava i dozvola od roditel, premal br na deca se bocnaa so terenskata vakcinacija. Golem.del od nevakciniranite deca toj den ne bea na skolo ili bea bez kniska i bez izjava za soglasnost od roditel taka da nisto ne se postigna.
     
  18. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Да, јасен е, специфицирано е дека и во случај да нема епидемија, може да се пропише задолжителна вакцинација - за оние што знаат да го прочитаат.
    Ајде пак цитирај го членот, да ти болдираме пак што пропушташ.

    Не треба докторат, ама е потребно каде каде повисоко ниво на знаење од тоа што ти го покажуваш во твоите постови, за да разбереш што пишува.

    Наменето е само за луѓе што се убедени дека веќе знаат и се во право и никаков доказ не може да им ја смени религиозната верба во единствената и апсолутна вистина.
    Само им треба било каква спинувана и изманипулирана потврда на веќе формираните мислења.

    Колку прекрасен пример за фармацевт што мисли дека знае да прочита студија, а што уствари само го прочитала текстот, без да ја прочита студијата.
    Или ја прочитала и не ја разбрала. Пошто треба знаење од имунологија и епидемиологија за да се разбере контекстот. Ама со кој да се објасниш.

    Студијата убаво си кажува дека се работи за примена на ПЦР метода за диференцирање на луѓе што покажале симптоми на сипаници во време на постоечка епидемија, за да може тие што покажуваат симптоми од вакцината да не ги тераат во изолација и да следат тек на инфекција, пошто се целосно и потполно безбедни за средината.
    Значи во самата студија што ја референцира пишува дека не може епидемија да произлезе од вакциналниот тип, ама кој да прочита.
    И да разбере што прочитал.

    Ама тој дел од студијата не гледам дека е пренесен во текстот.

    Исто не гледам дека е пренесен делот каде што вели дека начинот на диференцирање е пошто типот од кој што е вакцината е од типовите што се елиминирани од ендемско пренесување после само 50 години масовна имунизација, а што претходно харале со илјадници години додека сите природно ги прележувале, и умирале од нив.
    Тоа трајната заштита не ќе да била толку трајна штом сеуште се мотаат после илјадници години, место да бидат елиминирани после првата генерација што ги прележале.

    Ама оди објасни се со анти-ваксери што мислат дека се знаат, и имунологија, и епидемиологија, и најпаметни се од сите....

    Пастер докажал дека микробите предизвикуваат болести, и дефинирал пастеризација и вакцинирање.
    Превентивни методи за спречување инфекции.

    Ама не гледам дека анти-ваксериве нешто сакаат да прележат бруцелоза од непастеризирано млеко и да фатат салмонела, ешерихија коли и тении од термички необработени свињи и крави за да бидат поздрави, и да добијат трајна заштита со прележување.
    Туку одбираат да користат пастеризирани и стерилизирани производи и користат фрижидери дома.

    И Аристотел никој не го нарекувал шарлатан, ама Менделеев бил во право за елементите.

    Почнувајќи од лажењето, манипулациите и спиновите за бројките од студијата, при што целосно и потполно се игнорира тоа што го пишува во студијата дека тие го претставуваат, туку се толкуваат на сопствен начин, што нема никаква врска со контекстот и направените мерења во студијата.
    Нешто друго не ни спомнуваат, изгледа не нашле начин како да го спинуваат.

    Поврзување 2 и 2 = анти-ваксерски напис на анти-ваксерски сајт што се обидува да лаже, манипулира и спинува со студија од каде што вади само бројки за цитирање без притоа да почитува контекст и воедно и целосно и потполно игнорира методологија.
    Така е, не е за секого, туку само за припадниците на нивната религиозна секта и нивниот религиозен фундаментализам.
     
    На Yowannty, Cosmi и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932

    #triggerAlert
     
    На OutOfAnywhere и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  20. 96kiko96

    96kiko96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2018
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Машки
    Кога требаше да примаме у школо вакцини за тетанус, не примив, немам сеуште примено, ми се деси да дупнам нога на валкана шајка, еве ден денес ништо не ми е, жив здрав сум, не знам колку многу е навистина битно да се примаат вакцините...