Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    561
    Мајки, шествалентната вакцина (третата), ја примивме во Април. Сега имаме закажано Превенар. Но се мислам дали да ја ставиме мрп место превенар. Колку време треба да помине најмалку од дтп до мрп?
     
  2. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.281
    Пол:
    Женски
    Мами, во четврток треба да ја примаме бсж вакцината, прашањето ми е дали ќе има реакција некоја после и како да третирам?
    И ако може да не упатите после кои вакцини се следни за примање.
    Убав ден
     
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Нема никаква реакција и никако не се третира. Може во наредните 3-6 месеци да се појави белегче или да загнои.
    Следни шествалентна, рота и превенар (оваа зависи од диспанзерот, не ја ставаат секаде на таа возраст) на 2+ месеци.
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.281
    Пол:
    Женски
    Ахам фала ти мила, први бебиња ми се па затоа не сум упатена доволно.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Слободно прашувај си, мене вакцините ми беа огромен стрес :D
     
    На Inamya му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Поддршка Права

    Поддршка Права Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2022
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    34
    Да ако се за доброто на човештвото
     
  7. Dormir

    Dormir Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2022
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    13
    Каде поише сте задоволни од вакцинирање? Идадија или Јане Сандански?
     
  8. mina.baby

    mina.baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    30
    Здраво, ние утре правиме 2 месеци па да прашам дали ќе може и сака некоја мајка да ми каже првите вакцини што се примаат сега од кој до кој ден се примаат? Кои документи треба ? И дали треба крвна слика и ако да колку стара може да биде?
    Ви благодарам од срце
     
  9. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    2.385
    Мајка нас педијатар ни рече најдобро е 10та недела да го носиме на вакцина. Пратете рок за рота, првата доза може најкасно 12та недела да се прими. Од документи здравствена книшка за бебушот и крвна слика. Јас лично гледам крвната слика да не е постара од 3 дена, а како е правило не знам искрено. Земи си дома да имаш антипиреа лепенки да му залепиш на бутчињата да не го боли, а за температура ако има евентуално што ќе ти каже матичен лекар ќе си земеш. Со лесно мајка
     
    На mina.baby му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Му стигна на некој казна за мрп? Слушам деновиве нагло почнале да стигаат казни, дали конечно ја затегаат работата или муабети се само?
     
  11. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    561
    Слушам и јас постојано дека стигнуваат казни/опомени...
     
  12. Charlotte*

    Charlotte* Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Женски
    Мене ми стигна, али директ у канта отиде. :)
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    И колку е казна?
     
  14. Charlotte*

    Charlotte* Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Женски
    Не ни видов искрено, зошто со печат беше позади и не се читаше се. Некаде 150е ко да видов, ама стварно лошо испечатено ко и целово здравство наше.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Стварно не ѕирна колку имаш за плаќање? Или да прашаш некаде?
     
  16. Charlotte*

    Charlotte* Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Женски
    Не, нити ме интересира во моментов. Моето е прематурче, со благ спазам (кој го немаше до 18+)и чекам одобрение од имунолог, каде што нема термин со месеци . Кога некој со потпис ќе ми гарантира дека нема штета, ќе го носам прва. Да напоменам овие работи како спазам се гледаат на 6+, моето дете гледано од повеќе педијатри, невролошки прегледи (задолжителни за прематури) и двајца ортопеди, никој ништо вакво не спомена. Во ништо не доцнеше, почна да збори на година, сега 3 говор пренапреден фала на Бога, но прооде сам на 18+, а ја што стресови окркав...
    Падни-стани до 24+, очиња полни страв и сомнеж дали може или не може сам, нормално од болка која ја имал во стапалцето.
    На прашањето дали е безбедно сега ммр, таму каде што го вакцинираме ми беше даден одговор ако немал проблем со вакцина за Тетанус, нема гајле.
    И сега, кој да ми каже????
     
    Последна измена: 30 јуни 2022
    На Bubamaricka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Друга е твојата приказна, барај имунолог и види што како, не брзај. Се надевам се ќе биде добро.
     
    На Серотин и Charlotte* им се допаѓа ова.
  18. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Здраво. Дали некој кој што е против вакцини можи да подискутира т.е. да ми каже што информации има и што знае, конкретно ме интересира за ДТП вакцината, состав, за кои болести е, нус појави, заштита... чисто ме интересира различни мислења и искуства, нормално се консултирам пред се и со медицински лица и матичен педијатар и верувајте дури и во нив има поделени мислења. Немам поќе доверба во никој, сите различно кажуваат, поготово немам доверба во квалитетот на вакцините во нашата држава, иако досега ги ставивме сите вакцини некако со двоумење и дали постапуваме правилно или не?
     
  19. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Некој што е против вакцини да ти каже дали правилно постапуваш?!
    Не ми се верува што читам.

    ДТП или дитепер ти е вакцина против дифтерија, тетанус и пертусис (магарешка кашлица), провери ги овие болести, па размисли пак дали сакаш некој да те подржува во невакцинирање.
     
    На Tea SK, Lianna Anna, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Читај убаво па после нека не ти се верува, убаво кажав сакам да слушнам различни искуства и мислења ане дали правилно постапувам. Тие што се против вакцините најчесто се оние кои виделе мака и имале нус појави па сакам да ја слушнам и нивната страна. Тие што се против истражуваат како е во други држави и читаат литература а не само слепо да веруваат во она што ќе го кажат докторите, сакам да слушнам што тие прочитале. Впрочем има и доктори специјалисти ( еден од нив имунолог ) со кој сум разговарала и се против вакцирање, има поделени мислења и во докторската фела и кога стигнавме до тој степен тИе да не можат да се договорат меѓу себе и да имаат поделени мислења нормално ќе се запрашаме на кој попрво да мѕ веруваме.
    Времињата се менуват, медицината напреднува, за премногу работи што порано се сметало дека се добри и во ред се менуваат и испаѓа било погрешно.
    Не планирам да дебатирам и да се објаснувам, ниту да барам некој да ме подржувал во невакцинирање, убо си кажав што ме интересира, искуства и мислења различни. Јас го вакцинирам своето дете но кога од врвни доктори добивам и поинакви информации нормално дека ќе се запрашам и двоумам.












     
    На Калатеа и yarre им се допаѓа ова.