Имаме полни 4 месеци, а се примала најдоцна до 2 месеци.... А за Пнеумокок (стрептокока) ќе ја прима валјда заедно со 5валентнта или 6валентната
Nadvor od temata, na telma denes vo 22:15 ke ima film za variola. Kolku sto vidov od reklamata toa e uzasno nesto, fala mu na gospod sto e iskoreneta.
Majki ve molam za odgovor. Rodiv vo vtornikot. Vo bolnica gi primivme vakcinite bsg i hepatitis b. Na zdravstveniot karton mi pisuva sledna vakcina duri vo oktomvri. Neli e mnogu docna??? Jas znam deka vakcinite se na 2,3 i pol i 6 meseci. Plus za dvete novi vakcini ne pisuva nisto. Ve molam za odgovor. Pozdrav
Сестрата што го пишувала картонот е гарант некоја од тие што мислат дека не се вакцинира летно време. Првата е на околу 2м. Полни 2 да има. Консултирај педијатар ќе ве упати.
Да ама нели рота вакцината треба трите дози да се примат најдоцна до 6 месеци, а се почнува на два. Да не го пропушти терминот па да не може да ја стави, нормално ако планира. За другите и јас на 14 почнав да ги ставам. @holly33 најубаво да си препраша во диспанзер. Таман во септември ќе сте два месеци.
Obavezno ke prasam pedijatar za da ne gi ispustam vakcinite. Sakam site vakcini se so red da si gi prima.
Прва доза ди те пер е со полни 2 месеци, но по препорака на педијатар, односно тој одредува дали да ја прими, бидејќи треба и одредена тежина да има мислам. Моето ја прими на 3м и од тогаш редовно си ги прима сите. За рота не знам, ние не ја фативме таа.
Таман е, рота е во вид на капки и ја даваат околу 2м, тогаш е и пневмокока и шестовалентната и после на 5м ревакцина до 6м да се примани е препорачано, посебно за рота вурусот. Доколку е почеток на октомври терминот, супер си е. Не е проблем и на 3 да е, ова највеќе за рота, другите можеш кога сакаш.
Вакцинацијата треба да е задолжителна и точка. Наместо да прочитаат факти, анти ваксерите си читаат по форуми и после викаат да знаеш јас колку сум начитан. Уствари нека не е задолжителна. Ама после да не плачат дека детето не им го примиле во школо. Ни во автобус не треба да се примат. Од секаде да се исклучат. Онаа македонската класика *СеКоЈ сИ иМа ПрАвО нА сВоЕ мИсЛеЊе * Секој има право да одбере да не си го вакцинира детето. Исто така и школото има право да не ти го прими детето.
А најјаки ми се оние што пуштаат некакви мислења од доктори кои веќе немаат ни лиценца за работа. Во сите други случаи, а бе докторите појма немаат за ништо, а за вакцините, види доктор ми рече. Доктор гинеколог на братучетка ми и рече нормално е да имаш болка при секс, и почнал да и кажува суптилно дека религиски е оправдано. Нема да одите кај таков гинеколог? Ќе го ругате по форуми? Треба и докторите анти ваксери да се ругаат. Пошто се знае дека докторите што имаат реноме, што се многу успешни во својата работа, поддржаваат вакцини.
Така е. И да се стрелаат сите можеби најдобро. Прц, пред зид, сите здрави а невакцинирани. По стапките на нацизмот. И не смее никој да има свое мислење. Мора да се следи стадото на системот. И точка! Нема циле-миле. А излезе некој од казанот на стереотипот, удри по глава, назад у казан. А и овој сегашниов закон за образование. Како го направиле ваков погрешен. Школото бара потврда за примени вакцини, а нема клаузула што да прави школото со децата кои ја немаат потврдата. Место да го сменат, па да напраат член каде штоп јасно ги отфрлаат децата од школо. Им ги врзале рацете, па неможат да се одстранат тие невакцинираните и здрави дечиња од школо. Бати антивакцинашите бати.
Прав нацизам сте сите антиваксери што заради вашето *секој има право на мислење* се разболуваат дечиња што се мали да примат вакцина, или се од нешто друго разболени па не можат да се вакцинираат во моментот. Од вакцина никој не умрел. Од невакцинирање умреле илјадници илјадници. И кај е тука нацизмот те молам објасни ми? Или прво прочитај што значи нацизам. Реков, не вакцинирајте, не морате. Ама од се' да бидете исклучени. Пошто јебига на крај на краиштата победува секогаш мнозинството и така треба да биде, закон на природата. Пресмешни сте ако мислите дека со сапун и со вода можат болестите да се држат во контрола. Ова не е нешто за кое што можеш да си имаш мислење пошо наштетуваш на друг и тоа наштетуваш фатално.
Така е! Антивакцерите се едно нацистичко племе, Саможивници, кои одбираат да размислуваат како мнозинството, туку размислуваат за самите себеси. Што па ако нивното дете настрада од вакцина, кога со вакцинацијата го помогнала човештвото. Мнозинството ќе им помогне додека они дур се живи се грижат за своето осакатено детенце. Во некои земји дури им исплаќаат огромни суми на родителите за да можат тие доживотно да му менуваат пелени на своето детенце, дур тоа си ја мава главата во зид. Нацизмот е во повикот за дислокација и терминирање на неподобните, прогласени како такви од системот. Победуваше и Хитлер, воспоставувајќи го неговото мнозинство. Во денешниов современ свет има премногу сличности, Секако ставени во целофанче. Овие глупиве анти ваксери гледаат и под опаковката. И стварно бати анти вакцерите бати. Колкава штета направија нивните здрави деца со намалување на приходите за фармафраерите тое е неверојатно. Затоа овие мораа да измислат па нови, подобри и поскапи во коктел. Па и да ги тестираат во трети земји. Нејсе да не си им во кожа, особено на оние кои станале антиваксери, после трајни последици од вакцина кај своето најмило, а пееле во тиквата на мнозинството претходно. Немаат каде да се гризнат. Еве еден антиваксерски примерок. Дојдена од амазонските прашуми од едно од тамошните племиња.
На кого му кажуваш ти се молам, од форуми читање се начитани и ти редат видеа од луѓе кои тврдат дека ова со вакцините е само мафија за пари, меѓу другото сигурно веруваат дека и земјата е рамна и дека плови на желка
Не е проблемот секој да има свое мислење. Проблемот е што што не станува збор за мислење туку за верување . А тогаш фактите не се битни. Барем нека не кажуваат дека тоа е мислење. Сепак кога имаш мислење тоа милење можеш да го промениш кога ке ти бидат презентирани факти
@yarre Абе каЦи ти? Утринава кога ја прочитав членката знаев дека ќе се појавиш повторно со бајките. Те немаше едно време, си реков срам те "уби" од пишуванките. Сарказмот ти е реалност! Ти можеш и натаму да пиеш чајче со баба Рада. Ама на планина. Чист воздух да те "мавне". Па дури и тогаш ќе ти биде тешко да ја согледаш реалноста. Оти таму многу сонце пече. А тоа лечи. Нема потреба од конвенционална медицина. Што ќе ти се тебе вакцини побогу? Па немало соодветни лекови за повеќето инфективни заболувања. Големо чудо. Тетанус, дифтерија, хепатитис Б, ќе третираш со приказни тука на нет, чајче од камилица и сапунче за раце. Бактериски токсини за кои нема лек. Што е тоа за тебе? Ти таквите со две склопени реченици, одма ги решаваш. Шириш неосновани стравови. Секоја можна поврзана реакција со вакцина, соодветно се пријавува и проверува. Причинско последични врски не се пронајдени. Освен неколку изолирани случаи на локална реакција. Ги изложувате на опасност сите кои не можат/не смеат да бидат вакцинирани. Бебиња, бремени жени, индивидуи со ослабен имунолошки систем поради одредени операции, комплицирани и серизони заболувања. Да, *бате антивакс, *бате!
Ама кога веќе мислат дека вакцините идаат од фарма мафија нека не користат антибиотик, апче за глава, на лекар за ништо нека не одат, на стоматолог нека не одат, таман да ги исклучат и од школо, градинки итн итн, и баш ко што рече погоре Лианна Анна, сарказмот им е реалност, тогаш стварно ко племе ќе изгледаат и надворешно, засега само внатрешно се такви