Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Discussion in 'Бебе' started by bebaa, Jun 9, 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    759 vote(s)
    76.2%
  2. Против

    237 vote(s)
    23.8%
  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Joined:
    Jul 30, 2012
    Messages:
    2,893
    Likes Received:
    11,286
    Gender:
    Female
    Ако одиме на интернет што има , што е со текстовите кои кажуваат дека вакцините се корисни и истражувања и нивната успешна приказна во спречувањето на болести ,да не постирам линкови тука мислам и сами може да видите кој го интересира , или се одбира една страна без никаква стручност , многу кога истражуваат читаат само истражувања кои се против .Кажав јас за да се разбере некој медицински проблем е потребна стручност. Ако се сомневате во стручноста на педијатарот побарајте мислење од друг или пак од имунолог .И да секако дека е ваша одлука :hai:
     
    snezno likes this.
  2. bebaa

    bebaa Популарен член

    Joined:
    Jan 2, 2011
    Messages:
    2,776
    Likes Received:
    4,605
    Gender:
    Female
    А не ми е јасно зошто би се разболеле децата од сите овие болести што се набројани??? :?: И сега ке треба да се повторувам и да ги цитирам докторите кои ги набројуваат болестите кои се предизвикани од вакцините.... така да незнам до каде ке води овој разговор :) Мегу другото во вакцините има и клетки од рак и се повеке деца мали имаат рак, а сега па измислиле и вакцина против рак....аман толку е логично да се види дека се се врти во фармацевскиот бизнис,по цена на човечки животи.Исто така и некои вакцини се причина за стерилитет,а се поголем е бројот на брачни парови кои одат на вештачко оплодување,и да од каде излезе овој вирус ХПВ? поготово од мојата генерација е многу чест и зема се повеке замав така да (е сега еве моја предпоставка) дека не ме чуди во некои серии од вакциниве што ни ги пуштале да има и од овој вирус,и ете и за него најдоа вакцини кои беа тешко на оние кои ги примија.

    А зошто да не верува на имунолог од странство кој го истражувал проблемот со посовремена опрема и подетално искрено не верувам дека некој од кај нас го испитувал ова....
     
  3. expert

    expert Истакнат член

    Joined:
    Aug 29, 2010
    Messages:
    402
    Likes Received:
    267
    Па ќе се разболат затоа што немаат имунитет, не се отпорни. Отпорни ќе бидат ако бидат вакцинирани или ако ја прележат и преживеат болеста.

    Не знам зошто не ви е јасно што сакав да кажам. Вие сега не гледате многу епидемии од од овие болести затоа што повеќето деца се вакцинирани и нема кој да ја пренесува болеста на невакцинираните.

    Еве ќе дадам уште еден пример. Рубела е вирус која предизвикува малформации кај плодот ако заболи бременета жена. Денес има многу малку, или некаде воопшто нема такви случаи затоа што се искоренети благодарение на вакцината.

    Ете на пример, се укине вакцината повторно ќе почне да се шири болеста. Децата кои ќе се заразат ќе бидат отпорни после, некои ќе имаат компликации и ќе умрат, ама барем тие што ќе останат ќе бидат поздрави, така? И замислете некоја бремена жена што не се разболела од рубела доаѓа во контакт со некое дете или некој друг заболен и префаќа, детето се раѓа со малформации на очите. И зошто кога сме имале вакцина која имала минимални штетни ефекти.

    Другите работи кои ги напишавте не ми се јасни, спомнувате рак, фармацевтски бизнис, стерилитет, се небулози и нема да одговарам на нив.
     
    mimiiiii likes this.
  4. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Joined:
    Jan 14, 2011
    Messages:
    1,341
    Likes Received:
    48,074
    Gender:
    Female
    Сакам да појаснам од она што јас го знам.Значи вакцините не пружаат 100% заштита од болеста.Тие го заштитуваат организмот,кој доколку дојде во контакт со болеста ,да може полесно да се избори против истата.
    Сите единки создаваат различен имун одговор,па така и одговорот на болеста и отпорот кон болеста е различен.
    Затоа има различни стадиуми на болест.

    Ние сме избрале да ги вакцинираме децата,не затоа што сме сакале(ниеден родител не сака од здраво да го разболува детето,затоа што после одредени вакцини се појавуваат знаци на болест),туку затоа што се мора(кога знаеш дека тие вакцини заштитуваат од некои болести кои фатални).

    И вакцините не претставуваат предуслов за здрав живот.Овде може да се спомене исхраната,физ.активност и низа на други околности како и ген.предиспозиции играат улога.


    Edit:
    Вариола вера(најтешка и животно опасна сипанца)е искоренета со имунизација,пред неколку год.кога имаше епидемија на заушки,децата кои беа вакцинирани не се разболеа,од морбили исто....

    Позз....и се најубаво.
     
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Joined:
    Jul 30, 2012
    Messages:
    2,893
    Likes Received:
    11,286
    Gender:
    Female
    А зошто пак да не веруваш на имунолог кој исто го истражувал проблемот и е за вакцините , и веднаш забуна на кој да се верува, ни едниот ни другиот нема директна одговорност за вашето дете ... И научниците не се поделени во прашањето дали треба да се вакцинира туку да се направи модификација во календарот и за промена на одредени вакцини . Темата отиде до светски заговори на фармацевтските компании и до се и сешто . А хпв не е испитана таа е една од најсомнителните вакцини кај нас
     
  6. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2012
    Messages:
    1,005
    Likes Received:
    771
    Gender:
    Female
    ај јас да кажам баш за вакцината против Рубела.
    значи како и сите останати и мене ме вакцинирале е арно ама јас кога праев тестови кога останав бремена ми излезе негативна а треба да е позитивна (ако дојдев јас во допир со болно бебе на кое од икс причини не му фати вакцината како кај мене кој ќе одговараше?)
    ај сега објасни ми која била целта на вакцинирањето и маките што сум ги истрпила како бебе оти да не се лажиме бебеињата се болни 48 часа после примање на вакцината.
    и колку ги има такви како мене???
    знај некој???
    кој знај каква вакцина ми клале со поминат рок или што.
    а да земиш да се тестираш за сите вакцини??
    кај нас како за се останато фуш пуштаат
    ќе речам само тешко на бебињата наши!!!!
     
    Anastasija-Velika and silk like this.
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Joined:
    Jul 30, 2012
    Messages:
    2,893
    Likes Received:
    11,286
    Gender:
    Female
    За промена во начинот на имунизација кај нашето здравство е потребно и те како . Квалитетни вакцини а не да ни се поттураат вакцини со сомнителен рок , не смее да се штеди овде , тука треба да се направат многу промени и посериозно да се пристапи. Сепак се работи за деца .
     
  8. expert

    expert Истакнат член

    Joined:
    Aug 29, 2010
    Messages:
    402
    Likes Received:
    267
    Па за тоа не ја обвинувај вакцината, за твојот случај се виновни други фактори.
    Мило ми е што си свесна за потребата од вакцини. Значи сфаќаш дека ако немаше воопшто вакцини ќе беше многу поголема шансата да префатиш за време на бременоста.
    Овие што се бунат против вакцините, ако барем половина од времето се бунеа против трети фактори, како исправноста на сериите на вакцините, купување подобри вакцини, подобрување на обученоста на медицинскиот кадар итн. ќе беше подобро отколку сега кога шират паника и дозволуваат многу луѓе да не ги вакцинираат децата.
     
  9. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2012
    Messages:
    1,005
    Likes Received:
    771
    Gender:
    Female
    да НАЈ ВИНОВНИ се тие што ги купуваат вакцините и не стручните лица што ги ставаат како што му ја ставија на син ми мускулно наместо подкожно па се напраја 100 компликации. е оти луѓето се свесни дека вакцините не чинат пак ќе речам од Х причини за тоа не сакаат да ги ставаат.
    а оти не ми одговори на прашањето,, кој ќе беше виновен ако дојдев до контакт со дете што е болно ,,
    пак јас оти не сум се пазела??
    или тие што свесно ги купуваат вакцините кои знаат дека не чинат
     
  10. AIT

    AIT Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2011
    Messages:
    979
    Likes Received:
    1,752
    Gender:
    Female
    Вакцина за рубеола ,односно ревакцина се дава и на 14 години односно во 8мо одделение.Ти таа си ја примила?
     
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Joined:
    Jul 30, 2012
    Messages:
    2,893
    Likes Received:
    11,286
    Gender:
    Female
    :bow: :bow: :bow: ете овде треба да се насочат напорите , заслужуваат сите деца да добијат исправни вакцини и да се внимава многу на квалитетот на нив а не да се премижува на нивната исправност поради разлика во цени .
     
    expert likes this.
  12. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2012
    Messages:
    1,005
    Likes Received:
    771
    Gender:
    Female
    да бе сега ја гледам книшката ја примив на 03.10.2002
    а кога се прима првата оти овде пиши втора ревакцина?
     
  13. expert

    expert Истакнат член

    Joined:
    Aug 29, 2010
    Messages:
    402
    Likes Received:
    267
    Кој ќе беше виновен?
    Кај нас вакцините се задолжителни, но родителите може да потпишат изјава и детето да не прими вакцина.
    Кој ќе беше виновен ако префатеше од некое такво дете кое не примило вакцина? Тоа прашуваш, родителите кои не го вакцинирале детето ќе беа виновни. Ако префатеше од некое вакцинирано дете на кое вакцината не му успеала од трети фактори виновен ќе се бараше во синџирот на одогворност, дали не била исправна серијата, дали неправилно била ставена итн.
    Се разбира никој нема да докаже од каде си се заразила, и затоа одговорноста ја презема фондот за здравство.
    Во нормалните држави постои фонд кој исплаќа за направена штета заради вакцините, кај нас се сомневам дека некој ќе преземе одговорност, ама откако ќе се случи нешто лошо ништо не може да надоканди.
    Затоа твојот пример можеби не е најсоодветен за штетноста на вакцините, затоа што во твојот пример иако не си имала имунитет, големиот процент на вакцинирани превенирал поголема штета.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,905
    Likes Received:
    203,122
    Gender:
    Female
    Повеќето погрешно ја сфаќате намената на вакцините. Нивна главна намена не е спречувањето да заболиме од некоја болест - намената им е да го подготват имуниот систем да даде соодветен одговор, односно полесно да се прележи болеста ако се појави. Толку. Не штитат 100% од болести, ама помагаат во одбраната на организмот.

    Туберкулозата допрва ќе земе замав кај нас... поради сиромаштијата - не е искоренета, како што пиша некој претходно, во својата природна еволуција. Едноставно, BSG вакцината штити од опасните фази на ТБЦ, а не од самата болест. Зошто оваа вакцина е кај нас, како земја во развој, или земја во транзиција задолжителна, за разлика од развиените земји? Затоа што туберкулозата е придружник на сиромаштијата, односно, лошите услови за живот. А тоа кај нас е реалност.

    Благодарение на вакцините, како што пиша ph.orhideja, искоренета е variola vera - најопасната сипаница што воопшто постои - и ми се чини дека со вакцинирање против истата се престанало во седумдесеттите години од 20 век. Многу од вас се мали да паметат, ни јас не знам, ама моите ми кажуваа - имало голема епидемија на вариола вера во тогашна СФРЈ во 1972 година и само вакцината спречила да дојде до висок пораст на морталитетот.

    Само ќе кажам - на интернет денес може секој да напише сè и сешто, кому како му одговара, во нечија корист. Зарем мислите дека овие светски теории на заговор - за било што, не само за вакцини - се пласирани со одредена цел? Исто како што фармацевтските компании работат во своја корист, а едни против други. Ние луѓето сме нивни жртви, тоа е факт.

    А ако зборуваме за рубеола - јас ја имам прележано, во основно училиште и покрај тоа што бев вакцинирана. Ама немав никакв симптоми освен осипот, што немаше да биде случај ако немав примено вакцина. Во тој случај, состојбата ќе ми беше многу полоша.

    Што се однесува до поврзаноста на аутизмот со вакцините - никаде не сум прочитала дека е научно докажано оти вакцините предизвикуваат аутизам. Се работи за теории и претпоставки, цврст и валиден аргумент не сум прочитала. Што не значи дека не верувам во можноста вакцината да биде тригер механизам за активација на гените за аутизам.

    Јас како медицинско лице, немам 100% став во однос на вакцините, на два ума сум, како што пишав и претходно. Се надевам дека правилно сум одлучила што сум го вакцинирала детето и дека свесно не му нанесувам штета со редовното вакцинирање.
     
    AIT, ph.orhideja and mimiiiii like this.
  15. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2012
    Messages:
    1,005
    Likes Received:
    771
    Gender:
    Female
    е пак се вртиме во крук сама кажа во другите земји како е организирано за вакцини, за несакани последици и сл и пак родителите се тие што одлучуваат дали ќе прими детето вакцина.
    кај нас ништо не е така осигурано купуваат вакцини од канализација изваени и се задолжителни. зошто кога сите знаеме какви се
    јас нејсакам син ми повеќе да прима вакцини ама како што имам тука прочитано се плаќале казни па не ги пуштале на училиште и др.

    јас бев таа што беше голема противничка против тоа да не се вакцинираат децата ама со сегашното искуство на син ми пак од неструцност јас што си пропатив и на 8 месецно бебе да му давам толку јаки антибиотици и +3 месеци треба да ги пие е со ова искуство и заради ова сум против иначе до пред нецела година ми беше чудно и немаше шанси да речам дека не треба да се вакцинираат децата.
    сите со искуството
     
  16. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Joined:
    Jan 14, 2011
    Messages:
    1,341
    Likes Received:
    48,074
    Gender:
    Female
    И мамички,сегашни и идни,не заборавајте најдобра природна имунизација е мајчиното млеко.Затоа дојте си ги вашите бебиња.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,905
    Likes Received:
    203,122
    Gender:
    Female
    Колку што знам, за Мк се купуваат вакцини од Sanofi Pasteur. Барем тие се запишани на картонот кај син ми.

    А за природна имунизација, се сложувам потполно. Најдобро е мајчиното млеко!
     
  18. expert

    expert Истакнат член

    Joined:
    Aug 29, 2010
    Messages:
    402
    Likes Received:
    267
    Мајчиното млеко, ама не заборавајте дека тоа штити само додека бебето цица. Веднаш откако ќе престане се губи секаков имунитет.
     
  19. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2012
    Messages:
    1,005
    Likes Received:
    771
    Gender:
    Female
    е што демек тие што не се со доење немаат никаков имунитет.
    јас познавам дете што беше исклуциво на доење до 6 месеци ништо освен цице не знаеше па по миљарда пати годината настинва и има 100 алергии.
     
  20. expert

    expert Истакнат член

    Joined:
    Aug 29, 2010
    Messages:
    402
    Likes Received:
    267
    Па мајчиното млеко не штити од алергии и болести на кои мајката не е имуна, како грип. Затоа бебињата се вакцинираат и со тоа се овозможува долготраен имунитет. За болестите кои не оставаат доживотен имунитет, постојат и ревакцинации.

    Инаку за што се работи со вашето дете? Можеби имате пишувано назад, ама не можам да барам.