значи не сме седнале пред компјутер од искуство не ја вакцинирам веке а за прашањето на окото на горниот капак имаше нешто и не и поминуваше па реков ај а за антибиотикот незнам ни јас што и го дадов
rainlover Помодарство? ц ц ц.. што ќе не прочиташ! Еве јас имам пријателка која не го вакцинира своето дете. Знаеш зошто? Поради сериозни компликации пројавени од одредена вакцина, и тоа утврдени со дијагноза од реномирана институција. Према тебе она лажи, измислува, се со цел да го поттикне помодарството. Замисли си како и е кога го чита ова твое мислење. Да ти помогнам, не е помодарство, секта сме! (ова е најново карактеризирање кое неодамна го добив од лекар) Чудно, но истиот тој лекар има 17 годишна ќерка за која вешто ја избегнувал хпв вакцината до сега. Докторов или прати помодарство или има симпатии кон секти.
Сериозно, дискутираме интензивно веќе една година и немаме дојдено до никаков заендички заклучок, што навистина би сакала на некој начин да се согласиме барем за нешто освен за тоа дека законски вакцините не мора да бидат задолжителни. Овој потенцијал кој го имате како разумни и активни граѓани ако прифатите некои од разумните пристапи кон оваа проблематика може да вродат со плод и не само да се смени законот туку и да се воведат прочистените ДиТеПер и повеќевалентните вакцини. Ве молам немојте повеќе да се залажувате дека вакцините се целосно непотребни, ако вие сте одлучиле НЕ за вашето дете, не значи дека истава ситуација ќе ја имаме и ако сите одлучат така. Не, тука е баш тој општ имунитет кој ќе биде сериозно оштетен ако барем и уште неколку проценти од родителите го одлучат истото. Тогаш нема да зборуваме за ризиците од вакцините, туку за пострашните и почести ризици од самите болести. Баш деновиве дознав дека во Србија од в година ќе се воведат повеќевалентни вакцини, со што Македонија останува последна во регионот која ги нема воведено. Имам слушнато дека дури и Косово и Албанија ги имаат воведено. Но за нашата влада очигледно дека поважно е да направат реклами дека здравството цвета. http://www.novosti.rs/vesti/naslovna/dr ... -besplatno
Na svakom pakovanju DTP-vakcine piše da „simptomi povezani sa neurološkim poremećajima“ i „prekomerno vrištanje“ mogu da uslede nakon vakcinacije. DTP može da prouzrokuje i temperaturu preko 39,50C, konvulzije, izmene svesti, fokalne neurološke znake, vrištanje, šok, kolaps, trombocitopeničnu purpuru. ............................................................................................................................................ .................................................................Posebno opasna komponenta MMR-vakcine jeste sredstvo protiv rubeole. Istraživanje iz 1988. godine, koja je objavio britanski medicinski časopis „Lancet“, otkriva da MMR-vakcina može da predstavlja uzrok autizma. .........................................................................................................Hepatitis B predstavlja ozbiljno oboljenje jetre koje su dobijali narkomani, dok nije dospelo u banke krvi i dato velikom broju ljudi koji su primali tranfuziju. Kada je vakcina protiv hepatitisa B razvijena 70-tih godina prošlog veka, mnogi lekari su bili zabrinuti da bi vakcina mogla biti kontaminirana virusom side. ove e samo izvadok a celiot tekst na linkot
Е ова се типични шпекулации и дезинформации. Типични теории на заговор, само видете какви не работи има изнапишани на сајтот, зарем сакате да примате информации за здравје од некој кој мисли дека може колата да оди на вода? Јас немам време да давам одговор на сите глупости кои се напишани, ако некој посебно ве загрижува, слободно издвојте го, ќе се обидам да најдам одговор. Само сакам да напоменам на ова: „Na svakom pakovanju DTP-vakcine piše da „simptomi povezani sa neurološkim poremećajima“ i „prekomerno vrištanje“ mogu da uslede nakon vakcinacije.“ За жал болестите не доаѓаат во паковки и нема ливче со можни компликации, ама за среќа се знае дека компликациите од самите болести се пострашни и почести отколку евентуалните од самата вакцина.
Зато што си EXPERT ај те молам просветлине и кажи ни зошто на перфектно,здраво,живо родено бебе со апгар скор 9/9 ставаат вакцина против хепатит б ај ете молам кажи ни
Не се секирај ќе ти каже - Да се заштити ! Еве јас пак од „оние“ линкови ќе ви дадам. Нели, секој со своја глава..... http://www.znakovi-vremena.net/cjepiva.htm @expert Каков бре заеднички заклучок? Заедништвото се води со приближени ставови, а тука имаме дијаметрално различни. Умрено или осакатено дете од вакцина, јас и ти драга моја не го гледаме со исти очи. Јас го гледам како човек, а ти учиш да го гледаш како пациент, во таму некоја табела. Ондак си ја рушиш теоријата на стадото ( не дека не е срушена ) ама сама се побиваш. Што ако нагло популацијата престане пошто нели би било одлука на родител ? Вакцинацијата масовно во свестски рамки и сега одбива, ама тогаш? Па повеќето родители не ни слушнале дека има други родители кои не ги вакцинираат децата. Што мислиш зошто здравствените работници прифаќаат да не влегуваат во конфронтација со родител кој одбива да го вакцинира своето дете ? Да не се дига прашина, која ќе се дигне и тоа не иде во прилог на ќутечката вакцинација. Твоите изнесувања се контрапродуктивни во таа насока, а ете јас ги гледам како продуктивни, со тебе се натегаме, ама има родители што читаат, па можеби сме им и досадни, ама замисли ја темава со 3 страни и чича мича. Недајбоже да престанеш да пишуваш стереотипни бајки кои произлегуваат од лабораториите на фармакогигантите, секако поддржани од СЗО која се рани храни од нив. Или сум глуп или толку ми фаќа. Па јас токму мојот разум го користам. А таа бајка за прочистени, е таа е за перење на совеста на поединци, демек еве оваа е помалото зло. Шарена лага бре, од која секако и повеќе некој профитира. Ма ич не се залажуваме, знаеме, не само што не се потребни него се исклучително штетни по здравјето, и тоа и веднаш и после икс период. Земи го само составот ( оној што е достапен, за другото не ми се збори ) и види си ги на пример на wikipedia што предизвикуваат сите од нив поединечно. Ајде да нагаѓаме ......на сметка на отровите на нашите најмили.... А колку е ова вака по тебе, од око ? До каде треба да ти падне процентот на општата нели имунизација ? Баш ме интересира бројката, за да ја направам одново мојата калкулација, која шминкерски ја претрча. Удри ми една експертска бројка, да имам параметри за дигитрончето. Ајде пак класиката на сеење страв во магла. Пссст да не им текне. И така на наш грб балкански се вршат сите први тестови. Да видат дал ќе умрат глупиве балканци од новитети, или ќе се убијат меѓу себе. Нив другарице сме им трета класа, идеално подручје за тестирање на луѓе при лесно и ситно поткупливи поединци. А да, ќе заборавев, ова од тие вакцини каде се тестирани и одобрени од самите производители и нивниот спонзор СЗО ?
За да го заштитат од хеп Б. Кажете, ако се интересирате зошто бил избран баш тој пристап со сеопфатна редовна вакцинација на таа возраст, би ве насочила на стручна литература која е обемна и достапна за тоа како е дојдено до таа одлука. Иако новореденчињата се минимален процент од преваленцата на хепБ инфекции, сепак се открило дека рана имунизација дава најдобар одговор и имунитет кој понатаму ќе заштити. А имало огромни резултати во САД по воведувањето во 1990 година. А вас што ви пречи во таа програма, возраста или воопшто вакцината? Ако вие имате некоја примедба би имале целосно право да одбиете. Но, како пристапот со оваа вакцина и природата на оваа болест ви влијае да гледате кон другите вакцини? Зошто овој аргумент би го употребиле за да одбиете на пример вакцини за болести кои се вистински ризик и за едно новороденче, како што се морбили или пертусис? @yaree Излишно, целосно непотребни биле сите зборови кои сум ги напишала. И пак да те пофалам, браво, за линкот, секоја чест што за здравјето на децата се информирате од многу добри сајтови, на пример сајт кој е специјализиран за тоа како влијателните луѓе се рептили од галаксијата Андромеда и мрачното царство Орион и се протерани од етеричката 4Д димензија. Каков заеднички заклучок? Си имам поставено цел да ја прифатиш и признаеш реалноста за општ имунитет и тоа дека единствена причина што твоето невакцинирано дете е релативно безбедно е затоа што другите околу се вакцинирани. Ако не постои општ имунитет зошто денес нема морбили? Зошто една болест како морбили со индекс на контагиозност од 95% да е ерадицирана од хигиена, санитација или не знам кои ти се причините, а една болест како варичела со индекс од 70% да не е ерадицирана од истите мерки? И знаеш што им недостига на твоите калкулации? Тоа што споредуваш имунизација со прележување наспроти имунизација со вакцини. И кај прележувањето, има имуни генерации, ама вирусот се уште се движи во популацијата, за разлика од вакцинирањето кога ем се добива имунитет, ем се спречува циркулација на вирусот што обезбедува општ имунитет. И пак тоа класичното, на наш балкански грб се вршат испитувања и слични глупости, да вакцини кои повеќе од 30 години масовно се употребуваат на запад, свашта.
За да го заштитат од хеп Б. Кажете, ако се интересирате зошто бил избран баш тој пристап со сеопфатна редовна вакцинација на таа возраст, би ве насочила на стручна литература која е обемна и достапна за тоа како е дојдено до таа одлука. Иако новореденчињата се минимален процент од преваленцата на хепБ инфекции, сепак се открило дека рана имунизација дава најдобар одговор и имунитет кој понатаму ќе заштити. А имало огромни резултати во САД по воведувањето во 1990 година. А вас што ви пречи во таа програма, возраста или воопшто вакцината? Ако вие имате некоја примедба би имале целосно право да одбиете. Но, како пристапот со оваа вакцина и природата на оваа болест ви влијае да гледате кон другите вакцини? Зошто овој аргумент би го употребиле за да одбиете на пример вакцини за болести кои се вистински ризик и за едно новороденче, како што се морбили или пертусис? ај уште еднаш просветли ме кака новороденче може да се зарази со ХЕПАТИТИС Б ? татко ми бил вакциниран против заушки па ги прележал и после јас кога сум била дете од мене повторно фатил,и уште ова сите деца од ула прележаа сипаници сестра ми имаше па доагаа кај нас да се заразат,а јас не ги фатив и тоа невакцинирана,а сестра ми вакцинирана
Може да се зарази и новороденче преку млекото од мајката, преку медицински инструменти, преку плунка од заразено лице, ама како и да е, подоцна во животот има многу повеќе начини преку кои може да дојде до таа зараза од која оваа вакцина ќе го заштити. Затоа те прашав што ти е проблемот со хеп Б вакцината, времето на аплицирање или самата вакцина? Ако ти е времето има објаснување како е дојдено до таа одлука за да се дава на новороденчиња. Што сакаш да кажеш со тие примерите од татко ти, сестра ти, вујна ти? Како тие примери придонесуваат во дискусијата против вакцините? За мене тие примери се напротив, доказ дека вакцините се потребни за заштита и за да обезбедат вирусите да не циркулираат во популацијата. Не знаеме какви сипаници биле, можеби била варичела и како тоа сега докажува дека не требаат вакцини?
татко ми бил вакциниран против заушки па ги прележал pa ako bil vakcinieran neli po tebe vakcinata e dozivotna imunizacija zosto gi fatil povtorno i decata od ulica vakcinirani a jas ne e ajde de znaci HEP-B preku krv i seks a ako majkata ima togas avtomatsi bebeto ima znaci nema potrba od vakcina besmisleno e
Ако е од мајката може да се вакцинира само тоа дете зашто сите топтан од здрави мајки? Од инструменти не може да се зарази ако се стерилни а денес се сите стерилни во нормалните клиники и тоа на температура што го уништува сите познати вируси. Сите шприцови се за еднократна употреба а детето никој не го плука за да се зарази од нечива плунка а и така би требало директно да му падне на отворена рана (што не се случува). Подоцна во животот кога ќе биде возрасно може ако сака да се вакцинира така да и мене ми е непознаница зашто е вакцинава за бебиња, апсолутно непотребно.
Точно, ете гледаш неможе да се доближиме. Информацијата која ја доставувам може да биде од СЕКАКОВ извор, ако изворот го дава лицето/институцијата/размислувњето. Зарем очекуваш дека на сајтот на производиелот на вакцина, ќе седнат и ке напишат, да штетна е се умира од вакцина ? Некои поединци, блогови, форуми, портали овие работи ги објавуваат. Зарем на сајтот на производиелот на Јогурт ќе напишат дека јогуртот е полн со антибиотици ? И дали ако не објават значи дека не е ? И во едната и во другата состјба имаме етички настроени научници, и никако ама баш никако не се потценува и онаа другата страна чии размислувања ги има дури и по локални блогови. Еве ти еден пример од блиската ни Хрватска, одлично истражување и размислување. Ти не кликај ова не е објавено од СЗО и спонзорските куќи. Потценувајќи го изворот, се потценуваш себеси во можноста да видиш и други стручни размислувања, од научници потпишани со име и презиме. http://www.novilist.hr/Lifestyle/Zdravlje-ljepota/Je-li-cijepljenje-zaista-bezazleno-za-zdravlje http://www.jutarnji.hr/-kad-sam-vid...k-manji-ako-se-djecu-uopce-ne-cijepi-/605037/ Еве и како се криело. Линкови имаш позади секое објаснување од каде потекнуваат. http://nsnbc.me/2013/05/10/the-vacc...documents-from-uk-reveal-30-years-of-coverup/ Па каков заеднички заклучок ? Ти го постави прашањето во претходниот пост, да го прочиташе и моето размислување ќе ти текнеше барем на твоето прашање/предлог. Забораваш и што пишуваш, веројатно затоа и се повторуваш цело време, Си имаш поставено цел? Конечно и дојдовме до причината на твојата упорност. Е сега да најдеме и која е причината што ти имаш нешто лично со мене. Аман ти ја објаснив математиката на стадото, не ме замарај со тоа. Повторувајќи нема да стане вистина. Статистика спрема потреба. Ако сакаш, и нарачана статистика. Еве сека ќе ти објаснам. Да земеме 2 бои, црна и бела Ако сакам да кажам дека се 100% различни ќе кажам: Ова е црно ова е бело, тоа е 0% преклоп и се разликуваа 100% Ако ми треба обратен став. Ќе речам, ова се две бои, и спаѓаат во група на бои. Се преклапаат 100% Конташ ? Ама има ама. НИКОГАШ ама баш НИКОГАШ не е направена студија на вакцина, на барем 10 години, кај 100% вакцинирана и 100% невакцинирана популација, а претпоставувам и знаеш зошто. А да, значи прифаќаш дека морбилите ( барем ) ги нема поради подобра хигиена. Ако е така тогаш таа компонента е беспотребна во коктелот. Тука мешаш баби и жаби. Единствена имунизација ( вакцинација е наметнат поим ) може да настане само по природен пат. За жал општиот имунитет не го познава природата, ( а и секој нормален човек ) со оглед дека единката е носителот на животот. 1 Човек, 1 коњ, 1 Пума, 1 мравка. Секој човек, сам се раѓа и сам умира. Ау, па претрчај до државна за викенд, да видиш како гладните луѓе од државава, за ситна надокнада се заморчиња. Или знаеш ама ќутиш? Знаеш дека барем последната група на инсулини на Н******* се тестираше во Европа, токму прво кај нас ? И тоа пази како. Прво ги сменија инсулините во МК ( као подобри ) а студијата се правеше токму во МК после година дена. Ти викам ја, со различна свест гледаме на работите. А, да, иако претрчуваш, ајде поиграј со процентот на стадото, како што те замолив во претходниот пост, и пушти ни го СтефЧеф малце Да не иде постот пак во ветер, еве како Dr. Russell Blaylock размислува. Не е од друга планета. http://www.youtube.com/watch?v=-Xrd8OfUlKA
еве што пратија на филипините како хуманитарна помош http://news.xinhuanet.com/english/world/2013-11/22/c_132909826.htm uzas i toa kaj nas u Bitola http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2933&stID=68975 eeve i ova ako ne ste go procitale Спојлер Почитувани родиели, се пријавив на форумов од една едноставна причина, да со вас го споделам лошото искуство со мојата 10 месечна ќеркичка која со примањето на 3-та ревакцинација на дитепер и полио имаше катастрофални последици. Со мојата сопруга имаме и друго дете постаро синче скоро 5 години кое до сега ги примало сите вакцини редовно без никакци лоши реакција (освен оние редовните температура и вознемиреност), и за тоа не се ни мислевме кога ги примавме вакцините и за малечката, се до 28.05.2013 год. кога завршивме на клиника на хематологија. Кога одевме на 3-та ревакцинација за дитепер и полио (2 во ноже и една со лажиче) ни побараа и крвна слика која беше уредна а детете пред тоа немаше апсолутни никакви здравствени проблеми. На 08.05.2013 извадивме крвна слика за да 09.05.2013 ја примиме и вакцината. Вакцината предизвика само одредена вознемиреност тој ден но со малку парацетамол тоа го поминавме. Од Јане Сандански не предупредија како и претходно дека можно е да има реакции и после 2 недели но на тоа не обрнавме внимание бидејќи се беше нормално и детето во тој период беше сосема здраво и немаше никакви реакции. Бевме 3 дена во Берово, за да на 27.05.2013 г. се појавија одредени црвени поткожни точки за кои бидејќи првпат гледавме такво нешто отидовме на дерматолог (приватно) на кој му беше тоа чудно и не прати да извадиме крвна слика. (и од тука почнаа нашите проблеми....) Отидовме во една од локалните лаборатории (на крајот од работниот ден), каде после вадењето на крвта лаборантите почнаа чудно да не гледаат и да не прашуваат дали детето тие денови примала некои лекарства и дали од нешто болува. Откако им одговоривме негативно побараа да извадиме повторно крвна слика, што ни предизвика дополнителен сомнеж и нервоза. На крајот откако излегоа резултатите лаборантите не сакаа да ни го дадат резултатот под изговор дека нивниот доктор не бил таму да го потпише резултатот и ни кажаа утредента наутро да се вратиме, и така во бунило и уплашени си отидовме. Веднаш се јавивме кај нашата матична која повика и педијатар. Детето го видоа и ни кажаа да извадиме утре дента крвна слика и да ја однесеме кај педијатарот. Утре дента (28.05.2013)по непреспиена ноќ, извадивме крвна слика во една од нашите приватни болници, и што да видиме тромбоцитите беа катастрофа само 14.000. за да имате претстава што е тоа референтните вредности во кои мора да се движат тромбоциттие е од 160.000 - 550.000. Со оваа крвна слика матичниот не прати веднаш на клиника (хематологија). Таму веднаш не примија и почнаа испитувања, прво од коскена срцевина, која фала богу беше негативен резултат. Поради ниските тромбоцити веднаш и дадоа терапија од три дози (во три дена) имуноглобулини. Не отпуштија на 31.05.2013, за да после неколку дена 03.06.2013 тромбоцитите пораснат на 336.000. За жал ова не траеше многу долго. после само една недела паднаа на 25.оооо и после тоа а се до денес истите се движат околу 30.000. Одиме скоро секоја недела на контроли, а од таму ни велат само чекајте. Чекајте ама до кога, и знаете што? кога не отпуштија во отпусното писмо ни напишаа ТРОМБОЦИТОПЕНИЈА, НЕОЗНАЧЕНО. Е тоа неозначено да ти било дека проблемот го предизвикал некој вирус кој сега веќе не постои но дека направил хаос со тромбоцитите. Освен вирусот кој беше внесен по вештачки пат преку вакцина, друг вирус нашето дете НЕМАШЕ, беше потполно здраво во периодот од давањето на вакцината па се до тој 27.05.2013 г. Се до денес не добиваме никаква терапија и само одиме по контроли а ова чекање не убива и целосно измачува. Доколку некој има слично искуство Ве молам да ми пишете, а јас се извинувам што бев толку детален но сметам дека ова моравме да го споделиме со поголем аудиториум бидејќи во нашава "држава" сите креваат раменици и сите на муабет (мислам повеќе на докторската фела) знаат дека причината е вакцината но никој тоа не сака на хартија да го потврди. За жал тоа е тоа, ваше е како сето ова ќе го прочитате и какви заклучоци ќе донесете но секогаш изборот е на родителите дали ќе стават или не некоја вакцина, но ова е нашето искуство. Од форум: Здраво и од мене.Одамна ме нема на форумов ама ете маката ме натера пак да се активирам. Ја прочитав темава и запрепастена сум што им се прави на нашите деца. Tatoli се надевам дека се ќе биде во ред со вашето детенце,дека нема никакви последици да му остави проклетава вакцина. И нас ни се случи нешто слично, уште живееме во хоророт предизвикан од неа. Малата има скоро 7 месеци и минатата среда,значи на 21,08,2013 бевме на 2-ра ревакцинација за дитепер и полио. Направивме сабајлето крвна слика, сите вредности беа уредни. На прегледот кај педијатар,исто се уредно,и плуќа и грло. Сестрата и ги лупна крвнички двете вакцини во ноџе,и таа со лажичка и не испрати со порака да си дојдеме за Хепатит Б по 10-тина дена. Да напоменам дека ова се случуваше во поликлиника Јане Сандански Само што стигнавме дома,после 1 саат малата крена температура. Малце чудно ми падна бидејќи од претходите немаше никаква реакција ама ајде викам ќе и помине. Температурата си раснеше во текот на денот, и морав да и дадам парацетамол. И така беше и следниот ден и тој по него, цели 4 дена поминаа а температурата никако да се симне. Парацетамолот не и делуваше, па ја бањав често, и ставам оцет...Си изгоре детево. Ајде и 5-от ден очекувам дека ќе се смири реакцијава,ништо.Веќе на 6-от ден т.е. во понеделникот ја однесовме кај матичната педијатарка исто од Ј.Сандански и она ни даде упут за хитна крвна слика и урина. Направивме и тоа, crp-то блиску до граница, тромбоцитите блиску до горна граница, леукоцити ок. Урина ок... Одговор ,,ништо не и е, ќе и помине само од себе.Антибиотици не даваме,иако грлцето и е малце црвено... Како бре црвено,па пред 6 дена беше во топ здравје...? Ми вика па да не закачила некакво вирусче...Не е вика ова реакција од вакцината, од неа 24 часа има реакција. Ја прашувам од каде знае дека не е реакција од вакцината...ми одговара дека била ,,безопасна,, и не предизвикувала реакции. ЛАЖЕЊЕ ОД СТРАВ. Бараше дури и да и се јавам дента да и ја кажам состојбата на малата. Целата беше преплашена, ја приметив. НО, иако вакцината е ,,безопасна,, госпоѓата ми даде хитен упут за на Детска клиника, ако евентуално се влоши состојбата. И така и беше.Се влоши состојбата, стигнавме до 40 температура, и вечерта на полноќ завршивме на клиника. Во меѓувреме малата доби и осип по глевчето ама само неколку точки. Докторката доле што не пречека ни рече дека е од вакцината реакција, да се спремам за лежење таму...па се јави негде горе кај друг докотор да му каже да не прими.Од таму следеше дерење како смеела да збори такви глупости дека е од вакцината тоа, па докотркава ја смени насоката, и не препрати на некаков си преглед кај тој доктор ,,горе,,. Ништо не ја прегледа, пак побара крвна слика, пак крвта ок,само вредностите од сабајле покачени, crp-то покачено, леукоцитите исто. Ама по нив тоа било нормално па немало потреба од лежење таму,да сме си оделе дома. Едвај некаков антибиотик ни дадоа, никој нејќеше да се потпише на извештајот. Овој горе д-ров вика не е од вакцината, пак се враќаме кај таа доле,она па тврди дека е од вакцината и не препраќа на имунологија. СРАМОТА. А за алергијата ништо незнаат. И да не должам, детево денеска е добро, нема температура веќе, и дадов антибиоткик, ама е многу исфрлана.Ја барав матичната, недостапна е, чиста докторска етика Во цело Скопје нема приватен имунолог, на клиника веќе неодам...и незнам што да правам веќе, душа немам... Најважното е дека на извештајот од болница стоеше ТРЕСКА ОД НЕПОЗНАТО ПОТЕКЛО Веќе моето дете на лекар не стапнува. Овие ѓубриња од вакцини ги прекинувам засекогаш, и длабоко ќе жалам за секое друго боцнато дете...Жива болест им внесуваат директно во крв. Јас ќе ги смогнам сите сили и ќе им поднесам тужби на сите од прв до последен доктор што беа во контакт со моето дете и што се обидоа да си ја заташкаат грешката. Дајте ми некој совет како да ги прекинам вакциниве...Со изјава ли беше некако? 28 Авг 2013 00:52 Еве не и нас во оваа тема. Во петокот ја вакциниравме малата со Infanrix penta трета доза. Како ја боцнаа не сакам ни да коментирам, еве ја сеуште има оток на ножето, ама тоа не ме секира. Ајде на секого може да му се случи да зграши и да не боцне убаво. Вакцината ја примивме на клиника и како и претходните пати немавме никаква реакција. Па си викам ајде ова аништо не е. Епа не било така. Од понеделникот вечерта почна да право неволни движења со главчето. И буквално кога ќе ја свртеше главата во лево, одма и клапнуваше цело тело и се превиткуваше на десна страна целата. И тоа во серии неколку пати прави, па некое време нема ништо и пак одново. Вчера сето тоа уште по интензивирано. Денес бевме на детски невролог, ја прегледа и вика супер си е детето, супер се развива. Можно е да е од вакцината, ама па може и да не е. Следете ја овие неколку дена, ако почнат да се проретчуваат испадите, тогаш е од вакцината, ако не ќе бараме од што е. Ни закажа за контрола за во вторник, па тогаш ќе правиме и ехо на ЦНС и ќе видиме што понатаму. Еев ја денес само 2-3 пати направи така, и тоа движењата се со многу помала амплитуда, па се надевам дека се ќе се среди. Како и да е ќе мора да почекаме некое време за да знаеме со сигурност што е. Додуша јас сум скоро сигурна дека е од вакцината и решив повеќе не вакцинирам. Ако ми дадат од имунологија потврда арно, ако не ќе им однесам изјава во превентива и крај. Па не е моево дете заморче, може е од вакцината, може не е 02 Окт 2013 23:04
Све што би требало да знате о вакцинама за децу http://www.vozd.in.rs/46_zdravlje.html Одличено разработена информација за секој почетник на темата. Секогаш можете да вакцинирате, но никогаш неможе да го направите обратното покасно.
Еве за ова зборував во претходната дискусија со Експерт. Линк до сајт, кој се повикува на омилените нејзини истражувачки места NLM.NCBI.NIH.GOV FDA.GOV CDC.GOV Може да се одбере! http://www.educate4theinjured.org/#!the-factsscience/cc2d И која би била оценката за релевантност, вака по твое „експертско“ мислење ? Внимавај, ова е сајт кој само ре-објавува студии. По кого ќе се плука и девалвира сеа ? Молам ако може модераторот да ги спои постовите и го избрише овој коментар. Благодарам.
Yarre, чисто онака би сакала да те прашам, нели твое е дали ќе сакаш да одговориш или не. Дали имаш деца, ги вакцинираш, каква нивната здравствената состојба?
Јас мислам дека и наназад на темата го имам спомнато. Моите двајца индијанци ( син од 7 и ќерка од 5 ) се вакцинирани само од БСЖ поради неможноста на мојата сопруга да се избори со брзината на сестрата со иглите. Кај син ми ( иако беше порано родитен, а согласно со тековните правила вакцината требаше да се одложи, тоа не се случи, дадоа вакцина на дете од 2 кг ), а сопругата не успеа уште освестена да биде после ц. рез. Кај ќерката беше баш систем заседа, дур беше во WC иако знаеа и јасно им беше кажано уште претходно. Ништо друго немаат примено, и во времето кога ги одбивме вакцините ( тогаш беше само еден педијатар, а не како сега посбно педијатар посебно лекар за превенција ) имавме огромно разбирање од него, иако педијатарот беше пред пензија и очекував противење. Геренарлото здравје се поклопува со она што го има наназад на темата во однос на Холандската студија, ( битен сегмент е дека се застапени и вакцинирани и невакцинирани ) а и онаа што во моментот се одвива преку Kiggs во Германија. Син ми досега еднаш добил антибиотик ( иако мислам дека и без тој ќе пројдевме, ама бевме во странство на одмор ) а ќерка ми никогаш. Се разбира не се имуни на настинки ама генреланата констатација од градинка е дека се најредовните деца. http://www.hrvatski-fokus.hr/index....a-djece-4-izvrsno-zdravlje-necijepljene-djece Еве новинарски извадоци, ако ме запне експерт дека не се меродавни, ене и ги погоре и студиите, за кои што немам сеуште коментар. Се надевам дека е добра и дека некој не и извршил притисок да престане да пишува во темата. Таков случај веќе имаше на друг форум. Целосно сум убеден сум во ненарушениот имунитет поради недавање на вакцини на моите најдраги, а секако од срце се радувам за сите кои успеале да излезат од стандардната матрица ( мене лично ми беше ужасно тешко бидејки и јас сум воспитувам во духот дека вакцините го спасиле светот ) и со тоа подариле секако помалку оптеретен живот на своите најдраги суштества. Мајка ми вика, ех да знаев кога ти беше дете. И таа се чудела зошто уште тогаш поедини лекари не ги вакцинираат своите деца. Сега барем информацијата ни е на дланка, родителите треба да ги знаат и двете страни на „медалот“. Понатаму, барем ќе ја немаа онаа реченица на мајка ми, ма каква и да е одлуката. Искрено мислам дека информацијата за ужасите од вакцината мораат да допрат до секој родител и до секој што дури допрва треба да стане родител. А одлуката да си биде лична на секого. ( иако и во развиените демократии, се вршат убедувања и наметнувања ). Таму нема системско малтретирање, закани и приказни, иако процентот на одбиање расте. Кај нас расте, ама и системот во моментот учи како да реагира. Заканите од надлежните веќе се потешко ги поколебуваат родителите кој одлучиле да не вакцинираат.