Или резултат на свештеници што проповедале дека болестите се божја казна и не треба да се вакцинира против нив. Не си ги видела анти-ваксерските тврдења базирани на дискредитираната студија на ендрју вејкфилд? Побарај на гоогле, ќе ти каже. Се разбира, ќе ни дадеш релевантна студија, со асално поминат критички пир ривју, што ова ќе го потврди, а не само теории на заговор на анти-ваксери. Очигледно се повторува истата анти-ваксерска глупост, имено генерализација и теорија на заговор - штом студијата не одговара, мора да е местена. Ако веќе ја напаѓаш студијата, слободно посочи ја точно грешката во методологијата. Затоа постои пир ривју. Ајде, докажи го твоето тврдење. И не е претпоставка. Прочитај ја студијата. А ете, повторно го избегна прашањето - Земајќи во предвид дека и невакцинирани деца добиваат аутизам, што точно очекуваш дека ќе биде разликата? Провакс логиката? Сакаш да кажеш логиката на научно докажани работи со поминат критички пир ривју, каде што сите антиваксерски тврдења паѓаат ко скапани круши уште на прво разгледување. Ако имаш доказ, повели, демонстрирај. Или пак ќе го направиш истото што и погоре, каде што се обиде да ја дискредитираш студијата без да дадеш никаква супстанца, туку чисто со генерализирана теорија на заговор - "сите не ги бива". И на крај ете сме пак на Повикување на Емоции! Првата и последна одбрана на секое анти-ваксерско тврдење - Ама децата! Чекај да пробаме на исто ниво - ти мислиш дека научниците што ги работат студиите немаат деца/роднини со аутизам и автоимуни синдроми? Што мислиш, дека тие се луѓе гуштери од Орион? П.С. И прочитај што е Пост хок, ерго проптер хок. Чисто да си ја знаеш грешката во размислувањето. https://en.wikipedia.org/wiki/Post_hoc_ergo_propter_hoc Еве пример - сите пациенти, пред да се разболат, дишеле воздух. значи воздухот им предизвикал автоимуни заболувања.
Очигледната хистерија наметната преку „епидемијата“ на сипаници како и силеџиското однесување на поединци од позиција на власт, резултираа и спротивни ефекти. Впрочем „епидемиите“ и нивните мерки за справување кои се косат со сите закони ( сегрегација и дискриминација во градинки, како и класична дискриминација на првачиња ) послужија да родителите сепак се информираат малку повеќе од тоа што масс медијата, и платените ботови им го сервираат. Тоа информирање порано или покасно предизвикува размислување. Но и промена на став. Некои портали почнаа да се одврзуваат од јаремот, па порталот ЈавнаАдминистрација.мк објавува: Вакцини: Дали придобивките се поголеми од ризиците? https://javnaadministracija.mk/arch..._i4tGzBu25qKfhEfUEK4UF-EDF1rWezpxQSBtsUs-TQ1k И Детектор на Сител открива ретерирање. https://www.facebook.com/detektira/
Додека го чекаме финалето во Германија, Словачкиот парламент кажа јасно не на промената на тековниот закон со одредба за ексклузија на невакцинираните деца во градинка. Кажаното НЕ во парламентот е направено и поради влијание на online петицијата која брои околу 8.000 потписници, но и слободата на десницата од влијанијата на големиот капитал. Regarding the exclusion of unvaccinated children from access to day care centers and kindergartens, the Slovak parliament rejected the government's bill in the third reading before the third reading, amending the Act No. 355/2007 Z, on the protection, promotion and development of public health and on changes to some acts (print 1610). The petition obtained almost 8,000 signatures, also among Polish parents. Slovak children will be able to attend nurseries and kindergartens without any exceptions, punishments or discrimination. Петиција: https://www.peticie.com/signatures....c8r_sqGQvMZkPy3dXx8X4KnLTIpsTtlAYG9T1ryLiotd4 Одлука на парламент: https://www.nrsr.sk/web/Default.asp...YNmd52bIVJeIoM5I8agMq7sk5yQwfqlc-UKmIIQc9JSQ8
„Епидемијата“ - стивна. Првите невакцинирани дечиња се назад во градинките, по налог на санитарните инспектори. Останаа 2 незапишани првачиња, по едно во Битола и Велес.Поради послушнички директори несвесни за прекршокот што го прават. Другите директори на училиштата ја увидоа перфидноста на незаконитите потези на власта и незаконските мешања на ингеренциите меѓу министерствата. И ги примија децата. За тоа време, на од самитот на СЗО дознаваме дека тн „антиваксери“ не се најголемата закана за јавното здравје туку тоа е незнаењето и несигурностите кои владеат во самата органзација, по прашања за вакцините.Светиот грал на кој треба да му веруваме. Застрашувачки е колку ниту самата организација не знае за вакцините, колку ние сме само еден експеримент.
Пандорината кутија почна да се отвора... Д-р Стенли Плоткин – „таткото на вакцинологијата“ го потврди неуспехот на вакцините ( изџвакано на Македонски јазик ) https://www.odnaszanas.com/?p=2619
Не ми е цел да се контрам зашто немам конкретен став за вакцините, кој како сака нека прави. Од текстов ќе потврдам дека да, вакцинираните не се 100% заштитени, од личен пример, уредно вакциниран сум со две дози, антитела =0. Меѓутоа она што го демантирам е ставот дека вакцинирани шират морбили односно епидемии. Ако беше така вечно ќе бевме во епидемија затоа што секој ден се вакцинираат деца. Толку.
Епидемијата стивна и Yarre се врати. Сега сме повторно гласни ,се до некоја нова епидемија кога волшебно ќе исчезнат антиваксерите од темава. By the way,да не беа овие потези од министерствата(од некој оправдани,од некој не) се уште ИЈЗ секој ден ќе објавуваше нови случаи.Сакале признаеле вие или не ,тие имаа ефективност.Или имате некое друго објаснување за стивнувањето на епидемијата? Кои незаконски потези,кои незаконски мешања на ингеренции?Од правна гледна точка,Уставот не дава приоритет на ниту една одредба,ниту за образование ниту за здравствена заштита,што повеќе за време на епидемии се прекинуваат и училишни активности за одреден период,бидејки тие можат да се надоместат, но последиците од епидемиите за жал не. Не ја прикажувајте нашата држава како да измислила топла вода,вакви мерки се чести при епидемии. Само минатата недела Сиетл ги превзема истите мерки,претходно зајакнувајки ја легислативата во Мај,забранувајки упис во Jануари во сите јавни училишта на невакцинирани деца.А се работи за минатогодишна епидемија.По вашата логика кои незаконски потези би биле тоа а ? Не сме измислиле ние како држава топла вода. Не знам колку сте запознати,(но навистина стручно),во целина нашето законодавство во сите домени е навистина многу блиско до западните,по мое видување дури и прелиберално во некои сегменти.Не ги замајувајте родителите,не живееме во тунгузија.
Сега го прочитав "изџваканиот" текст, чиј автор (на оригиналот) е Стенли А. Плоткин. Во јавноста уште и познат како таткото на вакцините (Рубеола). Работел и на вакцината за ротавирус, чинам и полио и уште неколку вакцини, не ги знам точно. Неговите зборови ги вадите од контекст, дополнувате и заменувате со нови, погрешно интерпретирате. Тежината на неговите студии и истражувања е прекомплицирана за антивакс. Смали доживљај жити се. Плоткин не потврдил ништо. Тоа го тврдиш ти, odnaszanas, korvelva и останати антивакс со уште неброено многу митови. Па и каков наратив. Дали сте сериозни со ова дека гласините и населението кое има сомнеж во врска со вакцините, потврдуват загриженост во СЗО? Какви признанија? Се работи за додаток на прилог, односно истражувања правени во 2010, убаво елаборирани. Си ги прочитал ли ти воопшто? Редовно се апдејтираат. Истиве се истражувани, поддржани и објавени и од СЗО и нема ништо што се крие. Во оригиналниот текст нема ништо ново, ништо што претходно од него или од СЗО не е објаснето или истражувано. Нормално е и натаму да се истражува за вакцинте, за бактериските токсини, за антителата. И тоа во ниту еден момент не значи дека се неуспешни, ниту Плоткин го кажува тоа. Напротив. Нормално е да се испитува соодносот (мерливи единици) за заштита, односно соодветен имунитет за (не) развивање болест. Истово, целото време подлежи на испитувања. Општо познат е и фактот дека со болеста се добива или траен имунитет или фатален резултат. Во врска со сведочењето. Ова, како е наметнато во текстот, демек е аргумент на ваша страна. О Ч А Ј Н О! Очаен обид за дискредитација. Патем, чинам дека самиот волонтирал да сведочи. Поголемиот дел од сведочењето е насочен кон истражувањата кои тој ги правел во 50-те и 60-те години, пред да биде лиценцирана вакцината за Рубеола. Со обид за дискредитација на истите, односно акцентот е ставен многу повеќе на етичките моменти. А ако веќе за етички моменти зборуваме, предлагам да почнеме од Вејкфилд. Па по сведочењето еден БУМ! Интернетот се преплави со сензационални наслови од типот "Плоткин призна неефикасност на вакцините ", "Плоткин конечно призна, во вакцините има фетуси", "Колку фетуси морале да умрат за да се произведе вакцината"? Плоткин не признал ништо, а одговорот е ниту еден. Ама антивакс и натаму спинува. Најголем број абортуси се случувале поради инфекција со рубеола, а не со цел да се произведе вакцина. Не постојат човечки делови, делови од фетуси ниту било какви други делови од човечко тело во ниту една вакцина. Постојат копирани клетки од фетус со потекло од 60-те години кои се отстрануваат пред да се добие крајниот резултат. Првичните, неколку изолирани клетки од фетус се замрзнати со цел да се сопре биолошкиот процес и натаму вештачки размножувани, копирани, лабораториски. Ама тоа на суд не се прашува, нели? Понатаму на сведочењето, Плоткин зборува како ризиците од вакцината се минимални, за разлика од ризиците од болеста кои можат да доведат до фатален резултат. Ама тие делови, се оние за кои нема сензационални наслови. И зошто тие не се изџвакани на македонски? Очајни, но и интересни бевте со ова во 2018, сега сте само очајни. И уште не разликувате инфекција од болест. Вакцинација се оддржува постојано, да е така како што тврди антивакс, замислете само што би било денес. Дали ќе имавме прилика да го видиме денов воопшто?
Не ми е јасно зошто се дозволуваат вакви постови на форум каде читаат млади мајки. Како на јаре овој. И јас едно време кога наголемо почнаа да пишуваат лошо за вакцините бев во дилема за второто дете. Првото редовно по календар,уредно вакцинирано. Второто каснети, со страв со двоумење. По неколку разговори со доктори на кои им верувам, а и кога убаво видов кој се и од каде се тие антиваксерски тврдења, третото редовно си го носев исто како првото. Значи имате право да прашате се, да ви покажат вакцини,да испитате нешто доколку се сомневате дека не треба да прима. Еве конкретно нашава докторка ми вели и нос да тече, ќе почекаме. Особено па после епидемијава со смртни случаи,сум За вакцини. И не вакцинирам само за моите деца, вакцинирам и за бебето од месец дена кое дошло на мерење, за детето кое се лечи од страшните болести и не смее, за дете кое учи со син ми а не смее да се вакцинира на пример. Вакцинирам за трудници кои можат да добијат рубеола ,морбили и слично.
Нормално дека има различни реакции околу вакцините, ама со некои постови се претерува. Ги плашите мајките. А каде беа антиваксерите кога беше епидемијата?
На други форуми антивакцинашите се преместуваат на алтернативна медицина,па кој сака да биде следбеник ке ги чита таму,некаде не дозволуваат ширење на антиваксерското лудило,па не се дозволени такви теми. Тука роварат со намера да плашат мајки и да прибираат следбеници во нивната секта.
Dojdi vo sektata mozebi i ke naucis nesto, ne samo za vakcinite, tuku i za drugite sekojdnevni sekti vo koi si i ti ali bez da znaes.
@Cosmi веќе дала одговор. Ок е ако не сака некој да вакцинира. Ама овде се шири пропаганда за антивакцинација.
Antivakseri e pogresna etiketa bidejki se sto se bara e pravo na izbor... Megu drugoto ovie luge zboruvaat i za sostojkite vo vakcinite koi se mnogu stetni.... t.e. ovie luge vakciinacijata ne ja zimaat zdravo za gotovo....
Најсмешни се кога епидемија ја пишат со наводници. И 2 случаи да има во држава, болест која ич не е карактеристична за тоа подрачје се прогласува епидемија. Ете толку се информирани антиваксерите.
А бе не ви забранува никој, не вакцинирајте. Ама да нема школо за вас, да не смеете автобуси да користите. Право на избор имате, како што има право школото да не ти го прими детето.