7 години е.Не ништо.Една покана уствари нешто како опомена беше пред 4 год и толку.Од тогаш не нема никој побарано.
Ти изгледа сенилен/сенилна си . Па тоа беше скандал , не така одамна . Едни со сомнителни рокови , увоз и чување , други не заведени во СЗО , увезувани од Бугарија , и тие со сомнително потекло .
Може не сум во тек, но знам со сигурност досега никој немал последици од вакцина. Страшното е што ако се со слаб квалитет нема да делуваат, а не дека ќе ве отрујат инстантно . А зошто осети потреба прво да ме омаловажуваш наместо нормално да дискутираме ?! Сенилна не сум, ама очигледно сум будала што очекувам нормален разговор од човек што мисли дека е толку посебен, па му требаат врски за во диспензер.
А ти зошто ми се обрати со онаков тон предходно ? Да , требаат врски кога никој не те е*ава ни 2% . И не , не сум посебна . Само сакам моите деца да се безбедни и толку . Не сакам да добијат несакани последици од неисправни и неквалитетни вакцини .
Прашав, ми рекоа има термини и матичниот да закаже, меѓутоа матичниот вели дека таква опција нема, ниту пак некаков термин и мене не ми е јасно, или тој толку знае да закажува или се работи за друга институција.
Не знам, навистина. Мене прво што ми падна на памет кога се работи за вакцини вон задолжителните е центар за јавно здравје. Не гледам каде и како би се закажал термин. И за која институција? Можеби треба да ги прашате да ви кажат во ЦЈЗ.
Ќе ве замолам за совет. Пред 3 дена во Албанија на одмор ме касна улично куче за рака ( му давав храна ) одма отидов на ургентен таму и само ми ја исчистија раката со хидроген и јод и ни рекоа да си купиме инекција тетанус да ми ја стават. Сопругот купи во аптека ампула на неа пишувало вакцина тетанус, ми ја ставија во колк. Прашањето ми е дали ќе треба повторно да се вакцинирам и каде да отидам да се обратам да прашам, матичната ја прашав она ме прашува дали е сериум или вакцина ние Незнаеме дали е сериум или вакцина, сопругот земал ампула така му дале таму во аптека и му рекле дека е вакцина за тетанус.
Ако ви кажале дека е вакцина значи вакцина е не е серум. Види како ќе се осеќаш ама мислам дека една вакцина ќе ти заврши работа. Братучед 3 пати го гризнало куче улично само една вакцина прими и му ги исчистија дупките од угризот.
Побитно ти е да е исчистена раната и антибиотик да примаш, за да не се инфицира раната, а често се случува зашто забите се најголем извор на зараза. Матичната треба да те прати до инфективна амбуланта или да си купиш сама и да те боцне ама зависно дали е вакцина или серум. Мислам треба серум ако си вакцинирана како дете ама и да си примила вакцина океј е.
ако не те боцнале во рака веројатно е серум. Мене ме има каснато куче и на инфективна ми ставија серум во бут и вакцина во рака. Ревакцина исто ми закажаа. Ми кажаа ако минале 5год од последна вакцина мора да се прими и серум и вакцина.
Ви благодарам на сите за советите, отидов на инфективна објаснив што како се случило докторката дека не беше сигурна што како сум примила и дека немам никаков документ што имам примено за моја сигурност во моментот ми ставија 5 инекции- 1 - лево рамо, 1- десно рамо, 1- десен колк, и 2- во лев колк, ме заведоа и се водам сега во дневна амбуланта и на одредени денови сега треба да одам да примам уште вакцини во десно рамо. Како и да е се надевам дека ќе имам здраствена заштита после толку инекции и вакцини. П.с. повторно ќе хранам улични кучиња, само нема веќе да се доближувам до нив
Хепатитис не се добива од хемофилија, ниту пак од цистична фиброза. Се надевам лекарот кој ја нагаѓал дијагнозата не е Филипче. Сличен случај кај мене, затоа го спомнав
Здраво жени, дали постои некоја мама што е против сите вакцини, со кого би можела да дискутирам јас. ))
Можеш да не го вакцинираш само не можеш да го запишеш во градинка. Само пред да одлучиш размисли убаво каков ризик преземаш, консултирај се со имунолог, размисли добро. Јас лично не гледам причина да не се вакцинира зашто вакцините сега се потполно безбедни.