Според твојава логика, пошто има луѓе живи со прострелни рани од куршуми, значи дека можеш слободно да пробаш да се застрелаш во глава, ќе преживееш. Пошто тие преживеале куршум, ќе преживееш и ти.
https://1tv.mk/makedonija/нема-да-се-запишуваат-првачиња-кои-не-с/ Ова значи дека сите вакцини до 6 години треба да се примени.
Колку неодговорно од твоја страна. Инаку, ако поминал подолг рок од вакцинацијата, а се случи ваков вид повреда треба да примиш серум и вакцина, по месец дена ревакцина, а за шест месеци повторно вакцина. Тетанусот има долг период на инкубација и затоа е така. Си имал среќа, не си свесен шајка што може да направи и колку всушност е опасен тетанусот.
Секако во прво одделение е ревакцината ММР, порано не може. Сите вакцини претходно се примаат до 18 месеци по календар, вклучително ревакцини.
Претседателот на Роберт Кох Институтот веќе изјави порано дека ваква одлука би била контрапродуктивна а и тешко остварлива. https://www.deutsche-apotheker-zeit...praesident-spricht-sich-gegen-impfpflicht-aus Претседателот на stiko е со сличен став https://www.aerztezeitung.de/medizi...Newsletter-_-Newsletter-C-_-20170413-_-Impfen И јас нетрпеливо очекувам развршница според најактуелните настани.
Како се справувате вие што не ги вакцинирате децата со казните, поканите за вакцина, пријави и слично? Може и во пп да ми одговорите
Дали на 4 години се прима вакцина? Бидејќи кога се јавив кај матичната пред 2 год ми рече дека се укинати тие вакцини за 4 години.Наредна вакцина кога ќе има 7 години. Бидејќи постојано воведуваат некои новости за вакцинирањето сега да не треба повторно да биде вклучена и таа вакцина. Ако знае некој да сподели.
Здраво Дали некој знае нешто повеќе за двете нови вакцини кои ги воведоа за рота вирус и пневмокока? Некако ми е малку како страв дека се нови? Поздрав
Во светот ги боцкаат со години. Тоа што кај нас ги немаше не ги прави нови. Не ги измисливме ние па ај ќе експериментираме.
Рота вакцината е во вид на капки и несаканите ефекти се на минимумот сведени. Вакцината за пневмокока ја примивме во ист ден со шестовалентната на 2м и ревакцина заедно пак на 5м. Првиот пат само кенкавост, вториот благо покачена температура. П.С не живеам во Мк Нема потреба од страв, посебно за рота вакцината. Прогуглајте колку е опасен рота вирусот.
Укината е уште пред неколку години, се става ревакцина само во второ одделение. Не е ММР, ДТП и полио е, се става во второ одделение. Инаку тие на 4 години беа спорните нерегистрирани бугарски вакцини.
Моево ја прими точно на 2ипол месеци,заедно со шестовалентната,плус и за менингитис,три пати го боцкаа,мене ме болеше повеќе од него. Имаше кенкавост и благо покачена температура, а од рота вирусот ни рекоа дека може да има многу течна столица ,но немаше.Исто има ревакцинација на 5ти месец.Ова за во Англија зборам.
Нас вчера ни кажаа, дека за рота не ја фаќа календар зашто веќе имаме полни 4месеци, а за Стрептокока (Пнеумокок) валјда ќе ја вакцинираат со 6 полни месеци.... Според муабетот од докторката
Разговарав со Др. Катерина Ставриќ, имунолог, и вака ми објасни за новите вакцини: Рота вакцината треба да се прима во 3 дози за да има ефект, и тоа на 2, на 4 и на 6м, така е и запишана во новиот календар. Така да сите бебиња постари од 2-3 месеци не ги фаќа оваа вакцина, за жал. Најкасно до 32недела треба да се примаат сите 3 дози. Рече дека ќе се дава орално и заедно со другите вакцини, пример 5 или 6 валентна. Јас ја прашував за бебо мој, ама тој е скоро 7м и доцна е. Пнеумокок вакцината се прима во 1 доза ако детето е над годинка, во 2 дози ако е над 6м, и во 3 дози ако е под 6м. Исто и оваа може да се прима заедно со други вакцини без проблем. За оваа рече дека е пожелно да се прими до 2 години оти до тогаш организмот на детето уште не може да се избори со бактеријата, и не може да створи имунитет сам.