Законски ли е ова? Се прашувам дали буквално сите првачиња во цела држава се вакцинирани, дали и во други училишта има вакви случаеви на избркани деца, или можеби секое школо има своја политика па има и невакцинирани некаде... Страшно кршење на основните права на едно дете.
Со негово невакцинирање му се скршени правата и од страна на неговата мајка. Детето има основно право на здравствена заштита,кое неговата мајка го прекршила, поради нејзини уверувања детето е невакциниранo односно незаштитено. Греота за детето, ни криво ми должно е растргнато.
Државата мора на соодветен начин да се справи со сите поединечни случаеви и фа се најде решение. Тоа што мајката одбила вакцинирање не е изговор и причина за јавните институции да си дозволат вакво нешто. Нема изговор за ова што го направиле.
Нема изговор туку колку што знам има закон и одлука невакцинирани да не се примаат во школо. За решенија се сложувам дека треба да се најдат. Детето е најголема жртва тука.
Денес на Алфа имаше прилог со изјава од мајката и од директорот. Директорот во прилогот се прашува како да постапи, со оглед дека надлежниот над него, министерот и МОН заедно, мудро си ќутат. Очигледно дека сваќа во каков правен расчекор е, па прашува како да постапи, дури се упатува и до директорите на училиштата кои ги примиле невакцинираните првачиња, да праша како го направиле тоа. Правно, тој е оној што ќе одговара за непримањето на детето. Во училиштето на моите деца, како член на Училишниот одбор, знам дека се примени 4 невакцинирани првачиња, и нема фама околу тоа. Во истото, има вкупно 86 невакцинирани од 1-9 одделение, што е голема бројка ако се земе вкупниот број на ученици, Директорот констаираше дека нема никаква наредба од МОН за непримање на невакцинирани деца и дека него министер му е Адеми а не Филипче. Здружението, од Нас за нас,преку адвокатска куќа, има побарано официјална информација за прогласување на епидемија од 2 Јануари (неработен ден), од Владата на РМ, и таков документ не е доставен до нив, ниту пак може да се пронајде на сајтот на владата, како што се пронаоѓаат други информации и одлуки од седници. За прогласување на на епидемија на морбили во 2011 година одлука од тогашната влада - има. При таа епидемија не се направени вакви сегрегациски мерки. Во поглед на законската регулатива: Закон за основно образование. · Член 3 (1) Секое дете има право на бесплатно и квалитетно основно воспитание и образование во основно училиште. · Член 5 (1) Во основното воспитание и образование се забранува секоја директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување на дискриминација и помагање во дискриминаторско постапување по основ на пол, раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, попреченост, род, сексуална ориентација, родов идентитет, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, други видови уверувања, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба и општествен статус или која било друга основа која е предвидена со закон или со меѓународен договор ратификуван согласно со Уставот на Република Северна Македонија во остварување на правата од основното образование. · Член 5 (2) Се забранува секој облик и вид на дискриминацијаво основното образование и тоа во: o (2) - процесот на запишувањево основното образование, · Член 8 (1) Основното образование е задолжително, трае девет години и се организира во три воспитно-образовни периоди и тоа од прво до трето одделение, од четврто до шесто одделение и од седмо до деветто одделение. · Член 61 (2) За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла на училиштето, најдоцна до 15 јуни. ( не на 1ви септември, м.з ) · Член 61 (4) За незапишувањето, односно за неподготвеноста на детето за тргнување во училиште, комисијата од ставот (1) на овој член е должна писмено да го извести родителот, односно старателот најдоцна до 15 јуни. ( не на 1ви септември, м.з ) · Член 169 (1) Глоба во износ од 301 до 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на директорот на основното училиште, ако: o (7) - основното училиште навреме не организира и не изврши запишување на ученици (член 60 став (1) од овој закон), · Член 169 (1) Глоба во износ од 301 до 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на директорот на основното училиште, ако: o (10) - не го извести овластениот просветен инспектор на општината за децата кои не се запишани, (член 64 став (1) од овој закон), · Член 170 (1) Глоба во износ од 401 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на директорот на основното училиште, ако: o (1) - во основното училиште се врши дискриминација (член 5 став (1) од овој закон), · Член 170 (1) Глоба во износ од 401 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на директорот на основното училиште, ако: o (5) - се врши телесно, психичкои сексуално малтретирање и казнување на ученикот и понижувачко однесување и постапување кон него (член 65 од овој закон), Покрај одредбите од Законот за основно образованиие, Ве молиме земете ги предвид и одредбите од Уставот на РСМ: · Член 44: Секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно, Меѓународни конвенции ратификувани од РМ · Европска конвенција за човекови права, член 2 од Протоколот: Никому не може да му се одземе правото на образование. Во своето дејствување во областа на образованието и наставата, државата ги почитува правата на родителите да обезбедат образование и настава во согласност со своите верски и филозофски убедувања. · Конвенцијата за правата на детето на ООН и Конвенцијата за остварување правата на децата донесена од Советот на Европа 1996 година а ратификувана од РМ (Службен Весник на РМ бр.12/02). Во член 28 се вели: „Државите членки му го признаваат правото на детето на образование и поради постепено, остварување на ова право врз основата на еднакви можност, посебно: a) Го прогласуваат основното образование за задолжително и бесплатно за сите.“ · Меѓународен пакт за економски социјални и културни права - член 13 став 1 „Државите - страни на овој пакт го признаваат на секое лице правото на образование. · Европската конвенција за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината во биомедицината донесена од Советот на Европа, а ратификувана од Собранието на РМ со Закон (Службен весник на РМ бр.55/2009), Oviedo, 4.IV.1997), Член 2 - Првенство на човечкото суштество - Интересите и добросостојбата на човечкото суштество ќе преовладуваат во однос на единствениот интерес на општеството или науката. ( внимавајте на ова, човечкото суштество преовладува во однос на општеството м.з ) Член 5 - Интервенција во област на здравството може да се изврши единствено кога засегнатото лице доброволно ќе се согласи на тоа врз основа на претходно дадена информација. Тоа лице треба претходно да добие соодветни информации за целта и природата на интервенцијата, како и за последиците и ризиците од истата. Засегнатото лице може да ја повлече согласноста во секое време.
Еве и во Италија децата што не се вакцинирани учат дома, како на кој начин не знам. Колку што знам низ групите пред школска возраст невакцинираните дечиња ги чуваат дадилки, за во училиште веќе кога тргнуваат немам прочитано искуство ама знам дека некои се дома односно знам за скорашен донесен закон кој што државата воведе да плаќаат месечно казна на државата. Да така ништо не ме чуди. Без вакцинален картон ниту тука не примаат и не само тоа туку и бркаат. Сите оние невакцинирани деца (а ги има) што одат на училиште успеале родителите "да ги пикнат децата илегално" знам за такви случаеви и нелегални потврди или што год и да е. Сумњам дека и во многу други европски држави е така. Не сумњам туку сигурна сум затоа и не ме чудат мерките донесени во Мк. Ништо чудно и веќе видено. Исто не би ме чудело да има и дечиња невакцинирани со нелегални потврди и вакцинални картони во Мк и тоа е веќе видено за жал. @Cosmi се согласувам со тебе и со информациите што ги даде низ Еу бидејки е така како што кажа. Е сега замислете да се најдете во сред епидемија на морбили како тука што беше во 2017 година со многу многу мртви за жал, точната бројка не ја знам не се секавам на нејзе, а детето ви е невакцинирано што ќе правите?! @danichap Ајде .. во Мк беше бројката многу многу помала и на заболени и на сериозно заболени со тешки последици и за жал со многу мртви, нема да воведете ваков закон? Кога се во прашање многу луѓе.. Јас мислам дека овде бројката беше аларматно 5 пати поголема и на заболени и на последици и на мртви за разлика од Мк. Јас вакцинирав. Ве сваќам сите до една со сите ставови, па и оние кои што не вакцинирале АМА аларматна е болеста која што доаѓа ненајдено. Ве разбирам и вас навистина, и јас до скоро бев скептик и во прашалници НО вакцинирав а сите останати ве разбирам и НИКАКО не ви судам. Кажувам дека јас решив да вакцинирам и вакцинирав. Како што оди работава сметам дека низ цела Европа и Балкан ќе биде тукашниот и веќе Македонски закон за задолжителна вакцинација бидејки болестите се враќаат и на секаде има разно разни лоши случаеви.
@vitamina јас имам на писмено препорака од тим доктори, специјалисти, да не вакцинирам. Ако поништат мислење на уни клиника и врвни доктори од истата...да, нема да знам што да правам. За другите две деца ќе чекам донесување закон и извештај од градинка во врска со истиот.
Врз кој основ не ги пуштаат децата да одат во школо, а образованието е задолжително??? И во градинка бараат потврди за вакцини. Дури и на врата има соопштение дека децата што не се вакцинирани нема да бидат примени. На мене ми бараа две потврди - една од поликлиниката кај што ги вакцинирав, а другата од матичниот.
Мајката е очигледно добро подржана што и како да прави од антивакциналните другари. Франција. When children register for school in France, parents will be asked to provide, among other health records, proof that they have been vaccinated. And since a new law was introduced, a total of 11 vaccinations are now compulsory in France. Any child who has not had the full 11 vaccinations by the time they start in full time education (which is now compulsory from the age of three) will not be fully enrolled in school.
Те разбирам, односно знам. Зборував за другите две, а и знам дека ти не би, нормално никој не би во такви околности ама пробај да испиташ и кај нив па потоа да вакцинираш. Би требало да ти дадат за вакви случаеви испитувања. Ние скоро се вакциниравме, имаше реакции за морбилите како осип темп омалаксаност една недела. А третата доза што ни беше останала помина без апсолутно никаква реакција. Другите две што ги нудеа беа незадолжителни па не ги ставивме.
@OutOfAnywhere Гледам дека сте многу информирани за вакцините, ве молам помогнете ми како да ги третирам информациите од ова видео. Навистина ми е потребно вашето стручно мислење. Благодарам однапред https://www.facebook.com/EFVV.eu/videos/2379498335599360/?v=2379498335599360
@Ѕвездички Одличен линк за отварање очи соодличен истражено прашање - што се има во вакцините. Не после - „нисам знајала“. Инаку, во моментот очигледно е оркестрирано заташкување или смирување на темата. За мене причини непознати, но искуствено, ниту прв ниту последен пат. И ботовите се со дигната рачна. Па незнам колку да очекуваш одговор. И ако го добиеш, тоа ќе биде во правец на деградација на информацијата. Медиумската блокада на темата е на највисоко ниво, и да, и тоа ниту е прв ниту е последен пат. Во моментот врелиот костен на непримените првачиња си го префрлаат инспекциите од МОН и директорите на училиштата. А МЗ ја продолжува „епидемијата“ и го држи врелиот костен загреан. Колку што приметувам, Алфа, и ТВ21 покриваат дел од настаните и состојбите. Јанко од емисијата Јади Бурек, независно какви мислења имам за него, дозволува јавно осознавање на состојбите. Во неговата емисија имаше плејада од политичари и лекари, но за оваа тема, иако повикани, едноставно не се појавуваат. Тоа е принципот. При директно соочување на факти, се користат две алатки. Или ад хоминем напад кон личноста и деградација, или едноставно бегање и непојавување. Фактите не одат во прилог. Конференцијата која беше поддржана од владата, иако ветено, ете како што изјвавуваат од здружението - не се појавиле преставниците од МЗ и МОН. Здружениево, после одличната организација на конференцијата, во петок, 18,10 организира марш, барајќи одговори на прашања и средби со надлежни институции. https://www.facebook.com/events/740137986398211/ Еве ја емисијата на Јанко од вчера. Мајкиве нит се прости, нит се необразувани. Отворени и ведри личности се.
Од кога е родена ќерката, маж ми не престана да ми праќа антиваксерски текстови, постови, сензационални наслови и слично. Повеќе прочитав за вакцините овие 9 месеца отколку претходно цел живот. И ниедна статија не видов што ми даде научно поткрепени докази за штетноста на МРП вакцината, ниту ме пресомисли да не вакцинирам. Бидејки епидемијата се стиши, со маж ми направивме компромис да чекаме до редовните 13 месеци за да ја вакцинираме наместо сега како што е на 6 месеци. Секако баба ќе ја чува до 14 месеци бидејки има одмор, таман да прими вакцина и да тргне во градинка. Да одлучував јас сама, ќе ја вакцинирав сега и ќе ја пуштев во градинка. Атер на маж ми, ете попуштив. Не се плашам ни најмалку од ниедна вакцина до сега што ја примила, не се плашам и од оваа. Вакцините постојат да не заштитат. Јас трудна се вакцинирав од хепатит (како медицинско лице спаѓам во ризична категорија), таму кај што ме вакцинираа ме гледаа како ненормална, очигледно бев прва трудница што се вакцинирала (инаку и трудници спаѓаат во ризична категорија од заболување од хепатит, зошто има сериозни последици за плодот, исто како и морбилите). До последен ден од бременоста работев со пациенти, и многу повеќе се плашев од можноста да фатам реална болест, зошто имам пациенти кои знаат дека имаат хепатит, и многу кои не знаат или не сакаат да кажат. Јас моето дете не би го пратила во градинка или школо ако не е вакцинирано. Го оставаш незаштитено и го праќаш во петриева тацна од болести? Исто како да го праќаш во затворена игротека во најголема сезона на грип, со многу пострашни последици. Да беа вакцините толку страшни и штетни, ќе откриеја до сега сто пати. Секој лек има можни несакани последици, ама секоја посериозна болест има сигурни (често летални) последици. Ова со неваквинирањето ми е исто како Стив Џобс што отиде да се лекува од рак кај хомеопати. Да беа бабини лекови чарето за рак/било која друга болест, фармаколошката индустрија немаше да постои, и луѓето ќе се намножеа до денешните 7 милијарди уште пред илјада години.
Колку неточни лажни и манипулативни тврдења во видеово, кај и да се свртиш... Место да трошиме зборови тука, повели, убаво образложено колку врска нема со реалност видеото, ама и те како е проткаено со религиозната конзервативно католичка догма на жената што ја цитираат во него: https://scienceblogs.com/insolence/2015/08/24/more-horrible-antivaccine-science-from-theresa-deisher Еве и за "студијата" од 2019 https://healthfeedback.org/evaluati...-unsupported-and-implausible-theresa-deisher/
Рециклиран линк за повторно рециклирани стари лаги и дезинформации, по којзнае кој пат. Ах да, сите што не се сложуваат со вас антиваксерите и укажуваат дека тропате глупости до бесвест мора да се дел од некоја глобална завера против вас. Колку типично фундаменталистичко однесување. Ама полесно отклку да прифатите дека поради вас умреа бебиња, па тек тогаш се свестија луѓе со кои религиозни фанатици си имаат работа.
Германија "Unvaccinated children will not be accepted and, as it is illegal to homeschool your children in Germany, the new legislation essentially amounts to a countrywide vaccination obligation." https://www.iamexpat.de/expat-info/...any-passes-compulsory-measles-vaccination-law
Колку убаво го опишуваш однесувањето на антиваксерите... Секој пат кога ќе се укаже дека тоа што се постира е тотално неиздржано и паѓа на основна проверка, нема одговор, и само гледаме репостирана друга глупост. Пошто после соочување со фактите има само бегање назад во култот. Или едноставно има повикување дека тоа е дел од глобалната завера против култот.
Значи и Германија. Тоа го зборев од лани,незадолжителна вакцинација може лесно да стане задолжителна,секаде,ништо не се прави со преселби.