Форумџика на годината

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    970
    Kaj nas ne, zasto nema poedinecni. Prasanje e dali i vo dr zemji gi ima. A inaku ako najdes, moze.
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    До година и пол имаш две шествалентни, една петвалентна и ревакцина петвалентна. Ти би сакала поединечно да го боцкаш детето 22 пати?
     
    На regresija, Tea SK, unearthlysarah и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    8.400
    Пол:
    Женски
    Јас на пример ке тргнам од мене.
    Сум ги примила на време сите вакцини како мала.
    Бидејки сега сум бремена скоро испитував антитела на рубеола. И замислете ,сеуште имам антитела од вакцината за која викате не чини....
    Така да многу од муабетите не држат вода.
    Порано не носеа нашите кај деца исипани за да префатиме ама сме имале заштита ,сме биле вакцинирани и сигурно не би поминале толку тешко.
    А како поминуваат дечиња кои не се вакцинирани од мали сипаници видовме пред некоја година кога имавме и смртни случаи. Така да,да однесам мое дете кај друго кое е исипано за да го фати а притоа не сум го вакцинирала е мечка у вреќа, преголем ризик кој не би го земала.
    Сум прележала на пример и заушки а сум била вакцинирана, ама поминав на нога.
    Сфатете дека ниту една вакцина на светот не е гаранција дека нема да фатиш болест туку ако фатиш дека ке ја поминеш полесно и без смртни исходи.
    На 3 месеци сум фатила магарешка или црна кашлица ,уште пред да успеат да ме вакцинираат.... Сум помодрувала од кашлање , сум се губела , да не даде господ на никој ,мајка ми бдеела над мене 24 h. Одете кажете и нешто против вакцините.
    Секако од секое правило има исклучоци.
    А за случаите со говор и слух ,има секакви. Познавам и такви кои не примаат вакцини па уште не прозбореле на 4 годишна возраст така да ...не е поврзано едното со другото
     
    Последна измена: 18 октомври 2022
    На cocopuff, Cherry79, unearthlysarah и 5 други им се допаѓа ова.
  4. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Не, иако кумулативното дејство и нуспојавите од коктелите никој не го истражил. Званично.
     
    На stefanija70 и bibiiii им се допаѓа ова.
  5. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Уште некој ден ќе стаса покана за ХиБ, ДТаП и Ипб. Ќе го вакциниран ич не му ја мислам. До сега сите ги има примано освен за морбилите. Немало до сега реакции од вакцинирање
     
  6. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    На stefanija70 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    561
    Од последната дтп доза, моето дете 2 дена правеше постојана гримаса, ја вртеше устата на едната страна, неосетно, при игра, гледање тв, значи многу често што атварно страшно изгледаше. Однесовме дете во одлична состојба, го вративме такво Имаме закажано на имунолог, треба да прими мрп, па матичната не испрати на консултација. Дали се прават некои испитувања? Како да бидам сигурна како ќе ја поднесе следната вакцина...За во градинка ни дадоа потврда дека ќе ја прими по преглед од имунолог.
     
  8. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Никогаш не можеш ни ти ни докторите да бидете сигурни како наредната ќе ја поднесе. Разговарај си со имунулог. За МРП можеш да одложуваш и до 3 /4 години.
     
  9. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    561
    Баш на таа возраст е детето. Скоро 4 е, ни кажаа до 5ипол може да се прими. Зборот ми беше, што со разговор? Нели постојат некакви тестови? Нормално скоро сите рекоа не е од вакцината, освен 2 докторки кои кажаа дека некоја компонента може да ги даде тие невролошки реакции. Таа си сака во градинка, еве ќе ја пуштам неколку дена по малку, па ќе паузирам...
     
    На Снегулк@23 и Серотин им се допаѓа ова.
  10. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Зарем уште воопшто помислуваш да вакцинираш понатаму ? Дали некој од докторите што ќе ги консултираш ќе ја превземат одговорноста за можните понатамошни последици ? Ако да како ?
    Предупредувањето е стигнато. Се надевам дека последиците нема да се трајни.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Не ги плашете луѓето
    Си има доктори имунолози и специјалисти. Сигурно дека повише знаат од членови на форум. Како може да викате да не го вакцинира..Имунолог си ти?
     
    На CameliaMiller, hotsauce, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Немам намера да плашам никого. Поставив легитимно прашање кон родител со очигледен проблем после вакцина.
    Две доблесни докторки од знаење а и искуствено кажале дека некоја компонента дава такви невролошки реакции.
    Моето занимање не е проблем да се соберат два и два. На толку апла проблем после вакцина. А проблемите не се реткост. Реткост се родителите кои вака јавно го изложуваат проблемот. А реткост се и имунолозите кои бројат до пет пред да дадат совет, кој не е индоктриниран за вакцинирање по секоја цена. А ги има. За среќа.
    Јас одбрав нивниот став да го чујам и разберам.
    Вакцинирањето е еднонасочна улица. Нема назад.
     
    На Снегулк@23, Saf и januari19 им се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    33.747
    Пол:
    Женски
    Yarre е антиваксер само новите членови не го знаат.Секогаш е активен во теми вакцини со кампањи против вакцини.
     
    На Lianna Anna, hotsauce, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Ме провали. :D За новите членови. Барем не ги плаши, ако веќе сакаш да деградираш со ад хоминем напад. :D

    Еве частам еден документарец. Кој сака нели. Man made epidemic.



    А во налетот на медиумската кампања која не очекува за HPV вакцинацијата, еве исто еден краток докуемнтарец.

     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Вие го ширите стравот.
     
    На Серотин му/ѝ се допаѓа ова.
  16. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Зошто јас ? Јас само информирам дека медаљата има две страни. Не од молери и електричари туку од доктори и научници. Дали се страшни и опасни ? Секој треба да процени. Ако сака, ако може. Не може секој.

    Последици после вакцина има ? Има. Ете ти еден куп сведоштва. По нормалните држави имаш и еден куп случаеви со исплатени оштети, кои се џабе кога се урнисани животите на децата.

    Има назад ? Нема.
    Дали е полесно да се заврти главата ? Да, секако. Дали ќе го реши стравот ? Не.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски

    Има, од вакцините мумии станавме .. Господ нека ти е напомош.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Колку се то 'еден куп'?

    Од се' има несакани појави.
    И од воздухот шо го дишиш.

    Правиш пресметка кој е поголемиот ризик, одлучуваш и живееш/умираш со одлуката.

    Проблемот е што ги вадите од пропорции нус-појавите.
    Calm your tits.
     
    На LiquidLuna, Mucika, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Си одбра да полемизираш само со дел од коментарот, и тоа во делот од „еден куп нуспојави“. Да претпоставиме дека за останатото се сложуваш.
    Еден куп се навистина не еден туку многу купови. А во тие купови спаѓаат само оние кои се звнанично докажани. Во Америка постои VAERS во кои се репортираат околу „само“ 10% од несаканите реакции. За докажаните се исплаќа отштета и тоа пази, не од производителот на вакцината туку директ од буџет. Тоа е еквивалент да направиш сообраќајка со последици, колата во гаранција, расипани кочници, а производителот на колата не исплати, туку државата.
    И еве кажи ми ти кој е процентот на една мајка со свое дете со последица од вакцина ? 100%
    „Calm your tits“.нејзе ќе и кажеш?
     
  20. Pinkglass07

    Pinkglass07 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    18
    А што да се прави во ситуација кога едниот родител инсистира на вакцинација, а другиот нр сака ни да слушне и ти вели дека ќе бидеш одговорен доколку нешто му се случи на детето од вакцина?