Точно! Законите се менуваат секаде каде и да отидеш поготово збиднувањата во последните годините си го направија своето, откако народот престана да вакцинира и беше нормално затишје пред бура работава со оналкава бројка на невакцинирани посебно морбилите. Иначе да, мислам од март во германија ммр ќе.биде задолжителна, сличен статус читав и за англија, исто ги претискаат за да се стави задолжителноста на ммр со оглед на тоа што бројот на заболени од морбили постигнал голема бројка и таму.
Во Германија викаа од март но сеуште нема ништо стапено на сила. Минатата недела прашав во градинката и кај матичниот, рекоа немаат добиено никаков допис во врска со задолжителната на вакцини за упис во градинка. Ќе пишам кога ќе добиеме известување.
Само што се вратив од родителско во градинката кажаа дека мора децата кој ќе посетуваат градинка од март да бидат вакцинирани со ММР.Во нашата градинка имало само 2 деца.Мојата не ја бројат оти има една доза. Ама не знаат како ќе постапат со децат изгледа нема да ги примаат.
Тогаш рекоа дека нови невакцинирани деца нема да примаат а веќе примените ќе имаат една година рок за да ја примат. Ќе чекам и кај нас во Баерн да стаса извештајот штом веќе стасал кај вас. Само не знам за првачиња како. Не ме интересирало и немам информација дали нема да смеат да посетуваат настава. Уште сега знам дека ме чека дискусија со гесундхајтсамт.
Твојата има потврда од доктор за да не биде вакцинирана и мислам дека нема да имате проблем и не би требало да имате. Само споделив што кажа директорката.Дека и они се уште не знаат што ќе прават со децата немале известување.Ама штом го спомна ќе го имплементираат.Еве и ние сме делумно вакцинирани и никако да оздрави за вакцинаВеќе 3 пат одложив со веќе направен термин.
Докторката рече дека не е надлежна. Дека она нема ништо со мислењето од болница кое го имам. Да си расчистам со Гесундхаитсамт. Она ништо не знаела ниту за забраната ниту за следен чекор. А според искуството што го имам со гесундхаитс ама сигурна сум дека ќе имаме дискусија... Целосна незаинтересираност и индиферентност, ко на пазар да прашував, не матичен педијатар.
@danichap Можеш поточно да информираш, со оглед дека си таму ? Согласно пријателка во Ланген (со маж и сме пријатели пред тој да се отсели), вели дека да постапката е почната за промена на закон на 17ти Јули, ( одобрение од владата на Меркел ) како и веста, ама сеуште не е изгласана на парламент. Во Берлин имало и протести на 14ти Септември за да се блокира промената, која до денес не е направена. Пријателкава, Германка инаку, вика, се обидуваа и претходно, ама не успеаа. Вика, Франција 67 милиони жители, задолжителна вакцинација, и званични 2,913 случаи на морбили. Германија 82+ милиони, нема задложителна вакцинација и 532 случаи. И во Шведска постоеше обид за озаконување на задолжителноста, ама парламентот не ја изгласа.
Сеуште не е изгласано, така стои и на интернет, сега прочитав. Искрено, како во очи да им брца човек кога ќе се спомене оваа тема, па затоа и до сега не наидов на реална информација. Ако дознаам нешто, официјално и ставено во сила, ќе споделам.
Deutscher Ethikrat https://www.ethikrat.org/ (Етички совет на Германија) во чија работа учестуваат лица афирмирани во својата струка, а го вклучува и претседателот на Бундестагот, го отфрлил предлогот на закон на база на „научни сознанија и правни рефлексии“. Во точка 8, наведуваат дека е неоправдано спроведување на вакцинација со присила, а во точка 9, дека не треба да се наметнуваат никакви казни или финансиски санкции. Точка 10 кажува за неприфатливоста за исклучување на невакцинирани деца од школо ( актуелно што се спроведува кај нас во градинки и училишта иако нема закон за ова во моментот ). Во точка 14 оставаат можност за монопрепарати Една од членовите, Christiane Fisher, е изричита против задолжителна вакцинација, бидејќи смета дека индивидуалната слобода, основното право на телесниот интегритет и родителското воспитување имаат примат и поголеми вредносни цели од елиминација на мали сипаници. https://www.ethikrat.org/fileadmin/...llungnahme-impfen-als-pflicht-kurzfassung.pdf Германија е држава, а ние очигледно не сме ни територија. Полигон можеби.
Здраво, дали има некој примено вакцина против беснило, дали имало некакви несакани ефекти и дали е штетна? Се дава ако те касне животно (маче, кучр) кое не може да се докаже дали имало или немало беснило.
@yarre вчера се јавив во gesundheitsamt ќе му дојде како биро за здравство, кои се директно надлежни за оваа проблематика. Одговорот беше не е изгласано и не знаат дали ќе биде изгласано. Се надеваат да стапи во сила од 1март но дали ќе стапи не можат да дадат одговор до неодредено. Толку многу медиумски покриена кампања а уште не стасале да официјализираат.
Здружението „Од нас за нас“ почнува да се прашува дали некој од МЗ се обидува да ја манипулира „епидемијата“ на мали сипаници. (Како изминатиот рок, или вакцинација на внуката со ставено капаче на игла м.з ) Прашањата се поставени до МЗ. Од таму засега молк. 28, 42 ИЛИ ПОВЕЌЕ ДЕНОВИ? КОЈА Е ВИСТИНАТА? Со оглед на огромните манипулации со прогласувањето и неукинувањето на епидемијата, се чувствуваме должни да ја информираме јавноста дека според нашиот Правилник за пријава на заразни болести, член 7: „Одјавувањето на епидемијата се врши со пополнување на Образецот од став 1 на овој член во дупликат, откако ќе помине двојниот инкубационен период за болеста што ја предизвикала епидемијата, сметајќи од последниот пријавен случа“ (http://www.slvesnik.com.mk/Issues/1AA23930EAB59441B8760719AD55FBD7.pdf). Инкубациониот период пак, е наведен во У П А Т С Т В О ЗА ПРАКТИКУВАЊЕ НА МЕДИЦИНА ЗАСНОВАНА НА ДОКАЗИ ПРИ МОРБИЛИ, РУБЕОЛА И ПАРОТИТ (МРП) (http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2013/01/6529-morbili_rubeola_parotit.pdf) каде во делот Трансмисија се наведува: МОРБИЛИ ТРАНСМИСИЈА • Инкубацијата трае 9 до 11 дена до појавата на катаралните симптоми, односно 14 дена до избивањето на исипот. • Периодот на заразноста започнува непосредно пред појавата на катаралните симптоми и завршува 5 до 7 дена по појавата на исипот. И покрај тоа што во нашиот Правилник јасно се наведени околностите под кои треба да се укине епидемијата , епидемиологот д-р Владимир Микиќ изјави дека е потребно да поминат 42 дена без нови случаи на заболени од мали сипаници. Немаме сознанија во кој документ е утврдена оваа бројка. https://www.libertas.mk/morbili-nema-19-dena-no-treba-da-pominat-vkupno-42-za-da-se-proglasi-kra%D1%98-na-epidemi%D1%98ata/ Согласно еден телефонски разговор со ИЈЗ кога немаше објавено информација дали има или нема нови случаи на заболени од мали сипаници за таа седмица, тие одговорија дека не се должни да објавуват информација за заболени со мали сипаници доколку нема. Бидејќи за последнава седмица нема објавено информација за нови заболувања од мали сипаници, тоа би занчело дека во последната седмица, од 19.10.2019-26.10.2019 година, исто така нема заболени од мали сипаници, што укажува на фактот дека до денес, 31 Октомври 2019 година поминале повеќе од 42 дена, односно точно 47 дена! БАРАМЕ епидемијата да биде укината ВЕДНАШ и дечињата да се вратат таму каде што им е местото, во градинките и во училишните клупи! Во продолжение следат сите информации од ИЈЗ во периодот од 14 септември до денес во опаѓачки редослед: 1. Во периодот од 11-18.10.2019 не се пријавени нови случаи на мали сипаници. Сомнителниот импортиран случај пријавен минатата недела согласно негативниот лабораториски резултат е отфрлен. Заклучно со 18.10.2019 година, вкупниот број на регистрирани случаи на мали сипаници во републиката останува 1.900, со стапка на заболување од 91,8 на 100.000 жители. Сеуште е во тек епидемија на мали сипаници на цела територија на Македонија. Според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin, кој циркулира и во соседните држави. Во 41-ва недела во државата вакцинирани се вкупно 610 деца (од предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 41.623 (во вкупниот број на вакцинирани се вклучени и пропуштените и редовно вакцинираните деца со МРП вакцина). Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.291 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст. 2. Во периодот од 05-10.10.2019 пријавен е еден нов случај сомнителен за мали сипаници. Случајот е импортиран, за време на инкубација престојувал во странство и припаѓа на возрасната група од 20-29г. Лабораториските испитувања се во тек. Заклучно со 10.10.2019 година, вкупниот број на регистрирани случаи на мали сипаници во републиката изнесува 1.900, со стапка на заболување од 91,8 на 100.000 жители. Сеуште е во тек е епидемија на мали сипаници на цела територија на Македонија. Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови, најголем број се регистрирани во Скопје – 997, а највисока инциденца се регистрира во Струга 165,1/100.000. Возраста на заболените се движи од 1 месец до 63 години. Најголем број на заболени се на возраст над 30 години – 852 (44,9%), а највисока инциденца од 1.399,1/100.000 жители се регистрира кај децата на возраст под една година. Според вакциналниот статус, 1.529 (80,5%) од заболените се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin кој циркулира и во соседните држави. Во 40-та недела во државата вакцинирани се вкупно 1580 деца (предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 41.013 (во вкупниот број на вакцинирани се вклучени пропуштените и редовно вакцинираните деца со МРП вакцина). Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.288 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст. Сектор за контрола и превенција на заразни болести ИЈЗ Скопје 10.10.2019 3. Во периодот од 28.09-04.10.2019 не се регистрирани нови случаи на мали сипаници. Заклучно со 04.10.2019 година, вкупниот број на регистрирани случаи на мали сипаници во републиката изнесува 1.900, со стапка на заболување од 91,8 на 100.000 жители. Сеуште е во тек е епидемија на мали сипаници на цела територија на Македонија. Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови, најголем број се регистрирани во Скопје – 997, а највисока инциденца се регистрира во Струга -165,1/100.000. Возраста на заболените се движи од 1 месец до 63 години. Најголем број на заболени се на возраст над 30 години – 852 (44,9%), а највисока инциденца од 1.399,1/100.000 жители се регистрира кај децата на возраст под една година. Според вакциналниот статус, 1.529 (80,5%) од заболените се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin кој циркулира и во соседните држави. Во 39-та недела во државата вакцинирани се вкупно 216 деца (предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 39.433. Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.275 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст. 4. Во периодот од 21-27.09.2019 не се регистрирани нови случаи на мали сипаници. Заклучно со 27.09.2019 година, вкупниот број на регистрирани случаи на мали сипаници во републиката изнесува 1.900, со стапка на заболување од 91,8 на 100.000 жители. Сеуште е во тек е епидемија на мали сипаници на цела територија на Македонија. Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови, најголем број се регистрирани во Скопје – 997, а највисока инциденца се регистрира во Струга -165,1/100.000. Возраста на заболените се движи од 1 месец до 63 години. Најголем број на заболени се на возраст над 30 години – 852 (44,9%), а највисока инциденца од 1.399,1/100.000 жители се регистрира кај децата на возраст под една година. Според вакциналниот статус, 1.529 (80,5%) од заболените се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin кој циркулира и во соседните држави. Во 38-ма недела во државата вакцинирани се вкупно 777 деца (предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 39.217. Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.275 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст. 5. Во периодот од 14-20.09.2019 не се пријавени нови случаи на мали сипаници. Заклучно со 20.09.2019 година, вкупниот број на регистрирани случаи на мали сипаници во републиката изнесува 1.899, со стапка на заболување од 91,8 на 100.000 жители. Сеуште е во тек е епидемија на мали сипаници на цела територија на Македонија. Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови, најголем број се регистрирани во Скопје – 997, а највисока инциденца се регистрира во Струга -165,1/100.000. Возраста на заболените се движи од 1 месец до 63 години. Најголем број на заболени се на возраст над 30 години – 852 (44,9%), а највисока инциденца од 1.394,8/100.000 жители се регистрира кај децата на возраст под една година. Според вакциналниот статус, 1.528 (80,5%) од заболените се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin кој циркулира и во соседните држави. Во 37-ма недела во државата вакцинирани се вкупно 626 деца (предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 38.440. Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.272 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст. https://www.facebook.com/notes/od-n...веќе-денови-која-е-вистината/144962486880178/
Благодарам за секирацијата. Не ми здосади. Како ни минатите 300 и повеќе страни. Дури еве и специјално, ќе го скратам „постот од 1000 км“. Еве со една реченица. Министерството за здравство прекршува закони и правилници за прогласување на епидемија и престанок на епидемија. Образложението е горе во тие 1000 км
Државата од позиција на сила а не закон, ја казнува мајката на избрканото проваче од Велес. Јака и душа и неа и на првачето. Повеќемината други директори, како и други просветни инспектори, за среќа не влегоа во замката на партиско потчинување и ги пуштија невакцинираните но здрави првачиња во училиште спроведвајќи си го законот за основно образование во целост. https://fokus.mk/kazna-od-200-evra-...MGgGR5kY9hKCjc3_A2uou-qkSmFZz7iZTP7x7abyHXz3c
Согласно докторката Катарина Ставриќ, 1 дете во 3000 ќе добие фебрилни конвулзии после вакцина. https://pedijatar.mk/dots-d-r-katar...hekuvana-reaktsija-i-ne-treba-da-ne-plashi-1/ Вака изгледа тоа едното. https://twitter.com/Urisoli/status/1194491396524322816
А колку од колку ќе починат од мали сипаници? Не барам одговор, го знам секако надвор од форуми, но сум многу против постирање на еднострани застрашувачки клипчиња.
Вакцинирам редовно, Ммр примена на 13м,супер ја поднесе, иако не оди во градинка јас си го извакцинирав на 13м. Лично ни во најлуд сон не би го шетала невакциниран во ек на морбили Нормално дека вакцината не е гаранција дека не би ги закачил, али бар лесно ќе ги мине недај боже, кога веќе си има антитела. Во антиваксерски муабети не верувам, нити читам, нити ме интересираат. И јас сум дупла доза Ммр па здрава права... Така да излишни ми се тие муабети мене