Јасно ми е за сите овие работи. Освен градинка не го ни примаат во школо. Јас лично имам многу пријатели од Мк, и странство кои што им немаат ставено ниту една вакцина на децата. И сите се здрави, живи, плус што немаат многу инфекции што вакцинираните деца ги имаат. Како и да е, сериозно за дискутирање ми беше, баш сакав да видам кој до каде е со мислењето. Инаку децата ни се вакцинирани.
Ти отпосле си пишала дека за пријатели прашуваш. Не сум видовита Зорка. Секој ќе си помисли дека за свое дете прашуваш.
Ги примаат во школо, задолжително е образованието. Туку често слушам за тоа што го спомна дека почесто вакцинираните се разболуваат. На што конкретно мислиш? Како обични настинки, грипови и сл?
Мислев на инфекции на уво, грло, крајници воспалени каде што имаме сретнато кај многу деца како чест проблем, крварење од нос, и да, почесто настинување.
Не знам, немам блиски невакцинирани ама може да е затоа што вакцинираните се најчесто во колектив, а невакцинираните секако не одат во градинка, не лижат исти играчки, не спијат заедно, не поминуваат време со 20 деца секој ден.
Па овие што ги познавам немаат од овој тип, да се стигне до степен да им се вадат крајници. И пак ќе кажам, дискутираме, молам за култура и без сарказам.
Нема потреба за дискусија која не води никаде. И тој што е за вакцинација и тој што е против или прифаќа дел од вакцините е негово право. Сепак се работи за свои деца и секој родител посакува најдобро за своето дете.Неверувам дека има родител кој го посакува спротивното. Подобро би било дискусијата да продолжи со лични примери,искуства,сомнежи кои ќе се споделуваат и позитивни и негативни со вакцините.
На колку вакцинирани и невакцинирани е направен овој заклучок со кои карактеристики и во каква околина?
Еве анализа која е објавена во 2020 година. "Анализа на здравствени резултати кај вакцинирани и невакцинирани деца: доцнење во развојот, астма, инфекции на увото и гастроинтестинални нарушувања." Analysis of health outcomes in vaccinated and unvaccinated children: Developmental delays, asthma, ear infections and gastrointestinal disorders - PMC (nih.gov)
Мајки малата вчера прима вакцина на 7 г што е против тетанус мислам беше Денес раката околу вакцината и е отечена и многу жешка Нормално ли е оваа реакција и дали можам да и ставам таму од лепенките за температура
Не е хахаха,соња од гастро и една стара докторка во пензија на испомош.плус ме обвинуваше дека сум пиела парацетамол во бременост па сум му го оштетила црниот дроб на синот.јас мигрени страшни лечев со викс .каква држава такво здраство.
Кој вакцини се задолжителни и ги бараат при упис во градинка? Каде можам подетално да прочитам кој вакцини ги има во Мк, која е за што е, кој се задолжителни кој не.. Некако не можам да се снајдам а сакам убаво да се информирам.