Тие што сте против вакцини, имате ли деца, дали ги пуштате во градинка? Мојов до ммр прими се, сега му фали уште една ревакцинација, инаку скоро 3 години. Маж ми е ептен против вакцини, ја сум за. За детето имаме проблем зошто го вакцинирам, а покрај сите причини една е и градинката. Како вие мајки антиваксери се справувате?
Да прашам, малиот мој е 4 мес, имаше интервенција, прими трансфузија, и ми рекоа, дека 2 месеци од примената трансфузија ќе може да почне да прима вакцини. Е сега, 2 месеци поминаа точно кога наполни 4 месеци, што значи, гледам според табелава ги испушти тие вакцини што се примаат до 3ипол месеци. Мислење ваше, ќе може ли. Ќе може ли да го боцнат на 6 мес, скако ќе одам на педијатар да видам што ќе каже. Не се разбирам од вакциниве, а ситуацијата беше таква, да е он жив и здрав. Што може да припи?
Не ги касниш многу, јас повеќе каснев. Ротата сте ја пропуштиле, сега прво треба да прими шествалентна, па петвалентна + превенар, па шествалентна+превенар, ммр и ревакцина превенар. Мислам дека е вака, ако знае некоја подобро нека ме поправи. Значи ќе си ги прима по ист редослед како што треба, само со закаснување од 2 месеци.
Не би требало. Прочитај. Некој доктор си напишал статија во весник, сопствена теорија дека МРП предизвикува аутизам, исто како што секој втор има теорија за Ковид, 5G мрежа, диносауруси и вонземјани. Истражував и јас многу за МРП, после таа статија тој човек не е доктор, и побиена е неговата теорија со повеќе студии во кои се опфатени голем број деца и бебиња. Ако дете е со аутизам одложувањето на вакцината нема да смени ништо, исто и ако детето е здраво наеднаш нема да добие аутизам. Баш мојот педијатар ми рече да почекам син ми да прооди и прозбори па после да одиме за МРП, меѓутоа овој доктор и не е многу стручен па се консултирав и со други кои се смееја на овој совет. Ми рекоа дека ако детето е здраво немс пречка да ја прими и дека не може одеднаш говор да изгуби или да заборави како да чекори. Ако детето е здраво најдобро е да прими МРП бидејќи последиците се страшни, а некогаш и фатални ако невакцинирано дете се зарази, а ќе се зарази кога тогаш. Мајка ми на 37 години се зарази и многу тешко ја помина, иако вакцинирана.
Да знам. Ама ако не ја примиш можеш да ја поминеш многу тешко дури и фатално. Тетка ми има постојано контакт со деца и до сега 3-4 пати прележа сипаници. А повеќето луѓе само по еднаш прележуваат.
Доколку живееш во средина каде што се ендемски, како Филипини, и постојано е изложувањето на вирусот, односно на секој бран на инфекции, тогаш титерот на антитела постојано се обновува, исто како да добиваш бустер/ревакцинација. Кога е средина каде што нема постојано повторно изложување (земјите каде што успеваат да ги решат на подолго време, барем додека некој не ги увезе повторно од ендемските области), тогаш кога ќе падне титерот под определена вредност, се појавува болеста при повторно изложување, но секако во поблага форма, пошто има некоја доза на антитела додека да се надополни до потребната концентрација. Изгледа дека е од оние неколку "среќници" што развиваат само ИгМ тела (краткотрајните), не развиваат ИгГ антитела (долготрајните) за морбили. Нека си направи тест за ИгГ за морбили, ако е негативен, тогаш во принцип ќе треба да се вакцинира во ИЈЗ секој пат кога некој во нејзина близна ќе пројави симптоми, полесно ќе ги поминува, пошто барем ИгМ антитела ќе има некое време од вакцината.
Zdravo majki, Sakav da prasam ako nekoja ima informacija, dali vo poliklinika Bukurest zapocnaa so vakciniranje na deca, deka pred 2-3meseci ne prepratija vo Gjorce Petrov
Zdravo majki, moze li nekoja da spodeli iskustvo od vakcina protiv rota virus? Koga gi vakciniravte bebinjata i kakvi reakcii imalo?
Јас го вакцинирав синко во средата, рота плус шест валентна, реакции нема освен што бебе е пораздразливо, си сака повеќе во раце, кенка од време на време. Лекот ни е цице и мазење.
Сакам да прашам вие што не ги вакцинирате децата како ги запишувате во градинка? А и не само тоа и како ќе ги запишете во школо? Не осудувам да напоменам зошто ова го прашувам бидејќи маж ми има другар кој му кажа дека негов другар не му го примиле детето во школо бидејќи не ги прими вакцините.
И мене чисто информативно ме интересира. А конкретно другарот што не му го примиле детето во школо што направиле? Зашто нели задолжително е, веројатно не седи дома.
Мојата ја прима пред една недела само ротата ревакцина и немаше никакви реакции.Исто и со првата доза, ја прима заедно со 6то валентна и со стрептокока.
Уште е во Ѓорче. Нема да го примат без примени вакцини. Баш и од Комисија за заштита од дискриминација има одговор на ваков предмет. https://www.facebook.com/108941524660871/posts/150313520523671/
Вака и треба да биде, но навистина познавам луѓе кои не ги вакцинираат децата, а се запишани во школо. Изгледа женава не фатила добри врски или не знам што да кажам.