Секако дека знам. Правото прашање е дали и колку знаеш ти? Да повториме. Преку 70% најопасните предизвикуваат рак на грлото на матката, ама покриени се со вакцина и можат да бидат превенирани.
Ако не требаше да се вакцинираат луѓето до сега ќе изумреше човештвото кратко кажано немаше ни ние да постоиме сега. Колку од нас се вакцинирани и колку луѓе имаат преживеано со примени вакцини, а колкав е смртниот исход(сигурно е далеку помал). Грешка на властите е што треба секое дете да се испита и дали е соодветно здраво и право за да прими одредена вакцина, а при тоа да нема последици. Ние не сме роботи и сите не може исто да реагираме на вакцините. Тоа што некој родител не си го вакцинира детето сам и го изложува на ризик и после тоа не можат да се обвинуваат докторите ако дојде до смртен исход.
Бев против кога излегоа на површина оние неквалитетните вакцини пред неколку години . Генерално не сум против , јас сум вакцинирана , ги вакцинирам и децата , но прашувам дали и какви последици би можело да има по детето одредена вакцина ( доколку се испостави дека е неквалитетна , а детето веќе ја примило ) .
Кој ќе ти каже... Еве сега да ја прашам мајка ми со кои вакцини сум вакцинирана се кладам дека нема да знае, па еве ништо не ми фали се надевам
Ех , тогаш било малку подруго време , имало какви - такви контроли , казни и страв од власта и законодавството . Ова сега е распуштена багра , дива лига .. Инаку , има свекрва ми пријателка што работи на вакцинација кај бебињата , преку неа одиме ние . Господ да ја поживее , ми го продолжува животот женава .. Ќе речам , не е во ред што практично преку врски одиме за вакцинација ( во нормална држава , не би го правела ова ) ама важно ми е , после аферите што излегоа во јавност , да знам дали е безбедна вакцината и колку сериозни компликации може да има како последица .
Не е во ред. И како тоа кај пријателката на свекрвата се безбедни, а во другите диспензери се различни небезбедни вакцини?! Точно е дека државата не ја бива, но вакцини за среќа не произведуваме, туку се набавуваат од легитимни компании. Сигурно се подобри од оние произведени пред 30 години со оглед на целиот технолошки развој.
Не е до диспанзерите , туку до " легитимните " компании . На женава тоа и е работа , гледа од која компанија се набавени вакцините . И пред 5 - 6 години беа набавувани исто од " легитимни " компании , па на крајот излезе дека сепак не е така .
Тоа секако , граѓанско право е на секој човек . Меѓутоа , во пракса , ретко се погодува персоналот да е љубезен и да сака да ти одговори на прашањето ( на сите некогаш не ни е денот , но кога работиш со луѓе , потруди се да бидеш љубезен ) , конкретно овде , има неколку женички намќорести што се и ништо не кажуваат .
Малце грешно сте разбрале за тие пред неколку години. Проблемот не беше во производителот, туку начинот на пренос и роковите. Ако мислите на морбили вакцините паралелно со епидемијата скандалот.
Моево дете е скоро 10 месеци. Освен бсж вакцина во болница кога се роди нема вакцини примено други, а нема ни да прими. Барем не во Македонија. Педијатарката комплетно ме сфати и никаков коментар не даде, не се меша... Твоето дете колку години има и дали до сега сносивте било каква последица од невакцинирањето?
Во право си. Тие во болница што се ставаат вакцини, примени ни се. После тоа не продолживме со вакцинација. За во иднина како ќе се одвиваат работите не знам ама доколку стварно решам одредена вакцина да прими моето дете, плашејќи се од ризикот од соодветната болест, тогаш ќе започнеме процедура за да си купиме вакцина од некоја европска земја. Најблизу е Грција, кошта 100 евра една. Ова е од искуство на познајници на маж ми, брачен пар со мало дете... Не ве осудувам вас што ги вакцинирате децата редовно, затоа не сакам ни мене да ме осудува некој. Имам свои аргументирани и лични причини што постапувам вака. А голем поборник сум за медицина и наука.
Не те осудувам воопшто. Јас лично ќе го носев на педијатар во Солун ама истите вакцини се тука, па не гледам потреба во пандемија да го носам. Во еден диспанзер не беше фирмата што ја сакам, па истата вакцина од Солун ја најдов во друг. Само треба да се распрашаш.