Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Nema sto ti da bides vo prasalnici ima strucni lica za toa i mene mi e nejasno i normalno koga nemam medicinsko obrazovanie cela sum u prasalnici. I za bilo koja sfera ako nemas edukacija kje bides cela u prasalnici.

    I sto planiras, da se molis da prelezat decata bez posledici i so strav deka mozebi kje umrat ili deka poradi tvoite nesovesni odluki moze da nastradaat i drugi deca? 21 vek sme namesto da gi iskoristime prednostite na medicinata nie se vrakjame unazad kade umirale iljadnici deca.
     
    На sofi2107, Lianna Anna, Gaga.sk и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    @Independent Girl
    Како немам што да бидам во прашалници? Ако имаш одговор на некое од моите прашања кажи ми го. Јас само сакам да бидам информирана.
    Кои се тие стручни лица што ќе одговорат на моите прашања? Те молам наведи ми со име и презиме, бидејќи јас до сега не сум ги сретнала. Во вакциналниот пункт не ми дадоа никаков одговор, а бев да прашам .
    И уште нешто видов таму докторката што ги прегледува децата пред вакцина не е педијатар.
    А ти ми поставуваш прашање што планирам да правам и самата си го одговараш.

    Јас и млеко кога купувам го гледам рокот и составот и каде е произведено, значи се информирам, па бирам кое ќе го земам, а тоа го правам и за се друго, не па за вакцини.
     
    На Te@, jacqueline.s, Jana-L и 2 други им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    33.197
    Пол:
    Женски
    Еве една студија за долгорочниот ефект на БСЖ вакцина (таа за туберкулоза). Ја тестирале ефикасноста во рок од 60 години и се покажала дека заштитува и по 60 години. Инаку студија е добра има и контролна група и добра статистичка обработка на податоците. https://jamanetwork.com/journals/jama/fullarticle/198681
    На англиски е текстот се надевам дека разбираш англиски и дека светогледот ти е малку поголем од нашава земја каде што не ни може да има вакви студии затоа што сме само околу 2 милиона народ на ова парче земја.

    Ако прогуглаш веројатни и за другите ќе најдеш вакви долгорочно студии.

    Така што прво информирај се па потоа кажувај дека сакаш да бидеш информирана. Вака на празно без да се потрудиш да бидеш информирана вистински не кажувај празни обвинувања дека немало докази,
     
    На Spidy и Ѕвездички им се допаѓа ова.
  4. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797


    Кој има имтерес, во живо стрим од конференцијата Вакцините во 21 век -предизвици со кои се сочуваме.
     
    На Jana-L му/ѝ се допаѓа ова.
  5. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    www.odnaszanas.com

    Информација од одржана конференција на тема Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме, 20-21 септември, 2019, Скопје

    Почитувани,

    Во периодот 20-21 септември, 2019 година големата Научна конференција на тема „Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме“ во Јавна соба, Скопје. На настанот присуствуваа околу 150 гости. Исто така, конференцијата се пренесуваше во живо и преку You tube каналот на здружението

    https://www.youtube.com/channel/UCUEeyU77hj7ZoachZY_ezDA

    Иако поканети, претставниците од Министерствата за здравство и образование и од Институтот за јавно здравје не дојдоа ниту да ги слушнат аргументите за незаконитоста и штетноста на присилната вакцинација што се спроведува над децата во Македонија, ниту да ги изнесат своите аргументи, доколку ги имаат. Сметаме дека навистина беше потребно да се разјасни врз основа на кои аргументи ги дискриминираат првачињата и претшколските деца и ги исфрлуваат од училиштата и градинките.

    Главни заклучоци кои произлегоа од конференцијата се:
    - Потребно е да се почитува правото на избор при секоја медицинска интервенција (вклучувајќи ја и вакцинацијата) кое го уживаме согласно сите закони и меѓународни конвенции;
    - Потребно е да се спроведува т.н.информирана согласност, односно секој родител да ги добие информациите пред секоја вакцинација и да одлучи согласно своите убедувања;
    - Да се формира македонска национална лабораторија за контрола на квалитот на вакцините;
    - Да се поттикне пријавувањето и да се спроведува вистинска статистика на нус појавите кои се појауваат кај одредени лица на кои се применува вакцинацијата;
    - Да се офрмира фонд за обештетување на лицата кои претрпеле одредени нус појави при вакцинацијата.

    Во Македонија се спроведува незаконска присилна вакцинација над децата и дискриминација на оние кои не сакаат да бидат вакцинирани; поединците се изложуваат на ризик од сериозни задравствени последици и смрт, под изговор дека се штити јавното здравје; колективниот имунитет е мит; успешноста на вакцинацијата е најголемата научна измама на 20. век; никаде во светот не постојат студии што го следат здравјето на децата после вакцинирање; лекарите не се заинтересирани да ги читаат студиите врз основа на кои вакцините се пуштени во употреба; никој не превзема одговорност кога нешто ќе тргне на лошо после вакцинацијата, се само дел од поентите што беа изнесени.

    Првата сесија беше посветена на правните и социолошките аспекти на задолжителноста/присилноста на одредени медицински интервенции, пред сè вакцинацијата, дискриминацијата на невакцинираните во однос на вакцинираните деца во контекст на меѓународното право, како и правата и обврските кои произлегуваат од Уставот и законите.

    Модераторот на сесијата 1, Гордана Гоџо, претседател на здружението ОД НАС ЗА НАС Скопје, даде вовед во околностите под кои се прогласи епидемија и сето она што се случуваше со градинките во периодот од јануари досега, како и при упис во новата учебна 2019/2020 година, сите незаконитости и патешествија со кои се соочија родителите во овој период. Посебно беше даден акцент на различноста во постапувањето на Државниот Просветен Инспекторат (ДПИ) лани и оваа година во услови кога членовите од Законот за основно образование (стар и нов) каде се дефинира потврдата за примени задолжителни вакцини се потполно исти. Сериозноста на незаконитото постапување на ДПИ е уште поголема со оглед на тоа што во новиот Закон за основно обраование посебно е нагласена забраната за дискриминација во самиот образовен процес и при упис по секоја основа, вклучувајќи и здравствен и друг статус.

    Беше даден осврт и на неколку судски пресуди за надомест на штета од нашите судови за претрпени нус појави кај лица на кои биле аплицирани вакцини, како директна последица од вакцина или неправилно применета вакцина..

    Адвокат Љупка Еленова даде осврт на членови од Уставот, Законот за спречување и заштита од дискриминација, Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за образование, Законот за заштита на децата, Решението од Уставен суд од 8.10.2014 година и Законот за заштита на правата на пациентите. Особено ги нагласи меѓународните конвенции ратификувани од страна на Република Македонија, и тоа:

    Конвенција за заштита на човековите права и достоинството на човечксото суштество во однос на примената на биологијата и медицината, каде се вели:
    член 2
    Првенство на човечкото суштество: Интересите и добросостојбата на човечкото суштество ќе преовладуваат во однос на единствениот интерес на општеството или науката.
    член 5
    Општо правило: Интервенција во областа на здравството може да се изврши ЕДИНСТВЕНО кога засегнатото лице доброволно ќе се согласи на тоа, врз основа на дадена информација

    Конвенцијата за правата на детето на ООН и Конвенцијата за остварување на правата на децата
    • Државите членки му го признаваат правото на детето на образование и поради постепено остварување на ова право врз основата на еднакви можност, посебно:
    a) Го прогласуваат основното образование за задолжително и бесплатно за сите.“

    Конвенцијата против дискриминација во образованието
    член 3
    • Со цел за укинување и спречување на секоја дискриминација во смисла на оваа Конвенција, државите членки се обврзуваат:
    • а) да ги укинат сите законски и управни одредби и да ја прекинат секоја управна практика која допушта дискриминација во областа на просветата;
    б) да преземат потребни мерки, по потреба законодавни, за да не се спроведува никаква дискриминација при приемот на учениците во школите.

    Вториот гостин - предавач на сесија 1, адвокат Нина Атанацковиќ Суломар од Нови Сад, Србија посебно се осврна на Европската конвенција за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината во биомедицината донесена од Советот на Европа, а ратификувана во Собранието на РМ со Закон (Службен весник на РМ бр. 55/2009) – Овиедо, 4.4.1997, наведена и погоре.

    Заклучок од ова предавање беше дека казнувањето на граѓаните кои не ја прифаќаат спорната превентивна, медицинска мерка, со која притоа, можат да бидат озбилно повредени и здравствено оштетени,, па дури и трајно или животно оштетени, е кршење на нивните права и доведување до уцена во ситуација на недопуштено загрозување на егзистенцијата и социјалниот статус на целото семејство. Санкции поради чинот на одбивање на вакцинација може да настанат само ако со тој чин се предизвикала фактичка опасност, а не и поради некакво хипотетичко, можно загрозување, нешто што можеби и никогаш нема да се случи,
    Беа презентирани и неколку пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбург пресудени во корист на тужителите за дискириминација.

    На сите паузи помеѓу сесиите можеа да се забележат слајдови од собрани сведоштва на родители (претставени со иницијали) кои на своја кожа или кај своите деца ги почувствувале нус појавите наведени во упатствата на вакцините. Вакви сведоштва имаше околу педесет.

    Последниот гостин предавач во оваа сесија, и воедно за првиот ден, адвокат Милина Дориќ од Нови Сад, Србија говореше за Принципот на еднаквост и еквивалентност во правото; одговорност за создадениот ризик, дискриминација на здравите во однос на пациентите со контраиндикации, незаконското заплашување на лекарите кои се борат за правата на пациентите, со закани дека поради извршување на своите должности ќе останат без работата. Таа посебно нагласи дека здравите деца немаат обврска да преземат одговорност за ризикот кој го створил некој друг.

    На втората сесија, која започна вториот ден, на 21 септември учество зедоа д-р Лидија Гајски (интернист, Хрватска), д-р Среќко Сладољев (имунолог, Хрватска), проф. Владимир Трајковски (хумана генетика, Македонија), д-р Јована Стојковиќ (психијатар, Србија), Матеја Чернич (социолог, Словенија), д-р Алма Демировиќ (патолог, Хрватска), д-р Јадранка Бибан (Македонија) и Весна Симонова (Македонија), а поканетите здравствени работници од Македонија д-р Венко Филипче, д-р Катерина Ставриќ, д-р Владимир Микиќ (единствен одговори дека за жал, овој период е зафатен), д-р Шабан Мемети и д-р Александра Гроздановска, за жал, ниту одговорија на поканите, ниту дојдоа на конференцијата.

    Д-р Лидија Гајски рече дека нема докази дека вакцинацијата ги искоренила заразните болести, како што се тврди, туку дека тие се намалиле заради други околности, меѓу кои и поради подобрените здравствено-санитарни услови.
    „Дифтеријата е скоро ерадицирана, причинителот на тетанусот живее во изметот на големите домашни животни и во земја, а се развива во анаеробни услови во нечисти рани. Комликациите од пертусис се ретки, полиомиелитис е цревна зараза што се јавува во услови на ниски санитарни услови и пренаселеност, хепатитис Б е болест на ризичните групи, зависници и хомосексуалци, а се дава на бебињата при раѓање. ХИБ може да развие потешка слика на болеста, но тоа е ретко, сипаниците се детска болест што со добра нега ретко завршува со комликации или смрт, заушките поретко можат да предизвикаат неплодност и губиток на слухот, а рубеолата има значење само за трудниците, односно за фетусите итн. Дали вакцинацијата, онаква каква што ја имаме денеска е оправдана? Некои болести со динамиката што ја имавме пред ерата на вакцинацијата веројатно ќе исчезнеа сами од себе. Вакцините може да бидат штетни, па дали е рационално да се создаваат нови здравствени проблеми, а епидемиите на краткотрајни заразни блести да ги замениме со епидемии на тешки, доживотни дегенеративни болести?“ - рече д-р Гајски.
    Исто, таа истакна дека вештачкиот имунитет е помалку квалитетен од природниот, па сѐ повеќе од сипаници ќе се разболуваат постарите лица и доенчињата. Постарите, затоа што го изгубиле вештачкиот имунитет, кој е краткотраен, а доенчињата, затоа што не добиле квалитетен имунитет од нивните вакцинирани мајки. Таа се запраша и дали е воопшто реално и паметно да се искоренат заразните болести и изнесе факти зошто е мит постоењето на колективниот имунитет, врз основа на кој е воведено задолжотелното вакцинирање.
    „Концептот на колективниот имунитет нема научна основа. Прво се сметаше дека се потребни 60% вакцинирани, па 80, еве сега и 95% од популацијата треба да е вакцинирана за да има колективен имунитет, а гледаме дека епидемиите цело време се појавуваат“ - рече меѓудругото д-р Гајски.
    Имунологот д-р Среќко Сладољев се задржа на начините на кои вакцините го збунуваат имунитетот на бебињата, кој заради дејството на вакцината е активен долго време после вакцинацијата. Тој зборуваше за штетните ефекти од вакцините што се последни опишани во науката, како „сигнална бура“ поврзана со интерфероните и синдромот АСИА, кој е поврзан со аѓувансите во вакцините.
    „Аѓувансот, односно засилувачот во вакцината постои за да предизвика продолжено дејство на лажната инфекција. После вакцинацијата во организмот има иста ситуација како да сте заразени, заради што има зголемен имунолошки надзор кој не се смирува долго време, за разлика од природните зарази во кои имунолошкиот одговор откако ќе ја заврши работата, се повлекува. Зголемениот имунолошки надзор трае сѐ додека трае дејството на вакцината, а тоа не е функционално. Организмот нема потреба постојано да е во акутна и хистерична потрага по заразата која ја нема и не може да ја елиминира. Тоа не е природно. Вакцината е така конципирана, тоа е целта на засилувачите и имунопровокаторите, да има продолжена лажна инфекција која трае долго сѐ додека тие биолошки не се разградат. Тоа трае и до една година. И сега? До колку дена ние ќе ја следиме реакцијата на вакцините кај бебињата? Само до три дена? Или за целиот период додека имунопровокаторот од вакцината е во организмот? А колку вакцини се ставаат? Децата се доведени во акутен ризик специфично да одговорат на соптвените ткива бидејќи имунопровокаторот може да се препознае исклучиво со истовремено препознавање на сопствените ткива. Науката не познава ниту една друга можност на специфичен, во оваа ситуација, автоимун одговор. Црвенило, температура? Па тоа е само убодна манифестација на вакцината. Медицината и науката признаваат и познаваат дека долготрајните инфекции се причина за автоимуните болести. Во овој случај постои аналогија - рече меѓудругото д-р Сладољев.

    (продолжува со извадоци од останатите учесници)

    Извор:

    https://www.facebook.com/odnaszanas/
     
    На Jana-L, Ѕвездички и verba им се допаѓа ова.
  6. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Ако мислиш додека се во развој, се разбира дека се прават, ист е процесот како и за сите медикаменти.
    Затоа и нема многу нови вакцини, сите пари ги насочуваат во виагра, опиати, хемотерапии, генетски терапии итн, односно терапии што носат многу пвеќе пари.
    Ако мислиш после пуштање во употреба, редовно се прават кохортни студии.
    Еве за ММР
    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4675157/

    Ако сакаш, има тестови за антигени. Авицена ги има кај нас. Кога почна епидемијата морбили, приватните болници го пратија цел персонал на испитување кој има антитела.

    Ова е погрешна изјава во старт, пошто изедначува секакви болести под една капа.
    Колку пати до сега те поминале грип и вирусни настинки и тебе и твои блиски? Имун не станал никој доживотно од едно прележување грип - не е таква болеста, вирусот на грип е чиста РНК и премногу мутира за било каков долготраен одговор да е можен.
    Значи зависи од болест до болест, и од организам до организам.

    Вакцина за Вариола Вера веќе не се дава на глобална популација, пошто е ерадицирана.
    Ако ни успее да поминеме 10 години без ниту еден случај морбили и полио на глобално ниво, и тие ќе се укинат.

    Знаеш зошто на почетокот Рубеола е давана само на девојчиња? Пошто иако кај нормален човек нема скоро никаква шанса за компликации, има шанси за побацување и невролошка штета на плодот кај трудници што ќе се разболат.
    Потоа е воведна и за машки, пошто може да се случи трудницата да има некоја инфекција, и машкото да и пренесе рубеола во критичен момент.

    ММР вакцината кај огранизам што прележал морбили, ќе го има истиот ефект како тој организам да дојде во допир повторно со заболен од морбили - ќе го зголеми нивото на антитела, односно само ќе има "бустер" ефект.

    Траен до кога, до следната инфекција со вирус што ќе предизвика насобирање на секрет во респиторните патишта што слузокожата нема да стигне до го рециклира на време, и ќе направи плодно тло за развој на секундарни инфекции со патогени бактерии?
    Човековиот Биом се состои од 20.000 видови на прокариотиски и еукариотски организми. Сложен е.
    Затоа стручни Епидемиолози и Имунолози зборат за -титер на антитела-, не за -траен имунитет-.
     
    На Spidy и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  7. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    По прашање на вакцинацијата, многу е добро човек да биде во прашалници, особено пред да дојде до моментот на раѓање на првото детенце. Паниката што обично се случува во тие моменти, не остава време за подетално истражување околу вакцините, и едноставно се вакцинира. Последиците ( во моментот почнуваат да се водат и евиденции преку сведоштва во Македонија ) ако настанат после вакцинација, неретко се трајни, со оглед дека вакцинацијата е нереверзибилен процес.

    Здружението „Од нас за нас“ се потруди да преведе званични студии и размислувања на научници и доктори по овие прашања. Неретко тука се и документи од званични институции.
    Вакцинацијата низ минатиот век, има многу контрадикторности, иако идејата е хумана. Мораш да ги разгледаш сите аспекти пред финална одлука. Повторувам, вакцинацијата не е реверзибилен процес. Нема пу-пу неважи.

    https://www.odnaszanas.com/?p=114&f...tyc9OYaGlKSaFmGWwNi1d4dKqLFG5U8KrPZdPiGjyXMOY
     
    На Ѕвездички и Jana-L им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.404
    Допаѓања:
    287.104
    Да се надоврзам на твоето мислење околу нереверзибилноста.
    Дали имаш слушнато или имаш мислење за ADVANCED TRS?
    Спреј кој овозможувал да се сврзат метали со урината и на тој начин да се исфрлат од организмот.
     
  9. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    Бев на конференцијата, но за жал само вториот ден на проф. Трајковски, бев болна и со температура исто и бебушка, па не можев да останам повеќе.
    Ја купив книгата, уште не ја прочитав...
    Моето бебе има примено 3 вакцини, после третата беше хорор филм 2 недели, Др. ми шепна дека е од вакцината. Јавно никој не кажува ништо, таа за сега нема некои видни последици. Затоа и сум во прашалници, кој не го доживеал ова на свое најмило не разбира што зборувам, и во ред е тоа. Почитувам различни мислења, секој со своето. Но се тече се се менува...
    Идејата е хумана, се сложувам, но колку е тоа реално? -тоа не знам...
    Ја сум ЗА современи медицински постапки и лекувања, и самата имав 7 IVF постапки и покрај тоа што ги знам последиците по моето здравје, меѓу кои и можноста за појавата на тумори, но одлуката беше моја за се што правев. А ова со вакцините...страшно ме нервира што ни еден лекар не кажува ништо повеќе, само "така треба" и терај...
     
    Последна измена: 30 септември 2019
    На verba му/ѝ се допаѓа ова.
  10. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    Немам слушнато за наведениов производ но знам за 2 случаи на третман на деца со аутизам кои се третирани релативно успешно со некакви суплементи, кои се сведуваат на исфрлање на метали. (Тука е и прашањето на нивото на тие метали во организмот нагло зголемени после вакцинација).


    Ако не е тајна, што е хоророт од вакцината ?

    Инаку и јас бев на конференцијата, ми се допадна севкупната организираност, и отвореноста на учесниците.
    Целата конференција е ставена на youtube и поделена по учесници. Колку рекоа, ќе има и преводи од српски/хрватски наскоро на самите видеа. Гледам уште не стигнале да преведат, ама се разбираат.

    Др. Владимир Трајковски


    Др. Среќко Сладољев. Излагањето е подолго, и пред се наменето на неговите колеги - имунолози.


    Др. Јована Стојковиќ


    Др. Алма Демировиќ, но прво мајка, како што вели таа. Детенце со Алопеција, после вакцина



    И останатите, на каналот на youtube на здружението.
     
    На Jana-L и Ѕвездички им се допаѓа ова.
  11. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    Неколку работи беа, прво видна вознемиреност, неутешно плачење без престан, дење ноќе, спиење едвај по 2саати, одбиваше да пие млеко, потоа почна да ја треска главата, па да ја врти лево десно без престан, па почна да мава со едното раче, долготрајно и повторливо движење. Плачењето не престануваше цело време освен кога едвај некако ќе заспие 2 саати.
    Цело семејство бевме на нога, сите да ја држиме на смени, некогаш не даваше никој да ја пипне, само лежи и се треска со главчето...
    Не реагираше ни на името, како да беше тотално во аут, исклучена, со отсутен поглед...
    Итн
    А претходно немаше ама буквално ништо од ова...
    Докторот не испрати на детски Невролог, таа ни даде некои упатства во смисла да смениме поза на држење, што делумно помогна, кон крајот на втората недела после вакцината се ова исчезна спонтано. Се појави и нешто друго, но не би пишувала за тоа тука...
     
    Последна измена: 30 септември 2019
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.273
    Допаѓања:
    136.849
    FB_IMG_1570783367099.jpg
     
    На yarre и kukla21 им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.404
    Допаѓања:
    287.104
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.273
    Допаѓања:
    136.849
    Вистина е, нормално дека полицијата нема да потврди оти знаат дека зезнале. Иначе полицаецот е инспектор, а детето уште не знам кое е, ама ќе разберам.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.862
    Допаѓања:
    325.846
    Пол:
    Женски
    вистина

    Ја сеа би опнала тужба до школото и директорот за кршење на човекови права
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.128
    Пол:
    Женски
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.404
    Допаѓања:
    287.104
    Боже мој, вистина било.
    Има ли закон во оваа држава.

    Кои трауми за детево...
     
    На joy1, yarre, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.730
    Допаѓања:
    35.742
    Пол:
    Женски
    Какво црно школување дома?! Не ми се верува што читам!!! Од еманципирани, модерни, образувани жени!!! Поддршка за дискримирањето?!!!
    Срамота!!! Срамота за сите кои ова го сметаат за оправдано! Срамота за државата која го дозволи ова и не изнајде механизам да го реши проблемот со невакцинираните без притоа да ги дискриминира и обесправува децата кои за ништо не се виновни.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.128
    Пол:
    Женски
    Во многу држави е легално и во Европа и САд.
    Друга алтернатива, незнам.Ако законот не дозволува невакцинирани деца во школо,кое е решението освен тоа?
    Да ги примат во школо,тогаш законот се крши.Да не ги примат,детето останува без образование.

    Казните и притисок за родителите?
    Франција почна така со огромни казни,Словенија не прима во школо без 5 од 9 вакцини,Италија исто.
    Пак детето ке остане надвор од образовен систем.
    Еве незнам.
    Антивакцинашите често предлагаат учење дома,па ако е тоа нивни избор,не гледам проблем.
     
    Последна измена: 13 октомври 2019
  20. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    Еве што изјавува мајката од Велес.

    https://www.facebook.com/odnaszanas/posts/137610130948747


    НАУЧЕНАТА ЗАКЛЕТВА ОСТАНА НЕИЗУСТЕНА

    Во текот на одбележување на детската недела на правата на децата, моето прваче беше најбрутално дисктриминирано

    ...
    Во текот на месец мај, согласно законскиот рок за уписи според Законот за основно образование, поднесовме документи за упис во прво одделение на нашето дете во ООУ „Блаже Конески“ Велес, при што бевме уредно тестирани од страна на психологот на училиштето.

    Сметавме дека нашето дете е запишано и се радувавме на првачето, сè до моментот кога на ден 2.9.2019 година во 18 часот директорот на ООУ Блаже Конески Велес, Јованче Манасков во телефонски разговор ни ја наруши радоста кога нè извести дека нашето дете нема да биде запишано во прво одделение доколку не однесеме потврда со примена МРП вакцина.

    Утредента појдовме да разговараме со директорот Манасков на која побаравме и писмено образложение зошто нашето дете не смее да посетува настава. Тој во текот на разговорот нејасно го цитираше член 60 став 2 од Законот за основно образование кој гласи: ,,При запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, офталмолошки и стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа“ и доколку не ги доставиме нема да биде запишано во прво одделение. Тој самоволно го толкуваше членот дека е потребно да се достави потврда со примени сите задолжителни вакцини, што во суштина не е вистина. Овој член е сосема ист со членот 46, став 2 од стариот Закон за основно образование и во последниве триесетина години секогаш се толкувал како носење на потврда, било празна или полна. Училиштето не е должно да се грижи за вакциналниот статус на предучилишните деца, туку според Правилник, само го проверува нивниот статус. Се прашуваме дали ако детето има два расипани или пломбирани заби, или носи очила, исто така нема да биде примено во училиште?

    Исто така, смирено и најдобронамерно му укажавме дека како родители не сме благовремено известени од службите на училиштето согласно законскиот рок за уписи според Законот за основно образование, најдоцна до 15 јуни (или 30 јуни по стариот Закон), според кој тричлена комисија треба на писмено да го извести родителот (старателот) за причините за незапишување на детето и да достави и правна поука. Согласно тоа, училиштето го прекршило Законот. Заклучок од овој состанок беше дека детето ќе биде допишано со молив како последно на списокот и ќе биде повикано на свечениот прием во неговото одделение, како што и се случи подоцна. Во нас се врати надежта дека сепак сè ќе биде во ред и првачето ќе продолжи да се дружи со своите другарчиња и да посетува настава.
    Но, тоа не траеше долго. Веќе следниот ден, на 4.9.2019 година добивме писмено известување од страна на училиштето дека нашето дете нема да биде запишано во прво одделение, каде се цитира член 46 став 2 и се наведува дека владее епидемија на морбили и потребно било да однесам потврда за примена МРП вакцина. Известувањето не е добиено до законскиот рок (30 јуни), не е потпишано од страна на тричлена комисија, туку само од директорот и не постои во него правна поука. Поради сето ова ние продолживме и понатаму да го носиме детето во училиште.
    Цела седмица сè беше во ред, за да потоа на ден 11.9.2019 година психологот на училиштето Милица Темелковска телефонски ме извести да го земам детето од училиште, затоа што во спротивно детето ќе било оставено кај обезбедувањето, кај стручните служби и каде сè не. Во тој момент чувствата во мене зовреа, овој психолошки терор наместо да исчезнува, само се продлабочуваше. Сепак, најсмирено што можев во тој момент ѝ одговорив: „Вие ќе оставате дете кај обезбедување, а се нарекувате детски психолог?“

    После оваа случка, повторно разговаравме со директорот и психологот на училиштето и им дадовме до знаење дека ќе продолжиме да го носиме нашето дете сè додека не добиеме писмена одлука од Министерството за образование и наука дека истото не е запишано во прво одделение и дека не смее да посетува настава.

    Во меѓувреме, откако го добивме писменото известување од училиштето, на ден 16.9.2019 година поднесов претставка до Државен просветен инспекторат (до инспекторот Гордан Стојчевски) од каде сè уште немам одговор. На 30.09.2019 година поднесов приговор и до Градоначалникот на град Велес од каде исто така немам одговор. Испратив и електронска пошта до министерот за образование и наука Арбер Адеми, но одговор немам ниту оттаму.

    Нашата одисеја со директорот Манасков продолжи откако тој го пријавил случајот во Центарот за социјални грижи. Социјалниот работник увиде дека се работи за загрижени и одговорни родители и не констатираше никакви неправилности од наша страна, поради што ни укажа дека навремено ќе го извести училиштето. Меѓутоа, директорот незадоволен од ваквата одлука на социјалната служба, лично се обратил до истата служба со произволна изјава дека го оставаме детето на улица пред училиштето, за што најодговорно тврдиме дека не е вистина. Имено, секој ден детето го носиме во училница и го предаваме на наставничките.

    После неговата произволна изјава повторно бев повикана од страна на Центарот за социјални грижи, каде што пред четиричлена комисија повторно ја образложив целата ситуација, за да на крајот тие констатираат дека не се надлежни за конкретниот случај и за тоа директорот претпоставуваме дека е известен.

    Незадоволен и од ова известување, директорот Манасков продолжи и понатаму со тортурата, со тоа што побарал од одговорните наставнички да потпишат писмена изјава дека нема да го примаат детето на настава (ова ми е усно кажано од една од наставничките). Ние ги советувавме дека не би требало да потпишат таква изјава, бидејќи утре и тие би можеле да трпат последици, но сепак, тоа е нивна одлука.

    На ден 9.10.2019 година јас и моето дете бевме спречени да влеземе во училиштето од страна на обезбедувањето во него, а по наредба на директорот Манасков, како што ми беше кажано. Детето го оставив во училница за да не доживува дополнителни трауми, а јас и обезбедувањето отидовме кај директорот, каде што му посочив дека нема право да го злоупотребува обезбедувањето и да го отстрани моето дете надвор од училиштето. Му кажав дека детето е во училница, а тој не смее да го извади со обезбедување и да го избрка.

    Потоа отидов во полициска станица и пријавив дека директорот со помош на обезбедувањето го спречува моето слободно движење кое ми следува и по Устав и ме спречува детето да го оставам во училница. Полициските служби направија записник кој го потпишав, но немам примерок од него бидејќи не се должни да дадат копија. Сепак, тој може да се најде во архивата на полициската станица.

    Конечно дојде и тој свечен ден. Нашето прваче ја очекуваше приредбата по повод одбележувањето на Детската недела за правата на детето и свечениот прием во Детската организација. Се разбуди уште во 6 часот изутрината и со нетрпение исчекуваше да ја каже свечената заклетва. Со ведро лице го спремав и зборувавме за тоа, а со трепет во душата исчекував што ќе се случи. Се надевав дека барем тој ден нема да му го ускратат и да му го направат пекол, наместо ден за вечно сеќавање.

    Иако усната забрана за слободно движење не е валидна, сепак одлучивме тој ден бабата да го однесе детето во училиште, а јас и сопругот стоевме надвор во дворот. Детето било примено во училница од страна на едната наставничка. Кога бабата заминувала од училницата ја пресретнала другата наставничка во ходникот и ѝ рекла дека ќе мора да го земе детето, ако не, ќе бидат приморани да го извадат со обезбедување. Бабата рекла дека таа нема да преземе ништо без родителите и нè повика преку телефон. Во меѓувреме дошол директорот и психологот, а влеговме и јас и мојот сопруг. Повторно му објаснивме на директорот дека нема право да го брка моето дете од настава. Но, тој рече дека пристапот во училиштето ни е забранет и дека ќе повика полиција.

    Полицијата, инспекторот од Државен просветен инспекторат (ДПИ) Гордан Стојчевски и општинскиот инспектор надлежен за образование Македонка Виларова се створија во училиштето во рок од неполни десетина минути. Разговаравме во салата за наставници која е во близина на училницата на моето прваче. Првично, испекторот Гордан Стојчевски усно му сугерираше на директорот да дозволи детето да присуствува на приредбата затоа што во спротивно прави дискриминација, но, директорот тоа го одби.

    Откако ние како родители на инспекторот од ДПИ му образложивме дека нашето дете според Устав и Закон има право на задолжително основно и средно образование, инспекторот почна да го повишува тонот и да потенцира дека тој е инспектор, дека не треба ние да му кажуваме како да си ја врши работата и дека ќе нареди од тој момент детето да биде избркано и повеќе нема да смее да присуствува на настава. После разговорот со сите инволвирани страни, директорот, психологот, полицијата и инспекторите, бевме приморани да го земеме детето од училницата каде тој веќе беше останат сам со едната учителка. Сите останати дечиња беа подготвени да одат на приредбата. Го прегрнав и му реков да не се грижи, дека сè ќе биде во ред.

    Претставниците од полиција ги замоливме да направат записник дека дошле на повик и зошто се тука, на што инспекторот од ДПИ грубо ни одговори: „Нема што вие да кажувате, полицијата си ја знае работата“. Претставниците од полицијата нè чекаа да го земеме детето и следеа дали ќе го напуштиме училиштето. Кога излеговме, едниот од нив на сопругот му рече: „Извини“.

    И така, парадоксално, на денот кога требаше да се празнуваат ПРАВАТА НА ДЕТЕТО, врз нашето дете беше применета најсурова, најбрутална дискриминација и беа прекршени сите негови права. Директорот Јованче Манасков нè избрка од училиштето пред сите првачиња и наставници. Научената заклетва остана неизустена.

    Се прашувам дали сега директорот и инспекторот спијат мирно? Ја завршија својата задача која веројатно сами си ја поставија? Се справија со невино, шестгодишно дете! Секоја чест, успеавте!

    После овој суров чин, детето го згрижив и појдов во Скопје, во дирекцијата на Инспекцискиот совет. Ме примија многу љубезно и ме советуваа веднаш да поднесам претставка кај нив против инспекторот од ДПИ што и го сторив. Во меѓувреме моето прваче се исплашило дали можеби сум во полиција и побрзав да се вратам дома. Тоа беше единствен ден кога детето нешто виде околу сите настани што се случуваа и тоа поради акцијата на директорот Манасков со повикување на сите инволвирани страни во ходникот пред училниците на првачињата. До тој ден сите околу него ведро го згрижувавме и си игравме со него, како не би почувствувал ништо од тортурата која се правеше врз нас, а фактички насочена кон него.

    Во нашиот дом дојдоа и претставници од Центарот за социјални грижи, по инсистирање на директорот Манасков иако претходно му образложиле дека не гледаат никаков проблем во нашето семејство и дека сметаат дека овој случај не е под нивна надлежност. Биле примени најљубезно од страна на мојата мајка, а моето прваче дури им нацртало и цртеж со четиричлено семејство, сите насмеани и весели. Записникот од нивна страна е многу коректен. Примерок немаме бидејќи не се должни да ни дадат, но верувам дека и овој записник може да се најде во архивата на оваа служба.

    Против директорот Јованче Манасков е поднесена кривична пријава, а против инспекторот од ДПИ претставка до Инспекциски Совет. Се надеваме дека овие институции ќе си ја завршат својата задача и ќе спречат вакви случувања во иднина.

    Градоначалникот Аце Коцевски во изјава за медиумите изјави дека детето мора да посетува настава, иако ние на писмено сеуште немаме одговор оттаму. Секако дека детето ќе посетува настава. Единствено што во моментов траумата е голема и ни треба време да размислиме како понатаму. А прашање е и дали воопшто ќе одиме во истото училиште. Тие не го заслужуваат моето дете.

    Се надевам дека сите овие случувања наскоро ќе исчезнат од моите сеќавања, а првачето ќе ја заборави сликата со полицајците и како неговите родители зборуваат со нив. За причините зошто не присуствувал на приредбата, ќе треба повеќе да се потрудиме, но сигурна сум, ќе успееме и во тоа. За негово добро.

    А сите инволвирани страни кои му го направија сето ова на нашето дете, треба да сносат последици, не толку заради некаква одмазда за нас, тоа никому не донело добро, туку заради пример во иднина никому да не му текне да изигрува локален шериф и да крши Закони и Устав. Не е мое да кажам кој е виновен. Не насочувам негативни мисли ниту против директорот, ниту против инспекторите, ниту пак против полицијата. Се надевам има служби кои ќе утврдат кој за што е виновен, доколку постои вина. Сè што сакам е вистината да излезе на виделина и да бидеме оставени да ги уживаме нашите права како рамноправни граѓани на оваа држава.

    Претпоставувам дел од читателската публика нема да обрне внимание на правата на детето, туку само ќе се праша: „А зошто едноставно не вакцинира и готово? Ќе заврши работа“.

    Почитувани, правото да се одбие медицинска интервенција – вакцинација и правото на т.н. информирана согласност е запишано во нашите Закони. Секој пат ќе постојат милион различни причини зошто некој не вакцинира, било од убедување или медицински причини. Секој може да истражи и научи.

    Присуството на научната конференција во септември во Скопје каде говореа еминентни научници и адвокати од земјава и регионот само ги потврди моите сознанија. Наместо да направам кривично дело и да „се снајдам“, јас одлучив да го уживам моето право на избор кое го имам согласно Законот за заштита на пациентите и ратификуваните меѓународни конвенции од страна на оваа држава. И никој на овој свет, особено не некој локален шериф не може да ми го одземе тоа право! Ако треба да се докажуваме и пред Европскиот суд на правдата, ќе се докажуваме и таму! Ама тогаш оваа држава ќе плати голема отштета за сиот психолошки терор кој го преживеа целото мое семејство, а најмногу детето!

    Со почит,
    ТАЊА ПЕРКОВА, родител
     
    На Te@, Ѕвездички, manako1 и 2 други им се допаѓа ова.