Абе остај како го шират зборот аутизам како да е најголемото зло на светот. А Тоа што не може да се добие од вакцина е друг огромен факт кој треба да го сфатите сите ама не би да се објаснувам еве Анџи добро си кажа Инаку имам внук, има аутизам и е најмилото дете на овој свет. Зборува и прави се што треба за возраста и е препаметен! секирајте се што ќе правите кога детето ќе ви фати морбили не дај боже без вакцина
Jas ne znam zosto se palite tolku.Pa imate fala bogu internet ,ako znaete angliski ,procitajte ,ima bezbroj iatrazuvanja ,pa donesete si zakljucok samite.Ne sekoj misli kako vas.
Лол! Невистинит е затоа што му недостасува научна заднина. Во режија на Вејкфилд е и субјективност во целосно негов стил. Не е без причина баниран. Не постои корелација меѓу вакцините и аутизмот. Филмот е антивакс пропаганда и ништо друго. И Vaxxed 2 да го решат, пред да направи поголемо зло, епидемии на веќе ставени под контрола стари болести.
Роберт Де Ниро се повлекол поради огромниот притисок кој го имал за Vaxxed Еве јас да Ве почастам со Vaxxed 2 преведен на Македонски јазик. Од описот: Општиот наратив пласиран од индустријата за вакцини и од поголем број на медицински лица е дека несакани реакции по вакцина се многу ретки. Тимот на Vaxxed тргнаа на турнеја со цел собирање на сведоштва и претпоставуваа дека најзастапени ќе бидат сведоштвата за несакани реакции по ДТП и МРП вакцините и дека нема да има многу сведоштва за несакани реакции од другите вакцини. Но бројот на сведоштва како од овие така и од други вакцини, ни сами не претпоставуваа дека ќе биде толку голем, делумно и поради неспремноста да се излезе пред камера за толку деликатна тема. Се редеа сведоштва за ДТП, Гардасил, пневмоконата вакцина, МРП, вакцината против грип... Страшен неутешен плач, врескање, дијареа, исклучување од реалноста... Аутизам, алергии, невролошки, автоимуни заболувања... Смртни случи по вакцинацијата... Како турнејата се одвиваше, неочекувано се јавија и многу медицински лица кои сведочеа за нивното искуство, како и за тоа колку учеле за составот на вакцините и несаканите реакции од нив. За малтретирањето, омаловажувањето и уценувањето на пациентите од страна на медицинскиот персонал... За здравјето на невакцинираните деца во однос на вакцинираните... Час и половина вреден материјал за секој иден и сегашен родител, https://www.bitchute.com/video/NRzNUlgnMMfK/
И ти шо предлагаш? Како да ги превенираме инфективните болести, особено оние со висока смртност? И те молам бидејќи имаш вишок време, истражи колкава била смртноста од дифтерија, тетанус, морбили, туберкулоза пред вакцините и смртноста предизвикана од самите вакцини, колкави биле компликациите од болестите наспрема вакцините па сподели тука инфо.
Ст страшен неутешен плач, врескање како реакции Lmaoooo Мојава без никакви реакции од вакцините еве ја 2ипол години уште има врескање, кога беше бебе страшен неутешен плач траеше со месеци. It’s called a baby and a toddler. Look it up Најјако ми е вака кога се вадите ама ДЕ НИРО РЕКОЛ… тоа што Де Ниро нема блага веза со медицината е друго 20 ама кај што има пари и фамозност… најди до релевантни извори жити све
Ако се пропушти периодот од 12 до 18 месеци, кога е најбезбедно после да се стави МРП со цел да се намали ризикот од нус појави? 2 години? Се почесто наидувам на родители што ја одбегнуваат МРП додека дете не проговори, ме интересира од тие што истражувале на оваа тема
Почекај уште малце, еве во Скопје има случаи на магарешка кашлица, кај и да е сите чуми ќе се вратат од многуте јаки експерти и истражувачи.
Абе луѓе какви нуспојави замислувате? Еве моето точно на годинка се вакцинираше, немаше никаква реакција. А плус со МРП прими уште една вакцина. Зборувањето е индивидуално и нема никаква врска со вакцините, туку со личниот развој на детето, како и со тоа колку околината (родителите) му пружа простор за развој.
Има разлика од врескање и неутешно плачење со часови бидејќи е бебе и тоа им е работа, и има врескање и плачење од болка , до помодрување и губење свест. Сум ги видела и ДВЕТЕ плачења, врискања кај моето бебе. Кога ќе доживееш на своја кожа тек тогаш можеш да разбереш. И да осетиш разлика. Инаку џабе. Можеш да се смееш колку сакаш, но сепак не е убаво да се смееш на туѓа мака и да кажуваш it is called a baby, look it up оти како што кажав не знаеш како е. Доколку твоето бебе немало таква реакција не си релевантен извор да кажуваш дали постои или не таква реакција т.е. да се исмеваш, кога не си ни искусила такво нешто.
А вие сите да истражите пред вакцините колкава била смртноста исто така и од обична настинка, смртноста при пораѓај, смртноста за многу болести за кои денес нема вакцина а сепак е премногу намалена итн. Значи порано ЗА СЕ смртноста била мнооооооогу поголема. Живееле во никакви услови, ни хигиена како што треба ни ништо. Смртноста не е намалена ради вакцини, туку општо за сите болести, настинки, пороѓаи итн е намалена поради подобрите услови за живот, хигиена, стандард ....
Ќе дадам мое мислење и за ова, јас не тврдам дека се небезбедни но не тврдам ни дека се безбедни. Самите доктори и научници тврдат едни едното други другото. И едно со сигурност знам. До пред неколку години во вакцините имаше жива. Јас сум вакцинирана со такви вакцини. Се веруваше долги, долги години ( премногу години) дека се безбедни за да пред некое време изјават докторите, СЗО итн дека не чинат тие вакцини, дека не се безбедни и " ги прочистија " и сега ставаат вакцини со алуминиум. Што ми е гаранција дека по неколку години и за овие вакцини нема да им текне дека не се безбедни?? Во вакцинален пункт ми кажуваа како сега биле безбедни и ПРОЧИСТЕНИ како што пред многу години и кажувале на мојата мајка за тогашните вакцини па испадна не биле во ред. И како после тоа да се има доверба? И пример по неколку години само ќе им текне пу пу не важи, исто како за тие со живата, овие вакцини не се безбедни сега нема повеќе да има алуминиум не е безбедно. И никому ништо. Илјадници бебиња што биле вакцинирани кој ги ..... Жалосно. А исто така било кој доктор кога ќе прашам да ми каже со сигурност дека ќе биде во ред моето бебе и да ми гарантираат дека се безбедни вакцините ми викаат не можеме да го направиме тоа. Не постои нити еден доктор, нити една институција која што гарантира на писмено дека се безбедни вакцините. Барав институција која што ќе ми потврди и ќе гарантира, сите креваат рамена викаат не гарантираме за последиците но ти мора да го вакцинираш бебето. Доколку се толку безбедни вакцините зошто никој не дава гаранција, ете конкретно во нашата држава? Ниту еден доктор, ниту една институција, ниту министерство за здравство, никој!
А да си бркаш работа ти? Пошо со глупиов одговор никој нема да премислиш ако решил да чека. Прашав конкретно прашање, не сум анти ваксер, си го вакцинирам детето, и конкретно ова за периодот ме интересира зошто прочитав дека имало студии, ама не ги најдов. @nevermet18 Ако веќе постојат здруженија и толку многу родители кои велат дека од вакцината детето имало нус појави, може и не е толку наивно, секој со својата мака, не би сакала тие родители да ги правам луди. Ме интересираат мислења со факти конкретно за ова што прашав.
Не знам кој е глуп тука, јас или оној шо бара истражувачи на форум при достапен интернет Еве ти една истражителка, она ќе ти каже Хахахахах немам коментар, сѐ е кажано.
Ти дете имаш воопшто? Понашањево второ за трето одделение однеси го во темине за љубовни совети. Ајт.
Секоја чест за размислувањето. Искрено јас не бев воопшто против вакцините, почнавме со сите вакцини редовно да ги ставаме. Имаме ставено 5 вакцини. Но дури ни тогаш, т.е. никогаш не ги правев луди тие што беа против и го почитував нивното мислење. Нивни деца, нивни одлуки. Кога почнаа проблемите наши поради поливалентните вакцини дури тогаш почнав повеќе да истражувам , да се информирам. Да разговарам со доктори, имунолози, луѓе кои поминале низ слично. Но пред се се водам спрема моето бебе, нашата приказна, нашите проблеми и маки. Навистина многу бебиња немаат нус појави кои се привидни во моментот. Можеби ќе јават потаму во животот. Можеби никогаш. Но има некои кој виделе многу мака. Има и такви кои се осакатени за цел живот. И не е во ред да се преправаме дека не постојат такви работи. Тоа е суровата реалност. Најлошото е што тој што не видел мака не знае како е. А ги прават луди тие што виделе мака. Но во денешно време со социјалните мрежи се ќе си излегува на виделина. Нема повеќе да е се така тајно и скришно и да се заташкуваат работите. Секој ќе може јавно да си го сподели сопственото искуство. И нема ништо лошо секој родител да е претпазлив, да прашува за искуства од други родители, несакани реакции, на крајот сепак секое дете е различно и секој организам е различен, секој си е приказна сам за себе но нема ништо лошо да се споделуваат искуства и да се истражува.
Ги имам повеќе, а не сте посебни ни вие ни вашите принцови и принцези затоа што плачеле повеќе од другите, па да ги ставате и нашите во опасност. Кога истражуваш веќе прочитај малку за колективен имунитет, како функционира и зошто вакцините се сметаат за откритие на 21 век. Не мора фала. Пријатно и со среќа, очигледно ќе ти треба.