Тебе уште не те уапсија?! Ццццц, како ве оставаат да ширите пропаганда и страв после се што се случи не ми е јасно!!!
Извор? Дојче Веле вели и за во училиште ќе треба. "As of March 2020, parents will have to prove their child is vaccinated against measles before sending them to day care or school." https://www.dw.com/en/germany-makes-measles-vaccination-compulsory/a-51243094 А и текстот на предложениот закон опфаќа училишта, види страна 14: https://www.bundesgesundheitsminist...gen/GuV/M/Masernschutzgesetz_Bundestag_bf.pdf
Сите весници кои ги отворив на нет го пишаа истото, дека не важи за школите. Ова е еден весник, да не редам скриншотови. Сериозни весници се, не е жолта штампа, па веројатноста дека е така бидејќи сите тоа го пишуваат е голема. Си ставила предлог некој од пред некој месец. Јас споделив што е од тој предлог е освоено. Невакцинираните деца може слободно дома да си седат до 6г и после најнормално да си ги запишат во школо без проблеми.
Наместо да се бара да не се вакцинираат децата, да се бара да се земаат квалитетни вакцини. Точно дека вакцините не имаат спасено од многу ужасни болести кои харале порано, но да се подобри квалитетот. Вакцините во Германија и во некоја друга ЕУ земја не можат да се споредуваат со квалитетот кај нас.
Како да си седат дома слободно? Со новиов закон вакцината станува задолжителна. Тие што првпат ќе се запишат во градинка,школо,мора да покажат дека ја примиле,ако не казна 2500 еур. А на веќе запишаните ке се даде рок до јули 2021 да ја примат вакцината. Што значи ќе мора да се прими. Германија дефинитивно ја заострува вакциналната политика.
Пренесувам што читам по весниците. Тоа е дека не смеат цо градинка и дневен престој но дека смеат во школо. Ќе засилеле со доброволната вакцинација по школите. Па да, според сето ова што го читам мораш да вакцинираш само ако сакаш да го пуштиш во градинка. Ако решиш дома да седи нема ниту законска обврска ниту казна ниту нешто слично за невакцинирање.
Од утре претпоставувам ќе биде подобро објаснето, а и јас секако ќе морам со подрачната единица на министерството термин да правам па тогаш ќе ми објаснат, но според пишаново. Они бараат да се прими, викаат ќе следуваат и казни, со тоа што децата од градинка/дневен престој нема воопшто да бидат примени или ќе бидат избркани а на децата кои се на возраст за во школо нема да им биде скратено правото на посета на школо поради правото на задолжително образование. Како планираат да ги спроведат тоа...ваљда кој има ќе си плати и пак детето ќе мора да си го оствари правото на образование бидејќи не смеат да го избркаат за разлика од градинката. И јас сум нестрплива за конечна разврска, да бидат сите овие прашања разрешени.
Јас колку што разбрав. Штом ќе тргне во институција ќе бараат доказ вакцина,а за тие кои одат во школо ќе имаат рок до јули 2021 до кога мора да ја примат. Штом дале рок,значи ќе мора,а не ако сакаат.
Да, дале рок. Ќе има и казни ДО 2.500еу. Децата од градинка кои нема да достават ќе бидат избркани а децата од школите нема да бидат избркани, само на казна ќе останат. Така стои во ова што залепив скриншотови. Дека не можат да бидат исклучени од школото, поради задолжителното образование.
Да,но нешто е нејасно. Зошто рок за школскиве деца ако не можат да бидат исклучени, нема логика рокот тогаш. Нема да ја ставиш и не ви можат ништо поради задолжителното образование. Можеби треба донесениот закон да се прочита,весниците кој како го тумачи законот. Гардијан на пр.денес пренесе дека со новиот закон во Германија можат да бидат банирани од школо.
Да се решат да вакцинираат, затоа е рокот. На сите им даваат иста шанса и исти рок. Не знаат кој и колку ќе се предомислат. Па да, колидираат две основни права, закони. Затоа и е нелогичност и тешкотијата да се сфати правилно. Искрено јас верувам сто пати повеќе на германските весници, посебно кога апсолутно сите истото го пишуваат. Но тумачење на официјалните лица е неопходно. Банирање од школо не беше апсолутно никаде споменато тука, а прочитав сигурно 20 весници. Секаде стоеше не смеат да бидат исклучени од школо. Додека јас направам термин со лицата надлежни за оваа проблематика сигурно веќе и официјално овие прашања ќе бидат разрешени но тогаш и лично искуство ќе пренесам.
Вториот линк што го сподели, од Bundesministerium für Gesundheit, отиди до долу, ќе го најдеш текстот во пдф што го споделив. Едно од првите тумачења беше дека можеш да го држиш дома невакцинирано и да не го пуштиш во градинка, ама пошто не смее да биде исклучено од училиште, а не смее невакцинирано во училиште, ќе мора барем ММР да прими. Очигледно има преклопување меѓу законот за задолжително школување и новиов за задолжително вакцинирање за морбили, па ќе видиме што ќе произлезе во пракса. Ако можеш, јави се кај локалните регулаторни тела и прашај ги специфично што ова значи, односно кој им е ставот.
Искрено 56 страни да се прочитаат треба време и концентрација. Евентуално вечер да прочитам. Би ценела ако ми ја посочиш конкретната страна од тие 56 каде се вели дека ќе бидат исклучени од школо за директ таму да прочитам/преведам. Во весниците верзиите беа кратки, но "преџвакани". Директниот извор и мене ме интересира. Ќе се потрудам уште денес да се јавам и термин да направам па ќе видам што ќе кажат.
Се јавив. Уште ништо не знаеле како ќе се одвива со казните и школите. Термин за разговор кај матичен педијатар добив крај јануар....па ќе почекам малку за да пренесам.
Дур чекам да ме уапсат, како и практичната реализација во Германија, одлука која ќе оди на уставен суд, а целата опозиција гласаше против, да поделам едно кратко сведоштво од соседна Бугарија од родителите на малечкиот Илин, и уште едно друго семејство. Видеото не е за оние со слабо срце и ѓон душа. https://www.facebook.com/mladenlalas/videos/2364726160424180/
Никаде не вели дека ќе бидат исклучени - страна 14, 33 Gemeinschaftseinrichtungen, листа на објекти/места за кои што важи законот под 3) вели училишта и други образовни институции. Но не вели дека ќе бидат исклучени, само вели дека мора да бидат вакцинирани за да бидат примени во институциите. За градинка е лесно, нема закон што вели дека мора во градинка. Но додека еден закон вели мора во училиште, друг закон вели мора вакцина за во училиште. Законот за инфективни болести секако му го дава правото на федералното министерство за здравство да пропише било каква политика кога се во прашање високо инфективни болести.
Одлуката законски треба да ја одобри федералниот претседател Steinmeier и федералниот совет,а законски можат и вето да стават на одлуката на бундестагот. Уште не е ништо конечно. Дур чекаме што ќе направи најаката нација во светот, има едно видео кое го вртат Германциве. Италијанците успеаа да „ги спакуваат“. Швеѓаните - не. Dear Mom. и еден татко од Македонија и неговата „приказна“ со резултати, токму од Германија.
Тестирање на тешки метали во коса во лабораторија во Германија. Уште колку ли работи ќе смислат само пари да им молзат на луѓе со реални проблеми. Тие "лаборатории" меѓу себе не можат да дадат усогласени резултати, не па уште релевантни да бидат. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/11878749 Во други вести, изгледа дека вакцините содржат материја за патување низ времето, пошто предизвикуваат аутизам уште пред да бидат дадени вакцините, па затоа може да се дијагностицира со биомаркери уште од 3 месеци... https://www.sciencedaily.com/releases/2018/05/180501085140.htm
Гледам линков е на англиски, па и од 2002. Ако успееш да најдеш актуелен линк би ценела да пратиш. Јас крвна слика не можам да им испитам на приватно не па анализа на метали во коса. Ама да си ја имам на ум лим се толку отворени за анализи по желби. Вториов артикал, и јас не знам како успеале да извршат еег кај толку мали деца, да не мрдаат. Но дека еег е индикација за евентуално постоење на некоја состојба, тоа да, само кај толку мали деца ми е чудно. Едит:сега го изгледав горниот клип со детето, па претпоставувам се надоврзуваше на него. Ама ако ја знаеш лабораторијата пак пиши ми ја.
Попрво да причекаме некој да објави сериозен научен труд, со добар пеер ривју, што ќе даде добар опис на методите што ги користат и како истите се релевантни. До тогаш, и овој труд сосем доволно ги раскантува. А ти помисли дека се медицински лаборатории во прашање? Повели, јави се, ако имаш вишок пари за трошење, ќе ти ги земат без око да им трепне: Micro Trace Minerals GmbH Germany Roehrenstr. 20 91217 Hersbruck Germany Phone +49 9151-4332 Fax +49 9151-2306 Еве цитатот од артиклот: " The EEGs were taken at 3, 6, 9, 12, 18, 24 and 36 months of age by fitting a net over the babies' scalps with 128 sensors as the babies sat in their mothers' laps. (An experimenter blew bubbles to distract them.)" Инаку проектот го водат овие две институции: https://www.bu.edu/autism/research/current/isp/ http://www.childrenshospital.org/re...s-of-cognitive-neuroscience/research-projects