За ротата е отиден возот, тоа потврдувам. За пневмонокока мојот прирачник вика вака: најдоцна до 5 год. Број на дози зависи од возраст на дете. На деца од 2 до 5 години се дава една доза, нема бустер доза.
Моја другарка исто закасна и не и ги дадоја ни едната ни другата . Не ме сфаќај погрешно не сум човек против вакцини , ама да знаев дека може и да не ги ставам немаше да ги ставев. Со ротата видовме мн мака скоро месец имавме дијареа па втора доза одлучија да не ни ја стават. Со пнеумококата која што е ново воведена вакцина во 2018 исто така мака видовме 3 дена со високи температури и маки. Секако изборот е наш, но не бев доволно информирана дека не е страшно ако не ги ставиме .
Дитепер колку што знам ја има и како одделна вакцина но и во 5то валентна и 6то валентна и може да се стават и со закаснување. Јас ги каснев неколки месеци не бевме сите здрави дома таков се погоди периодот .
За рота се одлучивме ние да не ја ставаме. ДТП планираме здравје наредна недела прва доза. Ова за пневмонокока не знаев дека е нова вакцина. Ќе мора дополнително да се информирам пред да одлучам.
Рота се дава во одреден период ако не се стави на време поминал возот, а за пнеумокока кај сите различно на некои со први вакцини некои втори а ние со трета примивме
Кај малава едина реалција кај шесто. беше поспаност, до сега не сме имале на ниедна голема реалција. Рота ги помина исто супер, 2 дози, 3та доза закаснавме и не и ја ставија.
Pnevmokokata ne e nova vakcina,samo sto do pred dve godini nebese zadolzitelna,i vo skopje po dispanzerite ja imase sekogas,a vo pomalite gradovi trebase da se naraca, ete vo nasiot grad se odese vo dispanzer,se prijavuvase deteto deka sakame da se vakcinira,i za najmnogu edna nedela stigase. Se prima maksimum do 5 godisna vozrast.
Јас па прочитав дека од 2018 е воведена , ете најверојатно значело дека е задолжителна од тогаш ,но не прават проблеми ако поради било која причина си ја испуштил.
Пневмококата ја ставаа уште пред неколку години по барање некој ако сака,не беше задолжителна и знам дека немале некои посебни реакции од неа, барем така кажуваа мајки што ја ставале,и кој планира да праќа дете во градинка препорачливо е да ја стави. А за рота не знам што да кажам, ние ќе ја ставаме наредна недела,оти внука ми на три години кога прележа рота вирус тоа што го видов на никој не посакувам,за секунда мислам ќе ја изгубивме од дехидрираност,едвај ја спасија на инфективна. И јас се плашам второ дете ќе вакцинирам, посебно дека сега календарот е сменет од кога ја вакцинирав големата, ама сум за вакцинирање.Само не ми е јасно дали може да приме само рота сега па после дтпр и пневмокока.
Може посебно рота, посебно дтп. Барем вака ми кажа матичната. Дури и препорача да се одделно поради реакциите од рота.
Може. Обично одредуваат тие дали може или не. За син ми тие одредија кога и што да прими, ама мака видовме и од ротата и од пневмококата. За ротата таму ми кажаа дека не ми препорачуваат ревакцинација дека 80% ќе биде заштитен и без неа.
Сакам да ја прими ДТП, за МРП понатаму...Ќе одам овие денови, се надевам ќе ни ја дадат. Најмногу ми е за тетанусот...
Ние на 3г почнавме со вакцини, со мрп почнавме зошто не го примаа во градинка без неа, па продолживме со дтпр. Ни остана уште една, да ја ставиме деновиве зошто мислам до 5г треба да ја прими. Доцна не е, може да си одите одма ама прво мрп ќе ви ја стават да знаете, имаат таква пракса поради тоа што нели родителите ја одбиваат. Најдобро да си одите до диспанзер да си се договорите.
Здраво мамички!Ние поради невнимание на педијатарот ги пропуштивме вакцините ,т.с Рота вакцина!Сега уште една недела правиме 5 месеци и ќе неможиме да ја ставиме, сигурно ќе треба ди те пер да му ја стават!Ако имате вакво искуство споделете дали ќе можи да прими рота вакцина ,оти како што ја разбрав докторката мислам дека нњ можи.Не ја разбрав пошто малото многу ми плачеше и се вративме дома бњз вакцина.И каква реакција имаат тие вакцини!Поздрав
Прва доза рота е до 12та недела најдоцна. Следна доза не даваат без претходната. Во превод, на 5 месеци нема како да ја прими таа вакцина.