Согласно тековната законска регулатива - никакви вакцини не се задолжителни за упис во градинка. Тоа што изводат некои директори на градинки е противзаконско.
Да?! Може да ми кажете каде го има законот. Бидејќи поднесов документи во две градинки и сегден ни бараат вакцинален картон! И дали следи само парична казна ако не се примаат или?
Вакцинален картон бараат секако, и да е празен не треба да ти направат проблем. Јас и за во градинка и за во школо им давав иако само 3 вакцини има примемени
Е за тоа не сум знаела дека може и празен/ не сите примени. Дека пред некое време нели без мрп не примаа ни во градинка ни во школо!
Он мрп ја има примено, дури на 4,5 години кога мораше за во градинка, предходно пред епидемијата на морбили го примија во градинка само со тие 2 во болница што се примаат. Ти однеси им го картонот, ако ти прават проблем повикај се на законот
За упис на дете во градинка, родителот треба да достави потврда за здравствената состојба на детето според член 60 став 8 од Законот за заштита на децата: „Родителите се должни при приемот на детето во градинката да приложат потврда од матичниот лекар за здравствената состојба на детето односно наод и мислење од соодветна стручна институција за дете со пречки во менталниот развој или телесна попреченост“ И толку.
Да испитате нетолеранција на лактоза.истиве симптоми ги имаше и моето бебе после првата вакцинација.птоливи течни смрдливи слузести пенасти изпадна испадна позитивна.сменивме ад брз лактоза и си дојде во ред
Два пати по месец дена имавме преголема мака. Испитавме буквално се што можеше. 3 и пол недели со дијареа и стагнирање на килажа, слузава столица, абнормално плачење не е ни малку лесно да се издржи сето тоа .. Испитавме и интолеранција на лактоза и алергија на млечен протеин. Нема ништо од тоа. Направивме и копрокултура, и крвна слика, и ехо на абдомен. Останавме по доктори. На 100 мислења бевме. На приватно ни кажаа дека од полио вакцината се сите проблеми но и тие се условувани и притиснати и не можат ништо да направат. И замената на матичната е сигурна дека сето тоа е од вакцината. Но никој ништо не превзема и никој не ни пријавил во Малмед, а должни се. После секоја вакцина поливалентна истото се повторува. Барајќи родители што се соочиле со нешто слично на нашето, најдов и многу полоши сценарија. Среќа што моето бебе сега е во ред и нема никакви проблеми, а за понатамошна вакцинација едно големо НЕ и против од мене. Во денешно време има и социјални мрежи и медиуми и покрај тоа што пробуваат да ги сокријат несаканите реакции и се да биде тајно и скришно и никаде да не се дознае, џабе им е, полека полека се ќе излезе на виделина, ќе си кажува народот и сите со лошо искуство и сите што виделе мака па се ќе биде јасно.
Како се справувате кога ве бараат од инспекција? Притискаат да се вакцинира доколку нема причина за не, или потврда некаква од доктор. Нашата причина не ни ја признаваат, велат не е од вакцина таква контраиндикација и упорно бараат да вакцинираме или ќе се продолжел процесот веројатно преку суд. Вие што не сте вакцинирале како се справивте, со плаќање казни, со потпишување изјава некаква или? @yarre или некој друг упатен?
Побарајте ги на фб од нас за нас, мене ме упатија што и како да правам, тука ми ги препорача некој член.
Гледам го споменувате „Од нас за нас“. Од прва рака да Ве информирам дека се работи за едно многу искрено здружение на родители. И помага на родителите кои одлучиле да не вакцинираат. Од друга страна, самото здружение е едно непрофитно заедништво на луѓе кои во денешните услови е напаѓано на сите можни начини. Немојте да очекувате чуда од нив. Чуда не постојат. Во борбата против вакцините Ве носи само една работа, а тоа е Вашиот цврст став кој го имате. Ако воопшто го имате. „Од нас за нас“ се тука само да Ви помогнат во личната битка која мора сами да ја терате. Правилото е дека нема правило, и се приспособувате кон тоа. Ве носи Вашата желба да истраете. А тоа нешто го покажаа мнгу родители претходно. Законите во нашава држава не важат, се користат во зависност од инфлуенцијата која ја има во моментот. Да важат, и да сме држава правата се на страна на родителот. За жал кај нас правдата и правдината се на различни улици. Затоа е и претходно кажаното. Вие се борите за Вашите најмили. Не државата. Ако сте со ставот дека вакцините прават очај, а не допринесуваат ништо, тогаш сте на патот за Вашата борба. Борба која некои пред Вас веќе ја поминале и завршиле. Со успех. Јас мојата борба ја завршив и имам две прекрасни невакцинирани дечиња. Но спремен сум за совети во Вашата борба. Секој Ваш успех е и мој успех, дури и да не Ве познавам, и да не ги знам Вашите индијанци. Верувам дека како и јас и Вие на своите најмили им посакувате се најдобро. Веројатно затоа и темава доживеала 424 страници. Со многу ботови и платеници и едносмерни мајки кои брзаат да го боцнат своето најмило мислејќи дека го прават најдоброто за своето дете. Вакцинацијата е НЕревезибилен процес. Едносмерна улица. Назад нема. Каење нема. Видете го патот на паталците и учете од нив.
Сите вакви глупости се со заклучени коментари пошто кога ќе ги затрупаат со факти ништо нема да има од видеото
Dokumentarecov e preveden na srpski na nekoj kanal sto ne mozes da komentiras i toa go pravi nevistinit? Dokumentarecov e produciran od De Niro ,koj ima sin so autizam.Pogledni go pa mozda ke naucis nesto.
Вакцините немаат врска со аутизам. Еве и Де Ниро го повлекол откако ги разгледал фактите со научната заедница. https://www-nytimes-com.cdn.ampproj...e-documentary-from-tribeca-film-festival.html
Аутизам е најпросто кажано различност, нетипичност на мозокот поради промени во одредени структури. Не може да се "добие" затоа што не е болест што се добива, туку е збир на состојби за кои треба да има вродена(генетска) основа за да постојат. Врската меѓу аутизмот и вакцините е стопати докажана дека не постои, ама кој да се заинтересира да прочита. Ќе имаме епидемии на искоренети болести заради вас. Место да гледате документарци со сомнителна легитимност прочитајте какви страшни последици и смрт носат болестите против кои не си ги вакцинирате децата.