Има битна разлика. Антибиотик пиеш кога си болен. Со докажана инфекција/бактерија. Вакцина примаш на здраво.
Ја читам првата страна првиот коментар после темава и ќе искоментирам за тоа пошо прво паѓа в очи кога ја отвораш темата. Прво што ми беше пресмешно е тоа што членката е "преинформирана" али *не и текнува таа вакцината што се даваше тогаш како ли се викаше* Второ Тој формалдехид што го има во вакцините и што се трескате од земја за него пошо лешови чувале од земјотресот '63 во формалдехид, е природен повторувам ПРИРОДЕН производ што се создава како резултат на процеси во ДНКта кај нас. Нашите тела произведуваат формалдехид во далеку поголеми количини од таа во вакцините. Живата е елемент, а во вакцините има соединенија на жива, огромна разлика ама кој да знае, да учиш хемија е тешко затоа ај ќе научам два големи зборови и другите ќе мислат колку сум начитан. Тоа специфично соединение на жива, за споредба, мајките кои дојат, во еден подој му предаваат на детето повеќе од колку што го има во една вакцина. И немој да ми го пишувате бројот на вакцини кои детето ги примало во текот на една година. Тие се распоредени. И вода да испиеш наеднаш 10 литри ќе умреш. Да, вирусите мутираат ама не од сезона во сезона ко што ти кажуваш. Очигледно не сфаќаш како функционира мутацијата, тоа е цела наука. И гледај во која контрадикторност сте самите со себе си. Прво викаш вирусите мутираат, после некок вируси како Нилската треска, тоа биле вируси пуштени од лабораторија. А можеби мутирале? Или кога ми одговара вака, друг пат онака Тоа со докторите е тотална лага. Милиони доктори ги вакцинираат своите деца. А на прашањето зашто да се даваат вакцини за веќе искоренети болести не знам ни дали има поента да реплицирам. Ќе видиме колку се искоренети, очигледно ние сакаме да ја научиме лекцијата на потешкиот пат.
И антиваксери ќе немаше и епидемија од морбили во земјава, ако луѓето слушаа имунолози, педијатри, епидемиолози, инфектолози кои патем половина и повеќе од својот живот потрошиле на наука, а не да читаат од гугл експерти и рекла казала муабети. Ризикот од невакцинација е многу поголем од можните несакани реакции од вакцинацијата, кои патем ги има и од еден обичен антибиотик.
Никој не го спори тоа дека вакциниран не може да заболи од болеста. После 398 испишани страници на форумот на тема вакцинација, а верувам дека најголемиот број од нив се напишани токму во периодот на епидемијата, апсурдно е веќе да се коментираат статистички податоци. Заради таа статистика и не обезбеден колективен имунитет (имунитет на стадото), се доведовме во таква ситуација. Поединецот се заштитува и преку колектовитетот. А за да биде така, процентот на вакцинирани, конкретно во случајот со морбили треба да биде 95%, остатокот го сочинува ранливата популација: најмладите и болните кои не можат да бидат вакцинирани, како и стари, хронично болни со ослабен имунитет. Здраството и неговите протоколи се градат пред се врз основа на медицина базирана на докази, а за да се разбере и сфати тоа треба да се знае медицина. Ако не се знае, се информира од стручњаци и експерти од тие области, а не од квази интернет портали.
Врз основа на истата таа медицина и истите докази е напишано упатството за употреба и можни негативни ефекти. Врз основа на истите докази и нечие лошо искуство има листи со лица оштетени од вакцина или се во процес а докажување на истото. Да, ако се вакцинираш, статистички минимални се шансите за негативна реакција. Ако не се вакцинираш, статистички, од мали па се до големи а и животозагрозувачки, во зависност дали има епидемија или слично. Ама не дека топла вода ќе се измисли ако се каже дека некој имал негативна реакција.
Ваков коментар дава само човек три чисти што нема за вакцини. Погоре ти го спомнале колективниот имунитет. Инаку на никого немаше да му биди гајле дали вакцинирате или не.
Пак ќе повторам дека никој не исклучува можни несакани ефекти. Секој лек и секоја вакцина имаат свои добри страни и негативни страни или неасакани ефекти. Кога купувате антибиотик или било каков друг лек, во упатството за употреба можете да прочитате најчести, помалку чести и ретки несакани ефекти. Колку ли само луѓе кои не веруваат на медицина базирана на докази користат антибиотик на своја рака, без да знаат дека антибиотици се даваат за бактерии, а не за вируси или габи, без да знаат дека со тоа стануваат резистентни на многу други бактерии и самите на себе си наштетуваат наместо да си помогнат, без да знаат дека една обична алергиска реакција, може да доведе до анафилактичен шок и да доведе до смрт. Да, можни се несакани реакции, кои се застапени во минимален процент, но исто така вакцините спасуваат и животи. Благодарение на нив, светот брои 7 милијарди. Сите вие што тврдите дека вакцините се штетни, здравје преку игла не влегува и не верувате во медицина базирана на докази и луѓе кои половина од својот живот потрошиле на наука, не одете на лекар, посетете бајачка.
Нема потреба да ме поистоветуваш со некоја толпа луѓе, посебно не во иста реченица со бајачки. Пишував за медицински поткрепени факти, не за муабети кажани од бајачки. Иако, да, голем дел ос тие што вакцонираат и кај бајачки може си одат да си се долечат. Склоноста кон такви методи на "лечење" нема никаква врска дали некој вакцинира или не. Гледам дека се сложивме околу негативните реакции, или и тебе тоа бајачките ти ги кажаа?
Точно...Секој кој нема генетска отпорност на одредена инфективна болест ке беше мртов . Тогас немаш контраиндикации.
Ама ги даваат. И родителите даваат, оти подобро е антибиотик отколку да стане сериозно. И не прашуваат многу. Кога бев у болница веруј, не прашав што се ставија во канилата. Не сум стручна, а сигурно има со пострашни контраиндикации.