Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.346
    Пол:
    Женски
    Ја примиа прваче без проблем.Наидовме на разбрани и коректни луѓе (психолог и директор) така да проблем не ни направиа.Ја заврши целата школска година најнормално како сите деца.Во текот на годината беа повикани децата на ревакцина(мојата не беше).
     
    На yarre, doll.a и anggell им се допаѓа ова.
  2. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Ако не е поради медицински оправдана причина, тогаш психологот и директорот не се ниту коректни, ниту разбрани. Кршат и закон и етика.

    Пошто невакцинираните не се никогаш проблем - освен кога се, а уште повеќе кога служат како живи расадници за пренос на оние што не може да бидат вакцинирани.

    "Во епидемијата регистрирани се четири смртни случаи асоцирани со мали сипаници, кај деца на возраст од 5,5 до 13 месеци, сите невакцинирани со МРП вакцина. Кај две од децата постоел коморбидитет, а сите четири деца починале од бронхопневмонија, како компликација на заболувањето со мали сипаници."

    https://www.iph.mk/morbili-do-6-12-2019/
     
    На Glowy, neno0o, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Пошто треба да се вратиме на 10ти век, пред модерна медицина, и да се лечат луѓе со света водичка и молитви.
    Просечен животен век од 20 и кусур години, ако си воопшто доволно среќен да ти се погоди мајка со доволно широки колкови да нема проблем при раѓање.

    Додуша, животнава средина има да се оправи по кратка постапка со толку помалку луѓе....
     
    На ladystardust, Angie1432, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.743
    Допаѓања:
    11.140
    Пол:
    Женски
    А каде се случаите што негативно оваа вакцина на децата лошо се одрази? Зошто никој за тоа не зборува. Еве јас знам два случаи, едниот доби и оштета од државата, ама таквите пари кусо нека се, не ми требаат пари кога здравјето на детето е таква каква што е сега. Сега е девојче во пубертет веќе. Родителите одеа со години по судови за да добијат оштета барем детенцето со тие пари да ја добие соодветната нега и грижа затоа што не беа финансиски моќни.
    За оваа вакцина плаќав и казна и ќе платам уште 101 казна ако треба да ми се мавнат од глава.
     
    На Vojdana и yarre им се допаѓа ова.
  5. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.743
    Допаѓања:
    11.140
    Пол:
    Женски
    Не се работи за света вода и слично, и јас сум за медицина ама вакцините дека не се такви какви што беа во наше време не се. Не сум против тие што бираат вакцина, ама не наметнувајте ваше мислење како ние што не наметнуваме.
     
    На Vojdana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Директорот и психологот воопшто не кршат закон ниту етика. При упис, училиштето е должно да побара потврда за примени вакцини, но нема правна одредба во законот да не го одобри уписот на детето кое таква потврда нема да донесе или да донесе потврда дека е делумно вакцинирано.
    Никој апсолутно никој нема право да ги дискриминира децата по ниту еден основ, вклучувајќи го и здравствениот статус на детето.
    Училиштето е образовна установа а не здравствена, а постоеа и прекршоци од страна на здравствените власти при „епидемијата“ на морбили, кога одеа на теренска вакцинација, иако во подлистокот на вакцината стои точно дека истата се аплицира САМО во здравствена установа. И се се сведуваше на усмени наредби „од погоре“. Пишани немаше бидејќи знаеа притисоците не се правно издржани.

    И да, со мали перипетии родителите успеваат да запишат невакцинирани деца во прво одделение. Во градските средини полесно, во руралните потешко.

    Инаку невакцинираните деца НЕ се болни деца за да бидат некакви расадници на билошто. Дури на пример вакцинираните со ММР е препорачано да бидат 15 дена дома и да мируваат.
    Некои вакцини придонесуваат за асимтоматско прележување на болеста, па така, тие деца не знаат дека се преносители и не знаат дека заразуваат други (вакцинирани и невакцинирани ) деца.

    Околу починати од морбили, во Романија се дигна вистинска паника пред некоја година. Се работеше за ромчиња вратени од Италија кои пред враќањето беа вакцинирани со ММР, кои по враќањето живееле во очајни услови.
    Околу МК случаевите треба да се знаат точни податоци, коморбидитети и слично. Вака статистички делува штуро. Многу е битно дали починале од или со мали сипаници.

    ПС. Од авион се приметува дека некој многу добро си ја заработува дневницата.
     
    На Sweetheart87 и Vojdana им се допаѓа ова.
  7. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    А ако детето не дај боже има последици или онака ненадејно почине во сон од вакцина кој одговара?
    Или тоа го препишуваат на СИДС?
    Ај мани се веќе со тоа казнувале не казнувале.
    Секој има право да донесува одлуки кога се работи за свој живот. Родител на дете нема да му мисли лошо и да става здрава нога у трн.
    А ти оди ако сакаш па прими ги сите можни вакцини у свет, твое право и избор, ама не соли тука памет колку добри вакцините биле, посебно тоа што зголемен број на аутистични деца го препишуваат на технологијата, а уствари реалноста е друга.
    Ако не ти се свиѓаат мислењата на другите форумџии твој проблем.

    *Дискусијата е одделена од темата Вакцина против коронавирус.
     
    На Vojdana и yarre им се допаѓа ова.
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Здраво-право бебе почина од морбили, други едвај преживеаја 2019 во Македонија од морбили, болест која се врати на голема врата од вакви забегани attention seekers ликови како тебе.

    Малку доблест да има во вас па да си ставите прст на чело за какви штети и загуби правите.
     
    На Glowy и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Леле аман со тој аутизмот, веќе old news e. Не знам сериозно уште кој верува на 1000 пати побиена теорија. Секој родител најдобро знаел за детето, мај ес, ги изложувате и вашите и другите деца на болести со децении истребени од што многу комодитет ви е даден да читате сваштарии по интернет.
     
    На hotsauce, ladystardust, Ambitious и 15 други им се допаѓа ова.
  10. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.738
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Кога би знаеле какви болести се искоренети нема вака да пишуваат.
     
    На sagittarius57, PaLaVa, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Па знаат, ама Велков ќе пише порано дека се прележувале тие болести без проблем, vaccinated by nature, здравје преку игла не влегува и слични срања и они веруваат дека стварно без проблем си прележувале луѓето.

    А да, против се, зошто не виделе како изгледа болеста воопшто, благодарение на вакцина.
     
    Последна измена: 30 јули 2021
    На Heidi, PaLaVa, green.eyes и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    У Македонија даваат вакцини за болести искоренети од пред 100 години. Ако ти кажам дека у Германија на едни пријатели докторите толку многу се смееле на ова кога ги однеле децата на вакцина.
     
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Аха.
    А аутизам само во Македонија има во Германија нема... Нели си против сите вакцини, нели здрава нога во трн не редиш? Каква врска има државата?

    Едно знам, навистина не сте свесни во колку токсини живееме на глобално ниво и колку физички и невролошки последици имаат добар дел од нив. Затоа не можете да првите споредба еј порано немало аутизам (прво не знаете дали имало оти свесноста за одредени болести била 0) и второ не може да споредувате здравје на човекот пред и по индустриската револуција особено од аспект на болести.

    Не можете да споредите генетика на луѓето пред и после светските војни, зошто добар дел од светот е озрачен што од тоа, што од катастрофи. Ние немаме ист генетски материјал како нашите предци, генетскиот материјал ни е делумно корумпиран.

    Туку што се објаснувам, секако нема да ти сменам мислење. Може и поарно да нема ич вакцини, па снаоѓајте се. Арно ви е зошто 90% и повеќе од децава се вакцинирани па и вашите ги штитат.
     
    На Серотин, sagittarius57, PaLaVa и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.569
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Истите вакцини се ставаат и овде и во Германија, со тоа што во ЕУ има плус вакцини во календарот кои уште не се ставаат кај нас.
    На доктор го носеле детето, или кај надрилекари?
     
    На IRBBB, Heidi, PaLaVa и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.052
    Допаѓања:
    134.609
    Не заборавај дека кај нас имаше пред две години епидемија на морбили. Оти не се вакцинираат.
     
    На PaLaVa, green.eyes, Celltica и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.051
    Пол:
    Женски
    Точно е дека има разлика меѓу антивакс и индивидуи кои се скептични за одредена вакцина. Се разликуваат по манипулативни и ирелевантни реторики. Едните имаат нереални сомнежи, а другите критичко мислење. Хпв вакцината покрива 4 од најопасните и најчестите видови кои предизвикуваат рак на грлото на матката. Ама е сра*е вакцина, затоа што ти така мислиш, а мислењето го аргументираш со ништо. Читаат луѓе, сензитивни теми се ова.
    Болестите не се искоренети и циркулираат од ендемски области, секогаш кога паѓа вакциналниот процент. Има голема разлика од хромозомски аутизам и псевдо аутизам (од технологија). Ти прво треба да ги разграничиш поимите за да знаеш дека таква дијагноза од технологија навистина постои. Не се работи за правиот аутизам, туку виртуелен, ниту пак е нешто од ова поврзано со вакцините. СИДС е на жалост реалност и е кошмар на секој родител. Се случува поради низа ризик фактори, а има препораки од АПА за редукција, меѓу кои и вакцинација.

    Во Германија Мрп е задолжителна и е вакцинално високо покриена држава. Поздрави ги докторите на кои им се смешни заразни болести со сериозни последици.

    П.С. Дечки, после сите предавања на твитер, погодете кој се врати во другата тема. :)
     
    На Bubce38, nadja.d, ElenaOfRivendell и 12 други им се допаѓа ова.
  17. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    И во Геманија се бараат колку што знам потврди за примени вакцини при упис на дете во школо/градинка. И кога беше епидемија со морбили и таму се предвидуваа санкции со тоа што мислам дека имаа висока стапка на вакцинираност ако не се лажам, а оваа стапка секојдневно се следеше и анализираше.
    Инаку, болестите искоренети пред 100 години може да станат многу актуелни за кратко време во отсуство на вакцини. Полиото не е умрено за секогаш, ниту пертусисот, впрочем во Австралија баш заради антиваксерски движења во одредени делови пертусисот земал замав. Моја познаничка вкцинирана како дете заболела од истата болест, нормално ја минала болеста со тоа што кажа дека кашлицата е ужас, буквално се давиш и бориш за здив. Замислете колку би било разорно за едно мало детенце да си корне плуќата од кашлање и бори за здив.
     
    На LejlaD, Chantal, PaLaVa и 6 други им се допаѓа ова.
  18. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Јаре, да не е ???
     
  19. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.684
    Пол:
    Женски
    Туберколоза единствена вакцина што ја има во Мк а ја нема во Де. Ама јас затоа се тресев пред две години кога го пратија татко ми да провери да не е туберколоза, кога неможеа да му најдат дијагноза, а јас со детето на гости таму. Среќа не беше. И да има плус вакцини ама нив пријатели им кажале ...
     
    На Ava.84, green.eyes, Glowy и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.051
    Пол:
    Женски
    Yeah, Јаре е.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.