Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. Sandokanu

    Sandokanu Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    A znaes li deka sekoja godina ima zaboleni od morbili vo kontinuitet....
     
  2. Sandokanu

    Sandokanu Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Se motiviram za pisuvanje koga citam nesto ovakvo... a koj avtobusi da ne gi koristime, megugradskite ili lolalnite? A na kino moze li da se odi?
     
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    Напишале вакцина, а дале вит. Ц, може затоа има, а што викаш?
     
  4. Sandokanu

    Sandokanu Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Sakam da ti kazam deka morbilte gi ima i deka se normalna rabota...a epidemija proglasuvaat koga sakaat...
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    И јас сум прележала морбили, а сум вакцинирана ама знаеш што е разликата? Што јас како обична настинка ги прележав. Ни температура не кренав, само осип и чешање. А невакцинирани и менингитис добиваат.
     
    На Bubish26 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. Sandokanu

    Sandokanu Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Milo mi e! A nevakciniranite pak i skoro ne zaboluvaat...
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.314
    Допаѓања:
    37.000
    Пол:
    Женски
    А зошто кога има морбили невакцинираните не одат во градинка???
     
    Последна измена: 19 јануари 2020
  8. Sandokanu

    Sandokanu Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    I nie toa se prasuvame...
     
  9. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    Изгледа не пратиш. Јас сум цело време тука. И во време на „епидемија“ и после „успешно поради вакцини“ завршена „епидемија“.

    Постапките незаконски. При услови на епидемија, се затвораат цели објекти ( училишта, домови, кино-сали, игротеки... ) а не се врши сегрегација на здрави деца. Невакцинираните деца не се болни деца, ниту пак се повеќе подложни на заболување. Заболуваат и здрави вакцинирани и здрави невакцинирани, а плусот кај вакцинираните е што истите можат да заболат и асимптоматски при што тие деца не покажуваат знаци на болеста, и се мешаат со незаболени деца.
    ММР вакцината не се аплицира вон здравствени институции, што е пропишано во самата вакцина. Кај нас шетаа тимови по школи, и ги тераа, од притисок на сила, училиштата и градинките да бидат полицајци на услуга на МОН.
    Инаку, секоја епидемија има свој циклус на траење. Почеток, траење и крај. И кај колерата, и кај чумата. И тие болести немаа вакцина, а нестанаа. Магично изгледа. Или можеби ти имаш да ми обласниш како изгледа магијата.

    Секако. така треба. Ете ти опишав погоре, Ама не беше така.

    Ма каква држава да измислила. Тоа нешто е наложено да се спроведе. Ние сме една мала маленкост, и мора да слушаме.

    Да. блиско е, ама со оглед дека сме една слаба никаква држава, сите полуги се користат спрема дневните налози и потреби. Тунгузија можеби е пред нас не знам, ама дека во МК законите се спроведуваат иди на други кажувај. Ние сме една обична територија или полигон. Едно време бевме држава.

    Законските (или незаконските дејства) се во прилогов на Алфа. Знам дека веќе има поднесоци и во Стразбур.


    Плоткин е премногу јасен за билокакви за извртувања од причини кои само ти си ги знаеш. Мислам дека и тој наскоро ќе оди на превод, па секој со својот ум. Да не биде „нисам знајала“.
    Видеата после првото се редат по ред. Плоткин одговара на прашањата под заклетва. Јасно и гласно.




    Ете видеата се тука, Плоткин е признаен стручњак во областа, а истите ќе се преведуваат и лекторираат.

    Во меѓувреме, еве од средбата на СЗО во Женева.Преведено на Македонски.
    Појма немаат со вакцините.






    И да, не планирам некого да плашам. Мада очајностите и неучинковитоста на вакцините е.
     
    На Фино му/ѝ се допаѓа ова.
  10. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    Еве уште 3, од Женева



     
    На Фино му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Просто неверојатен е фактот каков експерт си станал. Ај што имаш обиди да "пецаш" на емоции, веруваш во митови, шириш лаги и неосновани стравови, теории на заговор ти се омилени, гласини ти значат факти и докази, па и врвот го достигна сега. Плоткин е научник. Нема тука ништо со псевдонаука како кај антивакс. Плоткин е варичела, полио, рубеола и останати вакцини. А антивакс сериозно погрешно интерпретира или само се надева дека човекот кој работи на вакцините е на нивна страна?

    Медицината иде напред благодарение на истражувањата. Она што некогаш се сметало за нормално во постапката за трансфузија на крв рецимо (антиген-антитело) резултирало со влошена состојба, а новите истражувања го доведуваат она што го имаме денес. Истражувања и подобрувања на крајниот резултат следствено истите се нормални. И ова апсолутно не значи неуспех.
    Ние пратиме, ама изгледа ти не се пратиш самиот себе, евентуално епидемијата која во твојата глава не може да се објасни без наводници. И смртните случаи ли се под наводници?
    Страшно. |( Ти шо си бе Јаре, правник или епидемиолог? Одлучи се. Па во услови на епидемија, следствено ситуацијата, државата има право да се послужи со било кој член од Законот за заштита на заразни болести. Нема тебе да те прашаат.

    Псевдонаука во опасен подем. :worried: Никој не рече дека невакцинираните деца се болни. Но да, со поголем ризик се да заболат.

    Абе што не си осамнеш на некоја планина? Убав чист воздух. Престани веќе со тие хигиенски услови и објасни зошто болести циркулираат и кога истиве се на завидно ниво. Објасни и зошто магично не ги снемува болестите за кои нема вакцина, а има хигиенски услови. Објасни го на пример последниот случај на дифтерија во ваквите услови и "траен" имунитет од истата.
    :worried: Теорија на заговор од глобални размери. И смртните случаи беа наложени?
    Како бе зошто, па не знаеш? Ме плаќаат. Еве сега со мм хациенда си градиме. Ти си ја купи јахтата што одамна ја сонуваш? ;)
    Сега што? Треба да се шокираме од видеото и фетусите? Или од тоа дека нигде не се потврдува релација вакцина-аутизам? Или неефикасност. Или да се шокираме од етичките моменти во 60-те кога од Рубеола се дешавале фатални последици? Ама, родени деца со рубеола синдром во тој период и неброено многу абортуси поради истото е нирвана, никако болест. Сериозен си? "Шокот" го поминавме во 2018.
    Каде овде гледаш неефикасност или било каква потврда? Протеините? Да расчистиме, постојат животински протеини, но не и клетките. Само на антивакс сајтовите е обратно. Што е со "не, не предизвикуваат аутизам". Што е со одговорот на прашањето дали ја препорачува вакцината и покрај состојките во неа (со претендирање на лоши состојки). Одговорот е, да, апсолутно. А знаеш зошто? Затоа што нема доказ.

    Вирусот мора да се развива во клеточна линија. Затоа што некои вируси не е возможно да опстанат во друга клетка. Клетките од фетусот се со изгубени ткивни карактеристики. Клетките (реплики) не се употребени во крајниот резултат. Нема употреба на други, нови, многу фетуси. Има копии. Нема намерни абортуси за вакцина. Никогаш немало. Клетки од фетус се употребуваат за да се истражуваат некои неизлечливи болести како канцер. Се употребуваат и за истражувања за сидс, даунов синдром и останати вродени болести, аномалии итн. И за ова тераш пропаганда или во ред е? Зошто во Јапонија аутизмот почна да иде во подем и кога престана употребата на МРП?
    А што планираш? Да го спасуваш човештвото со тоа што паѓате како крушки, па почнавте со дискредитација на СЗО и Плоткин?

    Ги немам гледано видеата од Женева, а Плоткин поодамна. Ама не е ова прв собир, ниту е единствениот на кој се дискутираат вакцините. Ама, секако дека не знаат што прават, знаеш ти, оти целиот твој живот на изучување имунологија и епидемиологија си го посветил.

    Не видов никој од СЗО да излезе со официјален став дека вакцините се неефикасни, вакви или онакви. Али да, тоа право вам ви го оставија, дрвен адвокат да изигравате. Бенефитот тежи повеќе. Мал милион докажани случаи.
     
    Последна измена од модератор: 20 јануари 2020
    На daylight, nadja.d, NarCis@ и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Фино

    Фино Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Морам да признаам ова е
     
  13. Фино

    Фино Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Да се има храброст да ни објавите војна како што ни објавивте е лудост. Газите по наши права и по здравјето на нашите деца. Отворате поделби и фронтови меѓу нас родителите. А замислете не ни ве прашавме дали смее да правиме дечиња, а мораме да ве прашаме дали не смее или смееме да вакцинираме. Морам да ве осудам овде пред другите родители,и не ми е вообичаено да отворам расправи со непознати луѓе верувајте, но ве замолувам поверувајте, моето здравје е нарушено од вакцина во далечната 1978 година, тоа беше ДТП, години подоцна тоа се случи и со едно од моите дечиња при вакцинација со ДТП. Што да ви пишам повеќе? Дека она што досега се случува кај нас е само копи пејст од случувањата во САД? Дека одземањето на мојата слобода и слободата дали детето ќе ми беше здраво е дел од агендата на вашите истомисленици и насилни акции веќе повеќе од една година? Тоа се подразбира. Се надевам Вие и вашите ваксерски исто мисленици ќе имаме можност наскоро и на некој од кривичните судови подетално да ги испрашаме за се, полека и детално, многу детално.
     
  14. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    5.381
    Пол:
    Женски
    До антиваксерите прашање, дали пиете медикаменти, било какви, за главоболка, температура и слично?
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    Благодарам. Долго време сум на темата. Веројатно многу многу повеќе од повеќето лекари превентивци. ( На конгресот во Женева јасно се ставаат графици, колку лекарите учат и знаат на темава )
    И секако многу разговори со стручни лица од областа. На времето и многу непроспиени ноќи пред да одлучам да не ги вакцинирам моите деца.

    Иако милуваш да навредиш и етикетираш, и воопштиш, и да употребиш термини како теории на заговор, јас само посегнувам по званични податоци и ги доставувам на јавноста да ги види и да донесе одлука. Од лица доктори и научници кои размислуваат различно а за мене далеку пологично.
    Нема тука емоции, има последици. Јасно напишани во подлистоците на вакцините, на секој производител на вакцини поединечно. А јас само сакам некој пред да одлучи да вакцинира, да седне и да ги прочита.
    Вакцинацијата е нереверзибилен процес, и да може да има последици. Нема ни теории на заговор ни гласини ни ништо. Тоа го пишуваат самите производители, иако мене ме прашаш, во далеку скромни рамки. И да се водам од простото начело на William Wilberforce:
    You may choose to look the other way but you can never say again that you did not know


    Се сложуваме. Затоа е и линкот до видеото. А интерпретацијата да ја оставиме на секој кој сака да го види. Ставот е лична, никако колективна работа. Ете противниците на задолжителната вакцинација или како што милуваш да деградираш - антиваксери, наскоро изгледа ќе се зезнат и ќе го преведат на Македонски.

    Секако, оди напред. Порано праксата на 6ка пеницилин во газ било редовна пракса. За среќа на еволуцијата во медицината, праксата е напуштена. Проблемот е кога тестот се прави на живи луѓе а табелите се прават накнадно. Мене најтешко ми е кога тестовите се прават на дечиња и трудници. Особено земајќи го фактот дека нема ниту една студија со кумулативни дејства на сите дадени вакцини заедно.

    Од сипаници никогаш не се умирало. Не така одамна во моето детство не носеа да префатиме и прележиме. За смртните случаи не дознавме конкретно од што терминирале, со оглед на нивната претходна здравствена состојба, а не го дознавме ни генотипот на сипаниците кај нив. Што ако беше вакцинален, како кај ромите во Романија ?

    Дали ако сум електричар или оџачар, треба да се самолимитирам ? Не смеам да се интересирам за законска регулатива ? Во законот јасно стојат начините за справување со епидемија, ти пишав погоре, а и во интервјуто на Алфа е одлично објаснето. Во законот не стои сегрегација, тоа е противправно и против уставна постапка.

    Благодарам на предлогот за планинскиот живот, иако тоа не е тема на разговоров. Јас не ти предлагам ништо. Ти објаснив 5 пати зошто, пак ли ? Аман. Колера / Чума..... звони звончето ?

    Не. Обична колатерала искористена за заплашување на популацијата од обична детска болест која е добро да се прележи.

    Не, тебе не те плаќаат, препознавам други. Ти работиш за гратис. Како јас :)

    Не. Пак не. Не погодуваш.

    Јас не знам зошто го вртиш Аутизмот тука. Аутизмот е едно очајно подло именување на состојба, а се работи само за последица од вакцина. Очајно лоша.

    Никаква пропаганда. Самиотот во Женева е само доставен на јавен увид. Кој милува нека гледа. Нека донесе заклучок.

    Јас знам обратно, ама ќе проверам и ќе ти кажам. Знам дека едно време го одложија, а едно време ги поделија на поединечни шотови.

    Не гледам каква дискредитација се прави со јавни видеа на СЗО и Плоткин. За мене се само една обична потврда на моите ставови. Остави бе, секој сам да си заземе став.

    Ајде, гледај ги.

    Ако сакаш потсети се. Долго е ама мноооогу јасно.

    Секако, овој е прв снимен на темата и снимката доспеала до јавност.

    Не. 10тина години само.

    Ах тоа е медиумската состојба секаде. Се кладам дека не знаеш дека во моментот има 39 различни жаришта, со оглед дека медиумите те дозираат што да знаеш. Не си ги затворај видиците, или барем не наметнувај затворање на останатите читатели на темата. Ако сакаш се разбира.
     
  16. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    5.381
    Пол:
    Женски
    Не се умира од СИТЕ видови на сипаници, но да, од некои се умира, дали примарно или секундано.
     
  17. Sandokanu

    Sandokanu Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    A od koi sipanici se umira?
     
  18. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Од Вариола Вера, во зависност од варијантата, до 60% е смртноста, и тоа во популации што имаат историја - кога ја однеле во америка, збришала цели племиња.

    Од Морбили, во зависност од тоа колку може да покрие здравствениот систем, од 1 фатален случај на 500~1000 во одлични услови на покривање - пример западните земји, па до 30% ако е катастрофа и се обидуваат да лечат со бајачки и тревки, пример субсахарска африка.
    Погледни што се случи со Самоа кога им падна стапката на вакцинација, им ја донесоа туристи од Филипини, каде што морбили се ендемични, па мораа по шатори да држат пациенти од што немаа место по болници.

    Од Варичела, во одлични здравствени услови, околу 1 на 60.000 ќе умрат од компликации, но малку се зезнати статистиките, пошто предизвикува прикриени анеуризми и ослабувања на крвните садови што може да направат проблеми години подоцна, и нема воопшто да бидат класифицирани како последици на варичела, туку како исхемични напади.

    Рубеола, односно германска сипаница, иако е екстремно лесна за прележување, прави проблем кај бремени жени, конгенитални компликации, односно предизвикува спонтани абортуси или невролошки пореметувања/аутизам.
    Затоа, откако прво почнаа со вакцинирање само на женски, подоцна го проширија и на машки, да не се погоди во незгоден момент на компликации во тек на бременост да им го пренесат.
     
    На nadja.d, NarCis@, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  19. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Да, вакво објавување војна на разумот од страна на антиваксерите што сакаат да вратат стари болести и да умираат деца насекаде како порано е дефинитивно лудост.
    Да, газите по нашите права и правата и на нашите и на вашите деца, да живеат без присуство на заразни болести.

    Можеш да ни пишеш како точно се знае дека е до ДТП вакцината, односно каузалниот ланец и доказ, пошто ако навистина е до неа, а не до некомпетентност на медицинскиот персонал, многу полесно се поправа од некомпетентен медицински персонал што не следи протокол и нема прописна обука за да знае што прави.

    Не ти треба ништо да чекаш, отвори Гугл и побарај ги прописно направените повеќегодишни кохортни студии и следења на вакцините. Јавно се достапни.
    Само уклучи мозок, а не емоции, додека ги читаш студиите.
    Пошто емоции не лечат болести. Терапии и медикаменти лечат болести.
     
    На daylight, Lianna Anna и Yowannty им се допаѓа ова.
  20. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Затоа што кај невакцинирана популација морбили фаќаат 95%, додека кај вакцинирана популација, ќе фатат 5%, и плус невакцинираните имаат мнооогу поголема шанса да завршат на клиника со компликации.

    Затоа се наполни и инфективна, и детска клиника, и диспанзерот во козле со болни од морбили.

    Е сега, да беше нешто како 30% покритие со вакцинација, ќе завршеа по шатори пред болница, како во Самоа, па пак владата ќе им беше крива дека им умираат деца.
    Ама никако антиваксерите, тие се "непогрешливи".

    Затоа споредуваш епидемиологија на вирусни заболувања со примарен резервоар човек, како морбили и полио, со епидемиологија на бактериски заболувања од бактерии од животната средина, како колера и чума.

    Ако знаеше барем најосновни работи од медицина, воопшто да не почнуваме со епидемиологија, место само рециклирана антиваксерска пропаганда што ја повторуваш до бесвест, барем немаше такви основни грешки да правиш.

    Освен таму каде што е постигната ерадикација со редовно покритие со вакцинирање.
    И, види чудо, таму каде што паѓа покривањето со вакцини, повторно се појавуваат, пошто им ги носат од ендемските области. Иако хигиенските стандарди и услови се непроменети.
     
    Последна измена од модератор: 21 јануари 2020
    На daylight, JoyJoy, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.