Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. bibiiii

    bibiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    1.081
    Ocigledno mozokot ti e ispran do taa mera da ne slusas nikogo i ne si otvorena kon poinakvi razmisluvanja i debati.Sekoja rabota ima razlicni iskustva i nikogas ne se isti.Vo medicinata nikogas 2+2=4.Ne e ubavo da si slepa ovca koja se vodi po mislenjeto na Big Pharma ,koja poveke vlozuva kon ispituvanje na antibiotici ,nego na vakcini.Ne e sekoj sto ima somnez protiv vakcini,tuku saka da bide informiran za sodrzinata na istite i nus efektite. 1 :1000 ili 1:10000 ne vi znaci nisto,no sto ako toa 1 e vaseto dete? Kako sto pisaja nekoj pogore,golem udel za iskorenuvanje na nekoi bolesti se cistata voda,higienata,ishranata i antibioticite.Vo svetot postojat uste iljadnici smrtonosni bolesti ,zosto ne vakciniraat protiv niv? Eve ,neka vovedat uste 20tina vakcini i samo neka bockaat ,pa posle toa boosters ,pa cel zivot da ne vakciniraat.Jas navistina ne razbiram kako ne se prasuvate za sodrzinata na vasite najmili koga gi nosite na vakcina...Nikoj ne vi garantira nisto,posebno vo ovaa drzava.Zosto vo svetot ima fondovi za isplata na steti od vakcini ,ako se tolku bezbedni? Pa isplakaat sekoja godina ne milioni ,tuku miljardi dolari
     
    На Saf, yarre, Jordanovska-K и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    1.839
    Пол:
    Женски
    Јас син ми го боцнав на двеипол години. Го чекавме да прооде, он кутриот подоцна прооде од вообичаените 12-14 месеци, и онака доцневме со сите вакцини заради грипови и настинки зимата и го фатија 30 месеци. Никој не нѐ искара, напротив докторката што прегледуваше искоментира дека не е препорачливо краток рок меѓу вакцини а ако се задоцни не е страшно.
    Е сега оваа што е за ќерка ми има став дека се имунизира во одредени месеци, после тоа телото не создавало имунитет. Ама ние пак си доцниме, минавме 3 настинки и ковид за девет месеци и мислам дека доволно се бори имунитетот со тие вируси и многу ќе ѝ дојде и вакцини, посебно што овие се по 5-6 заедно. И матичната ме посоветува после ковидот неколку месеци да не ја вакцинираме.
    ПС. Темава има малку безвезе наслов, ко некој да нѐ прашува дали сакаме или неќиме, како на пример дали сакаме хемикалии во сапунот или пестициди во морковот
     
    На Anaroz1, mal.ecka, Калатеа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    7.163
    Фала ти, баш вакви мислења ми треба.

    За рокот многу различни мислења има по диспанзерите, како може во 2 диспанзери на 30 дена, во 5 диспанзера на 45+ дена да ставаат размак меѓу вакцини, нели би требало да има некое универзално правило (доколку дете е здраво) кога се вакцини и ревакцини...
    Ова во консултација со пријателки го утврдив кога не бев сигурна за ревакцина.

    Неретко слушам матични доктори советуваат да се почека уште малку со Мрп вакцина(баш над 2ипол години), посебно кај потврдоглави деца ај да речам.

    Искрено, докторите во диспанзер и немаат некое знаење, освен да слушнат дете дали е здраво.
    2 различни докторки различно ми кажаа која вакцина е на ред, и размакот меѓу нив исто различен...
     
    На yarre и Te@ им се допаѓа ова.
  4. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.679
    Допаѓања:
    2.158
    Пол:
    Женски
    Не сум анти- ваксер, вакцинирам но истовремено и ПРЕмногу се плашам од денешниве вакцини и нивниот квалитет баш во нашава држава. Кога се распрашував кај педијатарот кај вакцините, и'кажав дека сакам малку да ја одложам додека не почне барем да зборува малиов и таа ми рече со овие зборови " во ред, тоа е твое право. Ако не го запишуваш во градинка, почекај до кај две и пол години". Малиов е сега 2 и пол, сега брзо ја прими дтпр, а за ммр ќе почекам барем уште некој месец, или здравје на пролет коха ќе наполни 3. Не оди во градинка, но во меѓувреме мн и се плашам ако не дај Боже налетаме на некои сипаници...Стварно не знам што да мислам.
    А, вака и кога размислувам, се чудам колку дечињава во денешно време страдаат од разни дерматити, секое второ има некаква алергија и што знам уште што не....Да не бидам сфатена погрешно дека тоа го поврзувам со вакцини...
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  5. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    @Te@ @bibiiii не можам да ве цитирам реченица по реченица, ќе напишам сѐ што мислам.

    Секако дека 1:100.000 или 1:1.000.000 не е воопшто мала бројка кога се работи за дете, ама е многу помала од 1:500. Имено
    Вкупниот број на случаи пријавени во Република Северна Македонија од декември 2018 заклучно со 06.12.2019, а кои ја исполнуваат дефиницијата на случај и се вбројуваат во вкупниот број заболени во епидемијата, изнесува 1.901, со стапка на заболување од 91,9 на 100.000 жители.

    Од пријавените случаи, 852 или 44,8% биле хоспитализирани, а кај 302 (15,9%) се регистрирани компликации. Од нив, најголем број компликации биле кај деца од 0-4 години (n=137; 45,4%) и тоа 78 (25,9%) – кај деца до една година и 59 (19,5%) – кај деца на возраст 1-4г, што укажува дека оваа возрасна група е најзасегната и подложна на компликации. Како најчести компликации се регистрирани пневмонија – 146 (48,3%) и дијареја – 140 (46,4%).

    Во епидемијата регистрирани се четири смртни случаи асоцирани со мали сипаници, кај деца на возраст од 5,5 до 13 месеци, сите невакцинирани со МРП вакцина. Кај две од децата постоел коморбидитет, а сите четири деца починале од бронхопневмонија, како компликација на заболувањето со мали сипаници.

    Извор Институт за јавно здравје на РСМ

    Јас не успеав да најдам статистика за починати од ммр вакцина. Ако постои таков податок, споделете инфо.

    Живата во вакцините ја има(ло) во трагови како стабилизатор за вакцината. Концентрацијата на жива во една вакцина е помала отколку во овошјето и зеленчукот што го купуваме од пазар.

    Кој доктор да ви потпише каква гаранција? Единствена обврска на лекар е доколку родителот е заинтересиран да му покаже упатство за употреба, рок на вакцината, здравствени бенефити од (не)вакцинирање и реални причини за (не)вакцинирање. Исто како што нема ниеден доктор што ќе гарантира дека аутистичен спектар се појавил како директна последица на ммр, едноставно невозможно е да се гарантира нешто што не може да се докажи.
    Зарем има доктор што ви гарантира дека нема некој антибиотик што го препишал да направи анафилактичен шок кај вашето дете или дека парацетамолот нема да му го оштети црниот дроб. Кога сме кај парацетамолот, научници сметаат дека зголемената употреба на парацетамол може да е асоцирана со зголемен ризик од аутизам . Па гледам сите престанавме да им даваме парацетамол на децата.

    И ако нешто не дај Боже се случи со некое дете, обесштетување од милијарди долари би ја поправиле штетата? Оштета можеш да бараш од производителот, не од сестрата што те боцнала.

    Немам против да се дискутира, немам против ни доколку некој родител одлучи да не го вакцинира своето дете, ама имам против од сеење на страв и наметнување на мислења на и така збунети родители.

    Исто ме интересира објаснувањето на педијатрите од вашите деца-зошто не се дава вакцината кај деца што не проодиле/не прозбориле? Каква гаранција е одењето и зборувањето? Што ако незборувањето е резултат на оштетување на слухот?
    Не сум иронична, навистина ме интересира.
     
    На CameliaMiller, Снегулк@23, WildMk и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Ако земеме во предвид дека ММР според календарот за вакцинација се става на 13 месеци, а жртви се помали бебиња кои немале шанса да се вакцинираат дотогаш сосема е валиден доказот дека постигнатиот ефект на вакцинацијата е успешна заштита за поголемите и вакцинирани деца, но не доволна за да се спречи ширењето на заразата.
    Има и документирани случаи на деца и како поминуваат вакцинирани наспроти невакцинирани при и после инфекцијата, само на кој му се гледа ќе сврзе два и два, на кој не, ќе чита треторазредни бајачи и исцелители на интернет кои целта им се кликови.
     
    На CameliaMiller, lovely91, nevermet18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Некогаш е добро и логично човек да размислува наспрам стереотипот децениски наметнуван. Зошто коа ќе се загребе под чаршавот излегуваат еден куп нелогичности кои воопшто не се асоцираат со секташи, квази лекари и рамноземјаши.

    Не беше толку одамна кога како деца не носеа да префатиме сипаници од други деца, како би ги прележале на време и со тоа би створиле траен имунитет. Тоа го препорачуваа доктори. Смртни случаи од сипаници едноставно немаше. Детска болест која прележена во детски години не прави никаков проблем. Кога се измисли ММР вакцината тргна и баукот на смртност од сипаници. Имаше помор на деца во Романија, ромска популација вратена од Италија, извакцинирана со ММР, но смтрноста наместо на субстандардните услови на живот и неухранетост, се препиша на ММР.

    Четрите смртни случаи во МК се лесно поврзани со сипаниците иако ете 2 биле поврзани со друг коморбидотет. За другите два исто нема информации ама во ек на засилена кампања на вакцинација потребни се застрашувачки бројки. Па нели „страв лојзе чува“.

    Аѓуванитете (засилувачи) на вакцините се става за различни потреби, од „зајакнување“ на имуниот одговор до презервација на самата вакцина. Живата сеуште се мота во некои вакцини, не е целосно исфрлена, после полавековна употреба. Живата инаку, бара специјален третман од еден скршен топломер, и илузорно е да се споредува со жива во овошје и вакцина која се вбризгува директно во крвотокот на детето, прескокнувајќи ги сите механизми на заштита.

    Докторот секако не може да гарантира. Ништо. Тој е само нем послушник на системот кој ако не го слуша ќе ја изгуби работата. Затоа и докторите свесни на проблемите после вакцинација единствено позади завеса ќе ви кажат да одложите или одбиете вакцинација. Нема да излезе доктор на ТВ и да го каже тоа. Барем не кај нас.
    Од друга страна. да, ризик од вакцините секако постои, затоа во некои земји се и фондовите кои исллаќаат отштети. Но џабе се парите коа имате урнисано дете.
    А фер е да каде има ризик има и право на избор.

    Стравот се користеше во времето на Гебелс, како и пропагандата која беше на најако. Слободно повлечете паралела кој шири страв и кој прави пропаганда.
    Одлуката, каква и да е, МОРА да биде на родителот, бидејќи тој ќе се справува со проблемите после вакцинација, државата ќе го заврти грбот. Улицата е едносмерна, нема премислување. Вакцинацијата е НЕреверзибилен процес.

    Не сакам да влезам со никого во директна дискусија, само изнесувам размислување.
     
    На lavinija28, Lavica2602, Jordanovska-K и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Нѐ носеле да префатиме сипаници од други деца, ама варичела, не морбили. Малку грешка мислам дека си и со податокот дека откако ги измислија ммр вакцините измислија и смртност од болеста. Моите се родени крајот на 60тите и двајцата се вакцинирани против морбили. Смртноста почна откако се намали процентот на вакцинирани.

    Инаку, без разлика на мојот став за вакцината, го делам мислењето дека родителот треба да донесе одлука дали да го вакцинира своето дете, како и последиците од својата одлука.
     
    На nevermet18 и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Не носеле да поминеме варичела, 100 пати полесна од морбили.
    Морбили е смртоносна, и знае да биде многу опасна. Впрочем во многу земји и варичела е искоренета со вакцинација. Како Грција на пример.
     
    На CameliaMiller, WildMk, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207


    Па нормално дека нема да најде никој статистика за мртви од мрп вакцина или некоја друга бидејќи никој нема да го дозволи тоа да излезе во јавност, огромна пара е во прашање и бизнис, профитерите би изгубиле премногу ( а не дека не постојат мртви за жал или со страшни компликации ) . Затајување и заташкување на многу случаеви имало и за жал и допрва ќе има. Само што сега потешко им оди бидејќи како што кажав луѓето имаат пристап до медиумите и социјалните мрежи па јавно говорат.
    Ете и случајот со моето бебе, од прва рака ви кажувам и ви тврдам дека со сите сили пробуваат да ја заташкаат работата, само што ние имавме среќа па не беа трајни оштетувања или смрт. Но сепак два месеци живеевме во агонија, бебето ми се изнамачи премногу, изгуби на килажа, пролив имаше на два пати по цел месец, слузава столица, абнормално плачење скоро константно доаѓаше до помодрување бебето, зајдуваше, се губеше, останавме по доктори. После секоја поливалентна вакцина од денот кога ќе ја ставевме па 3 и пол, 4 недели страшно беше. И бевме кизнај колку пати во диспанзер, ми викаа дека такви нус појави не постоеле од поливалентните вакцини. Демек јас измислувам?!??! Од што мака да измислувам и да шетам по доктори. Бевме и по приватни доктори правевме секакви испитувања и ехо на абдомен. Во диспанзер ми велеа Супер ми било бебето. А јас измислувам и ко будала останав по доктори и правев секакви испитувања? Тоа што не кажувало килажа не било доволно моето млеко. Сликите од проливот и слузавата столица што го носев како доказ дека не ми е во ред бебето ОДБИВАА ДА ГИ ВИДАТ. Ниту пријавија во Малмед, ниту запишаа во картонот, ЕДНОСТАВНО МЕ ИГНОРИРАА дека ништо не било не постоеле такви нус појави. Должни се по закон да пријават во малмед. Тие гледаат само да ги направат луди мајките што виделе мака. На приватно и матичниот доктор не можат никако да ми поможат освен што ме упатија да се обратам до Малмед и ми запишаа извештаи од прегледите на бебето а не викаа ништо не е за разлика од докторките во диспанзер. Арно после месец дена од првата вакцина и после месец дена од втората вакцина помина агонијата. И матичната и на приватно ми рекоа да не ставаме повеќе поливалентни.
    Друг случај, за жал многу потежок, уште во 2005 во мојот град почина 6 месечно бебе 1 и пол час после вакцинација. Здраво, право, родено без нити еден проблем и напредуваше до 6 месеци одлично. Прегледано од доктор пред вакцина, во одлична состојба ( тоа и си стои во картонот). Му ставија вакцина ДТП , си заминаа дома каде што падна во шок. Се вратија веднаш во диспанзер каде што му ставија хитно инекција на бебето и пробуваа да го спасат. За жал почина набрзо, и замислете напишаа извештај дека бебето мртво го донеле родителите, и лажеа дека не ставале инекција и причина за смрт непозната. Мајката демек халуцинираше дека му ставаат инекција?? Зошто лажеа од диспанзер дека мртво го донеле и зошто лажеа за инекцијата? Ден денес се влечкаат по судови родителите, не е решен случајот, иако не знам зошто и што очекуваат, се знае правда во нашата држава нема. И замислете ни Обдукција не му правеле на бебенцето. Зошто? Страшно, болно, жално, немам зборови, не можам ни да ја замислам болката на родителите. И најлошото од се буквално ги прават ненормални бебето го однеле мртво.
    Нормално дека нема никој да признае дека имало и смртни случаеви, кога тие ни полесните нус појави не ги пријавуваат.
    Ми е криво што не ги снимав докторките во диспанзер како одбиваат да ги видат сликите од бебето дека не е во ред, како ме прават луда, како ми се закануваа, ме заплашуваа, ме напаѓаа вербално навистина премногу ми е криво. Само така ќе почнат луѓето што не им се има случено слично искуство да го видат правото лице на докторите и вистинската состојба со вакцините и како се форсираат и како се заташкуваат и кријат работи што не им одговара да излезат во јавноста.

    Во врска со статистиките, мене ми се смешни. Бидејќи тие си пишуваат тоа ШТО ТИЕ САКААТ. Верувам дека починале бебиња, и претерано ми е жал но тоа сигурно не било од морбили. Чист доказ за тоа дека си пишуваат што сакаат само за да ги заплашат луѓето и да направат поголем процент на вакцинација - профит, е сега со короната. Баба ми почина од рак на белите дробови. И направија посмртен тест за корона кој испадна позитивен , ниту таа беше болна и немаше никакви симтоми ниту било кој од фамилијата ( почина дома ) па пишаа дека починала од корона. Беше тоа уште првата година и замислете Не можевме ни на погреб да и одиме. Уште сум гневна. На комшивката под нас и почина сопругот ( 74 години ) од срцев удар. Негативен тест излезе и замислете и нудеа пари да потпише дека од корона починал
    , не ни се веруваше а таа кутрата потпиша немала пари за погреб. И тој влезе во статистиката. Луѓе што умираа во сообраќајки ги запишуваа. Која иронија. Луѓето јавно зборуваа сегде се расчу бидејќи имаше илјадници починати кои врска немаа со корона. па така дури ии самиот Венко Филипче на сител изјави вистина моментално и тие од сообраќајки влегуваат во бројката на смртни, таков бил системот, ќе го попраеле. Битно сееа страв претерано со нивната статистика која две чисти немаше. Убедена сум дека и ти си сведок на минимум барем еден случај од твоето семејство, пошироко или потесно, пријатели или комшии што е заведен а врска немал со корона. Ако не доволно е малку да поразговараш со роднините и пријателите и веднаш ќе најдеш таков случај. Минимум еден. Оти ги има безброј. Имаше во статистиките и за бебе што починало од корона кружеше по вестите. Излезе мајката собра сили и покрај целата мака и јавно кажа дека е родено со срцева мана, бубрежна мана, операции 4 му биле правени од кои една и на мозочето, немало врска со корона. Не знам дали уште ги има на нет тие работи ќе ги побарам. Можеби тогаш сте ги слушнале на тв или прочитале па знаете. Битно сеат страв и си пишат статистики како ќе им текне и како нив им одговара, ЛАЖАТ

    Инаку и мајка ми и вујко ми како деца прележаа морбили, мајка ми е вакцинирана, вујко ми ( 4 год помал од неа ) не бил вакциниран. Подеднакво исто поминаа, од симтоми до момент на заздравување. Во домашни услови се лекуваа. Толку од страшната болест. Имам слушано и за други невакцинирани што поминале многу лесно но тоа само сум слушнала не можам за тоа да тврдам дали било така или не бидејќи не ги познавам лично.
     
    На Снегулк@23, Aljosha, januari19 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    1.835
    Пол:
    Женски
    Јас само ќе кажам ние како поминавме. Ќерка ми ја прими МРП одма после првиот роденден, не одеше, и не зборуваше. Немаше никаква реакција од вакцината. На 13 месеци прооди, на 15 месеци веќе трчаше, сега веќе е 2 години и 11 месеца, од сабајле како стане во 8 или 9 часот до вечерта додека да си легне пак трча, скока, и уста не затвара. Некогаш муабети прави како возрасен човек.
     
    На Anaroz1, Tea SK, hotsauce и 4 други им се допаѓа ова.
  12. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Мене ме носеа за морбили да префатам. Тогаш се викаа популарно рубеола. Одлично се сеќавам. И не успеа.
    После ги истерав во 4то заедно со скоро цело одделение дур бевме на настава во природа во Претор.
    Броевме точки :) Со песна и дружење. Цели 2 недели Секој ден некакво антипиретик апче и преглед на уста кај докторот од одмаралиштето. И не смеевме да се чешаме :)
    Се вратив дома како нов.
    Прележувањето е особено важно да е во детска возраст кога проблемите се минимални и се третираат на ниво на настинка. Тогаш имунитетот е траен. Глупоста за вакцинација на прележано дете е особено нелогична. Џабе прележано има да прими детето.
    Прележувањето е особено важно заради имунитет кој е особено важен кај трудници. Вакцината често ја прикрива рубеолата или понекогаш ја одложува, и како зе беља се јавува на поголема возраст кога знае да е проблематична.
     
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Ама сега за морбили или за рубеола зборуваш? Две различни болести се.
     
    На CameliaMiller, Cherry79, Mucika и 2 други им се допаѓа ова.
  14. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Кои пари, кои црни бизниси? Па кај нас ако не дај Боже имало таков случај на смрт од вакцина веднаш ќе се разбереше, ако не од официјални извори, од социјални мрежи.

    И верувам дека кај твоето дете се јавило реакција од вакцината, во блиска околина имам случај со тромбоцитопенија после поливалентна вакцина.
    Ама ако амоксиклавот направи анафилактичен шок кај моето дете, ти на твоето нема да му даваш?

    За ковидот нема да коментирам, сосема друга тема и проблематика е.
     
    На LiquidLuna и hotsauce им се допаѓа ова.
  15. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    8.684
    Пол:
    Женски
    Многу ми е јака темава, влагам кога сакам да се посмеам. :lol::lol::lol:
     
    На lovely91, hotsauce и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  16. Lavica2602

    Lavica2602 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2017
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    3.213
    Пол:
    Женски
    Ic ne e smesno. Ova e seriozen problem. Jas kako idna majka sum mnogu protiv zasto sama na svoja koza osetiv negativna reakcija od vakcina ama ne od bebe tuku sto ni ja davaa vo 8mo oddelenie vo sredno.
    Znaci da se razbereme pred da me rastrgnete : jas sum protiv vakcini koi gi nosat vo nasava drzava, ne mu veruvam na sistemot i site se od donacii. Smetam deka ne tretiraat kako zamorcinja i zatoa ne veruvam vo toa sto go davaat . Sto ke pravam jas licno koga ke se porodam neznam, ama premnogu se plasam.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Ниту се од донации ниту се различни од оние низ Европа, сѐ ти е достапно на сајтот на фзо, истите производители се. Ќе прислушнете нешто и се вергла истата дезинформација цело време.

    А да те прашам, како идна мајка, не те плашат болести како морбили, полио и магарешки кашлици?
     
    На CameliaMiller, fashion-addict, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lavica2602

    Lavica2602 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2017
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    3.213
    Пол:
    Женски
    Me plasat, kako sto pisav pogore uplasena sum zasto neznam kako da postapam.
    Pa ne sum bas sigurna deka se vergla edna ista informacija, sepak ne treba da se zanemarat iskustvata od izgoreni roditeli.
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.484
    Допаѓања:
    21.076
    Све океј само мала поправка на крајот.
    Против искоренети не се вакцинира оти се искоренети. На пример вариолата никаде ја нема (нема потврдени случаи со години) и затоа нема како да ја добиеш и затоа не се вакцинираат генерациите од 80ти навака.
    Туберкулоза, морбили, полио, пертусис не се искоренети зашто уште има заболени и ден денес.
    Искоренета болест не знам дали може пак да се појави ама ако се појави, не е од невакцинирање.
    Сосем друго е (тоа што уствари сакаш да кажеш) нови пандемии од болести кои само се држат со вакцини под контрола ама не се истребени.
     
    Последна измена: 13 октомври 2022
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bibiiii

    bibiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    1.081
    A dali namesto polivalentni mozat da se stavaat poedninecni vakcini ?